Исхрана при терапија за Хеликобактери

Член од
3 декември 2010
Мислења
19
Поени од реакции
0
Навистина сум збунет околу исхраната при терапија од Хеликобактери и не знам веќе што да јадам... Секој ден јадам само варени компири и ориз и страв ми е дека ќе си направам други проблеми. Насекаде читам контрадикторни набројувања...
Би можел ли некој да ми објасни како се хранеше подетално тие месец-два (кои јадења за појдок, ручек, вечера...)? Не можам баш да си дозволам скапи семиња овошја итн... Докторот не ми објасни ништо и покрај тоа што го прашав повеќе пати...
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117

Не сум стручен ама мислам дека генералната препорака е да се исфрлат шекери, бели пецива, леб и се што спаѓа во рафинирана храна. Пробај свежи зеленчуци и не многу овошја (заради шекерите) , ако мораш леб јади тонус или друг безквасен ржан леб. Алкохол исто заборави. И веројатно веќе земаш антибиотици ако си бил на доктор.
И оризот спаѓа во бела рафинирана храна, пробај интегрален. Што би се рекло, откажи се од вкусна храна ;)

Едит: ако докторот не ти кажува она што треба да знаеш, појди кај друг, трет.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Навистина сум збунет околу исхраната при терапија од Хеликобактери и не знам веќе што да јадам... Секој ден јадам само варени компири и ориз и страв ми е дека ќе си направам други проблеми. Насекаде читам контрадикторни набројувања...
Би можел ли некој да ми објасни како се хранеше подетално тие месец-два (кои јадења за појдок, ручек, вечера...)? Не можам баш да си дозволам скапи семиња овошја итн... Докторот не ми објасни ништо и покрај тоа што го прашав повеќе пати...
Иди кај друг доктор. Инаку колку што памтам режим на исхрана како да имаш чир на желудник т.е варена и лесна храна, алкохол не, газирани пијалоци не, цигари не.

Јаткасти плодови бадеми, лешници, овошје, варен зеленчук, стек, риба. Навечер не консумирај храна пред да спиеш. Насабајле не седи гладен.
 
Член од
10 декември 2018
Мислења
390
Поени од реакции
664
Навистина сум збунет околу исхраната при терапија од Хеликобактери и не знам веќе што да јадам... Секој ден јадам само варени компири и ориз и страв ми е дека ќе си направам други проблеми. Насекаде читам контрадикторни набројувања...
Би можел ли некој да ми објасни како се хранеше подетално тие месец-два (кои јадења за појдок, ручек, вечера...)? Не можам баш да си дозволам скапи семиња овошја итн... Докторот не ми објасни ништо и покрај тоа што го прашав повеќе пати...
Упорна бактерија е тоа
Пржено не, луто не, кафе не, цигари не, жестоко/алкохол ич, усул со кисело. Конзервирана храна батали, бели пецива од продавница не (заради адитивите и којзнае што ставаат друго)
Генерално гледај да биде динстано, варено, печено

Со благото многу се сакаат и овде треба да имаш мерка.

Идеално е да јадеш повеќе пати по малку.
Ако имаш расипани заби среди ги и нив. Обрати внимание на џвакањето на храната.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас скоро се занимавав со ова, па одговорите на форумов се сосема коректни.. и не се разочарувај ако немаш брзи резултати. Мачна бактерија е, јас уште чувствувам последици. Од лично искуство, мислам дека и спортувањето помага за подобро да ги пребродуваш мачнините низ абдоменот. Ова не мора да е медицински поткрепено, но мене убаво ми делуваше, особено пливањето.
И уште еден совет што го добив од лекарката, наутро да не пиеш кафе „на гладно“, а кафето 1 максумум 2 на ден.. може и 2 се многу.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Навистина сум збунет околу исхраната при терапија од Хеликобактери и не знам веќе што да јадам... Секој ден јадам само варени компири и ориз и страв ми е дека ќе си направам други проблеми. Насекаде читам контрадикторни набројувања...
Би можел ли некој да ми објасни како се хранеше подетално тие месец-два (кои јадења за појдок, ручек, вечера...)? Не можам баш да си дозволам скапи семиња овошја итн... Докторот не ми објасни ништо и покрај тоа што го прашав повеќе пати...
Здраво Друже ја имав маката, мене ми правеше киселини доста често и ми предизвика почетна фаза на гастритис, тогаш пушев, пиев по 3-4 кафиња, алкохол скоро секој втор ден и ништо не вежбав, сега имам малку поинаков начин на живот и ја неам маката околу 7-8години.

Бактеријата ја имаме сите, без неа нема да функционира желудникот како што треба, проблеми прави кога се зголемува нејзиниот број над границите на нормалното.
Не се решава за 2 дена, ако правиш се како што треба значи антибиотиците, исхраната и малце спорт, резултати за минимум 2 месеци.

Генерално треба да свртиш на поздрав начин на живот, плус една две сесии терапии со антибиотици (два у комбинација).
Прикачив две слики, забелешки од доктор.

Good Luck
IMG_20190125_080201.jpg IMG_20190125_080141.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom