Исповед на жената што го изгоре сопствениот син во куќата во кочанско Оризари

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Eве уште една потресна сторија од нашево секојдневие:

Душата ми гореше заедно со секое парче од Влатко
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]



[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Лозена Андевска од кочанското село Оризари, која лани во септември го искасапи мртвото тело на синот на нејзиниот 32-годишен син Влатко Андевски, а потоа го изгоре во шпорет, и натаму живее во сопствената куќа во селото, изолирана и осудена од соседите, пријателите, роднините. Веќе шест месеци нејзиниот куќен праг никој не го пречекорил, се до завчера, кога ја посетивме во нејзиниот дом. Кога ни ја отвори вратата, беше изненадена, се насмевна, но и се исплаши.Таа е видно ослабена, немошна и болна.
На почетокот не сакаше да зборува ниту, пак, да не прими во куќата. Но по неколку минути, сепак, кај неа проработи човечкиот инстинкт, потребата со некого да позборува, да му се исплаче и довери. Влеговме во куќата која секојдневно ја потсетува Лозена на злосторството што го сторила. Тука се уште е гредата на која нејзиниот син се обесил, а во собата гореше шпоретот во која таа една недела, парче по парче, го горела телото на мртвиот син. Насекаде беше расфрлано, непроветрено. Sидовите кои ја чуваат тајната за масакрот беа исчадени.
На масата имаше купишта лекови, седативи кои ја одржуваат оваа жена во живот.
Лозена ја отвори душата и речиси час и половина, како и секоја мајка, ни раскажуваше за семејството, за грижата и љубовта кон децата. Чувствата и беа испомешани кога зборуваше за Влатко. И по шест месеци не му простила што се самоубил и ја навел да го стори она од кое се згрози и предвреме ја осуди јавноста. Солзи како река и се слеваа по лицето.
Самотијата Лозена многу не ја плаши. Веќе шест месеци нејзини пријатели се само sидовите од собата, кои деноноќно ја слушаат нејзината тага и болка.
"Аргатував и се мачев по селските ниви за да можам да им обезбедам на децата се што им е потребно. Тоа не ми беше тешко. Тешко ми е сега кога сите ме осудија, а јас тоа го направив од преголема љубов и го исполнив аманетот на син ми кој постојано ми велеше дека кога ќе умрел, сакал да биде запален, а не погребан. Ќешки да не му ја исполнев желбата. Поарно аманетот да го носев како тежок товар на врат и со него да продолжев да живеам понатаму отколку што го послушав", низ солзи зборуваше Лозена.
Влатко бил болен од дијабетес и постојано и велел на Лозена: "Џабе ти е, Лозено, што не газиш ни на мравка".
Лозена секојдневно го молела и проколнувала да оди на лекар и да се лекува, но тој последните месеци одбивал да го стори тоа. "Претчувствував дека може да го стори најлошото, да се самоубие. Почнав да ги кријам пестицидите со кои ги прскав дрвцата во дворот, како и другите хемикалии и отрови во куќата. Се трудев постојано да бидам до него. Но дента како ѓаволот да ме испрати во продавница. Отидов да купам леб. Го прашав дали сака месен нарезок", раскажува Лозена.
Таа во продавницата се задржала подолго време бидејќи тешко оди од повредите и операциите што и биле извршени по сообраќајната несреќа пред шест години, кога тие со автомобилот кој го управувал Влатко се судриле со комби. Во несреќата сопругот на Лозена починал на самото место, а таа се здобила со скршеници по целото тело. Кога пристигнала во куќата, Лозена го забележала неподвижното тело на Влатко како виси на скалите за потпокривот, кои се наоѓаат од левата страна на куќата.
"Ме фати паника и бес. Веднаш го пресеков јажето и неподвижното тело на син ми се стркала по скалите. Се обидов да му дадам вештачко дишење за да го повратам во живот. Но не успеав. Ме фати паника, не знаев што да правам. Ми беше страв да пријавам во полиција оти мојот син се самоубил, зашто го симнав од јажето. Мислев дека полицијата ќе ме обвини дека сум го убила. Плачев со часови над мртвото тело. Се стемнуваше. Аманетот ме притискаше. Ми беше срам да им кажам на соседите дека Влатко се убил. Бев лута што се самоуби и ми нанесе голем срам. Се му дадов во животот", плачејќи раскажува таа.
Лозена не сакаше многу да зборува што се случило потоа.
Ја донела претешката одлука. Одлучила да не го погребе телото туку, како што барал нејзиниот син, слепо верувајќи во обичаите дека аманетот треба да се исполни, зела секира и телото го исекла . Внимавала ниту едно парче месо да не падне на земја. Потоа деловите од искасапеното тело ги ставила во канта и го посолила за да не се засмрди. Наредните седум дена парче по парче, мртвото тело го горела во жарот од огнот во шпоретот.
"Ми беше тешко. Ми се матеше во главата . Душата ми гореше заедно со секое испечено парче. Но нешто како да ми велеше - ти мораш да го направиш тоа што ти заповеда синот", липајќи продолжи Лозена.
Пепелта од секое изгорено парче месо таа ја собирала во лимено кантиче, а потоа ја истурала и грижливо ја чувала во бел чаршаф. Седум дена подоцна, отишла во полиција со намера да пријави дека нејзиниот син исчезнал. За злосторството и кажала на ќерката. Потоа почнало да се одмотува клопчето за настанот кој ја згрози јавноста.
"Нема ден кога ќе се разбудам, а да не погледнам кон шпоретот. Секојдневјето ме прогонува, и полека ме убива. Не е лесно да се живее со ваков товар и срам на душата. Неколкупати сакав да се самоубијам. Но љубовта кон единственото чедо, кон ќерката, ме одржува во живот. Не сакам таа повторно да ги преживува траумите кои еднаш веќе ги доживеа", ни се довери Лозена.
Како што изминуваат деновите, нејзината болка станува се посилна. "Секое утро под гредата каде што Влатко испушти душа оставам јадење. Така беше и за Божик и за Бадник", продолжи да раскажува таа.
Ќе зборуваше со часови, но времето брзо одминуваше. Не испрати со насмевка на лицето, радувајќи им се на белите кокичиња кои расцутеле во дворот. Потоа набрзина влезе во куќата и веќе не се појави.
Пацка Лазарова

***

Не можам да се исплачам ниту на неговиот гроб

"Не можам да отидам ниту на неговиот гроб и да се исплачам. Онака како што мајка го оплакува роденото чедо. Никој од таксистите не сака да ме пренесе до гробот, без оглед на тоа колку пари ќе му понудам. Не ги обвинувам, тоа е нивно право. Неколкупати, додека беше топло, се довлечкав самата до гробиштата. Срцето ќе му пукнеше кога на споменикот ја забележав неговата слика од матурската вечер. Се изнаплакав и полека повторно се довлечкав дома", ронејќи солзи, го раскажува Лозена осаменичкиот живот.
Со Лозена никој од селото не сака да комуницира. Се уверивме и самите. Запрашавме неколкумина од селаните дали прават муабет со неа. Сите, без исклучок, ни одговорија дека кога ќе ја видат, намерно ја вртат главата на друга страна. Немале со неа веќе што да си кажат.

***

Поголема казна од оваа нема

Лозена Андевска наскоро ја очекува судење. Таа е обвинета дека го сторила кривичното дело нехумано постапување со починато лице. За ова дело е предвидена парична казна или, пак, казна затвор во траење од една година.
"Што сака нека биде, поголема казна од оваа нема. Поарно да ме осудат на смрт отколку овој пекол да продолжи понатаму. Ова не е живот. Сите бегаат од мене како од чудовиште. Повеќе не можам да го издржам овој живот", вели Лозена.

Извор: Вест
[/FONT]
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ми се приповраќа од сторијава жими све најмило. Што ти прави нееманципацијата на жената...
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Можеби би било посоодветно сторијава да си најде место во ПСИХОЛОГИЈА И ФИЛИСОФИЈА.
Настанот навистина згрозува, а и приказнава на „мајката“ е полна со дупки. Зошто и како се исплашила дека полицијата ќе се посомнева во неа? Премногу рационално постапувала, за да може човек да и верува. Грозно и над се свирепо! Сквернавење на трупот на сопственото чедо- монструозно!
Не ми е јасно зошто не е во некоја установа-лудница или затвор?
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Не ми се верува во ова што го читам
од една страна ја обвинувам женава но од друга...па да ја исполни желбата на синот

ужасно:nesum:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Трогателно. Ете што носи тешкиот живот.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Колку пати и да го прочитам интервјуво, во себе неможам да најдам нити ронка жал за женава. Најискрајно со гнев гледам кон жената која одбрала да не биде засрамена пред комшиите а сега неможе својот единствен син да го погреба и му ја оддаде почит, како што тој заслужува.
За мене, најкасно пред човек кој нема душа повеќе во себе, изчезнуваат сите разлики на истиот, дали бил од оваа или онаа вера, дали бил црн или бел, женет, самец, необразован, интелектуалец.
Неверојатно до каде може да стигне еден човек за да си го задржи угледот пред општеството.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Многу многу и не верувам во тоа што го кажува женава.Али добро,сепак..не можам да сфатам зошто го исекла на парчиња иако тоа била негова желба.Па колку и да сакал тој,таа нема да си дозволи да го направи тоа.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Сум читал секакви приказни за аманетите од починатите, оние кои им биле исполнети.
Сепак вакво нешто прв пат читам, но тоа е, ако така навистина рекол синот и сакал така да се постапи со неговото тело во ред е.
Човек за да направи такво нешто, треба да нема стомак пред се, каква е таа љубов што мајка може да го делка своето чедо иако е мртво....

Аманет е аманет, сепак како и кај секој аманет би требало да се остави и порака со печат дека тоа е така, ова е злодело.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Јас не би можела да ја разберам женава, колку и невино таа да делува, колку и да се кае самата, не можам едноставно да ја разберам.

А и толку е двосмислена.
Прво не пријавува за самоубиството на син во полиција. Еднаш и е срам. Еднаш се плаши да не ја обвинат за убиство, свашта. А потоа пријавува за исчезнување на син и. Значи не е толку глупа. А што си мислела со тоа пријавување? Зашто го направила тоа? Едноставно сакала да ја избегне одговорноста.
Друго што морала да го изврши аманетот и желбата на син и е да биде запален.
А од друга пак страна вели не може на гробот да отиде и да се исплаче.
Кај е почетокот а кај крајот?

Женава си кажува како ќе и текне. Како и одговара во моментот. Можеби навидум изгледа невино, но за мене е психопат.
Не може колку и да е неписмен еден човек да го сече и пали својот син, потоа невино да пријавува дека исчезнал.
Таа жена сега има огромна совест. Огромна омраза кон неа од сите луѓе. После една ваква приказна не верувам дека некој ќе ја сожали и ќе и прости. Мене најмалку невино ми делува.
А парична казна или казна затвор не треба. Посебно не парична санкција.
Оваа жена според мене не е психички здрава и потребен и е третман во психијатриска установа.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Не може да очекуваме логично размислување и одлуки од женава кога животот ја заплескал добро. Прво доживува сообраќајка во која животот го загубил тој со кого го делела животот, понатаму останала да живее со болно дете и со страв дека ќе си посегне по животот.
Не оправдувам, ниту донесувам суд ниту пак може било како да се искоментира во случајов. Само сакам да кажам дека од се` што се случило не може да се донесува одлка со чист ум.
Убаво рекле дека доволен е еден момент за нештото и животот ќе ти се искриви у фаца засекогаш.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Воопшто не ја оправдувам жената.
Неможе нормален човек,а посебно не мајка да земе секира и да го искасапи својот син.
Секој ден да ставаш парче од својот син да гори во огнот неможе да се оправда а посебно не со тоа дека тоа му била желба(можеби и не му била желба само таа го тврди тоа)
После 7 дена да појде во полиција и да пријави дека син и исчезнал а таа пред тоа да го горела во огнот за само да го скрие срамот не е воопшто разумна постапка.
Со кое лице таа пријавила во полиција?Оваа приказна е нешто ужасно,огромна трагедија.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Мене жал ми е за женава. Зошто? Затоа што не е лесна ни нејзината ситуација. Во сообраќајка го загубила мажот, кој психички терет е доживеана сообраќајка и притоа да умрел некој. Колку тоа само влијае на психата, женава сигурно не е комплетно здрава па што го искасапила синот. Многу трагедии и случки влијаеле врз неа и психата, па била спремна на вакво нешто.
И наместо сега да и се даде помош, сите ја осудуваат и ја оставаат сама, и женава уште толку скренува. Не е таа крива, туку болеста. И најсериозно ја мислам последнава реченица.
 
Д

Демијан

Гостин
Ова не го прави нормален човек.По сите обичаи на православието починатиот треба да се погребе,а она го касапела со секира!Нема што друго да кажам,ќе се расчисти она со Господ...
 

Fallen`Angel

Im Gotham's Reckoning
Член од
26 мај 2007
Мислења
5.658
Поени од реакции
75
Да се најдете сите у нејзина положба па да видите тогаш дали вака ке размислувате, дали ке ја обвинувате, дали ке мислите дека е нездрава и слично ...
Пробајте да се ставите у нејзина кожа, да видите што све има претрпено!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Едноставно не знам што да искоментирам, ние не сме тие што можеме да ја осудуваме или да ја оправдуваме, сепак има некое психичко пореметување кај неа, преживеала многу трауми, но само обидете се да ја замислите сликата како го сече телото на сопствениот син со секира, колку само е грозоморен тој чин.
Би требало да и се понудат третмани во соодветните институции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom