Па кетото планирам да го терам 3-4 месеци (еден веќе пројде). Така да ОК е сега - засега.
Ги вратив килограмите пошто знае да ми здосади од тој начин на живот и исхрана, ќе ми здосадат тегови и железа, ќе ми здосади пазење што јадам и толку е. Мене ми треба 1 недела да качам 3-4 кила, до толку ми е спор метаболизмот и до толку знам да се опуштам.
Бев со константна тежина подолг период (90кг), тежина во која се чуствував прилично удобно во сопствената кожа. Има периоди кога знам да се запуштам (прекинување со теретана/кардио/трчање/фудбал, јадење глупости касно навечер и сл) и тогаш качувам. Ова се случува претежно на есен. Јас немам проблем во стил "Еее абе не знам од што се поправив", многу убаво знам и сум свесен од што ми е. Имам проблем со контролирање на фрекфенцијата на тие периоди во кои се опуштам. Не се чести, но се катастрофални за сопствената тежина. И тогаш јадам благо, јас комотно можам да се удавам во благи работи. Не ми се проблем месишта, теста, кафани. Еве моментално лети фати - мене може човек да ме остави во фрижидер со сладолед и да си замине со чиста совест.
Затоа и се одлучив да пробам со кето за прв пат во животот, да видам како ќе ми реагира телото кога прима шеќери на минимум.
Еве вчера јадев њоки (
@Кеплер , не ме карај, девојка ми правеше, МОРАВ) и денес ме гризе совеста затоа што сум излегол надвор од зацртаниот план, макар за еден оброк.