Истрагата ќе утврди... (повреди на работно место)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Се мислев дали една ваква тема е за во Економија или Здравје,а можеби и има иста или слична па ќе трба да се спои со таа.

Да, и насловот треба да е:Повреди на работа.

Кој работи може и да се повреди. Ова посебно го имаше во медиумите нагласено за повеќето повреди на градежниците во проектот Скопје 2014 од кој многу и со смртни случаеви.

И јас работам во компанија каде имаше неколку вакви случаеви. Тоа најчесто се млади работници или пак работници пред пензија. Како и во последниот случај,што го земам и како повод за темава,загинувањето на двајца работници од железницата,на мостот во Д.Лисиче над реката Вардар.

Што е заедничко во сите овие случаеви повреди на работно место,каде имаме и смртни последици. Секогаш е работникот КРИВ и истрагата ќе го утврди тоа.Времето ќе си поминува и ќе се заборави. Само болката кај домашните ќе остане.
Дали имате чуено за ваков случај,каде некој од надлежните е земен на одговорност и осуден.

Во последниов случај(некој да го постира од Дневник) таков е и насловот. И сами паднале.

А секогаш од кога ќе се деси нешто вакво,нивното прашање на надлежните :
Што барал таму,тој е крив, сам паднал,сам ја пикнал раката кај што не треба,не му е тоа во опис на работа и сл.
Ама во овој случај имат дури и некое „оправдување“ носеле заштитни шлемови. Ја мајката.

Па што тогаш ако се заштитни,не ги спасиле од таков краен трагичен исход.Се знае за работа на висина,а во овој случај и над река,која заштитна опрема треба да ја има еден работник.

Работа над 1.6 или 2 метри се смета работа на висина и треба да има заштитни појаси. Е сега ова подобро ќе го објасни некој специјалист во струкава.И дали работници со над 60 години треба да се испраќаат на такви работни места и работни задачи, со голем веројатен ризик од повреди. И што е превентивно преземено да не дојде до било какви несреќни случаеви во работата,било каде, скоро ништо, секогаш од кога ќе се деси нешто,а почесто и најлошото-смрт,се преземаат некој мерки за заштита или забрана,е тогаш ќе им текне како требало.

И ретко слушам дека некој адвокат или судија се повредил на работно место или пак не сум доволно информиран,се се тоа некои рудари,ѕидари,бравари,машинисти,монтери и слично.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ни за економија ни за здравје , туку за во подфорумот право.
Има доста случаи секаде низ светот, некои добиваат паричен надомест некои не. Ако оштетениот извади лекарско во најкраток можен рок и поддаде тужба преку адвокат 100% ќе си наплати преку фирмата или осигурањето. А ако остави преку газдата со празни ветувања и со муабет да се договори или да потпиши документ каде тој е крив нема што повеќе да бара...секој што не наплатува е поради неинформираност или наивност и страф да не ја изгуби работата, друго нема.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Ja поздравувам темава, и добро е да се зборува за овие работи. Посебно сега пред избори.
Во државава фали следење на прописите за заштита при работа, за што делумно сме криви сите ние, вклучително и самите работници... зошто ретко кој (никој најверојатно) не пријавува ама баш ништо. Секогаш размуслувањето е, „ајде друг ќе пријави зошто јас да ризикувам да ме дознае газдата„. И ова не е така само со оваа бранша, туку во секој аспект на животот. Дури и за полиција викање ако некаде во комшии се краде нешто, резонот е „ајде де, другиве комшии ќе пријават, зошто мене да ме замара после полицијата„.

Се додека не се сменат индивидуалните ставови за колективната одговорност, сите ние тука ништо не правиме.
 
Баш затоа ја отворив и темава,поради тие проблеми,газдите секогаш гледаат да се извлечат и се исвлекуваат.
Еве и мојов пример,се повредив на работа, не пријавив веднаш,ај ќе помине, не земав боледување, ама се искомлицира работава,
па сега мора да одам, се нема каде, повреден не се работи,ми смета и не можам ни домашни или лични обврски да завршам.
Имам лекарски на време извадено уште дента или другиот ден.
Инаку и оние акции за неработа кога има лоши времнски услови,температури во+или-или магла, не се почитуваат од газдите.
Само кога треба да помине некој од владата или инспекција се е пред време јавено и спремно за успешно снимање на состојбата.
А потоа од кога ќе заминат,ајде веднаш на скеле печи на сонце на 36 ст. или копај канали во замрзната земја.
Можеби си во право,за во Право да прашам за моите права.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Татко ми работеше у гранит,имаше мала повреда,т.е напукнато мало прсте на нога.зема околу 300евра али од осигурување,ова беше пред 10ина години.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Само кога треба да помине некој од владата или инспекција се е пред време јавено и спремно за успешно снимање на состојбата.
А потоа од кога ќе заминат,ајде веднаш на скеле печи на сонце на 36 ст. или копај канали во замрзната земја.
.
Тоа е така не заради тоа што тие од влада или инспекција не знаат како е вообичаено. Тие добро знаат како стојат работите и немаат проблем со тоа никаков, т.е. апсолутно ги боли уво, све дур бизнисот со газдата им иде. Затоа и кога не се таму, веднаш се менува режимот и работниците работат така како што работат секој ден, со полно опасности и сл.
При нивната посета се менуваат условите, само за да не се види дека они јавно присуствуваат на такви услови, за да не се види дека јавно се согласуваат со тоа. Ете затоа сите други денови е по старо. Значи, не дека тие од влада и инспекција не знаат, туку за да не биде јавно тоа нивно одобрување, за да не биде јавно нивното присуство пред флагрантните прекршувања на одредбите за безбедност на работникот. Плус, понекад камери носат со нив, медиуми....
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
И најчесто завршува со 'невнимание на работникот'. Од причина што државата ги штити фирмите, а не работниците.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Работниците морало да бидат врзани со каиши штом работат на такво работно место. Јас учам градежен и имам предмети за истото но кога бевме на терен видов дека самите работници не сакаат да ги носат шлемовите а не пак другата опрема (ако воопшто ја има). Значи и работниците се неразборити, треба инженерот да ги тргне од работа само заради тоа што не сакаат да носат шлем иако работеа на челична конструкција каде што има штрафови со тежина и до 2кг, кога би паднал еден од 10м врз глава смртта ќе настане на лице место. Сепак државата не мрда со прст за да врши строг инспекциски надзор па дури и одземање дозволи за работа. Од рударски град сум, каде што загинаа 8 луѓе во рудник и никој не презема ништо. Некои од случаите се отужени, со докази и цела документација која стои во фиоките на обвинителството и не ги ни разгледуваат. Нема веќе праведен суд, го заташкуваат случајот додека фирмата врши секакви притисоци врз семејството да се откаже од парницата. Министерот се слика со казните кои пак ги плаќааат работниците... жално.[DOUBLEPOST=1397916043][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
ова е нула спрема тоа што беше порано, во сфрј... наводно имало случај во 60-тите, во Малон (Охис) на работник валците да му ја фатат раката а за да му се спаси требало да се запре линијата една или 2 смени и да се демонтираат валците, но раководството нареди а доктори му ја ампутираа раката... а во 80-те го исправија новиот 50-60 метарски метален оџак и тогаш им текна дека нешто требало на врвот да се праи, па по наредба се качуваа луѓе ни обучени ни опремени, не само што немаа јажиња, туку наместо со алпинистички тесни комбинезони со широки панталони и работни мантили ...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Работниците морало да бидат врзани со каиши штом работат на такво работно место. Јас учам градежен и имам предмети за истото но кога бевме на терен видов дека самите работници не сакаат да ги носат шлемовите а не пак другата опрема (ако воопшто ја има). Значи и работниците се неразборити, треба инженерот да ги тргне од работа само заради тоа што не сакаат да носат шлем иако работеа на челична конструкција каде што има штрафови со тежина и до 2кг, кога би паднал еден од 10м врз глава смртта ќе настане на лице место. Сепак државата не мрда со прст за да врши строг инспекциски надзор па дури и одземање дозволи за работа.
Токму во болдираниот дел е главниот проблем.
Ама не и целиот проблем. Многу голем дел од проблемот е ќутењето, недигањето галама, непријавувањето во соодветните испекциски служби (пошто така барем провизорно ќе мора да реагираат по пријавите).
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Токму во болдираниот дел е главниот проблем.
Ама не и целиот проблем. Многу голем дел од проблемот е ќутењето, недигањето галама, непријавувањето во соодветните испекциски служби (пошто така барем провизорно ќе мора да реагираат по пријавите).
А што ќе биде потоа ако пријавиш. Што ќе се смени,каква одлука ќе се донесе и во чија корист.
Да не мислиш ќе сменат некој одговорен или некој директор. Само работникот ќе биде на тапет па иако е во право.
И со страв ќе ја продолжи таму работата,еве и да го добие случајот, ТИЕ ќе бараат и најмала ситница потоа да го казнат и ауф...
Не дај боже да викнеш инспекција,кога надвор е температурата 36-37 тогаш колку е внатре покрај печките и во некој ливници,
(а за во канцелариите знаеме клима уреди на секој прозор) одма ќе те сликаат без шлем,па макар и во ВЦ и ајде ауф...
Или види ова најосновното, на какво столче седат шивачките 8 часа, а на какво ТИЕ со сина крв, па и тоа е повреда „тивка“.
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Анчо, шо ти е гајле до толку. Еве сеа има нови работни места за ќерка ти. Гледај побрзо да ја вработиш пред некој провинцијалец да и ги земе местото.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Анчо, шо ти е гајле до толку. Еве сеа има нови работни места за ќерка ти. Гледај побрзо да ја вработиш пред некој провинцијалец да и ги земе местото.
Секогаш кога ќе чујам ваква вест,загинал некој работник,се кине и некој дел од мене,затоа што веќе загубив на тој начин неколку колеги на работа. А „мора“ ли па ќерка ми да работи,важно има диплома за најдобар студент од 2005 година. На крајот за сите исто.
Ама тоа не е темата, ако сакаш за тоа да разговараме може каде му е место. И кај тоа има нови раб, места не сум чул.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Гуглајте за случаите за во Саса, за синдикалниот лидер што насила го сменија оти се бореше за работниците, па го нападија од работа... читајте и се ќе ви стане јасно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
А што ќе биде потоа ако пријавиш. Што ќе се смени,каква одлука ќе се донесе и во чија корист.
Да не мислиш ќе сменат некој одговорен или некој директор. Само работникот ќе биде на тапет па иако е во право.
И со страв ќе ја продолжи таму работата,еве и да го добие случајот, ТИЕ ќе бараат и најмала ситница потоа да го казнат и ауф...
Не дај боже да викнеш инспекција,кога надвор е температурата 36-37 тогаш колку е внатре покрај печките и во некој ливници...
Има начини како анонимно да се пријави. Може на пример некој од домашните, од телефонска говорница да пријави додека работникот е на работа на смена... поанонимно од тоа здравје.

Идејата е често да им се прави притисок, и политичарите да увидат дека народот е свесен за злоупотребите и е лут, до тој степен, да може да им поверува на опозицијата која секако ќе вети промени по тоа прашање (пошто нели и они ќе видат дека прашањето е актуелно).

Ова се разбира не значи дека на овј начин експресно ќе се решат работите. Ама и тоа сепак значи дека некако ќе почнат да се решаваат работите.

Затоа Анчо, мора сите да ја прифатиме сопствената граѓанска одговорност, и сите злоуптреби да ревносно да се пријавуваат. Со такво размислување како твоево што го цитирав, ништо не правиме.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom