Историja на кавказките народи

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Кавказка Албаниja


Кавказка Албаниja (латински Albania, персиски Арран, арменски Алуанк) е античко царство кое е создадено на крајот 2 век п. н. е. на територијата на современите држави Азербејџан, Грузија и Дагестан. Кавказка Албаниja е унија од 26 племиња кои зборуваат на различни јазици и дијалекти од нахо - дагестанската јазична група - Лпини Гаргари, Леги, Гели, Чилби. Во средниот век населението на ова царство е подложено на јазична и културна асимилација од страна на Ерменци, Перси, Арапи и Тjурки.

Во голема мера судбината на оваа античка држава е одредена од соседството и со нејзините моќни соседи Римската империја и Сасанидска Персија. Во 461 година по серијата востанија против Сасанидската империја Персијците уништуваат Кавказка Албаниja и ја прават марзапанство (воено - административен округ) во составот на нивната империја. За етимологијата на топонимот (кавказка) Албанија и етнонима (кавказки) Албанци и до денес се водат спорови. Според некои историчари и лингвисти потеклото е од латинскиот збор ''albus'' - бел, А. П. Новоселцев поврзува персиското Алуанк со Аланите. Алтернативно но многу веројатно и точно мислење е топонимот (и етнонима) да потекнува од името на главниот бог во религијата на античките Албанци - Алпан.

Кавказките Албанци се добро познати на античките хроничари. Аријан тврди дека тие се борат во составот на персиската војска кај Гавгамела против армиите на Александар. На римските хроничари стануваат познати по судирот на римските лигиони со понтиjскиот владетел Митридат во Кавказ. Првите албански царски династии се локални по потекло, но откако овие територии влегуваат во составот на Партската империја старите династии се сменети од гранка на царската партска династија на Аршакидите. Во периодот 7 - 8 век територијата на Кавкаски Албанија е арена на крвавите судири меѓу Хазарскија хаганат и Арапскиот калифат.

Во 11 век тjурките Огузи стануваат воен хегемон во регионот што конечно става крај на обидите на последните ситни васални албански феудалци (потчинети на ерменските Багратиди) да вратат независноста на Кавкаска Албанија.


Ибериja


Ибериja (Ивериja, Картли) - античко царство на територијата на историската област Картли (денешна Грузија). Царство Ибериja е наследник на многубројните племенски сојузи на античките грузиски племиња. Во периодот на Ахеменидска Персија Ибериja влегува во составот на персиската империја и ја губи својата независност. Во 3 век п.н.е.е во подем, под водството на царот Фарнаваз но по неговата смрт следат тешки воени судири со северните варвари Сармати и Алани и со моќната Римска империја. Во 1 век по судир со Ерменија губи својата независност и царскиот трон е зафатен од ерменските Аршакиди кои се дел од партската царска династија. Во средниот век влегува во составот на Сасанидска Персија, Византија и Арапскиот калифат.

Ерменија


Ерменците се познати од историските извори од длабока древност споменати се за прв пат во 1300 г. п.н.е. во текстови на хетски јазик во кои е опишана (непријателската) земја Хаjаса која се наоѓала на територијата на денешна Западна Ерменија. Ерменците од антиката до денес нарекуваат сами Хаj. Но самите споменати во хетските текстови не се автохтони кавкаски народи, а се дојденци од Балканот - Фриги (Бриги, Phrygians) и Мизи (Moesians). Етнонима Ерменци добиваат веројатно поради тоа што населуваат територии населени од старо арамејско население. Околу 570 г п.н.е. е основана првата ерменска држава на чело со царот Ерванд, но во 560 г п.н.е. веќе е зависна од Мидиja, а во 521г п.н.е.е во составот на Ахеменидската империја. Ерменија е првата држава прифатила христијанството како официјална религија што доведува до големи воени судири со Персија. Старата ерменска религија е поврзана со древни индоевропски култови кон Митра и Анахита.

По падот на династијата на Арташесидите на царскиот трон седнуваат наметнатите од Партите Аршакиди. Историjaта на Ерменија е исполнета со перипетии, верски и воени борби со зоороасриjските Сасаниди (Сасанидска Персија), Римската империја, Арапскиот калифат, Византија, Селджуките и Османците како територијата и во различни периоди паѓа под власта на овие силни противници.
 
Последно уредено:

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Азербејџан (Атропатена, Атарпатакан)


Името на современата држава Азербејџан потекнува од името на старата персиска сатрапиja Атропатена познат во персиските јазици како Атарпатакан (од кое доаѓаат арапските форми Адарбадган, Адурбаjган, Адербазкан, Азербааjган). Топонимот Атропатена има иранска етимологија и потекнува од иранските зборови *atar - оган, *patia - пазам, чувам и *kan - земја област и значи ''земја чувар на светиот оган'', а светиот оган има централно место во персиската зороастриска религија наметната од Сасанидите.

Светиот оган прикажан на сасанидска монета - огнот е на олтар до кој стојат двајца свештеници

https://depts.washington.edu/silkroad/exhibit/religion/zoroastrianism/i_varhranIks_8_o.html

Зороастријскиот храм на огнот во Баку

http://www.cais-soas.com/CAIS/Architecture/various_fire_temples.htm

Античката религија во Атропатена несомнено е поврзана со Зороастризмот, денес повеќето азери се шиити.

Во антиката Атропатена била населена главно од ираноjaзични племиња и мали кавказоjaзични етноси во процес на асимилација. Страбон споменува во овој регион иранските племиња Кадусии, Амарди Тапири, Киртии. Во 6 в п.н.е. Мидиja и Атропатена влегуваат во составот на Ахеменидската империja.Инвазијата на Александар во Персија става под прашање постоењето на империјата. Дариј презема брзи мерки и собира голема војска. Во редовите на неговата армија е повикан и мидиjскиот сатрап Атропат со своите потчинети војници собрани од племињата Албани, Сакасени (најверојатно Скити кои Персијците нарекуваат на својот јазик Саки) и Кадусии. Персиската армија е поразена, а Дариј отстапува кон Атропатена каде сепак Атропат одбива да му помогне во борбата со Александар. Атропат останува верен сојузник на Александар сè до неговата смрт.

По уништувањето на Ахеменидската империја Атропатена станува независно царство, но по подемот на Партите областа станува васална на царската партска династија на Аршакидите, а потоа и на Сасанидите. Во 8 век веќе е во составот на Арапскиот калифат. Во преиода 11 - 12 век Селџуките се населиле во регионот со што започнува и процесот на наметнување на турски јазик на локалното население. Во 16 - 18 век територијата на Азербејџан е арена на крвавите воени и верски судири меѓу персиската шиитска династија на Сафавидите и турската сунитска династија на Османлиите подоцна на војни меѓу Русија и Иран.

Дури во 20 век вонните судири во овој регион не запираат. Добро познат е конфликтот меѓу Азери и Ерменци во Нагорни Карабах.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Според мене една од најинтересните држави кои некогаш постоеле, Понтското кралство.

PonticKingdom.png

Една специфична држава која според мене треба да биде позапазена во историјата, но веројатно тоа не е така поради „стандардниот“ крај кој таа го доживеала, потчинување под Рим.

Самата држава е еден вид индиректен производ од походот на Александар III Велики. На територијата на Мала Азија се случуваат огромни турбуленции во тие години, па така во 281 година пр.н.е. е формиран Понт од страна на Митридат (Pontic Sea - Црно море, од таму и името на државата, погледнете ја картата и ќе видите зошто). Но, зошто велам специфична? Специфична е поради наводната „биполарност“, ете така да се изразам, на оваа држава. Нејзините жители се склоп на хеленистичката култура, како и на иранската/персиската. И едните и другите живеат заедно и се еднакво-правни, но токму различните карактери на овие два народа ја оформуваат и самата државна творба. За чудо, во самата држава се прифатени двете религии, хеленската и зороастриската. Припадниците на хеленистичката култура во главно помагаат со домашните, секојдневните работи како земјоделството и културата, а иранците повеќе се бават со воени работи. Државата функционира извонрендно бидејќи и едните и другите ги бива во тоа со што се бават.

Најфасцинантна ми е приказната за еден од моите омилени историски ликови, Митридат VI Велики, исто така познат и како „Добриот Татко“ (Eupator). Како што реков за неговата држава, така и за него важи тоа дека лично неговата семејна лоза по таткова линија потекнува од Кир II Велики, а од мајчина страна линијата му тече се до генералите на Александар III Велики, дијадосите Антигон I Едноокиот и Селеук I Победникот. Преку ова (веројатно измислено, бидејќи сеуште не е докажано) тврдење тој успева како и своите предци да го држи народот среќен и да го одржува тој баланс. Дури и самиот негов карактер е во склоп на околностите во кои тој живее. Лично, тој ја обожавал културата, ја сакал музиката, уметноста, а тој успешно ги говорел и сите 22 јазика (или подобро кажано дијалекти, или барем варијанти на јазиците) кои се говореле во неговата држава, како и некои јазици надвор од неа. Но, тој имал и темна страна. Поради тоа што кралот, неговиот татко умрел кога тој бил дете, неговата мајка ја приграбува моќта за себе, фаворизирајќи го Митридатовиот помлад брат за наследник на престолот, по што Митридат поминал години во прогонство, спремајќи се за враќање на престолот кој праведно му припаѓал, што и го направил успешно, елиминирајќи ги својата мајка и својот помлад брад, што оставило лузна во неговиот карактер, па често знаел да биде суров, немилостив и да не простува.

Можеби некои од вас слушнале за Митридатизмот, веројатно доколку има љубители на медицината. Митридатизмот е контроверзна практика при која еден човек секојдневно во своето тело внесува сосем мало количество на отров, а како времето изминува, секојдневно таа количина ја зголемува со цел да стане имун на труење, бидејќи веројатно знаете дека во антиката, убиство преку отров била најчеста практика. Митридат ова успешно го совладал и така преживеал неколку обиди за атентат. Оваа практика ја користел и добро познатиот руски мистик, Распучин.

Доколку досега не ви беше фасцинантна оваа личност, ви предлагам повторно да ја погледнете картата. Темно лилјаковата боја ја означува територијата која тој ја наследил кога седнал на престолот. Светло лилјаковата боја ги означува териториите кои тој ги освоил и ги приклучил кон својата држава. Ја контролирал речиси цела Мала Азија, Босфорот, како и Крим (едно од најплодните места во тогашната екумена која давала огромна економска моќ на државата). Нема потреба да споменам дека целосно го контролирал Црното Море, нешто за што подоцна во историјата ќе се тепаат многу други држави. Интересен факт е што Митридат при еден воен поход против Рим стигнал и до Македонија и за кратко време владеел со одредени територии, но недоволно долго за да ги приклучи во својата држава. На овие простори тој се судрил со (на љубителите на историјата) добро познатиот Лукиј Корнелиј Сула.

Сепак, моќта на Митридат и неговата држава не била доволно голема за да му се спротивстави на моќниот Рим. Рим, користејќи ја својата добро позната „раздели па владеј“ тактика успева да го разниша ова кралство. Митридат е предаден прво од неговиот постар, а подоцна и од помладиот син кои „паднале“ под римско влијание. Ова предавство најмногу го заболело, повеќе од тешките порази кои пред тоа ги претрпел, па иронично пробал да се самоубие прво со огромна доза на отров, која секако не успеала поради неговиот имунитет, за потоа да му нареди на својот телохранител и пријател Битуитус да го убие. Со неговата смрт во 63 год. пр. н.е е ставен крај на Понтското кралство, таа уникатна творба која останува запишана во историјата.

П.с: Како континуитет во „сегашноста“ вредно е да се спомене дека по завршувањето на втората светска војна и оформувањето на „новата карта“ на светот, се разгледувал предлог за повторна „реинкарнација“ на оваа држава, со цел во таа држава да живеат малоазиските Грци т.е грчкото малцинство во Турција. Идејата експресно била отфрлена.
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Aзербејџан- азер мора да е индоевропско, пошто го има и кај албанскиот, zjarr, a и имаат исто значење, оган.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom