Искуства со Те-Те Пласт

Член од
7 јуни 2021
Мислења
1
Поени од реакции
2
Здраво. Пред некое време имав лошо искуство со фирмата Тете пласт, поточно со самиот газда. Откако се најдов во таа ситуација со фирмава почнав да барам на интернет дали има и други искуства вакви или слични кај други луѓе или само мене ми се има ова случено... бидејќи не најдов ништо почнав по луѓе да се распрашувам и што се не се изнаслушав.
Ќе ја раскажам мојата случка. Имаше оглас на кој аплицирав за да работам во Тете пласт. Бев повикана на интервју, кој помина во ред, можеше да биде по детален, но сепак беше океј. Помина некој ден па се јавија и ми кажаа дека сум примена и сакаат да почнам со работа, но бидејќи бев во работен однос, ми рекоа да прашам за отказниот рок (т.е да дадам отказ) и да ги известам кога би можела да почнам. Го средив тоа со отказот и им кажав колку уште ми преостанува во старата фирма, беа задоволни, само ќе требаше уште еднаш да се видам со директорот за да ги потпишеме документите. Кога отидов таму, директорот пак ми направи интервју (што ми беше малце чудно) и ми кажа дека нема да ми ја даде платата за која дискутиравме, бидејќи сум барала премногу(што воопшто не беше случајот таков) на што имав зачудувачка реакција ни малце агресивна, едноставно се зачудив и кажав “добро”. Во текот на истиот ден, ме побараа од фирмава за да ми кажат дека не сакале да ме “ангажираат” повеќе под изговор дека на директорот сум му изгледала “незадоволна” од платата, а на моето прашање “ако не ме сакавте зошто ме земавте воопшто, јас и отказ дадов од претходната фирма, а сега ова ми го кажувате”, добив одговор: “Ние не ти кажавме да даваш отказ, тоа си е твое”.Побарав да разговарам со него(бидејќи бев известена преку телефон), жената од другата страна ми кажа ќе ми го даде неговиот број и да го очекувам секој момент во порака. Бројот никогаш не го добив, ѕвонев 3,4 пати, не ми креваа. После недела дена ме побараа повторно и пак ми беше понудена позиција иако сум била “неквалификувана”, што нормално јас го одбив. Јас не знам како оваа фирма уште постои и опстанува, зошто од тоа што видов фирмата е останата иста уште од кога е изградена, без додатна инвестиција, незадоволни вработени и мизерни услови. Односот на директорот не ни сакам да го коментирам, зошто беше ужасен и одвратен. Доколку некој имал искуство слично или било какво со Те-те пласт, ве молам споделете.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.358
Поени од реакции
9.528
Бев еднаш на интервју пред 7-8 месеци али во мојот случај немаше некои драми. Мене па ми рекоа дека сум преквалификуван за моменталните позиции, па ќе ме имаат во предвид за понатака. Арно што си пишала за однесувањево, да знам јас да не ги имам во предвид.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.510
Поени од реакции
32.114
Во Македонија знаат да бидат гадови и работодавците и вработените. Не навлегувам во усните договори, како се одвивале преговорите, дали се несериозни и тн. - ама очигледно дека грешката е твоја. Откако ќе постигнете усмен договор - прво си потпишуваш договор со новиот работодавец (каде ќе биде наведена и платата), па дури потоа поднесуваш барање за отказ кај тековниот. Жал ми е, ама може да заклучиме дека си добила добра лекција за следниот пат.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
18.934
Поени од реакции
39.928
Као што рече Ацид, ова е шит ситуација што често знае да се деси од неискуство, или ако веќе не си се изгорел еднаш. Никако давање отказ пред да имаш потпишано договор со новата фирма, со твоја копија и со све. Ако не се лажам, законски отказен рок може да биде максимум еден месец, така што по непишано правило ако се префрлуваш у фирма, секад ставај си стартен датум месец дена од давањето на отказен рок. Ако има несигурност, во договорот полето за почеток на работен однос може да се остави и празен, и да се пополни кога од старата фирма ќе дознаеш кога ти е последен ден, па после само тоа да се дополни во копиите.

Живееме у премногу шит држава со шит економија и шит луѓе кои ги има у превише вакви компании, за да се можеме да си дозволиме да се потпираме на усмени договори. Жал ми е во секој случај, се надевам ќе си најдеш подобра работа и од двете :)
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
6.978
Поени од реакции
7.724
Фирмава е комедија :) . Една бифша колешка работеше таму краток период и ми кажуваше ситуации што можеш комотно бест селер книга да напишеш.

Покрај односот со вработените тој директорот имал блескави партии и со клиенти. Пошто работат за автомобилска индустрија ( немам разбрано дали станува збор за сериско производство или некој си афтер маркет) има чести посети од клиенти и дечкиве имале лажено дека поседуваат агрегат за во случај да настане прекин. Во периодот кога прават аудит клиентите им снемува струја и овој им рекол ај бе па кај вас подобро да не е :) .


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
258
Поени од реакции
137
Здраво. Пред некое време имав лошо искуство со фирмата Тете пласт, поточно со самиот газда. Откако се најдов во таа ситуација со фирмава почнав да барам на интернет дали има и други искуства вакви или слични кај други луѓе или само мене ми се има ова случено... бидејќи не најдов ништо почнав по луѓе да се распрашувам и што се не се изнаслушав.
Ќе ја раскажам мојата случка. Имаше оглас на кој аплицирав за да работам во Тете пласт. Бев повикана на интервју, кој помина во ред, можеше да биде по детален, но сепак беше океј. Помина некој ден па се јавија и ми кажаа дека сум примена и сакаат да почнам со работа, но бидејќи бев во работен однос, ми рекоа да прашам за отказниот рок (т.е да дадам отказ) и да ги известам кога би можела да почнам. Го средив тоа со отказот и им кажав колку уште ми преостанува во старата фирма, беа задоволни, само ќе требаше уште еднаш да се видам со директорот за да ги потпишеме документите. Кога отидов таму, директорот пак ми направи интервју (што ми беше малце чудно) и ми кажа дека нема да ми ја даде платата за која дискутиравме, бидејќи сум барала премногу(што воопшто не беше случајот таков) на што имав зачудувачка реакција ни малце агресивна, едноставно се зачудив и кажав “добро”. Во текот на истиот ден, ме побараа од фирмава за да ми кажат дека не сакале да ме “ангажираат” повеќе под изговор дека на директорот сум му изгледала “незадоволна” од платата, а на моето прашање “ако не ме сакавте зошто ме земавте воопшто, јас и отказ дадов од претходната фирма, а сега ова ми го кажувате”, добив одговор: “Ние не ти кажавме да даваш отказ, тоа си е твое”.Побарав да разговарам со него(бидејќи бев известена преку телефон), жената од другата страна ми кажа ќе ми го даде неговиот број и да го очекувам секој момент во порака. Бројот никогаш не го добив, ѕвонев 3,4 пати, не ми креваа. После недела дена ме побараа повторно и пак ми беше понудена позиција иако сум била “неквалификувана”, што нормално јас го одбив. Јас не знам како оваа фирма уште постои и опстанува, зошто од тоа што видов фирмата е останата иста уште од кога е изградена, без додатна инвестиција, незадоволни вработени и мизерни услови. Односот на директорот не ни сакам да го коментирам, зошто беше ужасен и одвратен. Доколку некој имал искуство слично или било какво со Те-те пласт, ве молам споделете.
Е сега вака......Тете пласт со нејзиниот газда е посебна приказна за маинските инженери ОД кога го знам бараше луѓе да се изживува врз нив. И јас отидов на интервју кај него и тогап имаше ветувања за ридови и долини.Секако не му поверував на убавите зборови и му реков дека ќе размислам за работата кај него, Меѓувремено распрашувајќи се по колеги вистината статса многу брзо до мене. Кога повторно ми се јави после 10-тина дена му реков дека таков газда како него се сакам да имам контакт со него . Почна нешто да попува ама му го исклучив телефонот.После некое време добив меил каде повторно ме повикуваа на разговор да сме ги "разрешеле" муабетите кои сум ги слушнал дека се тоа било само пропаганда. Му се заблагодарив за таа прилика и го замолив истиот моето CV да биде избришано од неговиот компјутер. Тоа е што имам за тете пласт да кажам.
Една дигресија за твојта постапка. Зошто си даде отказ од претходната фирма без да собереш инфомрации за оваа. Не можеше ли барем да отвориш тема пред да дадеш отказ со барање за мислење за истата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom