Историските хидроцентрали Чебрен и Галиште

Член од
24 март 2010
Мислења
15.149
Поени од реакции
25.591
Ако навистина инвестициjaта кошта 700 милиона евра, а вкупната мок на двете централи е 634 GWh, по една средна цена от 45000 евро за 1 GWh. На година приходите ке са 28,5 милиона евро. (това са само приходи, не зборуваме за профит). За да се изплати таква инвестициja треба централите да работат минимум 30 години.
Според МАНУ ќе чинат 519 милиони евра во варијантата за 634 GWh, а околу 700 милиони чини варијатната 1134 GWh што воопшто не е лошо. Само да ги најдат парите. :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Владата на Република Македонија на вчерашната седница го разгледуваше извештајот подготвен од стручната комисија во врска со понудите за тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“.
При тоа се заклучи да се побараат дополнителни информации оде стручната комисија која што ја спроведуваше тендерската постапка, кои потоа Владата доплонително ќе ги разгледува и ќе заземе конечен став.
На тендерот се пријавија две компании - кинеската CWE и грчката PPS кои ги исполнуваат условите објавени во тендерската документација.
При отворањето на двете понуди беше констатирано дека грчката PPS понудила 28 отсто од акциите во идните електрани да биде на ЕЛЕМ, додека кинеската корпорација CWE излезе со понуда од 40,5 проценти. Процентот одвоен за ЕЛЕМ е главен критериум на тендерот.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vladata-pobara-dopolnitelni-informacii-za-tenderot-za-„chebren“-i-„galishte“
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Кинезите да се откажат од дополнителни услови ако ги сакаат „Чебрен“ и „Галишта“

Комисијата за евалуација на понудите во тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и за Галиште дополнително побара од кинеската компанија ЦВЕ да се изјасни дали се откажува од дополнителните услови што ги бараше за изградба на двете хидроцентрали, дознаваме од извори во комисијата.
Членовите на комисијата одлучиле и дополнително побарале од ЦВЕ во рок од 30 дена да се изјасни дали останува на првичната понуда доставена во тендерската постапка, при што треба да се откаже од дополнителните барања: да ја добие на управување хидроцентралата Тиквеш порано од предвидениот рок во тендерот, да не плати ДДВ на опремата и некои други поволности.
Според тоа, доколку Кинезите во предвидениот рок не се откажат од дополнителните услови, веројатно е дека комисијата ќе ја отфрли нивната понуда како неприфатлива.
На последниот тендер за изградба на двете хидроцентрали Чебрен и Галишта свои понуди доставија кинеската компанија ЦВЕ и грчкото државно електростопанство ППЦ. Одлучувачки критериум на тендерот беше големината на учеството што градителот на електричните централи ќе ѝ го даде на државата, односно на националниот производител на електрична енергија ЕЛЕМ. Во рангирањето на понудите ЦВЕ понуди да отстапи над 40 отсто од капиталот во новите хидроцентрали на ЕЛЕМ, а грчки ПЦЦ достави понуда во која сопственоста не ЕЛЕМ во новиот проект би изнесувала 28 отсто. Но Кинезите со понудата доставиле и дополнителни услови што ја менуваат нивната позиција во однос на конкурентската понуда. Поради тоа комисијата во својот извештај до Владата информирала дека Кинезите отстапуваат од тендерските услови со дополнителни барања, по што Владата ја задолжила Комисијата да побара дополнителни информации и да достави предлог по кој ќе одлучува Владата на некоја од наредните седници.
Во првичниот предлог до Владата, како што веќе напишавме,комисијата ја информирала Владата дека кинеската понуда треба да се прифати единствено без дополнителните услови што ги доставиле Кинезите зашто се надвор од условите што ги прифатиле во тендерската документација. Познавачите на оваа проблематика не ја исклучуваат ниту можноста тендерот за изградба на двете најголеми хидроцентрали во земјава да биде поништен поради тоа што бил распишан според Законот за концесии, кој предвидува можност за поништување, а не за задолжително прифаќање на следната понуда во рангирањето. Сепак, познавачите предупредуваат дека со тоа се создаваат услови во иднина понудите да бидат уште поскромни.
Изградбата на комплексот хидроелектрични централи на реката Црна е проект од стратегиско значење за македонскиот електроенергетски систем. Во тој систем се интегрирани хидроцентралите Чебрен, Галишта и Тиквеш.
Изградбата на двете хидроцентрали за кои е распишан тендерот е проценета на околу 550 милиони евра, а нивниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија изнесува над 500 мегавати, што во споредба со сегашниот производствен капацитет во Македонија ќе значи зголемување од 40 отсто.
http://www.mkd.mk/12544/udarna-vest/kinezite-da-se-otkazat-od-dopolnitelnite-uslovi-ako-gi-sakaat-cebren/
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
ќе се договорат ЕДЕН ДЕН и ќе почне изградбата......инвестицијата најповеќе ќе вреди за заживување на Мариово
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ќе се договорат ЕДЕН ДЕН и ќе почне изградбата......инвестицијата најповеќе ќе вреди за заживување на Мариово
Дали ќе го доживе некој од Мариово,и околината тој ден? А богами и некој од нас на форумов:D
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Кој ќе ги гради Чебрен и Галиште ќе се знае најдоцна до 15 јули

Дали и кој ќе ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште, според тендерската процедура, ќе се знае најдоцна до 15 јули. Останува да се допрецизираат одредени важни детали што се однесуваат на самиот проект, како и да се усогласат одредени барања на кинескиот козорциум кој очекува набрзо да биде заокружена и финансиската конструкција за изградба на двете хидроцентрали.
“Кинеската Влада веќе одобри фонд од 10 милијарди долари за инвестиции на кинески компании во Југоисточна Европа. Една од компаниите која аплицираше за Чебрен и Галиште ЦВЕ очекува дека може да добие дел од тие средства, па и ние очекуваме брз одговор од нивна страна“, вели министерот за економија Сараќини.
Кога е во прашање главниот услов на тендерот, а тоа е процентот на акции што ќе го добие државната ЕЛЕМ, јасно е дека кинеската понуда е далеку поповолна. Тие понудија 40,5 %, додека грчката компанија 28%. Станува збор за државен интерес и треба да се расчистат сите прашања пред да биде донесена дефинитивна одлука, смета Сараќини.
За иднината на големиот енергетски проект, било разговарано и при неодамнешната посета на премиерот Груевски и владиниот економски тим на НР Кина. Вицепремиерот Пешевски очекува реакција од кинеската компанија ЦВЕ, а потоа би се донела и одлука што ќе се случи со меѓународниот тендер за Чебрен и Галиште.
“Се видовме со кинеската компанија за време на Роуд шоуто во Кина. Кај нив постојат некои размислувања дел од барањата што ги поставија, а на кои ние инститираме да бидат повлечени да ги повлечат. Доколку тоа се случи ќе се пристапи кон потпишување договор со нив. Доколку не се случи, ќе заземеме соодветен став“, изјави Пешевски.
Нето ефектот од реализација на овој енергетски проект вреден над 600 милиони евра ќе биде голем, затоа што градбата на двете ХЕЦ ќе донесе зголемување на БДП за дополнителни 2 процентни поени, во однос на нормалната стапка на годишен раст на македонската економија.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/50967/koj_kje_gi_gradi_chebren_i_galishte_kje_se_znae_najdocna_do_15_juli.aspx
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
кој и дали !?:facepalm: Мариово е запустен регион за Битола и Битолско проектот е од огромно значење - ЈАС БИ ГО ДАЛ И ЗА 1(едно)ЕВРО како што правеа со загубарите само да се започне да се гради и инвестира......за кого го чува Владата овој проект ?! од голем интерес на државата е една светска сила како Кина да влези во државата,со “поклонување“ на еден ваков проект може да донесе 100ци други и да не подизвади од бедата во која стоиме 20тина години

ама кој бееееее,ако нема провизии и бонуси за одредени луѓе - нема давање ништо,макар и органски отпад било тоа ! :tapp:
 
Каде погоре прочита дека од потенцијалните инвеститори некој бара пари?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.149
Поени од реакции
25.591
Одличен аргумент, кога немаш аргументи. Да го разбереше постот од археолог погоре ќе сфатеше дека не само што твојот предлог за да го дадат проектот за 1 евро се остварува, туку е и уште порадикален, ќе го дадат за без пари. Ќе го дадат на компанијата која им ветува најголем дел од некој нареден евентуален профит. Значи баш како што пиша го даваат на компанијата што сака да почне да гради и инвестира. За беспари. И сега, за кого го чува владата проектот? Се надевам дека ќе можеш да дадеш посодржаен одговор од фејспалм.
 
јас читам - што прочита ти ?! ЕЛЕМ ќе ја следува 40,5% од акциите од проектов (толку има давале кинезите за разлика од грците - 28%) - тоа тебе ти е за безпари ?! спорен е договорот за колку години ќе ја добијат концесијата инвеститорите за да им се исплати,на пример за 25 прашање е,доколку добијат над 50 тоа е веќе сигурна инвестиција(ако има нешто сигурно во врска со парите........)

баш ме интересира како тоа за безпари ќе го добијат кинезите проектов - те молам појасни ми
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Јас не гледам ништо спорно некој ке реазлизира инвестицијата и државата ке добие 28% од акциите или 40% од акциите односно 28 или40% од профитот што ке се остварува и вака сегде во свет по тој принцип се прават хидроцентрали ако се даваат под концесија, без пари е ако владата има хидроцентрала и за 0 евра да ја продаде на некоја компанаија тоа е без пари. Кај сите стана економски експерти..................
 
ај и тебе - КОЈ и ДАЛИ е насловот зошто ме испровоцира да си го кажам мислењето дека без провизија в џеб нема да започне проектов па и 90 % акции да добие државата

друг некој ??
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
ај и тебе - КОЈ и ДАЛИ е насловот зошто ме испровоцира да си го кажам мислењето дека без провизија в џеб нема да започне проектов па и 90 % акции да добие државата

друг некој ??
Не сум од антикорупциска комисија или од финансиска полиција па да ти кажам дали некој ќе лапне провизија или не, а ако толку си убеден дека некој ќе лапне провизија(ако е против законски) најди докази и иди во анти корупциска или финансиска полиција па докажи,покорисен таму ќе бидеш отколку да спроведиваш право на форумов:)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
Не сум од антикорупциска комисија или од финансиска полиција па да ти кажам дали некој ќе лапне провизија или не, а ако толку си убеден дека некој ќе лапне провизија(ако е против законски) најди докази и иди во анти корупциска или финансиска полиција па докажи,покорисен таму ќе бидеш отколку да спроведиваш право на форумов:)
видовме досега колку политичарите овеи 20тина години се грижат за народот - дали треба докази или не треба сами да решиме........насловот доволно кажува КОЈ и ДАЛИ ?! во држава со голема невработеност и низок стандард не би требало воопшто да има прашања околу нови инвестиции,нарочито за вакви капитални проекти кои се зацртани на 600 м. евра,а сигурно ќе бидат потрошени многу повеќе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom