Истраги/судски пресуди на политичари, функционери итн

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување
M

Macedon1um

Гостин
Убаво би било да има една тема каде што ќе ги коментираме истрагите, судските случаи и пресуди поврзани со функционерите. Да се надеваме дека во иднина ќе гледаме што повеќе пресуди за функционери што ја злоупотребиле позицијата и се огрешиле пред правдата, а што помалку политички пазарења и амнестии.
Па да почнеме со најактуелните две пресуди од денес..

Обвинетите во „Транспортер“ осудени на вкупно 36,9 години затвор и 20 години условено

Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба во предметот „Транспортер“. Од 20-те обвинети со него, десет се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, а останатите десет пак добија по две години условна казна затвор која ќе се активира доколку некој од нив стори кривично дело во рок од пет години.

А прв пат по долго време и приврзаници на ДУИ да добијат затворски казни за изборни нерегуларности (ако во меѓувреме не им ги поништат со жалби)

3,5 години затвор за Аљими и Гури за изборни измами во 2013

Три години и шест месеци затворска казна добија Ејуп Аљими и Исмет Гури кои беа осудени за изборни измами за време на локалните избори во 2013 година, кога како членови на Општинска изборна комисија во Чаир уништувале изборен материјал и фалсификувале изборни резултати во корист на политичката партија ДУИ.

Аљими е актуелен пратеник од редовите на ДУИ во сегашниот собраниски состав, кој се распушти по одлуката за вонредни парламентарни избори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom