Исихазам

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.077
Поени од реакции
15.891
Исихазам (или паламизам, грч. ἡσυχασμός) — движење кое дошло до израз особено во 14 век, и кое е органски поврзано со личноста на св. Григориј Палама (нему св. Црква му ја посветила втората недела од Великиот пост), долго време заборавено во Македонија, а под влијание на западната литература било и презирано. Дефининирањето на исихазмот е поврзано со контроверзи, при што некои сакале да го прикажат дури и како „болен мистицизам” на минатото.

Терминот исихазам, исихија

Зборот „исихија“ буквално значи „мир”, „мирување”, „тишина”. Меѓутоа, кај православните подвижници означувало нешто многу повеќе и имало подлабока смисла. Она што го карактеризира човекот и светот во кој живее е постојаниот немир и променливост. Оттаму човекот постојано чезнее за спокојство. И како што сведочи искуството дека “мирно море” не се наоѓа на површината на морето, туку во неговите длабочини, така внатрешниот мир треба да се бара во длабочините на човекот. Исихиата е токму тоа: барање на таков внатрешен мир, кој го надминува секој ум. Тоа не е просто спокојство, наоѓање на мирно место за живеење и пребивање, туку битијно собирање на човечкото битие во својот центар; а преку него собирање во Бога и Бога, како единствен извор на вистинскиот мир. Оттаму, најдобар превод на зборот “исихија” е оној на о. Јустин Поповиќ: “Moлитвено Тихивање”. Бидејки тоа собирање може да се достигне само преку верата, покајанието, постот и молитвата. Тихување не значи пасивност. Тоа бара огромен духовен напор и борба против страстите кои се праизвор на целокупната човекова расеаност и растуреност. Објаснувајќи го овиј мир, св. Григорие Палама вели, додека пророкот Мојсеј молчел, се слушал слушнал гласот Божји: “зошто викаш кон Мене”( 2 Мој. 14гл. 15ст.). Тоа молчење е погласно од говорот, тишина која расте во длабочинскиот повик на битието. Кој се здобие со такво молитвено тихување, вели св. Јован Лествичник, ја познал длабочината на тајната.

Исихазмот во минатото

Исихазмот обично се врзува за гореспоменатото духовно-светогорско движење од 14 век. Но ако работите малку подлабоко се погледнат, тоа е карактеристично за целокупниот православен живот. Доволно е да се погледне во древниот Старечник, збирка изреки на египетските старци, па човек да се увери, дека исихазмот не е некој нов пронајдок (изум), туку тој постои како начин на живот и пат за спасение. Тоа е поточно Мариино служење (милување) на нозете Исусови, често присутно во животот на св. Црква.

За исихастите зборуваат и Отците на старохристијанската Црква. Во 5 век во палестинскиот манастир св. Сава се споменува некој пустиник Јован кој животот го минувал во “молитвено тихување”. За исихастите се зборува и во Јустинијановото законодавство, а се спомнува и во 41 канон на Трулскиот собор. Големиот подвижник на 6 век, преподобен Јован Лествичник, 27 Слово во својата Лествица, која оставила огромен впечаток и на Исток и на Запад, го посветува на “Свештеното тихување на душата и телото” и “разликите и разликувањето во мирувањето”. Исихиата за него е идеал, како и за многумина пред него. Меѓутоа, тој е свесен за опасноста која таа во себе ја крие. Затоа препорачува постојана будност и смирение, кое го чува го чува подвижникот од гордоста , од таа “сеопфатна смрт”. Св. Јован Лествичник советува за вистинско сакање на духовниот живот: Непрестаното спомнување и мислење на Господа Исуса Христа нека се соедини со твоето дишење, и тогаш ќе почувсвуваш корист од молитвеното тихување. Овде всушност се работи за постојано љубовно општење со Христа, кое има за цел соединување со Бога и со неговиот “свет наднебесен оган, кој нечистите ѓи гори, а другите (чистите) ги осветлува по “мера на совршенството” (Слово 28).

Св. Григорие Ниски во толкувањето на Псалмите зборува за Мојсеј, дека поминал четириесет години оддалечен од луѓето, пребивајки во “молитвено тихување”, созерцавајки невидливи работи. Според преподобен Исак Сирин, “исихија” е врв на совршенството и “мајка на покајанието”. Тој ја нарекува и “почеток на очистувањето”. Според истиот свет отец, зборовите се орган на овој свет; молитвеното тихување, кое бара радикално одрекување од светот како желба на телото, страст на очите и гордост на животот, го употребува како орган на молчењето во кој е тајната на идниот век.


Учења и карактеристики


Законот на животот според св. Григорие Богослов се состои во ова: “Бога треба повеќе да го споменуваме од дишењето”. Само така може да се исполни целта на христијанскиот живот: постигнување заедница со Бога, причестување и гледање на Бога. Тоа е основната идеа на исихастите низ сите времиња, богословски потврдена и озаконета во Црквата, прво низ Ареопагитските списи, а потоа и во делата на преподобен на преподобен Максим Исповедник. Тоа се, заедно со Евагрие, св.Исак Сирин, а особено преподобен Симеон Нов Богослов, духовните родоначалници на светогорските исихасти.

Според нивното учење, Бог е светлина и претстојува ( почива ) во неискажлива светлина. Затоа оној кој постигнува заедница со Бога ,-се причестува со Неговата вечна светлина, притоа постанувајки и сам светлина. Тоа се постигнува со вера и добродетели, oд кои “Исихиата” е најсовршена; останатите добродетели се пат кој кон неа водат.

Молитвениот тиховател треба да биде и како Мојсеј на врвот на Синајската гора, да пребива таму сам и да влегува во облак, криејќи се од очите на другите. Ако би така работел, не само што ќе го види Бога “од позади”( во облак ), туку јасно ќе му се открие лицето Божјо. Гледајќи го само Бога, од Бога и ќе биде гледан, и слушајќи го Неговиот глас, прво нему на таинствен начин, ќе му се откријат тајните на Црквата Божја, а потоа тој на другите им даде закон; ќе се просвети, а потоа со својата светлина и други ќе просвети; ќе биде помилуван, потоа и тој други ќе милува. Таквиот бара и добива, па кога ќе добие-дава на оние кои од него бараат; ја раскинува врската со злото, а потоа ја раскинува и на другите.

Незаситената жед и глад за Бога и Неговата вечна светлина е основна движечка сила за радикално откажување од светот кое го бара преподобен Симеон Н. Богослов. Тука не се работи за некаква апстрактна философија или религиозен мистицизам, туку за пробен ( опитен ) светотаински и светодобродетелски реализам. Тоа е жед на крстените и насочени души во светлоста на Трисончевото Божество, за општење со Христа Бога, во црквата на живиот Бог, со силата на Светиот Дух, преку очистување и духовна борба. Дека таа жед не е само својство на монасите или пустиниците, туку е во природата на сите христијани, сведочи преподобен Петар Дамаскин на околу 200 години пред св. Симеон Н. Богослов. “ Тоа е подвиг, вели тој, кој е потребен на сите луѓе, било поединечно, било целосно. Без него е невозможно да се здобие со духовно знаење и смиреноумие; оној кој го сака, преку него му стануваат јасни Божјите Писма и сите скриени тајни”.


Исихазмот на Света Гора Антоска


Токму оваа жед и подвиг е создадена, растела, живеела и живее Св. Гора Атонска. Од самиот почеток светогорските подвижници го зграбиле исихазмот. Св. Гора, по својата природа е место за “ исихија ”, а истовремено и “ огниште на добредетелите ”. Она што пишува за првиот светогорски пустиник, преподобен Петар Атонски, дека: ”своите очи, душа, и ум, ги утврдил на небото, се откажал од дома, од татковината, од родителите, пријателите и кажувајки им на сите збогум, својот живот го посветил на Бога...”, тоа било и останало евангелско правило на сите негови духовни следбеници. За него св. Григорие Палама ( еден од тие следбеници ), вели дека со своето умерено и полно ( вистинско ) воздржување во животот “здобил силна умствена сила”.

Преку тоа собирање на сите душевни и духовни сили, човекот се ослободува од својот страствен однос спрема себе и светот, ја симнува од себе “лошата маска”. Тоа е патот на собирање по созданијата и надвор себе на рассеаното човечко битие, патот на здобивање на вистински мир, богосознание, обожување преку причестување со Божјата благодат, и патот кон вечно усовршување и кон подобро напредување. Исихастот од таков вид, откажувајќи се од се богољубиво и богољубно, стои пред Бога “глув и нем” победувајќи го законот на материјата, а душата му се преобразува со Божја благодат, предавајќи му и на телото “знаци” на Божјата убавина.

Тој исихастички метод на освојување на внатрешниот простор е пренесен од ова светогорско огниште и меѓу словенските народи. Големите руски препородители: св. Антоние Печерски ( основач на руското монаштво), св. Мојсеј Угрин, св. Нил Синајски, св. Нил Сорски, Св. Серафим Саровски и другите Саровски и оптински Старци од минатиот век, биле големи љубители на исихијата.



Кое е вашето мислење за исихазмот? Дали според вас исихазмот е медитативна техника на православието? Може ли да се каже дека исихазмот е езотеричен остаток во православието?

Што е правилно според вас - послушно да се следат посредниците во црно кои му продаваат догми и упатства на народот или желба и тенденција за субјективно чувство на богоспознавање како неминовна последица на изразување на љубов кон Бог, макар и по цена на анатема? Роб во својата удобна зона или нурнување во непознатото - кој е изборот?



 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Исихазмот или умно-срдечната молитва, светитие отци го нарекуваат срцето на православието. Ако успеав правилно да те разберам дилемите ти се неколку:
-Дали исхиазмот е медитација,јога во православието. Сличност има надворешна(до некаде) и толку. Разликата е во суштината колку што ми е познато при медитација центарот е личноста која ја врши како дел од некаков безличен апсолут(сосема површно без да навлегувам понатаму). Во умно-срдечната молитва и православието центарот е Бог сезодател кој што не е нешто безлично а И личност(триипостасна).
Од ова разлика меѓу првите и вторите се доаѓа до култ кај личноста кај првите, и Богопознание/Богосозерцание кај вторите.
Дали е езитеричен остаток. Не е никаков остаток а ден денешен се практикува. Во однос на тоа дали е воведен под влијание на некакви други религии без да навлегувам во излишен фанатизам нашето е постаро вие сте...ќе ти посочам само дека и во старот заветен има подобни примери.Дали има во православието мистика одговорот зависи што подразбираш под мистика. На Владимир Лоски(православен теолог) има книга за тоа ако навистина те интересира.
Последните ти недоразуменија се доста нејасни ако имаш предвид дека некој го крие тогаш воопшто немаше сега да пишуваме за истото, во однос на анатемата уште понејасно зошто анатема за нешто што го практикувале светите отци а и денес се практикува.
http://www.pravoslavie.bg/Монашество/исихазм'т-с'рцето-на-православната-ц/
http://clubs.dir.bg/showthreaded.php?Board=pravoslavie&Number=1951958937
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.077
Поени од реакции
15.891
Ајде да пробам да ја воскреснам темата и вивнам на некое повидливо место. Искрено, би сакал да го прочитам мислењето на @MIKI1 ( не знам зошто не го тагнува ), како еден од поактивните членови кои одговараат во името на Христијанството, што би кажал во врска со овој начин на гледање кон Христијанството.

Секако, и другите се добредојдени.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.623
Поени од реакции
11.656
Читам луѓе тука кои се православни христијани што пишуваат и не пропуштаат да се зборува негативно за другите учења за кои немаат никакво познавање.

Постојано „се е безлично кај другите“ иако за таквата теза кај православните христијани постои само ова: „во суштината колку што ми е познато“.
А реално никогаш никој не седнал да ги проучува другите учења, религии и пракси од нив.
Никогаш.

И тоа не дека не сакаат или дека не се способни, туку бидејќи така им налагаат „духовните учители“ и самата срж на нивната религија само нивното да е најправично и најдоброто и највистинито за луѓето на Земјата.

Исихазмот ако не е соединување, со надминување на човечкото, нема ништо со јога, бидејќи јога значи соединување и ништо друго.
Дека е измислено или ајде создадено од христијаните, не е . Тоа е стара пракса која доаѓа од истокот и многу потсетува на праксите од Раџа Јога. ;)
 
Член од
7 април 2013
Мислења
183
Поени од реакции
325
За да се разбере исихазмот, потребно е да се има познавање за Византиската философија, вселенски собири и најважното Божјите енергии како и познатата Таворска светлина против која Палама има сериозен противник. Нејсе, бидејќи се интересираш @Solaire of Astora деновиве ќе добиеш објаснување за исихастите и спорот
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.623
Поени од реакции
11.656
... деновиве ќе добиеш објаснување за исихастите и спорот
Поминаа многу денови за да добиеме објаснување за исихастите... ако си сеуште на форумов, може да напишеш објаснување...
 
Член од
7 април 2013
Мислења
183
Поени од реакции
325
Точно, поминаа многу денови и се извинувам за истото, имав професионални обврски. Па да почнеме :)
Прво ни е особено важно да дадеме мало објаснување за Монашкото богословие. Монаштвото во Византија не е само школа за духовно усовршување, туку и е одговорно тело за содржината на верата и судбината на Црквата како целина. Ова богословие е најдинамично и можеби најпродуктивно во Византитија. Имаме 2 важни поделби, а тоа се: ермитите кои често ги нарекувале исихасти и киновите, помеѓу нив често постоел конфликт. Но тоа што ги обединува е убедувањето дека молитвата, без разлика на нејзиниот облик е основата на монашкиот живот. Киновите развиле литургиски систем кој е прифатен и ден денес во Источната црква, додека исихастите ја создале традицијата на лична молитва и контемплација. Имено молитвата за нив е пат за остварување на целта на христијанскиот живот. Со таа практика сеучествува во Бога односно theosis. Терминот исихија на грчки јазик во превод значии тишина, мир и стихија. Следствено со тоа, исихазмот се поврзува со внатрешно стивнување со молитва која е најважниот елемент. Евагриј Понски е првиот кој го создал терминот -молитва на духот- кој ќе стане основа на исихастите. Молитвата е активноста на духот, непроменлива состојба и највисоко можно умување. Во состојба на молитвата, исихастите се ослободени од многострукоста на надворешниот свет и недостапен за демонските моќи( самољубие, страсти, блуд, себичност,тага, гнев, суетност). Исихастот со молитвата станува глув и нем пред влијанијата на надворешноста. Со молитвата тој се издигнува на душата кон Бог. Монасите со молитвата го зауздувале духот, токму во мир и тишина се молеле како монаси. Со умот дозволувале да замисли било каква слика за Бог, бидејќи со духовен начин се пристапува со она што преставува духовно суштество, а сликата изобилува со физички елементи кои не се дел од духовноста. Оваа молитва е наречена -умствена молитва-. Со Макариј Велики, оваа умствена молитва станува молитва на срцето. Срцето е центар на човековиот психосоматски живот, но и воено поле помеѓу Бога и Сатаната. Срцето е престојувалиште на божјата благодет што човекот ја прима. Монасите со молитвата постојано го повикуваат и повторуваат името на Исуса, а со тоа се овозможува спасение на човекот(ќе се потсетиме дека христијанството е религија на спасението). Макариј ни укажува дека монашкиот живот е свесно одбран да се живее во постојана борба, а дека резултатот на таа борба ќе биде остварувањето на исихијата.
Јован Лествичник ни е особено важен за да го сфатиме исихастичкото движење и живот. Станува збор за монах кој има позитивно учење за молитвата. Молитвата е во склад со дишењето. Кај него исихијата и исихастот означуваат еден пустински живот на осамен монах кој се раководи преку Исусовата молитва. Исихастот е оној кој вели: -јас спијам,но срцето мое е будно.- Со тоа се објаснува исихијата како непрестанувачко прославување и служење на Бога. Па така -Исихастот е оној кој се труди живеејќи во телото да го опише нетелесното-. Неговото дело се нарекува Лествица и може да го најдете во библиотека.
Најважната особина на молитвата е истрајноста, а за нејзино постигнување потребна е подготовка која подразбира 2 степени: првиот се сочинува од исчистување на телесните страсти што се постигнува со постење и безбрачен живот, а вториот се состои од потполно одвојување од страстите и умувањето. Човекот кај исихастите е сфатен како единство на телото и духот. Но имаме и една специфична идеја, а тоа е идејата за бесмртноста кај човекот. Со тоа се надминува и Платонизмот( човекот се гледа како единство на душата и телото. душата не се наоѓала на друго место!). Бесмртноста е условено од сродството на душата со Бог.
Кај исихастите имаме и дехамартизација или обезгрешување. Остранувањето на гревот е особено важен чин за да се постигне исихија. За да се разбере ова потребно е да се спомене дека волјата ја сметале како спроводник на злото во човекот, па ако тоа е така, тогаш секој грев има волева основа. Токму затоа исихастите ја негирале волјата, таа имала творечка улога само и само ако својата дејност човекот ја извршува според сликата Божја. После Адам секој човек во има грев кој е корен на сите зла. Па затоа на многу места во Светото Писмо, гревот е синоним со темнина. За да се спасат од гревот, исихастите го користат покајанието, кој на грчки се преведува како промена или преобразба. Покајувањето се одвивало така што монахот ги доверувал своите покајенија на својот духовен учител.
Животот на исихастите не бил лесен, познато ни е дека не јаделе, се молеле постојано во тишина, некои од нив го поминувале животот во пештери, останувале повеќе дена без спиење. Болката ја доживувале како духовно задоволство, бидејќи преку страдање и болка се изразува љубовта кон Бога. Контролата на дишење била особено клучна, дишењето било усогласено со изговорената молитва. Нивните вежби не се јасно објаснети во литературата бидејќи имале свои духовни водачи, секој монах имал свој водач или старец. Имале бројаници кои им помагале за повторување на молитвите. Интересно е што не секој од исихастите доаѓал до исихија, тоа било ретко религиозно искуство. Што се состои и како се објаснува? Тоа е светлина преку која Бог му се соопштува на исихастот, таа е наречена и таворска светлина. Токму светата светлина кои ја доживувале исихастте била клучна за појавувањето на исихастичкиот спор кој се одвива помеѓу Палама и Варлаам, а потекнува од прашањето: како е возможно, Бог ако е во својата суштина трансцендентен да биде интимно доживеан од исихастите? И каква е Таворската светлина дали е несоздадена или создадена.
Автоматски споено мислење:

@Хептаграм XI околу Јогата, постојат мислители кои сметаат дека психофизичките вежби биле слични со оние на јогата и суфизмот, но не биле исти. За понатамошно читање и разгледување на тој сегмент ти ја препорачувам книгата на Мирча Елијаде- Јога, која мислам дека може да се најде на интернет. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom