7 секс тајни кои секоја жена треба да ги знае
Tемата ми се виде интересна... Колку шо видов ја нема... а ако ја има.. слободно може канта :smir:
*7 секс тајни кои секоја жена треба да ги знае
Девојка како тебе заслужува секс кој секогаш предизвикува пожар во спалната. Затоа се потрудивме да составиме список со златни правила за еротско блаженство. Можеш да си го наречеш и своја библија на задоволството.
Колку пати си изведувала најразлични секс игри, си палела свеќи, си готвела најрaзлични јадења кои ја распламтуваат страста па дури сте си играле “шеф и секретарка”, се за пожежок секс. Нема ништо лошо во тоа. Мало забегување на страна од стандардните коловози може да донесе прекрасна свежина во креветот. Сепак независно од тоа колку далеку можеш да стигнеш со фантазиите и ефектните трикови, нема да постигнеш максимално задоволство ако не го владееш добро основниот материјал. Односно, треба да знаеш како точно да се однесуваш со себе од половината па надолу и како да ја експлоатираш својата G-точка. Еве седум незаменливи еротски стапки по патот кон неверојатен секс. Научи ги и нема начин потоа да поминеш разочарувачка вечер. Никогаш повеќе.
Чувствителна тајна бр. 1:
Штом спие со тебе, значи дека му се допаѓа твоето тело. Кога еден маж конечно успеал да те внесе во својот кревет, единствено нешто што го мисли е “Ура, конечно победа!” А ти во тој момент си мислиш дали ти се тресат сланинките по половината, дали така како што лежиш на грб колковите не ти изгледаат уште поголеми... и на крај доаѓаш до логичен заклучок дека наместо триумф и задоволство, имаш тажен и конфузен спомен. Меѓутоа внимавај на начинот како се однесуваш со твоето тело затоа што ако постојано се самопотценуваш и упорно не веруваш на тврдењето на твојот партнер дека си супер, може сериозно да го загрозиш твојот сексуален живот. Помисли и на следново: колку повеќе се обвиткуваш во чаршави или мрмориш фрази од типот на “сум станала како крава”, “нозете ми се како сосјат” толку повеќе го тераш да мисли дека ти си полна со комплекси. А тоа дејствува како студен туш за неговото либидо. Колку и да те бакнува и милува и со колку љубов и нежност да те опсипува ти не успеваш ниту да трепнеш. Ете зошто, ако навистина сакаш да преживееш нешто исклучително, опушти се и дозволи му да го гали твоето тело дури и направи му мала демонстрација.
Чувствителна тајна бр. 2
Не ти е потребно порно искуство за да го возбудиш. Мажите работат на принципот: пиво + мезе + натпревар = целосна среќа. Убавото е што и во кревет нештата се движат скоро по истиот принцип: малку иницијатива од твоја страна и вртежите и пулсот веќе се зголемуваат. Како да ја преземеш иницијативата? “Обожавам кога седам в кујна на масата или поправам нешто низ дома а таа доаѓа, застанува до мене и почнува да ме масира по грбот - ни раскажува Георги - потоа ме погалува со рацете по градите и се спушта надолу во пантолоните. Прекрасно е”
Еве неколку идеи и од нас: Стави ја раката во боксерките пред легнување и помилувај го, облечи некое секси “парталче” и додека гледа вести, седни до него, гушни го и допри го твоето тело до неговото.
Чувствителна тајна бр. 3
Неговиот помал пријател не е неговата единствена жешка точка. Кога веќе и двајцата сте доста загреани и единствената желба ви е веднаш да истрчате во спалната, немојте да се концентрирате само на пенисот, заборавајќи притоа на постоењето и на другите делови од телото. Експериментирај со бакнежи и лесно потшмукување на вратот и долниот, мек дел на ушите - ќе се зачудиш каков ефект ќе има. Потоа премини на р’бетот. Според книгата “Љубовна акупресура” натисокот на тоа место провоцира доток на крв, ја засилува циркулацијата и ја зголемува ерекцијата. А ако сакаш да извлечеш од него крикови на апсолутно задоволство не го заборавај перитонеумот - меката кожа меѓу тестисите и анусот која е богата со чувствителни нервни завршетоци.
