Историските хидроцентрали Чебрен и Галиште

Член од
24 март 2010
Мислења
15.149
Поени од реакции
25.591
баш ме интересира како тоа за безпари ќе го добијат кинезите проектов - те молам појасни ми
Затоа што во тендерот нема услови колку минимум акции ќе добие ЕЛЕМ. Самата заинтересирана фирма кажува. Кинезите одлучиле да дадат 40% од акциите сами, никој не ги терал на тоа. Слободно можеле да пишат 0% од акциите. Инаку, делот дали е заради две причини. Прво, кинезите бараат да не бидат обврзани струјата да ја понудат на македонскиот пазар, а Владата инсистира прво да нудат на нашиот пазар, па доколку има вишок да оди во извоз. Сосема логично барање, самоубиство би било да дадеме толку битен ресурс без гаранција дека струјата ќе ја користиме ние. Подобро да не се изгради во тој случај. Второ, заинтресираната кинеска фирма, аплицирала за кредит кај кинеската влада. Реализирањето на инвестицијата зависи од тоа дали кредитот ќе им биде одобрен.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
* фино што си спремен да тактизираш,ама во оваа немаштија и рецесија да условуваш некого што ќе вложи над 600 милиони евра која може да биде отскочна инвестиција за неколку последователни - не знам
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Мене па од тендеров ме нервира, што евентуалниот инвеститор го добива и Тиквешко езеро на стопанисување. Не ми е јасно зашто е понудено и тоа. Како мамка или подоцна е условена и некоја реконструкција на него,докапитализација, стварно незнам.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
тука не можеме да дознаеме како би било цел слив на Црна да им се даде на еден инвеститор или одделно........ако се прават електрични централи значи водостојот во езерата ќе зависи колку вода им испуштило претходното - значи не смее да се дозволи некој да биде уценет !

секако тука спаѓа и Стрежевското езеро низ кое проаѓа голема количина на квалитетна вода.........
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Кинеската понуда е искрено нереална нема шанси некој да даде 40% од акциите а да ги вложи сите пари.Парите назад ќе ги видат за некоја деценија.Мора да има некоја превара или Кинеската држава решила да ни даде малку милостина.

Сепак колку и да сум против мешање на влада во економија искрено жално е со 2 милијарди буџет последниве 6 години и по 1+ милјарда 14 години пред тоа да не можеле да се издвојат 700 милиони за Чебрен и Галиште и уште 1,5 милјарди за Вардарска долина.

Да одвојувале по 100 милиони секоја година сега ќе ги имавме парите за 2 проекти што ќе беше огромен потик за економијата плус ќе ни ги решеше идните проблеми со вода целосно и делумно проблемите со струја.А и компаниите како Пелагонија кои го имаа знаењето во изградба на Хидро централи немаше да пропаднат.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
За „Чебрен“ и за „Галиште“ се чека абер од една од компаниите


Во ниту еден случај нема да прифатиме понуда што не ги исполнува целосно условите



Ваљон Сарачини
Многу подобро е да се почека отколку да се донесе лоша одлука, рече вчера министерот за економија Ваљон Сарачини, одговарајќи на новинарско прашање во врска со повторно одложениот рок за избор на компанија што ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“.

- Владата очекува завчерашното одолжување на рокот да биде последно. Воедно бара една од двете компании да се изјасни за понудата и да каже што точно бара од државата. Чекаме одговор подолго време. Кризата веројатно влијае, па и фирмите не можат да донесат одлука, на некој начин тактизираат со времето - вели Сарачини.

Според него, сите одолжувања на роковите се предлог на комисијата за спроведување на постапката за евалуација на понудите. Ако одговорот од компаниите биде негативен, ќе се најде друг начин за изградба на хидроцентралите.

- Еден од нашите приоритети е да успееме со овој тендер да избереме концесионер што во иднина ќе ги гради двете хидроцентрали, но во ниту еден случај нема да прифатиме понуда што во целост не одговара на условите. Комисијата подолго време се обидува да најде начин како да ги разгледа понудите на двете компании. Факт е дека ние не можеме да влијаеме на никаква нивна одлука, но од друга страна треба целосно да се заштитат интересите на државата - изјави Сарачини.

Во игра за изградба на овој стратегиски енергетски проект се кинеската компанија „Чајна вотер електрик“ (ЦВЕ) и грчката „Паблик пауер корпорејшн“ (ППЦ). Според доставените понуди на тендерот, кинеската компанија понуди 40,5 отсто од акциите за ЕЛЕМ, а грчката 28 отсто.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71912910241&id=10&prilog=0&setIzdanie=22634
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ПОНИШТЕН Е ТЕНДЕРОТ ЗА ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ?!



Пропадна и шестиот тендер за избор на инвеститор кој ќе ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште. Според информациите објавени во „Службен весник“, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, на седница одржана во петокот ја прекина постапката за доделување концесија за производство на струја од хидроцентралата на Црна Река.
Причина за ова се „околностите кои не биле познати, ниту можело да бидат познати во моментот на започнување на постапката за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроцентралите на Црна Река и учество во јавно-приватно партнерство со а.д. ЕЛЕМ“. Претходно Владата си даде рок од неколку месеци да реши дали ќе го поништи тендерот или конечно ќе избере инвеститор за овој децениски проект.
Оттаму не откриваат која е причината за неуспехот на тендерот, како и тоа што планираат да преземат за Чебрен и Галиште да станат реалност. Во игра за изградба на овој стратешки енергетски проект беа кинеската компанија Чајна вотер електрик и грчката Паблик пауер корпорејшн.
Според доставените понуди на тендерот, кинеската компанија понуди 40,5% учество на ЕЛЕМ во проектот, а грчката 28%. Изградбата на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во земјава се проценува на најмалку половина милијарда евра.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/87864/ponishten_e_tenderot_za_chebren_i_galishte_!.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ВЛАДАТА ВО ДИЛЕМА - ЕЛЕМ ДА ГО ГРАДИ САМО ЧЕБРЕН?!

Катерина Попоска


Владата не обелоденува како ќе ги надмине грешките од минатото за деценискиот проект Чебрен и Галиште да стане реалност. Само неколку дена по поништувањето на шестиот тендер за избор на инвеститор за овие две најзначајни хидроцентрали во земјава, од Владата никој јавно не кажува што ќе следува понатаму.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, само кусо вели дека ќе има нов тендер, без да прецизира дали и каде ќе се променат досегашните тендерски услови за изградба на двете електрани на Црна Река. Од Министерството за економија тврдат дека понудата на кинескиот конзорциум CWE&CTGPC не била во согласност со условите наведени во тендерската документација, како и тоа дека имале барања неприфатливи за Владата.
„Меѓу барањата се гарантиран откуп на целокупната произведена електрична енергија по однапред договорена цена, ХЕЦ Тиквеш да биде вклучена во заедничката компанија со датумот на ефективност на договорот за концесија, гарантирана стапка на поврат на инвестиција (IRR) од страна на Владата на Република Македонија во случај на лоша хидрологија. Понудата на компанијата PPC од Грција пак, беше во согласност со тендерските услови, меѓутоа понудениот процент на акции во износ од 28% на а.д. ЕЛЕМ во заедничката компанија е премногу низок и од тој аспект, не беше прифатлив“, велат од Министерството.
Министерот за економија, Ваљон Сараќини, по низата неуспешни тендери, сугерира Владата да ја разгледа опцијата ЕЛЕМ да да ја преземе одговорноста за делумна реализација на проектот, односно да го изгради само Чебрен.
„Во Владата сè уште немаме конкретен договор, но мојата идеја е дека државата преку ЕЛЕМ би можела сама да го гради Чебрен. Тоа е подобра варијанта, наместо да даваме пари за увоз на струја или пак, во најлош случај, да распишеме повторно тендер и да изгубиме најмалку две години, а на крајот повторно да немаме инвеститор. Во време на криза, мислам дека треба да се направат промени во тендерските услови, но за тоа треба прво да постигнеме договор во Владата. Засега ништо конкретно не сме разговарале“, изјави Сараќини.
Идејата ЕЛЕМ да ја изгради браната на хидроцентралата Чебрен провејува во последната година токму во изјавите на економските министри. Од ЕЛЕМ за „Капитал“ велат дека за евентуалната изградба само на хидроелектраната Чебрен релевантен е ставот на Владата.
„Електрани на Македонија е компанија во целосна сопственост на Владата на Република Македонија и само таа институција може да донесе одлука во однос на идните активности за реализација на проектот ХЕ Чебрен. Во моментов а.д. ЕЛЕМ е насочена кон реализација на веќе почнатите проекти - ХЕ Бошков мост, акумулацијата Луково Поле и Паркот на ветерни електрани Богданци. Исто така, компанијата продолжува со ревитализација и модернизација на постојните производни капацитети“, велат од ЕЛЕМ.
ВРЕМЕТО ЧУКА ПРОТИВ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ

Владата во петокот го поништи тендерот за избор на инвеститор кој ќе ги изгради клучните хидроелектрани во земјава. Според информаците објавени во „Службен весник“. Причина за ова се „околностите кои не биле познати, ниту можело да бидат познати во моментот на започнување на постапката за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроцентралите на Црна Река и учество во јавно-приватно партнерство со а.д. ЕЛЕМ.“
Во игра за изградба на овој стратешки енергетски проект беа кинеската компанија Чајна вотер електрик (CWE) и грчката Паблик пауер корпорејшн (PPC). Според доставените понуди на тендерот, кинеската компанија понуди 40,5% учество на ЕЛЕМ во проектот, а грчката 28%. Изградбата на двете најголеми хидроцентрали на Црна Река кај Мариово е проект стар 45 години. Ставот за реализацијата на Чебрен и Галиште „еволуираше” дотаму што последно Владата најави дека од потенцијалниот концесионер ќе бараат прво да ја изгради браната Чебрен, па дури потоа да се разгледува потребата од изградба на ХЕЦ Галиште.
Изградбата само на браната Чебрен се проценува на околу 500 милиони евра. Според проекциите во енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години, Чебрен и Галиште треба да почнат да произведуваат струја веќе од 2018 година. Годишното производство на овие електрани се проценува на 1.100 гигават-часови струја, што е речиси половина од потребите за струја на земјава кои се задоволуваат од вода.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/87900/vladata_vo_dilema_-_elem_da_go_gradi_samo_chebren_!.aspx
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
ВЛАДАТА ВО ДИЛЕМА - ЕЛЕМ ДА ГО ГРАДИ САМО ЧЕБРЕН?!
.
„Меѓу барањата се гарантиран откуп на целокупната произведена електрична енергија по однапред договорена цена, ХЕЦ Тиквеш да биде вклучена во заедничката компанија со датумот на ефективност на договорот за концесија, гарантирана стапка на поврат на инвестиција (IRR) од страна на Владата на Република Македонија во случај на лоша хидрологија. Понудата на компанијата PPC од Грција пак, беше во согласност со тендерските услови, меѓутоа понудениот процент на акции во износ од 28% на а.д. ЕЛЕМ во заедничката компанија е премногу низок и од тој аспект, не беше прифатлив“, велат од Министерството.
Министерот за економија, Ваљон Сараќини, по низата неуспешни тендери, сугерира Владата да ја разгледа опцијата ЕЛЕМ да да ја преземе одговорноста за делумна реализација на проектот, односно да го изгради само Чебрен.


Овие се ненормални мислат дека некој ќе вложи 300-500 милиони евра и дека ќе им даде 40-50% од профитот за што,дека се убави и паметни ?

1% не треба да им биде даден не па 28% ,а условите им се да не знам дали да се смеам или да плачам.



.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
смешки,кога цел свет е во рецесија,во отпуштања работници и затворање фирми,кога земјава официјално влезе во рецесија и итно и е потребен некој поголем проект - ние тактизираме кој колку провизија да лапни :facepalm:

бродот што тоне никако да застане,спасувај се кој може......
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/89130/povtorno_kje_se_bara_investitor_za_chebren_i_galishte.aspx
Повторно ќе се бара инвеститор за Чебрен и Галиште

Со пофлексибилни параметри за браните, Владата повторно ќе се обиде да привлече инвеститор за деценискиот проект - Чебрен и Галиште. Повторно е планирано изградбата да се одвива по принципот на јавно-приватно партнерство, а тендерот ќе се објави веќе за 20 дена. Ова е одлучено на денешниот Комитет за стратегиски и инфраструктурни проекти на владата.
Вицепремиерот Владимир Пешевски, со оглед на претходното искуство, очекува измените да придонесат за конечно да се најде инвеститор за двете клучни хидроцентрали на Црна Река, проект проценет на половина милијарда евра
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
33%, kои се наплатуваат во сметките за струја се 250 до 300 милиони евра годишно.
Еве пари и за централи и за многу други работи.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Нема шанса некој да инвестира пола милијарда на нив да им даде 30% од сопстевноста и да продава кај што владата ќе им каже и по која владата мисли цена.

Треба навистина да се мрзиш самиот себеси да инвестираш во такви услови.


.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
НОВИ УСЛОВИ ЗА ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ



Најповолниот понудувач ќе основа заедничка компанија со а.д. ЕЛЕМ, по што ќе се склучи договорот за концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река. Во заедничката компанија ХЕЦ Тиквеш ќе биде внесен три месеци по стартот на изградбата на ХЕЦ Чебрен, а по одобрувањето на проектот и добивањето градежна дозвола изградбата да ја заврши во рок од седум години од денот на почетокот на градбата. Ова се новите услови коишто ќе бидат пропишани во тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Според измените на одлуката за започнување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, постапката нема да се одвива преку јавно-приватно партнерство со а.д. ЕЛЕМ, туку со формирање заедничка компанија.
Според новите услови објавени во „Службен весник“, тргувањето со струја на заедничката компанија да биде според пазарни услови (armslength basis), така што продажбата на произведената електрична енергија да не биде пониска од 85% од утврдената пазарна цена, а при купувањето на електричната енергија да не биде повисока од 115% од утврдената пазарна цена. Дополнителниот инпут на а.д. ЕЛЕМ ќе биде потребната енергија за работа на ХЕЦ Чебрен во ноќниот период (00-07 часот) во период од девет години, до 300 GWh годишно и до 180 MW капацитет, сè до капацитетот и техничките можности на РЕК Битола, земајќи ги предвид задолжителните јавни обврски на а.д. ЕЛЕМ по цена од производната цена а.д. ЕЛЕМ, плус 3% маржа, со тоа што предвидени прекини кои ќе резултираат со помалку енергија од нормалното мора да ѝ бидат најавени на компанијата однапред, најмалку четири недели пред предвидениот прекин. Цената по којашто ќе се продава електричната енергија од а.д. ЕЛЕМ ќе биде со минимална цена од 25 евра/MWh за 2012 година, прилагодена секоја година за просечното зголемување на цената на електричната енергија за а.д. ЕЛЕМ во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
А.Д. ЕЛЕМ ќе ги преземе сите инвестиции за реализација на концесискиот проект, предвидени како обврска на а.д. ЕЛЕМ со тендерската документација.Другите услови за хидроцентралата Галиште остануваат исти.Со последните измени на Законот за води од Министерството за економија, надлежноста за проектот сега ја презема Министерството за животна средина.Минатиот месец Владата го прекина шестиот тендер за стратешкиот енергетски проект бидејќи двете компании кои беа во игра, една кинеска и една грчка, по принципот на јавно-приватно партнерство понудија различни проценти на акции за ЕЛЕМ.
Според неофицијални информации, во заедничката компанија ЕЛЕМ ќе учествува со удел од најмалку 39%, но тоа ќе биде пропишано во тендерската документација.Вредноста на хидроелектраната Чебрен се проценува на околу 318 милиони евра, додека на Галиште на околу 200 милиони евра.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
33%, кои ни се наплатуваат на сите со сметките за струја се 250 милиони евра годишно. Само со тие пари можат да се изградат повеќе централи од овие две.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom