Исчезнати лица

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Настрана од темата...
Има ли бе некој што контролира што пишуваат овие луѓе?
Кој се стана новинар боже сачувај.
Наводно извикувала Македонија и ја привеле ама приведена е од непознати причини, а она се јавува како извор на веста.
Класичен clickbait, сензационален наслов и цел текст без ниту една информација која ќе посочи што се случило туку се само претпоставки.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260

МВР: Трпковска го нарушуваше јавниот ред и мир за време на НАТО вежба

Еве бледа причина за апсењето.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Каков е тој профил на личност што покрај таква семејна трагедија има порив за политички протест против нато? Малку ми се гади.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.311
Поени од реакции
7.446
Каков е тој профил на личност што покрај таква семејна трагедија има порив за политички протест против нато? Малку ми се гади.
Ваљда револт против власта и органите кои не си ја сработиле добро работата
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.953
Поени од реакции
17.717
Каков е тој профил на личност што покрај таква семејна трагедија има порив за политички протест против нато? Малку ми се гади.
За тебе може е политички протест а за нејзе можеби е протест против нешто што она не го прифаќа и мисли дека во иднина ќе и штети на неа и нејзините.
Не мора да значи ако некој викне сред центар "Македонија" дека мора да е дел од сегашнава опозиција.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Друже, финтата не е само да ја осудат и фрлат во затвор. Јасно е покажано дека со тоа не се постигнува ефектот на оправање на умот на убиецот. Ќе лежи за да не биде опасна по мене и тебе. Суштината е, сите кои завршиле во затвор, под било кој основ, квалитетно и темелно да се образуваат и да им се крене свеста за морал и нормално човечко однесување. Па, откако ќе излезе, да се надеваме ќе биде од корист на општото добро а не спротивното.
За жал, некои не можат да се променат кон подобро...
Да се надеваме нема да излезе
 
Член од
3 октомври 2018
Мислења
36
Поени од реакции
38
Настрана од темата...
Има ли бе некој што контролира што пишуваат овие луѓе?
Кој се стана новинар боже сачувај.
Наводно извикувала Македонија и ја привеле ама приведена е од непознати причини, а она се јавува како извор на веста.
Класичен clickbait, сензационален наслов и цел текст без ниту една информација која ќе посочи што се случило туку се само претпоставки.
Не само тоа... прати им го речникот, сврзувањето на реченици, концизноста... и најди весник од 70те и направи споредба... :O (настрана од тема, само надоврзување).
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
До пред некој период имав разбирање за мајката но ова моментално што го прави не можам да го сфатам.
Жената вистина е дека е падната психички, очајна, бара правда но веќе ова ги преминува сите граници на нормалата.
Пино ништо нема да го врати, Али нема да биде затворен, Ангела ќе излезе за неколку години и јавноста по некое време ќе заборави на овој случај, исто како и претходните несреќи.

За медиумите нема да коментирам, денес секој може да биде новинар, да пишува секакви глупости и работите да ги вади од контекст и да си врти по свое за поголема читаност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Вака гледано чудно е ова ангажирање со политика (протест пред нато службеници со одредени лица кои се веќе во политика, активисти, против режимот).
Во врска со истрагата она што е чудно е што од нови детали или завршница нема, со оглед на тоа што, од изјавите на мајката, гледаме дека буквално се било познато. До скоро не бомбардираа со фб статуси (што е тема за друг муабет). Дали и оваа верзија која везден ја читавме од тие фб статуси не е точна? Не знам, премногу чуденки
 
Последно уредено:
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Како и за секоја работа во државава, така и за оваа се бега од главната поента и упорно се замајува со епски глупости. Наместо да се поставува прашањето кога ќе го фатат другиот осомничен и да се има некаква завршница со таа што е веќе во притвор, земале тука се трескаат од земја по улици со ликови кои немаат ни 1% интегритет како личности. Па и уште потипично да биде за наши услови, избеганиот е Албанец и толку, ни А ни Б не се спомна од тогаш.
 
S

ski

Гостин
Не секоја жена која има дете е мајка,зборот мајка има тежина и госпоѓава Трпковска го заслужува епитетот мајка бидејки гледавме како се бореше за нејзиниот син.
Инцидентов со мвр вчера не го оправдувам но жената е разбирливо во тешка емоционална состојба треба да се има разбирање кон неа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
И добро, до каде е работата со кривични пријави, со судски предмет, обвинение? Бе разлика дали е некoј во земјава или не. Нели се беше јасно, читавме некои реконструкции
 
Последно уредено:
Член од
3 октомври 2018
Мислења
36
Поени од реакции
38
И добро, до каде е работата со кривични пријави, со судски предмет, обвинение? Бе разлика дали е некoј во земјава или не. Нели се беше јасно, читавме некои реконструкции
Колку што пренесоа медиумиве, Ангела е во притвор. Како што минува времево - не верувам дека Али ќе го најдат...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom