kolku otpriilika kalorii ima vo edna porcija stek so curry, onaka standdard kako sto se servira so oriz i po nekoj kompir?
Ова варира од следните фактори:
-количина на месо/количина на ориз/компир.
-количина на масло (во рестораните за да се повкусни ги капат во масло и пекарските компири, а ставаат доста и во оризот).
Похован стек 200 грама околу 550-600ккал, пржен одземи му 100тина, најмалку би имал печен на скара или на пареа.
Компирите исто зависи колку масло им ставиле во подготовка, просек 120-150ккал на 100 грама.
Оризот пак зависи колку масло, околу 300ккал на 100 грама стави му просек.
Зеленчук исто ако има на порцијата пази да не е со масло, ако има и на него ставено (знаат да лупнат маслиново за подобар вкус иако е пример правен на пареа) рачунај и таму имаш калории.
Маслото и путерот зафркаваат работа кај храната по ресторани во споредба со тоа што го правите дома, 100мл има 900ккал без разлика дали е маслиново или било какво, значи една супена лажицa зарамнета со масло ти е над 100ккал, малите лажички 4-5гр што се за чај ти се 40тина ккал.