Исламски тероризам на Косово

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Тие што ги уапсија не биле убијци, оџиве што ги апсат не регрутирале... па добро бе мајку му, како тоа цело време апсат погрешни луѓе? Има ли некој виновен воопшто?

На темата
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Добро бе мајката кај нас МВР што прави спие ли ? Зошто кај нас нема полициски акции против овие вампири од вахабистите што им помагаат на ИСИЛ ? Како може во Бих,Косово и низ цела Европа да има полициски акции а кај нас ништо да нема? Ние сме полни со вакви луѓе а нашата полиција упорно спие..
Види само што се случи за апсењето на убијците за Смилковско езеро.

Јас верувам дека МВР може многу лесно да се справи и за апсења на тие брадоњи и за одржување на мирот,ама им ги држат врзани рацете.Зошто ? за мир во куќа.Ако они тргнат агресивно и без пардон и додека апсат и додека чистат улици од средношколци и забрадени сероњи,одма ќе се јави Али Баба,и че го каже ако продужи ово тепање на невино људи,че го правиме војната.Или други срања како излагање од парламент,можда и насилно пробување на бутање на владата и ред други срања кои не и одговараат на владеачката партија.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Види само што се случи за апсењето на убијците за Смилковско езеро.

Јас верувам дека МВР може многу лесно да се справи и за апсења на тие брадоњи и за одржување на мирот,ама им ги држат врзани рацете.Зошто ? за мир во куќа.Ако они тргнат агресивно и без пардон и додека апсат и додека чистат улици од средношколци и забрадени сероњи,одма ќе се јави Али Баба,и че го каже ако продужи ово тепање на невино људи,че го правиме војната.Или други срања како излагање од парламент,можда и насилно пробување на бутање на владата и ред други срања кои не и одговараат на владеачката партија.
Заради тоа треба да се оди тврдо и радикално, ако ги толерираме упорно, секогаш ќе бидеме уценувани..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
ЕВРОПА
Косовското општество поделено околу џихадот
Косовската полиција неодамна уапси имами кои наводно регрутирале џихадисти. Оттогаш кружат гласини дека некои полицајци одбиле да учествуваат во апсењето. Колку ваквите настани го потресуваат косовското секојдневие?


Деновиве повеќе косовски медиуми објавија иста вест - дека „единаесет припадници на специјалната единица на косовската полиција одбиле да учествуваат во минатонеделната акција, во која се уапсени 12 косовски имами и Фуад Рамиќи“. Се додава дека случајот ја потресол полицијата и дека полицајците кои не сакале да ја извршат должноста ќе бидат строго казнети. Реакција единствено имаше од портпаролот на полицијата Баки Келани, кој рече дека „не е запознат“ со случајот. Дури по големиот притисок на јавноста полицијата издаде официјален демант. Но, тоа не ја смири чаршијата, дотолку повеќе што 90 отсто од жителите на Косово се со муслиманска вероисповед, па оттука се верува дека влијанието на религијата би можелo да биде големo и во полицијата. Службеник на една меѓународна организација во Приштина неофицијално рече дека „специјалците се суспендирани поради одбивање да ги уапсат имамите и дека полицијата интерно ќе се занимава со ова прашање“.

„Срамно петно за Косово“

Ако обвинувањата на сметка на полицијата се точни, полицајците треба да се преиспитаат себеси, а МВР да преземе итни мерки, вели Исмаиљ Хасани, социолог на религија. „И да сакаат ова прашање да не го третираат пресериозно, нашите органи тоа не можат да го сторат во ситуација кога цел свет е завртен и го набљудува не само Косово, туку и останатите краишта од каде што се регрутираат луѓе и се испраќаат во Сирија и другите жаришта“, вели Хасани за ДВ. Тој додава дека заминувањето на голем број косовски Албанци на боиштата на Блискиот Исток е „големо срамно петно за Косово“. „На Запад очекуваат што побрзо казнување на сите оние кои биле вмешани во овие случувања и без одлагање продолжување на борбата против секаков вид екстремизам, особено исламски радикализам, кој, за жал, се докажа како светски проблем“, додава Хасани.


Ферид Мухиќ, професор по филозофија и претседател на Бошњачката академија за науки и уметности, вели дека во принцип е против казнени мерки, како и против каков било екстремизам. Сепак, тој потсетува дека регрутацијата на борци е казнива „за сите, без оглед на државата во која се војува и верската припадност“, така што теоретски би можеле да бидат апсени и „попови и католички свештеници“. Мухиќ претпоставува дека по апсењето на имамите би можел да се „редуцира бојот на оние кои се регрутираат за боиште“. Негативно е што се „упаѓа во автономијата на една верска заедница“ и што двајца имами, кои подоцна се ослободени, се уапсени со тенок доказен материјал.

Страв меѓу граѓаните

И реакциите на граѓаните се различни во врска со овој проблем. Сите стравуваат за иднината на своите семејства. „Не ги сакам овие со бради и куси панталони затоа што му нанесоа непроценлива штета на имиџот на Косово, каде што се практикува традиционален ислам. Но, апсењето на имамите е исто така многу лошо. Државата не смееше вака да реагира. Стравувам од негативни последици“, вели Африм од околината на Приштина.


По апсењето на имамот од Големата џамија во Приштина (17.09.2014)

Приказната на Синан Гаши од Призрен е поинаква: „Некои веќе уапсени имами ми го уништија семејството. Ќерка ми е постојано покриена. Избегнува да зборува дури и со мене, никаде не излегува и нон-стоп чита некои верски книги и зборува за оној, другиот свет. Фала му на Бога што конечно ги затворија зашто многу не‘ уназадија“.

Меѓутоа не мислат сите така. „На Хашим Тачи ова апсење му беше неопходно за да го сврти вниманието од своите политички проблеми“, уверен е Кујтим Беголи од Пеќ. „Колку месеци не може да обезбеди мнозинство, почнаа да го издаваат меѓународни претставници, а трендот е т.н. исламски фундаментализам. Затоа тој со еден куршум уби два зајака, но тоа не чини. Одеднаш ние од жртви станавме терористи“.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Загина 17-годишен Косовец на боиште во Сирија
Вторник, 30 Септември 2014 13:21


Приштински медиуми објавија дека тинејџер од Косово бил жртва во војната во Сирија.


Станува збор за Мелос Косуми (17) од селото Угљаре во близина на Гњилане.

- Да, вистина е дека мојот син е убиен во Сирија пред една недела. Замина да учи школо во Турција и беше многу добар ученик, изјавил неговиот татко.

Мелос учел во школо во Турција и оттаму заминал на сириско боиште без знаење на семејството.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Загина 17-годишен Косовец на боиште во Сирија
Вторник, 30 Септември 2014 13:21


Приштински медиуми објавија дека тинејџер од Косово бил жртва во војната во Сирија.


Станува збор за Мелос Косуми (17) од селото Угљаре во близина на Гњилане.

- Да, вистина е дека мојот син е убиен во Сирија пред една недела. Замина да учи школо во Турција и беше многу добар ученик, изјавил неговиот татко.

Мелос учел во школо во Турција и оттаму заминал на сириско боиште без знаење на семејството.
Ете колку бил добар ученик,каде завршил со 17 год..нормално би требал неговиот татко да заврши таму кај што завршил неговиот син....но да не пишувам понатаму за интелегенцијата на такви родители...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Зидојче цајтунг
Косово и БиХ се легла на џихадисти
Весникот Зидојче цајтунг наведува дека Косово и Босна предводат во регрутацијата на џихадистите од Балканот, а истакнува дека во целиот регион се преземаат мерки кои предвидуваат и затворски казни.


Германскиот весник пишува дека, „како и во другите сиромашни балкански земји со висока стапка на невработеност, и на Косово расте влијанието на радикалните сили“ и дека, според процената на косовската безбедносна служба и американска ЦИА, во војните на Блискиот Исток има 150 луѓе од Косово.

Весникот пишува и дека покрај Косовците, има и најмалку 140 лица од Албанија, 30 од Црна Гора и 20 од Македонија.

„Балканот, покрај западните земји со голем број муслимански малцинства, како Франција, Белгија и Англија, стана една од главните области за регрутирање на борци за Исламската држава (ИС) и други терористички групи во Европа“, пишува весникот, истакнувајќи ја како пример Босна, во која живеат 40 отсто муслимани.

„Во таа земја во која има 40 отсто муслимани, уште од босанската војна, на почетокот на 90-тите години од минатиот век, постои врска со радикалниот ислам. Тогаш дојдоа муслимани од целиот свет за на своите браќа по вера да им помогнат во борбата против Србите. Во изминатите години исламските фондации, најчесто со саудиски пари, засилено се ангажирани во Босна. Некои села, како што е Горња Маоча, важат за исламски тврдини“, пишува германскиот весник.

Весникот пишува дека босанската полиција пред неколку години го проценувала бројот на радикални исламисти на 3.000 луѓе и дека на почетокот на септември безбедносната служба на БиХ соопштила дека до 340 босански исламисти се приклучиле на ИС или други радикални групи во Сирија и Ирак.

Укажувајќи дека на Блискиот Исток над 40 косовски Албанци ги изгубиле живот во борбите, весникот пишува дека косовските власти во август и септември уапсија десетина наводни ветерани на ИС и агитатори, како и 15 исламисти, осомничени за тероризам, кршење на уставот и подбуцнување религиозна омраза.

„Муслиманите од Европа убиваат и гинат за ИС. Многумина од нив доаѓаат од Босна, Србија и Косово. Владите одговараат со бранови апсења, па дури и на имамите“, пишува Зидојче цајтунг. „Дури и граѓани на Србија, која е претежно населена со православци, одат на Блискиот Исток“.

Весникот додава и дека во речиси сите балкански земји, вклучувајќи ги Македонија, БиХ, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија се подготвуваат акти за заострување на кривичните закони, за на исламските групи да им се отежни регрутирањето на борци, со затворски казни и до 10 години.

Кога станува збор за Македонија, весникот пишува дека претседателот Ѓорѓе Иванов кон крајот на септември го искористил својот говор во Обединетите нации за да ги повика Европската Унија и НАТО што побрзо да ја примат нашата земја, бидејќи во спротивно постои опасност радикалните исламисти да го пополнат „вакуумот“ на Балканот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Графити на УЧК и ИСИС на манастир на Косово

На имотот на манастирот Високи Дечани синоќа биле испишани графити за поддршка на Исламската држава и ОВК, со порака дека „Калифатот доаѓа“, пренесува Б92.






Натписите се наоѓаат на одалеченост од 300 до 500 метри од самата црква, а испишани се на манастирскиот имот на кој монасите секојдневно ја обработуваат земјата и ја чуваат стоката, а само еден дел од имотот е ограден со ѕид.

На блиската трафо-станица осамнал графит „УЧК, ИСИС, АКСХ“ и два натписи на арапски јазик. Монасите графитите ги забележале денес попладне, по што ги информирале косовската полиција и КФОР, кои започнале истрага.

„Можноста лица кои очигледно имаат лоши намери да дојдат толку блиску до манастирот и да направат ваква провокација и покрај заштитата од КФОР ја покажува новата реалност на Косово и Метохија“, изјавил игуменот на манастирот Сава Јањиќ.


Тој додал дека КФОР во последните недели почнале и со видео-надзор на манастирот, но дека тие сега се соочуваат со опасност и предизвици поголеми од тие претходно.


Наскоро очекувам и кај нас Албанците да почнат на овој начин да ја покажуваат својата "евроатланска" ориентација
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Уште еден имам уапсен во Косово
Петок, 17 Октомври 2014 15:35


Уште еден имам на Исламската верска заедница на Косово е уапсен за вмешаност во тероризам и потикнување омраза.


Според приштинскиот весник „Експрес“ станува збор за имамот Р.Т. од Хан Елези (Генерал Јанковиќ), пренесе МИА.

Имамот одржувал предавања организирани од сега веќе затворената невладина организација „Парими“од Качаник и бил имам на џамија во село кај Хан Елези.

- Во ова гратче, до недоамна функционираа две наводни невладини организација со исмламски предзнак, „Исламска младина Качаник“ формирана од терористот Лавдрим Мухаџери, која работела на диво и НВО “Парими“, која била регистрирана. И двете работеле за сметка на терорисатичките групи во Сирија и Ирак, наведува Експрес.

Како што и претходно пишуваше весникот ова и градот Каџаник се бастион на косовските џихадисти, а тамошните имами имале силно влијание и во Македонија.

На 17 септември косовската полиција упаси дванаесет имами од повеќе населени места на Косово, на кои им беше одредена мерка притвор, но тројца од нив, меѓу кои и Шефќет Красниќи имам на Големата џамија во Приштина, сега истиот им е променет во домашен притвор.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Тие не се имами,не знам од кај ги нарекле така.

Тоа се забрадени не импотентни лица кои што своите фрустрации ги лечат преку така наречениот радикален ислам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom