Истрагата ќе утврди... (повреди на работно место)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас досега имам чуено да спомнат поради неповолни услови бил повреден работникот, но воглавно кажуваат поради невнимание и непочитување на правилата се повредил......
Затоа чичко @Anco , а и сите останати..... колку толку паметно е човег да си плаќа осигурување...... :)
 
Ф

Флеш

Гостин
Татко ми пред 14 месеци се повреди на работа (механичар, ЈСП) ..... го скина мускулот на раката , кога се скрши камен од бурмашината(како шрапнел се одбило од раката и му го исекол мускулот,тетивата) ..... па мораше итно на операција уште тој миг да оди до Пластична во Државна Болница ...... помина од тоа момент доста ,досега ..... собираше се документација од доктор,отпусна листа , лекови,она ова .... така му рече адвокатот .... и зема 1300 евра оштета како последица шо го имаше осигурувањето на работа ..... подоле слика , каде точно се повреди ....

 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Не фрлајте со дрвја и камења само на газдите и инспекциите !
За ситуацијава со заштитата на работа највеке сме си одговорни НИЕ , т.е. директните изведувачи. На секое градилиште има шлем за секој работник исто и заштитни ракавици и појаси ( значи од страна на сопственикот трошокот е сторен), проблемот е што сите се мудри и одбиваат да носат опрема , тргнувајки од онаа познатата - на мене ли баш ке ми се случи тоа! И уште оправдувања , не можам да правам оплата со шлем на глава ми смета или шефее не мож да врзују с с рукавице !
Проблем е уште што воглавном овде се работи со опрема и машинерија , втора или трета рака , па и од тоа често произлегуваат повреди на работа .
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Не фрлајте со дрвја и камења само на газдите и инспекциите !
За ситуацијава со заштитата на работа највеке сме си одговорни НИЕ , т.е. директните изведувачи. На секое градилиште има шлем за секој работник исто и заштитни ракавици и појаси ( значи од страна на сопственикот трошокот е сторен), проблемот е што сите се мудри и одбиваат да носат опрема , тргнувајки од онаа познатата - на мене ли баш ке ми се случи тоа! И уште оправдувања , не можам да правам оплата со шлем на глава ми смета или шефее не мож да врзују с с рукавице !
Проблем е уште што воглавном овде се работи со опрема и машинерија , втора или трета рака , па и од тоа често произлегуваат повреди на работа .
Точно, кога бев на објект на теренска работниците упорно одбиваа да носат шлемови, инженерот иако тој сноси одговорност имаше дигнато раце, не се разбираат и готово.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.861
Да, да, работниците се криви...
Како што може работодавателот да им каже - ќе те отпуштам ако не доаѓаш у 7, или - ќе те отпуштам ако не го завршиш ова, или што и да сака може да им нареди. Епа така, може многу лесно да им наложи да ги почитуваат стандардите и нормите предвидени за заштита при работа (ако несреќите се, како што викате, ради тоа што неќат да носат шлемови и сл.).
Работодавачот е секако одговорен, според мене. Но, во сите случаи пресудата е обратната.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
30
Поени од реакции
28
Најголем проблем е што сме робови во државата без разлика на струка , мора да се спроведува законот и заштитата на работниците исто така и платите да кореспондираат со стандардите но во МК нашата чудесна земја све е некако обратно пропорционално.
Греота се луѓето за 10 илјади месечно испоумреа колку таму работници од градежништвото а плус само јас знам 2ца пријатели кои се со тешки телесни повреди и нема да можат да работат никаква физичка работа до крајот на животот. Кој ќе им плаќа ним ? Никој.
Оставени жените да им работат ко шнајдерки за 6к денари и плус мораа CV на англиски да предадат за шивачки, пази те молам во огласот пишувало: Пожелно: ВСС - Јас не верував мислев ме заебаваат ... ќе го барам ова за да го пратам овде бидејќи како ја што не верував мислам дека и вие нема да верувате во ова. П.с ако некој го видел истиов оглас нека поддржи :) Поздрав! Одлична тема!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.286
Поени од реакции
29.760
Не фрлајте со дрвја и камења само на газдите и инспекциите !
За ситуацијава со заштитата на работа највеке сме си одговорни НИЕ , т.е. директните изведувачи. На секое градилиште има шлем за секој работник исто и заштитни ракавици и појаси ( значи од страна на сопственикот трошокот е сторен), проблемот е што сите се мудри и одбиваат да носат опрема , тргнувајки од онаа познатата - на мене ли баш ке ми се случи тоа! И уште оправдувања , не можам да правам оплата со шлем на глава ми смета или шефее не мож да врзују с с рукавице !
Проблем е уште што воглавном овде се работи со опрема и машинерија , втора или трета рака , па и од тоа често произлегуваат повреди на работа .
Детето ако го оставиш да си игра со оган, кога ќе се изгори, кој ќе биде крив... ти како родител или старател, или детето кое „инсистирало„ дека сака да си поигра?

Полицаецот кога ќе те застане во сообраќај за пребрзо возење, и неносење сигурносен каиш... ќе те казни пошто така законот налага, или ќе ти каже „ајде терај, и вози побрзо чим мислиш дека можеш„...?

Инспекторите се продолжена рака на државата, и имаат начини како да осигураат правилата да се почитуваат. Со казни, и за работниците што се без опрема, ама уште повеќе и за работодавачите.
И еднаш кога газдите ќе почнат да редовно да пијат казни затоа што нивните работници не се заштитени со заштитна опрема за работа... се некако мислам дека ќе направат се што можат, да се употребува заштитна опрема 24/7.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Мање више е тоа затворен круг !
Одредени луге ги контролираат скоро сите фирми кои се главни играчи и каде што воглавном и настануваат повредите на работа , за инспекцијата да не зборувам .
Е сега за да можеш некого да експлоатираш до даска , мораш некаде да ги попуштиш дизгините , инаку цркна магарето !
На таков начин главните играчи им прогледуваат низ прсти на таканаречените сопственици на бизниси , овие вторите им прогледуваат низ прсти за дисциплина и квалитет на работниците ама им плакаат минимална плата . Од тоа добиваме производство со непознат квалитет и крајно несредени бизнис односи по вертикала а богами и по хоризонтала.
И во тој круг волкот сит но овците не на број , сите после првиот губитници !
А она за кое ме цитираше , ке го снема ама кога ке се створат услови нашиот работник да биде платен 5-6 евра на час , дотогаш ке си играме криенка едни со други во овој матен безизлез !
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.286
Поени од реакции
29.760
Аспектот на работникот, тоа ми е поентата. На работникот му одговара почитување на правилата, не обратното.
Овака практично излегува дека менуваат лабаво за неносење на соодветна опрема, за лабаво во платите и стандардот.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Знам дека ја расипувам забавата на оваа тема , наједноставно ке беше да се издерев и јас на сметка на некого и полемиката ке си продолжеше на задоволство на сите !
Ама, го преживеав тој период на распад на еден систем со кој се урнисаа и многу од стандардите кои важеа .
На мои очи пропаднаа скоро сите големи градежни фирми со исклучок на две кои и денес се присутни на Мк буништето , после нив или во исто време останаа без воздух исто и големите земјоделски , текстилни , хемиски , металопреработувачки капацитети .... оставајки армија безработни или работници со нерешен статус . После подолго држење на леб и вода тие веке беа спремни да работат се и сешто за било каква плата и под било какви услови , со недоволно почитување и почесто без почитување на стандардите за заштита при работа .
Кон сето ова се придружи и деградацијата на образовниот систем , започна масовна продукција на високообразован кадар без вистинска стручна подкрепа . Стана срамота млад човек да каже дека е со средно школо а уште пострашно дека има завршено средно стручно .
Во такви услови како градежни работници почнаа да се појавуваат погореспомнатите стечајни работници од други бранши , кои недостатокот на стручност во таа струка го менуваа со мизерни плати и услови за работа , безработните рудари едвај чекаа да ги повикаат на работа , веке не прашуваа за услови и така скоро во сите бранши.
И најжално е што се создава впечаток дека скоро на никого не му одговара воведување на ред и поредок , што суштински не е во корист на директниот извршител на работите т.е. работникот , кој не така одамна се декларираше како владеачка класа .
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.727
сите се Пенат, а ај да ве прашам нешто најпросто, кога сте нарачувале мајстор да ви монтира Ролетни, дали сте размислувале што ако падне ?? А колку ќе ве чини ако се направи скеле ?? Еве во населба, една зграда што има управител, побарале поправка на кров, ама не им доставил понуди туку веднаш ангажирал Фирма, а Фирма по сите безбедносни прописи од ХТЗ им го поправила кровот. Е сега дошло свети петар Кајгана, па Управителот со извршители им ја блокира сметката на куќен совет... А да не зборувам за банални работи, поправка на ќерамиди во индивидуални куќи, сечење на повисоки гранки на дрва, а што праиме со берење ореви ?? ... Па и повисока цреша да се обере е опасно...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1536.jpg растурање на бините пред соборната црква,после Велигден
Никој не носи појас,а работа на висина и над 3-4м,се стој на тие цевки и се работи на демонтажа со двете раце некогаш.
Опасна работа со голем ризик. Мало невнимание, (во чекори) или лизгање и отиде доле.
Оваа демонтажа треба да се врши со подвижно скеле за таа намена и со сите заштитни срества.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom