Исклучување на струја

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Gervasius01, 21 октомври 2012.

  1. Gervasius01

    Gervasius01 Гостин

    Дали законски ЕВН има право да исклучи струја заради заостанати сметки и кој е тој законски член? На пример сум слушнал дека вода не смее да се исклучи без разлика на долгот.
     
  2. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.530
    Допаѓања:
    26.036
    Да не смееше, никој немаше да плаќа сметки.
    Знам дека ти е гнев зошто те исклучиле, ама наместо да бараш дупки во законот - плати ги сметките и пробај да ја добиеш „битката“ на друг начин.
     
    На marama., PurplePuma, makakosi и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. DadoTom

    DadoTom

    Член од:
    3 ноември 2009
    Мислења:
    1.333
    Допаѓања:
    534
    Смее ако ја утужиле сметката пред да застари.
     
  4. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    30.917
    Допаѓања:
    31.136
    ако е сметката постара од 12 месеци а за неа не си тужен - не смеат за таа сметка да те исклучат. Јас имав лично такво искусттво, имаше околу 4-5 сметки стари повеќе од 12 месеци, јас лепо фино пратив писмо до ЕВН цитирав член од закони и побарав тие сметки да ги избришат од евиденција, за 5 дена дојдоа и ми ја исклучија и тоа во петок попладне, адвокатот ми кажа дека процедурата ќе траи месец дена и дека месец дена ќе бидам без струја, видов не видов платив и ми уклучија, многу ми е криво шо немав едно генераторче дома па и 3 месеци ќе издржев без струја али зато доообро тоа ќе го наплатев
     
  5. Gervasius01

    Gervasius01 Гостин

    Да, ама како јас знам дека е утужена ако никако не ме известиле? Веројатно законски би морал да бидам известен за тоа кои сметки се утужени, кога се утужени, како и копии од тие документи. Не може тоа усмено да оди...... "Ние те тужевме" ...... Сигурно има процедура. Епа таа законска процедура пробувам да ја дознаам.
     
    На baby dool му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stranger777

    stranger777

    Член од:
    5 февруари 2011
    Мислења:
    246
    Допаѓања:
    155
    каков член бараш нивна е струјата ке прат шо сакат, ја исклучат со 3 неплатени сметки и после си плаќаш 2500 за повторно да ја приклучат :)
     
  7. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    4.961
    Допаѓања:
    4.860
    Acid Во право е човекот !
    --- надополнето: 21 октомври 2012 во 15:07 ---
    Од каде нивна струјата бе ?
     
  8. Gervasius01

    Gervasius01 Гостин

    Може да ми кажеш како дозна дека не се тужени? Отиде кај нив да побараш документи или.......?
     
  9. DadoTom

    DadoTom

    Член од:
    3 ноември 2009
    Мислења:
    1.333
    Допаѓања:
    534
    Види пробај да добиеш инфо, колку што знам автоматски ги утужуваат. Консултирајсе со адвокат, тоа би ти било најдобро.
     
  10. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    30.917
    Допаѓања:
    31.136
    на сметките шо ги добиваш пиши колку заостанати сметки имаш и колку тужби. А и ако те тужат же ти стигне дома известување
     
  11. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.530
    Допаѓања:
    26.036
    Праша дали може да го исклучат за „заостанати“, а не за „застарени“ сметки. И одговорот е „да“.
     
    На Tantur>.< му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zigi812

    zigi812

    Член од:
    30 јануари 2010
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    559
    Во Велешта ако живееш не смеат таму друг закон владее :icon_lol:.
     
    На Zaptija Stojkov и Корто Малтезе им се допаѓа ова.
  13. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.606
    Допаѓања:
    993
    A oд каде да ги плати сметките во случај ако нема пари (пример ако не е вработен или пак ако работодавецот не му дава пари)???
     
  14. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.530
    Допаѓања:
    26.036
    Многу ти е глупо прашањето. Вакво прашање не сум чул ни на клупи во маало.
    Да дојде некој од надвор, да му ги земе сметките и да му ги плати ако не?

    Јас сум свесен каква е ситуацијата кај нас. Сум бил исклучен повеќе пати. Но, ниту еднаш не долетал некој ангел чувар за да ми ги плати сметките. Животот е полн со гомна, кои најчесто сами мора да си ги расчистиме. Барање некакви „дупки“ во законот со цел да се избегне обврската за плаќање, особено тука на форум, тешко дека ќе ни помогне во било што. Заостанат долг не е еднакво на застарен долг.
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.606
    Допаѓања:
    993
    Епа нормално ќе ти биде глупаво прашањето кога неможеш да смислиш контрааргумент!

    Стави се ти на нивно место (на тие што неможат да платат струја), па да видам дали така ќе пишуваш???
     

Сподели преку: