Мојот петтооделенец е наречен педер од свои соученици, значи не од сите, се работи за некои 3 деца кои постојано за нешто го исмеваат.За музиката што ја слуша, за новите чизми, општо за се. Запозната е наставничката која реагираше кај децата и кај нивните родители...И така поминуваат 2-3 дена и пак продолжуваат. Како ништо да не се случило..На детето не му се стапнува во школо и мислам дека многу е окупиран околу тоа и го учам да не им обрнува внимание и да не им зборува, меѓутоа не успевам. Барам совет како да реагирам понатаму.
Во глобала имаш два начини.
Едниот е на Макијавели, вториот е на модерен човек со здрав разум.
Двата имаат предности и недостатоци.
Според Макијавели решението е да ги убиеш нив и нивните семејства.
Предноста на овој план е што е едноставен за имплементирање и те наградува со инстант задоволство.
Вториот начин е да не го мазиш детето и да го припремиш за реалниот свет.
Часови за самоодбрана се едно делумно решение. Другиот побитен дел е детето да сфати дека светот не е розев и секогаш ќе има некој што сака да биде поеднаков од останатите.
Исто така треба да е свесен зошто тие тројца лигуши имаат потреба за надменост и дека мора како карпа да се постави (читај да заземе став) ако не сака цел живот да газат по него.
За жал вториов начин бара доста време, свест и упорност нешто што не секој го поседува.
Ти како мајка треба да направиш нешто што е спротивно на мајчинските инстинкти т.е да го оставиш да страда.
Освен ако не се десиле физички пресметки(во овој случај би требало да ургираш) доволно е да го ислушаш,утешиш и да го советуваш, но не и да му ги бришеш лигите што е релативно тешко за било кој родител, но повеќе од потребно за детето да порасне.
П.С Нормално дека ургирањето кај родителите не помага пошто 90% они се причината за однесувањето на нивните деца.[DOUBLEPOST=1509327375][/DOUBLEPOST]
Ова ти е мислам најдобар совет.
Децата нема да престанат да го закачкаат, зошто, деца се.
Иста е приказната и со возрасните само што конфронтациите се најчесто од поинаков тип. Ако не му дозволи да порасне цел живот ќе газат понего.