Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Џамијата во Горна Белица и црквата во Пешталево
Да изградиш црква во суверената држава на македонскиот народ станува невозможна мисија поради отпорот и силата што ги покажуваат муслиманите
Процесот на исламизација на Македонија е многу поинтензивен отколку оној што и се случува на Европа. И покрај тоа, европските држави презедоа редица законски мерки - забрани за градење џамии, носење бурки итн.
За разлика од „цивилизираните“ и високодемократски држави во ЕУ, нашата држава покажува максимална толеранција. Во последно време таа толеранција веќе преминува во знак на очигледна слабост на политичко-правниот дискурс, за што доказ се два случаја: незаконската изградба на џамија во селото Горна Белица, во кое отсекогаш живееле исклучиво Македонци, и недозволувањето од страна на муслиманите во „етнички мешаното“ село Пешталево, во општината Долнени, да се изгради црква во селото, во кое веќе има џамија.
Религијата, особено исламската, содржи во себе редица елементи што го овозможуваат нејзиното инструментализирање во политички цели, што е одамна познато во компаративната теорија на религии. Во Македонија процесот на исламизација се злоупотребува за албанизација на просторот во државата.
Типичен пример е незаконската изградба на џамија среде македонско село, на територија во која никогаш порано не живееле муслимани-Албанци. Тотално незаконското градење – за што доказ е пресудата на судот во Струга, со која им се дава наредба на државните институции да ја урнат таа џамија – беше толку насилно, со пукотници од оружје и со албанско оро, кое го предводеше градоначалникот на Струга (припадник на албанското малцинство во Македонија), проследено со редица закани по државните институции и целосно спротивставување на законите, што и ден-денес останува енигма зошто ВМРО-ДПМНЕ не ја реализира судската наредба за рушење на џамијата (наспроти нивната декларативна заложба за правна држава, интеграција во ЕУ, НАТО итн.).
Провокативното и навредливо пркосење на законите на државата денес веќе стана практика во одредени делови на Македонија, обесмислувајќи ја како држава. Толеранцијата кон ваквите отворени прекршувања на законите покажува дека кај нас владеат бруталната сила и заканите со оружје, а не Уставот и законите; уште повеќе, со молкот и стравот на институциите на системот да ги реализираат сопствените законски одлуки дополнително ги мотивираат процесите на исламизација на македонските христијански простори.
Од друга страна, тука е најновиот, неодамнешен пример со недозволувањето да се изгради црква во селото Пешталево. Муслиманите насилно го спречиле обидот за осветување на темелите, односно почетокот на градбата на црква во село во кое живеат голем број Македонци-христијани.
Иако само пред неколку години тие сретсело изградиле џамија – и тоа им било дозволено од Македонците – неодамна истите тие муслимани се спротивставиле на изградба на црква.
И повторно, државата покажува толеранција кон силата, немоќ да овозможи услови за почеток на градба.
Многу неправедно – да толерираш џамија-дивоградба во македонско село, а да не овозможиш законска градба на црква во село во кое живеат Македонци!
Поголем парадокс, дури и во оваа држава во која има безброј парадокси, ретко може да се сретне. Да изградиш црква денес, во суверена држава на македонскиот народ, станува невозможно поради отпорот и силата што ги демонстрираат муслиманите! Конечно, тие и јавно, пред очите на милионите Македонци, брутално уриваа црква-музеј, среде главниот град. Поголем срам за христијанството и за Македонците претставува, можеби, само уште амнестијата за хашките случаи!
Изненадува и молкот на МПЦ, наспроти очигледните примери со кои се деградираат и понижуваат оваа институција и самото христијанство.
Инаку, мошне гласниот владика во чија епархија се случуваат овие насилства, кој со децении пред австралиските судови се расправа со Македонци за пари и имот (и е многу радикален во однос на ПОА и на СПЦ), иако тоа го правел за други многу поневажни настани, не организира прес-конференции на кои ќе ги осуди овие антихристијански тенденции и ќе ги повика надлежните институции да го спроведуваат законот.
Молкот на МПЦ може да се интерпретира и како страв пред агресивните и насилни акти на исламизација на вековните македонски-христијански територии, а истовремено и ги остава нивните верници сами да се соочат со силата, беззаконието, пукотниците.
Доколку државата и законите не почнат да функционираат, да важат на целата територија и за сите граѓани во оваа држава, набрзо ќе следуваат тотална аномија и распад на државата.
Авторот е доктор по филозофија
Автор: Тони Науновски