Исчезнати лица

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Интересна ми е употребата на терминот „научно“, многу е зачестена неговата употреба, а никаде не ја ставате таа студијата која е направена и докажала дека навистина не се постигнало ништо, да видиме кои методи се користени, колку време, каде е применета, како заклучиле дека нема промена во криминалот, кој статистички метод е користен за споредби пред и после тоа и тн. „Исто е ама не е исто“, излегува ако потемелно ги проучите голем дел од тие „студии“. И најбитно е кој ја финансирал студијата, резултатите се штимаат како што е желбата на спонзорот во поголемиот дел од истражувањата, така да нафрлање на вакви информации ме потсеќа на вестите кои ги нудат порталиве, во зависност од нивната наклонетост кон едната или другата страна се извртува и приказната.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
...Сигурно си бил во недостаток на љубов и внимание па тоа со тек на време резултирало да сториш убиство".На крај татково го гушна убиецов, и убиецот не можеше да верува и почна да плаче и се каеше.Ова е класичен пример како треба да постапуваме.А не како појше од пола од затупенава и исфрустрирана нација која е преполна со гнев и нагон за насилство.Сум за затворски казни но не и за смрт за убијците/убиецот, зашто на тој начин ќе постанеме ист/и како нив/него.
ти коментираш ,,Ова е класичен пример како треба да постапуваме.,,
...сосема се сложувам со тебе, ама кога сево ова ќе го коментираш за свое искуство, а не за таму некое туѓо, лесно вака да коментираш...да те видам ваков коментар кога твое чедо ќе ти го „скинат“ кога веќе си го пораснал со мака и труд ....тогаш слободно можеш да ни покажеш пример како ќе го прегрнеш убиецот и ќе му простиш, вака на туѓа мака совети да делиш не држи ниту има тежина твоите зборови!
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Да, на пример неколку американски сојузни држави ја спроведуваат на различни начини, со смртоносна инекција, електрична столица, а подемократските (внатре во САД) ја имаат одамна укинато, па постои внатрешна дебата од кога знам за себе и најчесто студиите се во корист на нарачателот. ЕУ ја користи како еден од главните изговори за непримање на Турција во унијата. Од друга страна, ЕУ збор не кажува за тоа дека нејзини големи "сојузници" годишно праќааѕ илјадници луѓе "на другиот свет", на грозни начини како што се прави тоа во Саудиска Арабија со каменување, бесење, сечење делови од тело исл. Затворската казна само по себе е своевиден пекол, кој може да биде поприлично убедлив и суров кон сторувачот на делото...на пример, доживотна, за тешки дела. Од друга страна...проблемот кај нас е што често убиецот воопшто не е казнет. Како најексплицитни ќе ги спомнам случаите "Смилковско" и Саздо. Млаки казни и неказнување, со сопствена глава тврдам (без студии и анкети) дека се пат у хаос, пропаст, неживот - со други зборови, нашето секојдневие. Еве земете пример со прегазените на улица, не се сеќавам по име, беше девојка од Крива Паланка - смрдлето што ја уби беше ослободено. Нашава ситуација е уникатна....мислам, барем да се договориме дека ќе живееме "див запад", племиња, ГТА, па секој да е спремен на се'.
Нема поредок и неблагодарно е да се коментира било која позиција, пошо отприлика сите имаме аргументи некакви.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Во Албванија за време на Енвер Хоџа кога ќе го фатат крадецот го прашувале со која рака украл. И му ја сечеле. Барем таква информација имам. Затоа кражбите биле реткост.
И кај нас треба да се воведе смртна казна, барем за потешките сторители.
Енвер Хоџа е тврдокорен атеист и сигурно немало такви шеријатски казни. Ама затворите биле такви, да не сакаш да завршиш во нив.
 
Член од
3 октомври 2018
Мислења
36
Поени од реакции
38
ти коментираш ,,Ова е класичен пример како треба да постапуваме.,,
...сосема се сложувам со тебе, ама кога сево ова ќе го коментираш за свое искуство, а не за таму некое туѓо, лесно вака да коментираш...да те видам ваков коментар кога твое чедо ќе ти го „скинат“ кога веќе си го пораснал со мака и труд ....тогаш слободно можеш да ни покажеш пример како ќе го прегрнеш убиецот и ќе му простиш, вака на туѓа мака совети да делиш не држи ниту има тежина твоите зборови!
Ги имам изгубено и двата родители. Мислам доволно ти е ова. И не, не се лутам на оној горе ниту на некој друг.
Како и да е, според мене во случајов со Пино, претпоставка моја е дека има повеќе вмешани и под итно МВР со помош на Интерпол да ги најдат сторителите.
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Подобра казна од скапување доживотно во самица нема. Нема ни 1 година да издржи.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Енвер Хоџа е тврдокорен атеист и сигурно немало такви шеријатски казни. Ама затворите биле такви, да не сакаш да завршиш во нив.
Вшусност, имаше баш ваква казна.
(немаше врска со религија казнава, Албанија беше еднствена официјално атеистичка држава во историјата)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Подобра казна од скапување доживотно во самица нема. Нема ни 1 година да издржи.
Колку јас се разбирам од право, лежење во самица е санкција внатре во затворот, а не начин на издржување казна.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Да не ме разбереш погрешно - не се правам светец, религиозен и слично. Далеку сум од тоа.
Да му простиш од две причини:
1. Сите правиме грешки
2. Со тоа што ќе му простиш покажуваш дека си подобар човек од него.
А на крајот на краиштата сите треба да се трудиме да бидеме подобра верзија на себеси од вчера, нели?
За тоа дека правиме сите грешки е вистина ама некои грешки се неопростиви.
И да му простам болката нема да помине, одземен е дел од мене, од некој кој решил на свиреп начин да решава проблеми.

Тоа што некој простува и би го направил подобар човек нема да ја намали болката, ниту пак да исчезне.

Детето страдало, било фрлено кој знае каде, и мачено на којзнае каков начин и јас ќе му простувам?
Нема шанси.

Ама не би да филозофирам сега на темава. Тоа е веќе друга тема.

Наводно ако е точно по објавите на мајката од Пино останале 4 коски.. само 4 коски.
Во Америка за вакви злосторства се доделува смртна казна, ваму не постои.

За вакви злосторници е потребна казна од која секој ден ќе се молат да умрат.

И ако телото е однесено до Љуботен потребни се повеќе лица за да го преместат телото, така што повеќе од двајца се замешани во сето ова.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
Ги имам изгубено и двата родители. Мислам доволно ти е ова. И не, не се лутам на оној горе ниту на некој друг.Како и да е, според мене во случајов со Пино, претпоставка моја е дека има повеќе вмешани и под итно МВР со помош на Интерпол да ги најдат сторителите.
... види, жал ми е дека се случило тоа и дека ги немаш двата родители, и јас имам таков случај, највероватно си ги изгубил во сообраќајна несреќа - се случува несреќи, кога ете, човекот е на погрешно место, во погрешно време кога некој друг од погрешна навика ја запечатува судбината на невинот, НО сигурно не си ги изгубил да некој им влегол во домот со пиштол уперен во нивните глави и ги убил, а ти му простуваш на убиецот!
...тој што има/носи пиштол значи е спремен да го употреби самоодбрана ќе речат оправдано, а што со тие што ќе го вперат во глава пиштолот и ладнокрвно ќе притисне да му го истури мозокот? со купување/земање на огнено оружје влегува во куќа и ги убива присутните и сега ако останува некој жив од жртвите, треба да го прегрне убиецот и да му шепне „ти простувам“ дај порото ослободи го не сакал да убие?
...што е крив Ангел што трчал по крадецот што му го украл велосипедот од сопствениот двор и неколку пати смртоносно со ножот во срцето му пресудил некој таму убиец, ненамерно ли? ејјј за сопствен велосипед да добие нож во срце? треба таткото на детето што закаснил само неколку минути до смртоносно прободен син за да го спаси, да го прегрне убиецот и да му рече дека не му се љути, дека му опростува и дека не сака истиот да биде осуден? се заборави никому ништо, земја го покри Ангел со само 19 години, Господ да го прости младо невино момче да биде „заклано“ на таков начин за својот омилен велосипед! :(
мислам ...ејјјј расудувате ли разумно и нормално?
... ајде нека убие така некој влегувајќи во куќа на истиов што го убил Пино, до трето колено ќе ги „сотре“ новите генерации на сторителот кои не се ни криви ни должни но се во роднинска врска и тоа ќе биде пресудно да „платат“ за нешто не го сториле?!
...кога ќе има такви строги казни, па и смртни доколку се докаже свирепо убиствао со умисла, богами ќе помисли родителот како ќе го воспита синот, а не ваму ќе дозволи, некој да го учи како да удри директно со нож во срце!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom