Искуства со личен тренер

S

Stef Bachatero

Гостин
Според мене личен трењер не е потребен. Живееме во 21 век кога преку интернетот можеме да ги собереме сите неопходни информации за тоа што сакаме во случајов спортот bodybuilding, но треба да бидеме многу птрепазливи зато а што постојат еден куп маркетинк трикови за брзи резултати и чудотворни додатоци во исхрана (лапни 2 и ослаби 5 килa:D ). Мислам за сите што сакаат да живеат спортски живот да бидат во форма а не bodybuilding главна преокупација во својот живот доволно е само инструкторот кој што работи во теретаната и информациите околу нас. Повеќето од финтес трењерите ке фрлат некој мускул ќе проќитаат едно 30 статии и постануваат трењери, делат умови од сите свери како да се Доктори по општа и спортска медицина, ја познаваат одлично анотомијата на човечкото тело, за исхрана се експерти тије се и нутриционисти а во реалноста се обичну луге,,, кога ќе видиш завршил правен работа како личен трењер ...............
Но да нема само критики, мора и да ги пофалам добри се за подршка, инсипрација, мотив и слично но успехот зависи само од самите нас
Џордан би бил Џордан без Фил Џексон?
Немој да мислиш дека се е така лесно.
Не оценувај некој според изгледот затоа што знаењето не мора да биде изглед.
Друго информациите од интернет се достапни за секој и секого,колку од тие делуваат и колку се потврдени со факти?
Ете еден проблем што тренерот знае како да ти помогне.
Ти зачувува време со тоа што ти прави твој личен план за вежбање и исхрана.
Те мотивира со тоа што знае кога да ти даде уште едно повторување.
Ти е добар ментор и човек што можеш да се ослониш.
Ако беше така лесно да бидеш тренер зашто не си?
http://www.atletiks.mk/vesti/fitnes/108-personalentrener
 
Член од
21 мај 2013
Мислења
20
Поени од реакции
1

Јас не сум тренер затоа што никогаш не сум сакал и не сакам ни да бидам
Не ми треба добар ментор и човек на кого можам да се ослонам кога го веќе го плаќам тој е платен за тоа .... ми треба таков другар
А од каде ти знаеш кој информации се потврдени со факти ? Некои знаеш но 80% не ги знаеш .....
А ако јас би работал со Фил Џексон би бил исто Џордан ? 95% зависи од самиот себеси, и Мурињо да дојде селектор кај нас ние пак не би се пласирале на светско првенство
Извини ако смеам да прашам што имаш завршено или што сертификати имаш? Работаш како фитнес трењер ? Позз
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Другар нов сум во персоналниот тренинг и ќе се сертифицирам нормално,но во Македонија нема таква институција.
За фактите слободно оди на pubmed,IIJSS и ќе најдеш 1000 статии и студии,но секоја студија треба да се гледа со отвореност и скептицизам за можна грешка.
Почнав од декември сега го организирам кампот бесплатен,еден на еден тренинг и наскоро ќе си имам свое сопствено студио.
 
Член од
21 мај 2013
Мислења
20
Поени од реакции
1
Другар нов сум во персоналниот тренинг и ќе се сертифицирам нормално,но во Македонија нема таква институција.
За фактите слободно оди на pubmed,IIJSS и ќе најдеш 1000 статии и студии,но секоја студија треба да се гледа со отвореност и скептицизам за можна грешка.
Почнав од декември сега го организирам кампот бесплатен,еден на еден тренинг и наскоро ќе си имам свое сопствено студио.
Ти посакувам многу успех, се надевам дека ќе успееш и ќе ги мотивираш лугето па така ке гледаме се посекси, здрави луге како се шетаат
Но мотој став е тој инструктор да, а личен трењер не. Порано секоја фирма имало чувар, а сега чуварот е заменат со ОБЕЗБЕДУВАЊЕ да се рабоди како чувар претежно се смета како нешто пониско а "ОБЕЗБЕДУВАЊЕ" како нешто многу повисоко истото како Инструктор во теретаната и личен трењер. Да се биде личен трењер да, ама претходно да се имаа одредено соодветно образование.

Гледајги клиповиве можда ке те заинтересираат ... :)
http://www.youtube.com/watch?v=RmU-TcLdH0E
http://www.youtube.com/watch?v=5UGhTQK309w : за еден човек да успее стои цел тим на лекари и инструкторот, секако во двата клипа мотивацијата (парите и славата) се условот за успехот
 
Благодарност за подршката,но инструктор е некој што ти покажува вежби,а личен тренер е човек што создава планови за исхрана,план за вежбање,знае како да те мотивира,лидер во душа и добар ментор.
Не е заебанција и мора да вложиш сопствен труд и секако да знаеш да искористиш маркетинг,затоа што без маркетинг денес нема ништо во овој свет.
Луѓето ќе потрошат милион пари за препарати,али никогаш нема да си го загреат глутеусот и да почнаат да вежбаат правилно.
Е тука е големата работа што 90% во теретана кај што вежбам не знаат што е вежбање правилно.
Гледам девојки што доаѓаат во теретана како да дошле да вежбаат аеробик или зумба,не дај боже да се пикне под чучањ или мртво подигање.
Барби менталитет,али барби тежини не даваат убаво тело.
Мажите од другата страна вежбаат само горно тело и кога ќе ми дојдат да ми речат дека нозете се вежбаат само преку трака а не со вежби како чучањ,мртво подигање и влечење во кафез,ми иде да се убијам од нивниот експертизам.
Има уште многу работи да учам и ќе речам и на мене ми треба тренер,ќе си го тргнам егото на страна ќе си платам,но ќе ми зачува време и пари што искрено времето ми значи и секоја секунда за мене е пари и значајна ми е.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Да мислам дека личен тренер би ми помогнал многу во напредокот,но колку од прилика е да платиш тренер кај нас?

Гледав цени негде па му доаѓа околу 100 евра месечно(така бар мислам). Тоа е рамно на скоро 2 канти протеин или па 30 дена по кило стек.

100 евра е пола плата во Македонија и дали некој би ја давал на личен тренер?

Башка стефчо јас би дал пари на фитнес тренер,само ако знам дека позади него има резулати,долгогодишно искуство,лиценца... Не би дал пари на некој што сега навлегува во оваа професија и кој што нема значајни резултати на неговото тело.
 
Заради тоа нудам бесплатно еден месец да се запознаеш со моите услуги.
Да видиш како се вежба и дека се што правам е вистниски и остварливо,нормално ако се сака.
И плус мојата цена е пониска од тренерите на теретаните се со цел да добијам што е можно повеќе искуство.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Заради тоа нудам бесплатно еден месец да се запознаеш со моите услуги.
Да видиш како се вежба и дека се што правам е вистниски и остварливо,нормално ако се сака.
И плус мојата цена е пониска од тренерите на теретаните се со цел да добијам што е можно повеќе искуство.
Kaжи ми кои се тарифите за лични тренери во Македонија и какви се услуги опфаќаат.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Kaжи ми кои се тарифите за лични тренери во Македонија и какви се услуги опфаќаат.
Па тарифите се движат од 100 евра па до 300 евра.
Нормално секој си го цени времето и трудот.
За мене лично се зависи што сакаш,седиме на едно кафе ми објаснуваш што ти е целта,јас ти кажувам план и време како ќе го работиме тоа.
Вежбаме,ти давам исхрана и гледаш резултати.
Нормално 80% се зависи до тебе другото е што очекуваш за тој временски период.
Да очекуваш да накачиш 10 кг мускулна маса за 1 година е недостижно,но се зависи до тебе.
За условите,моментално вежбам само по договор со одредена теретана,наскоро студио ќе отворам и ќе имам таму клиенти.
Така да ако си за слободно контактирај ме и ќе збориме повеќе што сакаш.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Абе ко можи секој фитнес тренер да биди ајде и јас да бидам, имам слики ко бев дебел ако се малку 100 и кусуро можи да ги подрастегнам на фотошоп имам убав туторијал за него :) моментално добра физичка состојба, тренирам само жени и не барам пари туку наплаќам во натура ем ве оправам ем ве задоволувам...:vozbud: подобро здравје...е сега иди тро напорно оти имате еден тежински, еден кардио и уште најбитниот тренинг како трет кај шо ќе гориме најмногу калории..:pos:
Доста беше :drk:, ајде жени навалетеееее :icon_lol:
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Специјалност ми е подготовки за бодибилдинг натпревари, значи хардкор форма :). Сум работел со голем број на такви спортисти во МК и надовр од неа. Оној кој знае што сака и не сака да изгуби пари, не му се исплати да мудрува, кога веќе има ангажирано про тренер. Сум имал милион разни ситуации, што комични, што жални. Но, секогаш сме ја постигнувале целта. Еден период работев со аматери и рекреативци, каде истотака голем дел од нив и денес шетаат мускули по улица Македонија. Но, натпреварувачкиот ББ повеќе ми лежи. Има повеќе наука и жар, од форма за плажа или свадба.
Едно прашање, можеби малку вон темата но, има ли некаква диплома за фитнес тренер и ако да - како се добива ?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Едно прашање, можеби малку вон темата но, има ли некаква диплома за фитнес тренер и ако да - како се добива ?
Таква диплома во Македонија нема,освен во странство.
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Stef ќе бидам малце дрзок, но тоа е реалноста. Имаш познавање од нутриционизам и од некои си основи на вежбање, но ти фалат ГОДИНИ искуство и обиди се да посветиш повеќе време на себе, а не да рипаш 10 години и да се поставуваш како фитнес тренер. Реално гледано пола од форумов тука те исмејуваат ако не приметуваш иако ги осудувам за тоа, но ти постојано им даваш причини. Мој совет како железен брат ти е да се фокусираш малце повеќе на твојата цел за изглед за да во иднина да имаш со што да го поткрепиш знаењето. Како натурал не знам колку ќе можеш да напредуваш бидејќи не ми делуваш како особа со високи нивоа на тестостерон. Ако планираш да излегуваш на натпреварување(2015 или кога и да ти беше планот) ти треба малце "Cell Tech".

Се најдобро
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Едно прашање, можеби малку вон темата но, има ли некаква диплома за фитнес тренер и ако да - како се добива ?
Пред 10-тина години имаше класа на факултетот за физичка култура. За жал тоа беше само една генерација на дипломирани по тој начин, специјалност бодибилдинг и фитнес. Тоа е што се однесува до високо образование. Што се однесува до курсеви, во тек е изготвување на програма која истотака би требала да биде во соработка со факултетот за физичка култура и федерацијата. Сето тоа од септември.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Stef ќе бидам малце дрзок, но тоа е реалноста. Имаш познавање од нутриционизам и од некои си основи на вежбање, но ти фалат ГОДИНИ искуство и обиди се да посветиш повеќе време на себе, а не да рипаш 10 години и да се поставуваш како фитнес тренер. Реално гледано пола од форумов тука те исмејуваат ако не приметуваш иако ги осудувам за тоа, но ти постојано им даваш причини. Мој совет како железен брат ти е да се фокусираш малце повеќе на твојата цел за изглед за да во иднина да имаш со што да го поткрепиш знаењето. Како натурал не знам колку ќе можеш да напредуваш бидејќи не ми делуваш како особа со високи нивоа на тестостерон. Ако планираш да излегуваш на натпреварување(2015 или кога и да ти беше планот) ти треба малце "Cell Tech".

Се најдобро
Се согласувам и работам на тоа :).
Немам слики за да споредам во моментов,но има напредок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom