Иран успешно лансираше сателит.
Браво Иран!
Интересното е што ваквиот подвиг е изведен со трета генерација носач на ракети (види го малото може да фрла и сателити), по се изгледа Иран има одлучено сателитската технологија да им е од приоритет...
... оној заостанат ајатолах во уште по-заостанатиот Иран сече црвена лента (отвора) ултра-модерен центар за развој на нанотехнологија, и повторно со акцент дека и оваа технологија исто така ќе им биде од врвен приоритет.
Поседување на ваква технологија, сателити во вселената, има поголема вредност, некои велат, дури и од поседување на нуклеарна технологија, во овој случај станува збор за најнова генерација на технологија која може и е применлива и во цивилни и во воени сфери ...
Во блиска иднина сателитите ќе станат (добро ако сме сериозни тие веќе одамна се) главна алатка во планирање напад и одбрана... како и за пронаоѓање на слаби точки кај непријателот ... бази на податоци ... меѓу другото ... контрола исто така... сопствен сајбер центар, огнен зид за заштита на електро и телекомуникациски мрежи итн... оваа технологија е во тесна врска и со ракетната технологија..
Оние кои се интересираат нека малку подобро ја проучат најновата американска доктрина, исто така позната и во стожерот на ОТАНово како space program... можеби тогаш ќе стане јасно дека Иран е сериозен играч и има сериозен пристап... се говори дека идните судири ќе бидат таму горе високо!
Иран е во чекор со една мала група на земји (најголеми играчи во светот во развојот на техносферата), има извештаи од разузнавачки агенции дека Иранците им е познато колку е важна оваа технологија на која и се дава приоритет...
Сопствен сателит во орбитата значи непречена комуникација (геостационарни сателити) и или повеќе нема да има подметнување на израелските авиони зад цивилите (оние де што се шетаат сателити – шетачи илити шпијунски).
Ако се погледнат американско-израелските медиуми, ќе ги воочите нивните маки кои се предизвикани од овој прв ирански мултифункционален сателит, кој може да се користи за повеќе работи ... и веќе е во орбитата. Ова не е првиот ирански сателит во орбитата, но секако е првиот што им создава нелагодност на неговите пријатели и партнери... Помпео и Биби и не се обидуваат да ја прикријат својата возбуда ...
Има сомневања дека Иран има партнерски однос со С. Кореа во развојот на ракетната технологија, вселенската програма па се до целата воена индустрија (ваквите сомневања би рекол дека се произволни, точно се знае како и на кој начин С. Кореа дојде до развојот на својата ракетна и нуклеарна технологија.), сепак несомнено е дека како тандем делуваат сериозно и конкурентно!
Овие Иранците се обични простаци се однесуваат без почит кон избраните, кон најголемата и најсакана империја, големите САД, ма не ги ебуцкаат ни 3%, прво им ги збомбајаја базите по Ирак, потоа им ги растурија поморските маневри (кои нели требаше да бидат прва фаза за напад)...., а сега уште и им пукаат сателити над главата, не стварно не се нормални...
Има и такви некои стандардно несериозни, се шегуваат дека веднага се почнало сериозно – да се снимит САД-истите
Бидејќи Северџистан од неодамна стана топовско месо во овој воено-империјален сојуз, има доктринарен пристап и од страна на Северџанските сили, за таа цел цели тимови се испратени на обука еве некои фотки од нашите јунаци!
Одиме на Марс!