Исцедок од папок

Vladimkd

Né giusto né sbagliato, conta solo il risultato!
Член од
16 февруари 2021
Мислења
43
Поени од реакции
100
Не успеав да најдам соодветна тема, поради таа причина ја отварам истата.
Ве молам за совет, искуство и мислење.
Пред два месеци ми се јави исцедок (светло прозирна боја, со нијанса према благо жолто) од папокот, за што бев на преглед кај хирург и ми беше констатирана блага инфекција, како резултат на можна иритација. Без никакво црвенило, болка, чешање, оток и останато. Само излачување на течност во мала количина.
По совет од лекарот, се третирав неколку дена (еднаш дневно) со хидроген 3% во лежечка положба исполнувајки го папокот. Хидрогенот од почеток пенеше и по 5 минути со стапче за уши внимателно поминував чистејќи по краевите на прстенот, навлегувајќи во внатрешноста колку што дозволува просторот.
Се исчисти во целост, лачењето на течност престана.
По завршување со третирањето, по две недели во внатрешноста на папокот (внимателно помрднувајќи го месото на папокот со прст, со цел да се одвои од прстенот) забележувам влажност (можеби и претходно ја имало, пред да се јави исцедокот но никогаш не сум гледал). Надворешно нема никаква течност. Личната хигиена ми е на високо ниво.
Пред се дали тоа е нормално? Доколку не, дали се работи за можен рецивид на претходниот проблем и што во тој случај?
Мојот папок е од ваков тип
iStock-473255880_wide.jpg
c5bwq4yquvu21.jpg
Ви благодарам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
1613514619431.png 1613515729652.png

...штом те прегледал хирург и ти одредил причина за појава на исцедок, тогаш нема да претпоставиме дека има во позадина некоја хернија или циста, самиот тип на папокот бара почесто чистење на вдлабнатината со сапун и топла вода, инаку нормално понекогаш да се има исцедок од папок ако е до прозирна бледо жолта боја без мирис, дезинфекцијата со хидроген при што се покажа пена, всушност тоа е реакција кога се доаѓа во контакт со крв може си го повредил чистејќи го со стапче за уши,

... појава на исцедок со непријатен мирис укажува дека настанала некоја дермална бактериска инфекција или габична при што може да се примени локално антибиотска маст или антифунгална маст (clotrimazol),
...инаку редок тип папок имаш, требаше навнатре да биде не вака испакнато како да херијално испакнато, ама тоа нема врска со исцедокот, сите повеќе или помалку имаме таква појава на исцедок кој скоро е нормална појава треба почеста хигиена на тоа место да не збувнат едно 60 тина бактери кои природно можеби живеат токму во нашиот папок и да настане инфекција ... ништо посебно од редовна хигиена,
 

Vladimkd

Né giusto né sbagliato, conta solo il risultato!
Член од
16 февруари 2021
Мислења
43
Поени од реакции
100
Прегледај го приврзокот 284597 Прегледај го приврзокот 284600

...штом те прегледал хирург и ти одредил причина за појава на исцедок, тогаш нема да претпоставиме дека има во позадина некоја хернија или циста, самиот тип на папокот бара почесто чистење на вдлабнатината со сапун и топла вода, инаку нормално понекогаш да се има исцедок од папок ако е до прозирна бледо жолта боја без мирис, дезинфекцијата со хидроген при што се покажа пена, всушност тоа е реакција кога се доаѓа во контакт со крв може си го повредил чистејќи го со стапче за уши,

... појава на исцедок со непријатен мирис укажува дека настанала некоја дермална бактериска инфекција или габична при што може да се примени локално антибиотска маст или антифунгална маст (clotrimazol),
...инаку редок тип папок имаш, требаше навнатре да биде не вака испакнато како да херијално испакнато, ама тоа нема врска со исцедокот, сите повеќе или помалку имаме таква појава на исцедок кој скоро е нормална појава треба почеста хигиена на тоа место да не збувнат едно 60 тина бактери кои природно можеби живеат токму во нашиот папок и да настане инфекција ... ништо посебно од редовна хигиена,
Го потврдивте во целост мислењето на хирургот кој ме прегледа.
Точно, хирургот при прегледот првично исклучи можност за циста или умбликална хернија.
Спомена иритација која предизвикала многу блага инфекција гледајки го типот на течноста. Повредата настана по практично кажано отсранување на ситно ѓубре во пределот на папокот при што се изгребав со нокт.
По 3-4 дезинфекции со хидроген, проблемот нестана.

Ве молам само потврдете ми го и ова мислење од хирургот, тоест во телефонска консултација пред две недели го прашав хирургот:
Дали е нормално длабоко во внатрешноста на папокот (внимателно помрднувајќи го месото на папокот со прст, со цел да се одвои од прстенот) да забележувам минимална влажност (која можеби и претходно ја имало, пред да се јави исцедокот но никогаш не сум гледал). Надворешно нема никаква течност.
Одговорот од страна на хирургот беше дека е потполно нормално, бидејки внатрешноста е секогаш топла и влажна особено за тип на папок како мојот, поради слаба вентилација односно провев на воздух во внатрешноста.
Истиот ми кажа да ја заборавам таа влажност во длабината на папокот.
Ви благодарам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom