Иран

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.302
Поени од реакции
19.651
А има логика тие стотици долари да направат штета од десетици милиони? :eek:
Без разлика колку чини пресретнувањето а колку заканата, секогаш треба да се пресретни.
Зошто да користиш Патриот кога можеш да користиш други работи како на пример Авенџер? Не е само Авенџер тука се и Шилка, Панцир итн.

Како на пример што Израел пресретнува мортари од 100 долари со своите ракети од 40 000 долари.
Ајрон Дом ракета кошта $40.000, Патриот ракета кошта $3.000.000.

Патем, Патриот користи различни ракети во зависност од заканата.
Како на пример? Всушност подобро прашање би било колку кошта најевтиниот?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.647
Поени од реакции
4.298
Ништо од демократизирањето на Иран!
Иранците ќе останат ускратени за демократските придобивки и можноста нивните сировини да ги стават на располагање на демократите затоа што тие не се кадарни, штета, голема штета. (како резултат на се добивме само повисоки цени за нафа, ај наздравје)
Помпезно се најавуваше дека за октомври се спрема демократизирање на Иран, но по се изгледа Иран ќе остане регионален стожер. Кина објави дека планира инвестиции од 480 милијарди $, потоа испрати свои воени ефективи со задача да ги штити нејзините пловила, дали затопа се откажаа од демократизирањето или друго за сега ќе остане тајна.
Но не терба да се откажеме предврем, сепак има надеж за демократизирање.
Денес 03.10.2019г. шефот на иранските раз. служби Таеба објави дека е спречен обид за атентат врз ген.мајор Касим Сулјемани (начелник на елитните ирански единици Кудс) организиран од страна израелски и арапски служби... нема ништо за кои арапски служби се работи!
Значи, нема откажување одиме до конечно демократизирање ... сеа откако Рада вети учество и на наши експерти во содејство со црногорски и други има да нема.
Колку импичментот на Трамп е поврзан со тоа дека тој одбива да започне акција на демократизирање на Иран, познато е дека ам.прет. одбива да започне војна некаде во Светот има големи шанси да не го заврши мандатот, или спинот со украинските состојби беше доволен да се прикрие нешто поголемо?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.165
Поени од реакции
17.962
Кина се повлече од проект за гасовод од Иран вреден 5 милјарди долари.

Хмммммм, зш така ...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.647
Поени од реакции
4.298
Пропадна и овој обид Иран да се демоНкратизира.
Овие Иранците навистина немаат среќа, осудени се да живеат во исламска република која западот несебично им ја инсталира кон крајот на 70-тите.
Пред нешто повеќе од 10-дена започнаа протести (иранска шарена револуција) а повод беше пораст на цената на горивата (интересно ако се има во предвид дека Иран има големи резерви на нафта, наместо водата да поскапи тие нафата ја покачија), но како и да е демократите дадоа голема подршка на “протестантите“ за конечно и тој Иран да стане демократско ... ама плановите се изјаловија.
Некој ќе рече па што сигурно 8-мина цијаши не направија толку бука, што Иран дури го исклучи и интернетот, се сложувам според достапни информации имало повеќе од 1000 објекти (банки и други ....) опожарено, известување дека има 134 мртви и повеќе повредени, тоа сигурно не е дело на само 8 припадници на алЦИАда...

дека силите на слободата нема никогаш да ги остават Иранците да живеат во ропство може да се види овде,
......amnestyusa.org секогаш со вас........
(Иран со 143 жртви успеа да ја сочува својата држава, ние во Македонија не сакавме ниту една жртва да дадеме на олтарот на демократијата...)

Како и да е ситуацијата се смирува (така велат) интернетот е повторно вклучен па почнаа да пристигнуваат и првите информации и од двете засегнати страни, се разбира секоја си има своја вистина.
Она што не се гледа е која е улогата на Германија, постојано се известува дека ФУКУСА преку Турција и ... настојуваат да го демонкратизираат Иран ама никогаш не се спомнува Германија, а сите знаеме за врските на третиот рајх со Иран(Персијанците) кои продолжиле, ако се има во предвид дека денешна Германија ги обнови релациите со сите поранешни сојузници зошто тоа не би го сторела и со Иран?

За очекување е дека демократите ќе продолжат да се борат за слободата на Иран и Иранците, веќе се гледаат првите знаци, прашање на проценка е со кој интензитет ќе се одвива демонизирањето на Иран... времето, ту се забрзува ту забавува, чудни времиња.

Еве неколку твит налога каде може да ги видите обемот и силата на протестите како и силата која е употребена против истите,
https://twitter.com/ShahedAlavi/status/1196993785261174784
https://twitter.com/ShahedAlavi/status/1196424669081018369
https://twitter.com/IHRights/status/1196171391869104129
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.647
Поени од реакции
4.298
Според агенцијски вести, по наредба на Трамп, тврдење на пентагон, извршен е ракетен напад врз возила-колона во кој напад е убиен ген. Касам Сулјемани.

Реакциите очекувани, Иран се заканува со војна, избрзана реакција според многумина, но некаков одговор секако ќе има.
Дали ова екскурзија од страна на Трамп е во духот дека не може да има американски претседател кој не започнал барем една војна или се работи за посериозни геополитички поместувања останува да видиме.

П.С.
ген Сулјемани беше човекот кој на почетокот единствен застана во одбрана на Сирија и на страна на Асад, подоцна водеше бројни акции против терористите кои се појавуваа под разни имиња, Исламска Држава, Алкаида итн.,,, дали е ова причината што САД изврши атентат врз него или навистина причината е, според нивни наратив, дека организирал акции против дипломатите на САД е прашање... но ако се има во предвид дека секогаш лажеле не знам зошто денес би говореле вистина.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Џабе се силат, ништо нема да направат. САД не е Македонија.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Сигурен сум дека акцијата е координирана со Русија и Турција.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.105
Сигурен сум дека акцијата е координирана со Русија и Турција.
Сигурно не е.
Израел и САД си водат своја политика таму, не се замараат ни со Русија ни со Турција. Јес да се сега и овие јак фактор ама џабе, никој не ги пита.

Иначе за ова вчера, после она со влагањето на дронот у иранска територија е втора провокација за војна, исценирана од овие двеве држави пошто у нивните рачунки сосем логични секоја година измината Иран се се појаки и полека ќе ги стигаат воено и според утицај Израел. Посебно со што ембаргото за продажба на војна техника од ОН истекува и следно нема да има, ќе биде блокирано од Русија а ко шо читав им имаат спремно Су-30ки и С-400.
Па сеа мора да де сосече у корен...
сеа чекаат реакција од Иран и да ги срамнат со земја, ако се паметни Иран а мислам се, ќе остаат вака и ќе си ја продужат работата шо им иде прилично добро
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.585
Поени од реакции
38.729
ова е ваљда одговор на американците за амбасадата што им ја направија лом пред некој ден
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.302
Поени од реакции
19.651
Се расонија Иранциве, ептен се заборавија, мислат со Арабија си имаат работа, заборавија дека ако решат САД да те збришат - ќе те збришат. Ќе видиме што е следно, мислам дека Иран нема да ескалира но од друга страна можно е да направат атентат на некој важен американски генерал во Ирак.

Сигурно не е.
Израел и САД си водат своја политика таму, не се замараат ни со Русија ни со Турција. Јес да се сега и овие јак фактор ама џабе, никој не ги пита.

Иначе за ова вчера, после она со влагањето на дронот у иранска територија е втора провокација за војна, исценирана од овие двеве држави пошто у нивните рачунки сосем логични секоја година измината Иран се се појаки и полека ќе ги стигаат воено и според утицај Израел. Посебно со што ембаргото за продажба на војна техника од ОН истекува и следно нема да има, ќе биде блокирано од Русија а ко шо читав им имаат спремно Су-30ки и С-400.
Па сеа мора да де сосече у корен...
сеа чекаат реакција од Иран и да ги срамнат со земја, ако се паметни Иран а мислам се, ќе остаат вака и ќе си ја продужат работата шо им иде прилично добро
Иран нема да стигаат никого воено бидејќи Иран нема пари за леб, уште помалку за С-400 или СУ-30. Ако продолжат со оваа стратегија што ја водат моментално, ќе банкротираат за нецела година.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
ова е ваљда одговор на американците за амбасадата што им ја направија лом пред некој ден
Што толку лом, само дел од ѕидовите на амбасадата ги потпалија и мирно протестираа без никаков напад кон персоналот на истата

Заебан и храбар потег од Американците, да удриш директно на Сулејмани е скоро објавување на војна кон Иран..
Очекувам Иранците јако да возвратат со помош на шиитските групи блиску до нив,, пред се со напади кон Американските војници во Ирак и Сирија
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.585
Поени од реакции
38.729
Што толку лом, само дел од ѕидовите на амбасадата ги потпалија и мирно протестираа без никаков напад кон персоналот на истата

Заебан и храбар потег од Американците, да удриш директно на Сулејмани е скоро објавување на војна кон Иран..
Очекувам Иранците јако да возвратат со помош на шиитските групи блиску до нив,, пред се со напади кон Американските војници во Ирак и Сирија
најлоша варијанта е ирак да стане прокси каде што Иран и америка ќе се тепаат, тешко на тој народ таму, бел ден не видоа од војни
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.211
Поени од реакции
78.774
најлоша варијанта е ирак да стане прокси каде што Иран и америка ќе се тепаат, тешко на тој народ таму, бел ден не видоа од војни
Да, и ја тоа го помислив. Нема да има војна туку ова ќе се прекрши врз грбот на Ирак, на внатрешно политички и безбедносен план. Тоа им е најпаметно на Иран.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.302
Поени од реакции
19.651
најлоша варијанта е ирак да стане прокси каде што Иран и америка ќе се тепаат, тешко на тој народ таму, бел ден не видоа од војни
Ирак е прокси повеќе од 15 години.
 
M

Macedon1um

Гостин
најлоша варијанта е ирак да стане прокси каде што Иран и америка ќе се тепаат, тешко на тој народ таму, бел ден не видоа од војни
Секогаш е тоа така, помалите го извлекуваат дебелиот крај

А @Gag мислам дека ептен ги потценуваш Иранциве, кои имаат сериозно влијание и воена моќ на тој потег од Либан преку Сирија до Ирак па и Јемен и сериозна штета може да направат на било кого..

Патем избори се ближат, тоа што го кажуваше за Обама изгледа он го мислел

1.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom