Историските хидроцентрали Чебрен и Галиште

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
НОВИ УСЛОВИ ЗА ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ



Според неофицијални информации, во заедничката компанија ЕЛЕМ ќе учествува со удел од најмалку 39%, но тоа ќе биде пропишано во тендерската документација.Вредноста на хидроелектраната Чебрен се проценува на околу 318 милиони евра, додека на Галиште на околу 200 милиони евра.


Леле какви пациенти,значи некој треба да им даде 518 милиони за они да лапнат НАЈМАЛКУ 39% од профитот без никаков влог за после и да не можат да ја продаваат каде сакаат струјата тие што ќе ја направат инвестицијата.​
се мислев која од овие две да ја ставам и на крај морав и двете​
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Продолжен рокот за понуди за ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“
Владата го продолжи рокот за доставување понуди за изградба на големите хидроцентрали на Црна Река - „Чебрен“ и „Галиште“ за 3 јануари. Со кусо соопштение, Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е сега надлежно за тендерот, најави дека крајниот рок за заинтересираните инвеститори наместо 22 декември, е вториот работен ден од следната 2013 година, до 11 часот претпладне.

Досега тендерската документација за инвестицијата вредна над половина милијарда евра ја подигнале две компании, и тоа домашната „Балкан енерџи груп“ и грчката државна фирма „Паблик пауер корпорејшн“ (ПЦЦ).

Владата седмипат по ред се обидува да склучи поволен договор со заинтересираните инвеститори за најголемиот стопански проект во земјава. Целата процедура трае над 7 години, а проектот е стар повеќе децении. За разлика од претходните обиди, овој пат тендерот ќе го добие оној инвеститор што ќе понуди најголемо учество на домашната „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) во новоформираната заедничка компанија, а минимално предвидено учество на ЕЛЕМ е 39 проценти.

Заинтересираните инвеститори и дел од домашните експерти при претходните обиди имаа забелешка на предвидената висина на браните и предупредуваа дека како таков, проектот е економски неисплатлив. Сега е најавено дека браните ќе може да бидат пониски ако ја исполнат предвидената моќност од 333 мегавати за ХЕЦ „Чебрен“ и 197 мегавати за ХЕЦ „Галиште“. Во целиот пакет повторно влегува и ХЕЦ „Тиквеш“, која ќе стане дел од новата компанија со концесијата од 52 години.

Предвидено е хидроцентралите да се пуштат во употреба по седум години од почетокот на изградбата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9B68CC74A1479740899EE59CAE2892C4
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Продолжен рокот до 2080 :icon_lol:.
--- надополнето: 11 декември 2012 во 14:28 ---
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Владата седмипат по ред се обидува да склучи поволен договор со заинтересираните инвеститори за најголемиот стопански проект во земјава. Целата процедура трае над 7 години, а проектот е стар повеќе децении. За разлика од претходните обиди, овој пат тендерот ќе го добие оној инвеститор што ќе понуди најголемо учество на домашната „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) во новоформираната заедничка компанија, а минимално предвидено учество на ЕЛЕМ е 39 проценти.
Нема шанси некој да им даде 40% од профит на лепи очи.Кога условов ќе биде 0% тогаш ќе се најде инвеститор.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089



Неуспешен тендерот за „Чебрен“ и за „Галиште“

Ниту една понуда не пристигна на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектричните централи „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река до вчера, кога истече крајниот рок за доставување понуди, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање



- Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со своите надлежности, за ова ќе ја информира и Владата на Република Македонија - велат во Министерството.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4161391173&id=10&prilog=0&setIzdanie=22857

 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
ќе правиме вртелешки во Центар,додека вакви проекти ќе чекаат господ да се смилува да ги направи :facepalm:

*LION* до вртелешки ти дојде друже ?
Не знам што к*р ви е со таа мочана вртелешка кога кажав дена сметам дека не и е таму местото. Инаку таа мочана вртелешка е 160 000 евра а Чебрен и Галиште е над 750 000 000 евра. Инаку уште пред бајги месеци во еден мој пост кажав дека до сега по 100 мил евра да одвојуваа секоја година до сега ќе ја обезбедеја финансиската конструкција и ќе беше при крај изградбава. Владата пробуваше приватен сектор да ја издради хидроцентралата ,место државата да се меша , но очигледно условите кој ги бара државата од приватните инвеститори се неповолни така да им останува 3 опции .1 - да ги намали условите кој ги бара а некој од нив се косат со економска логика 2- државата да ја изгради 3- да се откаже од проекторо. Третата опција е најлоша. Тоа е тоа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
2- државата да ја изгради Тоа е тоа.
E ова е тоа
Со сметките за струја плаќаме 33%, „ ангажирана моќност “. Вкупниот промет со струјата во Македонија е околу една милијарда евра годишно. Што значи за „ ангажирана моќност “ плаќаме 250 милиона.
Тие пари се сега профит на ЕВН кој се инесуваат во Македонија.
Доволно е Регулаторна да ја укине „ ангажираната моќност “, односно намали профитот на ЕВН. За сметка на тоа да ја зголеми производната цена на струјата, а со тоа приходите на ЕЛЕМ и еве пари за нови инвестиции.
А сега имаме смешна ситуација, делот од крајната цена на струјата кој припаѓа на дистрибутерот е поголем од делот кој припаѓа на производителот.
Изградбата на вакви централи трае 6 -7 години, што значи на овој начин можат да се финансира изградбата на повеќе вакви централи.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
E ова е тоа
Со сметките за струја плаќаме 33%, „ ангажирана моќност “. Вкупниот промет со струјата во Македонија е околу една милијарда евра годишно. Што значи за „ ангажирана моќност “ плаќаме 250 милиона.
Тие пари се сега профит на ЕВН кој се инесуваат во Македонија.
Доволно е Регулаторна да ја укине „ ангажираната моќност “, односно намали профитот на ЕВН. За сметка на тоа да ја зголеми производната цена на струјата, а со тоа приходите на ЕЛЕМ и еве пари за нови инвестиции.
А сега имаме смешна ситуација, делот од крајната цена на струјата кој припаѓа на дистрибутерот е поголем од делот кој припаѓа на производителот.
Изградбата на вакви централи трае 6 -7 години, што значи на овој начин можат да се финансира изградбата на повеќе вакви централи.
ништо не е смешно,за тоа така да биде исплаќани се дебели провизии,подоцна народот ги трпи последиците......потписниците на тие договори треба да се поткастрат на гилотина заради предавство на националните интереси и сопствениот народ !

некој страда што нема водни ресурси,нас ни останува само да ја собериме и чуваме/искористуваме водата која ја има во изобилство со паметно чување и искористуваме може само да се добие,арно ама неееееееее,нема да може вода да се кради и да се изнесува во странски банки :tapp:

жалосно е што вакви проекти се оставени на милост и немилост, овие проекти значат преродба на Мариово,како и Битола и Прилеп како региони
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Комедија се веќе со овие централиве, никаква инвестиција во инфраструктура, 10 пати пропаѓаат тендери за централи. Да беше салам држава ова ќе беше доволна причина за пад власта, ама народ се радува на субвенции и шарени споменици.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Скопје 2014 ? :свиркам:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Десетти тендер за Чебрен, овојпат без Галиште

По десетти пат Владата го распиша тендерот за хидроцентралата Чебрен на Црна Река, овојпат без ХЦ Галиште. Еден од условите за потенцијалниот инвеститор е 50 годишно стопанисување со 333 мегаватната централа.

„Очекуваме во најкус можен рок да се објави јавниот повик за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, и верувам дека потенцијалните концесионери ќе бидат задоволни со измените што се направени во овој тендер. Јавниот повик, освен во домашните весници, ќе биде објавен и во еден меѓународен весник“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.
И овојпат во тендерот е предвидено дека евентуалниот инвеститор во пакет ќе го добие на стопанисување и ХЦ Тиквеш. Но, овојпат рокот за користење на ХЦ Тиквеш е пред изградбата на Чебрен, што не беше случај досега. Сменета е и висината на браната, па наместо претходно бараните 192,5 метри, сега е флексибилна од 182,5 до 192,5. Новина е и процентот на учеството на државниот удел во партнерската фирма со инвеститорот - наместо најмалку 39 отсто колку што се бараше досега, сега е 35 отсто. Во условите на тендерот инвеститорот за наредните 50 години од МЕПСО ќе добие и фиксна цена за енергијата кога Чебрен ќе работи во пумпен режим, според тарифата од годинава.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/desetti-tender-za-chebren-ovojpat-bez-galishte
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Десетти тендер за Чебрен, овојпат без Галиште
Секогаш кога ќе ја слушнам оваа вест се потресувам
Сите ние плаќаме 33% за „ активна моќност “ Тие 33% изнесуваат годишно околу 250 милиони евра. А никој не знае зошто ги плаќаме, ниту некаде во други земји за такво нешто се плаќа.
Овие 250 милилиони евра годишно се повеќе од доволни за изградба не само на Чебрен туку уште за три - четири вакви централи.
Дуќаните, школите, и слични други плаќаат струја по „индустриска тарифа “ која сега изнесува 9,90 денари за KWh
Домаќинства плаќаат 6,37 денари за KWh скапа тарифа и 3,19 денари за KWh ефтина тарифа
За испорачаната струја ЕЛЕМ добива 2,1479 денари за KWh скапа тарифа и 1,0739 денари за KWh ефтина тарифа
http://erc.org.mk/odluki/2. EE-C-2013.06.25- ELEM PROIZVODSTVO.pdf
МЕПСО добива зе пренос 0,2715 ден/kWh,
http://erc.org.mk/odluki/3. EE-C-2013.06.25 MEPSO PRENOS.pdf
Колкава е разликата во цени и каде одат тие пари сами заклучете
Арно ама лепотаните од регулаторна ги „ мрзи “ да сменат тарифниот систем
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Вчера го видов местото каде што била планирана браната за Чебрен, нема шанси она една планина бетон треба. Огромна клисура е, природен феномен само на фотографии да гогледаш, а пак во живо божја убавина е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom