Ти имаш остеопороза?
Тоа те прашувам затоа што јас правев преглед и ми најдоа остеопенија и ми препишаа капки витамин со витамин Д т.с. Вигантол, табл.Остеокер и табл.Бонвива.
Остеопенијата и остеопорозата
Остеопенијата и остеопорозата се две различни степени на губење на коскената маса, што се мери со коскената минерална густина и доколку се има осетопенија (значи нешто измеѓу нормална состојба на коската и остеопороза која бара лекување со лекарства) треба почесто проверување на состојбата на коските и промена на некои навики но НИКАКО СЕ УШТЕ ДА СЕ ПРЕПИШЕ ЛЕКАРСТВА од тип на inbandronic acid - Bonviva баш поради негативни споредни ефекти што ги дава!
Кои навики да ги смениме?
на прво место прекин на пушење цигари, пиење алкохол и физичка неактивност,
ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ЗА ОСТЕОПЕНИЈА се мисли за вежби и спортски активности како велам јас, КОГА НЕМАМЕ „ОДЛЕПУВАЊЕ НА СТАПАЛОТО ОД ЗЕМЈА“ значи трчање, пливање, возење велоспиед не важи како физичка активност за ова пресостојба на остеопорза наречена остеопенија !
доколку се пијат други лекарства ( кортикостероиди, бета блокатори и др.) во упатствата во делот каде се дава информација за несакано дејство на лекот ќе прочиташ дека дава и „остеопенија! така да нашите коски се добри, но поради споредбеното дејство на друг лек што го пиеме за друг здравствен проблем ни ја порозира коската и во подолг период од нормална коска со густина добиваме остеопенија! е тука треба да делуваме само со витаминска/ минерална терапија од тип на Вит Д, Бит Ц, Калциум, Магнезиум односно појачување на исхраната што ги има овие витамини и минерали...
и како многу важен фактор
@katinakatalina е калциумот да ти биде секогаш во нормални граници, дали си направила лабораториска анализа на калциумот? и доколку ти е испод нормала ете ти една од причините за покачен крвен притисок, гојазност, кариес, постменопауза и остеопенија (мислам сите овие работи ги имаш спомнато низ форумов), значи треба да се внесе калциум со исхрана или пак како суплимент и доколку пак калциумот се губи тогаш имаме правец на проверка на штитна жлезда и доколку е таа во ред тогаш се проверуваат сексуалните хормони за да би се видело ситуација со естрогенот и доколку таму имаме проблем тогаш се дозира најмала доза естроген со калциум со што ќе ти ја среди и остеопенијата и постменопаузните еписоди што ги имаш.... така се решава и се приодува на здравствениот проблем!
а ти драга моја, може само да си го расипаш како велиш желудникот со Bonviva и да направиш пак тест ќе видиш дека НЕ ти е подобрена ситуацијата, оти приодот не е како треба да се најде причината за остеопенијата, а ти немаш остеопороза па да пиеш Бонвива! (и веќе кога го пиеш лекот и имаш желудачни проблеми, такви „проблематични„ пациенти од орално пиење на таблети Бонвива се префрлуваат на ампуларна терапија оти дозирање е и поретко еднаш на три месеци и се избегнуваат тие желудачни проблеми, не ти го рекле тоа?
)
и уште нешто, еве вака размислувам, што ако остеопенија ти е од недостаток на калциум во организмот( без разлика ако е од дефицит во исхрана или од некоја друга причина што го „јаде“ калциумот во твојот организам) а ти пиеш ibandronic acid - Bonviva која е КОНТРАИНДИЦИРАНО ПРИ НЕДОСТАОК НА КАЛЦИУМ- т.н. состојба на ХИПОКАЛЦЕМИЈА? а??
ете затоа не можеш да се стабилизираш и ако ги додадеме секојдневните стресови и домашни проблеми во пакет си - да си мрзоволна и да не си ТИ таа што беше
!!!