Чувствителна тајна бр. 4
Сепак пенисот останува негова најважна еротска зона. Има начин како и со тој дел да си поиграш а тоа да го доведе до лудило. Најважно е навлажнувањето. 1 чекор. Обвиј ја основата на пениост со раката, без да стискаш. Секој маж е различен, така да останува да ја видиш неговата реакција и да оцениш колку да притиснеш. 2 чекор. Започни да ја движиш раката нагоре надолу, постепено забрзувајќи и од време на време премини преку врвот на пенисот. Додека со едната рака го правиш тоа, со другата лесно помуливај ги тестисите. Внимание: брзите и неочекувани движења се крајно забранети на таа етапа.
Чувствителна тајна бр. 5
Клучот кон орално задоволување е опуштањето. Една од најголемите заблуди, што се однесува до оралниот секс е дека треба да се прави со цела уста и цело време. Напротив, таквото однесување води до непријатно чувство кај партнерот. Еве што пишува за оралниот секс во книгата “Инстинктивен водич во оралниот секс”: “Никогаш не го прифаќајте оралниот секс како задолжение. Всушност ти располагаш со апсолутна контрола и тоа зависи само од твојата желба. Единствено што не смееш да правиш е да се служиш со забите”. Вклучи ги и рацете - допирот на усните, во комбинација со рака која ги гали интимните делови гарантира сексвичен успех. И не се плаши ако го правиш за прв пат. Повеќето мажи кажуваат дека нема лош орален секс. Разликата меѓу одличниот орален секс и перфектниот зависи од тоа колку е палава девојката и колку сака да експериментира. А селдниот пат, кога тој го води оралниот секс, потсети се на оваа смирувачка информација и опушти се. Секоја жена се срами од разни миризби или подзаборавени влакненца, биди сигурна дека кога веќе тој решил да те задоволи тоа не му е многу важно. Околу 80% од мажите сакаат да ја задоволат партнерката на тој начин и не му обрнуваат внимание на сличните странични ефекти.
Чувствителна тајна бр. 6
Идентификувај ја G-точката. Иако неможе да се види од надвор таа постои. Свесна си за тоа нели? Кога веќе еднаш ќе ја откриеш таа буквално жешка точка повеќе нема да сакаш секс без да ја експлоатираш неа. Таа е како оревче и се наоѓа... е па вака, претстави си часовник на внатрешната страна на предниот ѕид од вагината, G-точката е на 12 часот. За да го најдеш ова волшебно еротско стапче, тргни линија со прстот од папукот кон врвот на срамната коска стискајќи околу еден сантиметар на кај кожата. Кога ќе почувствуваш мал дискомфорт слично како на желба за одење во тоалет, веќе си на вистинското место. Меѓутоа G-точката сама по себе не е карта за во рајот. Таа е многу слична на клиторисот, затоа што при стимулирање набобрува и многу жени го опишуваат чувството во тој момент како пријатно, но самото надразнување незначи достигнување на кулминацијата. Најдобри пози за стимулирање се кога ти си одозгора, познатата Doggy-style и мисионерската. Тие пози дозволуваат пенетрација под агол и максимално надразнување на чувствителното место.
Чувствителна тајна бр. 7
Оргазмите не се на принципот “и сам војник е војник”. Затоа е добро и ти самата да се вклучиш. Заборави ги еротските сцени на екранот, каде и воздухот е готов да експлодира од еротскиот набој собран во двајцата. А пак да не зборуваме и за актерите кои директно пристапуваат кон суштинскиот дел и веднаш стигнуваат до оргазам. Во реалноста тоа ретко се случува. Клиторисот - еден од двата центри на задоволството, за жал се наоѓа на ужасно скриено место и не секогаш ја добива потребната доза на дразба за време на актот. Ако досега не си доживеала оргазам, најдобро е да пробаш со мастурбација. Купи си вибратор или разгледај ја порно колекцијата на партнерот и погледни на сите можности за достигање на врвот и потенцијалните точки. Друг трик за достигнување до врвот: почни да ги вежбаш мускулите кои се на влегувалиштето за да ги зајакнеш. Така ќе го чувствуваш пенисот подобро и ќе го зголемиш притокот на крв во таа заона и ќе го подобриш крвотокот.
Преземено од женски свет
Ако имате уште некоја тајна пишете..