Иран

Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Има огромна врска, на влезот влегуваат преку омански води, ама натаму главниот сообракај оди низ Ирански води, имаат островчиња на сред залив што слободно можат да прават што сакат таму,
има некој поморски правила за слободно пловење (не ги знам точно што како се), ама кога можеше Гибралтар, слободно може и Иран.
и понатаму не ми е јасно што е целта, ама ете нека биде. Иран ги задржа(одговор на гусарење) тие танкери заради тоа што од страна на Бритите им беше задржан (гусарење) еден танкер на гибралтар.
Меѓу другото има и едно поморско право кое вели затварње на премин за слободна пловидба се смета за објава на војна!
(можеби не е баш така напишано ама во суштина е тоа, ако секој може да затвара слободна пловидба тогаш и Турција ќе го затвореше Босфор за што многу ургираа, ама султанот не е глуп)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Да сумираме за претходниот месец:
Иран јасно рече ако нашите танкери нема да пловат, тогаш нема пловат на вашите. УК и други разумни полека почнуваат да ја разбираат пораката, најпосле истото би можело да се случи и кај нашите форумски ЕУСА-филичари, па од газето да им дојде во глава. Колку побрзо дојде до тоа, толку полесно ќе се живее, а нервозата ќе исчезне!

Иранците најпрво им залепија една воспитна на Американците и на генијалецот Трамп (прво креира криза и потоа се јавува како спасител), а потоа се намочаа и врз Бритите.
Секоја чест, видоа од симпатичниот дебелко “Ракетмен“ дека тоа е единствениот јазик и начин да се разговара со големите и стари демократии. Каков ќе биде дијалогот кога Иран ќе достигне 80% заситеност на одбранбениот метал, Уууууу?

----------
Зошто Луфтханза и ВБ ги откажаа своите летови кон и од Египет и тоа за време на ... сигурно се солидаризираат со Аерофлот!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Тежок е, ама они во добар дел го имаат изодено. :)
Не викам дека Кина дефинитвно ќе ја преземе палката од САД како доминантна светска сила, има многу прашалници поврзани со нејзината иднина, дел од кои и ти ги имаш наведено. Ама, веројатно е дека во иднина ќе биде единствената која ќе биде во позиција да му конкурира на САД за тоа место. Никој друг не е ни блиску. Што би се случило после тоа, тешко е да прогнозираме.

Инаку, на место е аргументот дека долгорочно не можеме да предвидиме што ќе се случува. Премногу варијабли се во прашање, не можеме прецизно да детерминираме што ќе се случува следната година, а не па понатаму. Плус светскиот поредок е покомплексен од кога било. Меѓутоа, можеме да збориме за веројатности и трендови. Веројатно е дека во текот на следната деценија Кина ќе стане и номинално најголемата економија во свет, а не само според PPP. Нормално, некои настани можат комплетно да ја смената проценката. Можно е и следната рецесија да има катаклизмичен ефект за американската економија, можно е нивните интерните општествени конфликти да ескалираат во екстремни пропорции, можно е Трамп да победи пак и Калифорнија да прогласи независност. Меѓутоа, колку е тоа веројатно? Мислам дека ќе се согласиме дека, во моментални услови, многу малку веројатно. Иако, не спорам дека веројатноста нешто да тргне на лошо е многу поголема за Кина, отколку за САД.
Кога сме кај тоа, колку е вистински веројатно дека Јапонија, Ј. Кореја и Тајван можат да направат поморска блокада на Кина? Прво, нема да можат физички да ја одржат конфронтацијата, зошто нема да ја издржат ескалацијата која би следела. Второ, блокади во Јужнокинеското море, која е поморска рута низ која поминува 1/3 од светската трговија би го фрлило цел свет во длабока рецесија и би имало катастрофални економски ефекти врз самите Јапонија, Ј. Кореја и Тајван. Јапонија со нејзината стагнирачка економија нема да издржи ни неколку недели да прави блокади. САД чиј најголем трговски партнер е Кина, чиј цел технолошки сектор е поврзан со производствените капацитети на Кина би си пукала во двете колена со потикнување на такви агресивни чекори,и тоа против земја која го поседува 20% од вкупниот нивен јавен долг.

Технолошкото заостанување. Кина не е повеќе технолошки backwater како порано. Секоја година производството агресивно им се искачува по ланецот на вредности. Они го имаат сличниот историски пат на развој како другите успешни азиски економии, Јапонија и Ј.Кореја, без да ги имаат ограничувачките фактори. Многу потрпелив и понасочен пат кон развојот, што е карактеристично за тие култури. Воопшто не заостануваат во технологиите од 4та индустриска револуција, која ќе биде трансформативен процес, како AI, блокчејн, роботика, 5Г, биотехнологија, дури и лидери се за во некои од нив. Веќе се 2 или 3 најголем patent holder во свет, позади Јапонија или Сад, (први во барања за патенти, ама тоа е ради сувенциите кои ги добиваат за тоа), имаат неколку универзитети во топ 50 технички универзитети во светот, втор најголем вложувач се во R&D, многу блиску до САД, произведуваат огромен број на висококвалификуван кадар годишно (STEM). Плус истураат огормни суми на државни пари во хај-тек индустриите секоја година, со Made in China 2025 програмата. Пазарите на технологиите кои ги имаш наведено се претежно олигополски, ги доминираат неколку огромни мултинационални компании, кои вертикално или хоризонтално се неодвоиво интегрирани со кинеската индустирија. И тоа се однесува и на технологиите за чипови и авиоиндустријата. Кина веќе апсолутно доминира многу пазари за хај-тек производи, пример Кина ја сочинува 50% од глобалната побарувачка на пазарот за чипови, има 40% удел во глобалниот пазар на потрошувачка електроника. Скоро секој мобилен или лаптоп во светот е произведен во Кина. Никоја од овие мултунационални корпорации нема да се откаже од предностите и екосистемот кој кинеската економија го развива околу нив, дури поверојатно е дека комплетно ќе се преселат таму отколку да се откажат од тој пазар. Од аспект на инфраструктура, логистика, supply chain и висококвлификувана работна сила никој не ни блиску толку конкурентен колку Кина. Иначе, предимензиониран е ефектот кој странските компании го имаат во нивната економија. Во минатото уделот во БДП на Кина им беше прилично голем, меѓутоа тој секоја година се намалува. Странските компании моментално сочинуваат нешто помалку од 40% од извозот на Кина, кој е 18% од нивното БДП, и помалку од 15% од вкупните продажби на целата нивна преработувачка индустрија. Плус тие странски компании во најголем дел се од Макао, Хонг Конг и Тајван и во нив се вброени и оние компании во форма на приватни партнерства (кои се најчеста мета на критика поради трансферот на технологија). Инвестирањето во инфраструктура е комплетно дело на нивните домашни програми, странски држави немаат скоро никаков удел во тоа.

За одржливиот економски раст. Пред кризата од 2008 година, Кина имаше период од 30 години со повеќе од 10% раст на БДП. Тоа е историски преседан, прогрес кој тешко може да се конципира. За овој период економијата им се има зголемено околу 50 пати. Само за споредба економските чуда од економската историја, растот на САД во втората половина на 19 век и почеток на 20 век е нешто повеќе од 4% годишно, а во периодот на индустријализација економијата на Германија растела околу 4,5% годишно. Од 2008 година наваму, Кина има годишен просечен раст на БДП од 6,5 %. Нивната економија ја спаси светската економија од 2009-2012 да не падне во рецесија, буквално го финансираа опоравување на американската економија после кризата. Некаде имам читано дека 40% од вкупниот светски економски аутпут пост-2009 е благодарение на нивната економија. Тоа се запрепастувачки бројки. Критиките за нивната економија, најчесто се на линија дека економијата ќе им падне во т.н. middle income trap и ќе почне нагло да забавува во следната декада. Меѓутоа дури да стигне кинеската економија до тој проблем, проекцијата е дека следната декада кинеската економија ќе расте со оној спомнат конзервативен процент на раст од 5%. И да го има тој проблем Кина, во моментот кога ќе настане, веројатно веќе ќе биде најголема економија на свет, ќе ја има убедливо најголемата средна класа во свет и ќе биде најголемиот пазар на свет. Ако пак случајно станат високоразвиена земја, тогаш трката веќе ја имаат добиено.

Алијансите и обезбедување на рутите. Тоа е во голема мера поентата на OBOR, копнени и поморски алтернативни рути, кои тие ќе ги имаат под контрола. Алијансите се резултат на обостран бенефит, а Кина е единствениот играч во светската политика која истура пари. Брзо се формираат кога нема алтернатавни актери, за што како пример го имаме тоа што се случува со Западна Африка и како сите се нацртаа, дури и најголемите европски економи, кога се формираше AIIB.

Мислам дека ние во Европа имаме малку потценувачка, евроцентрична перцепција за нивните општества и за нивната историја. И јас се вбројувам во таа група, дури и кога сум имал контакт со нив. Меѓутоа, ако се остави тоа на страна, а треба да се кладиш на некој, мислам дека никој не треба да ја отпишува државата која во 37-те од последните 40 века е цивилизациски, технолошки и економски лидер во светот. :)
Се согласувам со скоро се, но чисто за волја да дискусијава да видиме кои можности и препреки ги имаат, покрај овие веќе наброените.

Една од препреките што треба да ја совладаат, а скоро ниедна империја не ја поминала кон патот кон суперсила е да немаат моќни соседи.
Неколку примери.
САД немаат многу соседи, истите се или во алијанса, или се преслаби да им претставуваат проблем (да имаат територијални конфликти, да им влијаат врз рутите на снабдување, движење на војски итн,)
Сличен беше случајот со В. Британија. Остров кој е тежок за инвазија (по природа островите се тешки за освојување), непречени поморски рути, немање соседи кои преку ноќ може да извршат инвазија итн.
Русија (СССР), огромна тероторија, чија инвазија бара страшна логистика, сите центри поставени длабоко внатре во границите на земјата, изобилство на ресурси и сл.

Неуспешни суперсили кои имале потенцијал да бидат многу повеќе од Британија, Русија се Германија и Франција. Заради тоа што имале моќни соседи не успеале сосема да бидат тоа што биле гореспомнатите. Тука влегува и Јапонија, само подоцна за нив.

Кина ги има следните соседи:
Јапонија, технолошки напредна земја, втора најмоќна морнарица после САД, трета економија во светот. Непријателски настроена кон Кина, и моментално можеби главен конкурент.
Ј. Кореја, слично на Јапонија, само во помала верзија.
Виетнам. Има копнена граница со Кина, огромен брег и се наоѓа со територијални спорови со Кина. Брзо растечка економија (раст од 7%+), скоро со 100 милиони население, мини верзија на Кина (Западот полека ги префрла дел од производствените погони од Кина во Виетнам), до заби вооружена со модерни (најчесто Руски) оружја.
Индија, главниот конкурент на Кина. Индија е се што беше Кина пред десетина и нешто години. Нуклеарна сила, брзо растечка економија (7-8% на годишно ниво), огромен број на работна сила, тренд што кај Кинезите ќе се намалува, а ќе расти во Индија и најмногу земја која вложува многу во наука и технологија (иако како и Кинезите се главно сеуште зависни за оружје од Русија). Постои територијален спор меѓу двете земји, со доста војска на границите)
И секако тука е Русија, иако единствениот сојузник на Кина, сепак потенцијален непријател. Кина станува се повеќе зависна од енергенси, а Русија е земјата што го зголемува својот удел во тоа поле. Напредна армија, како што Кина расти, така расти и влезот на Руско оружје и енергенси во Кина, а со тоа и Руското влијание врз Кина.
Секако тука се и Индонезија, Филипините, и некои помали играчи, кои засега се непријателски настроени кон Кина.

Од страна на технологија... Кина самите најверојатно нема никогаш да го стигнат Западот. Целата технологија е во рацете на Западот, а тоа е последица на неколку векови развој и размена на знаења помеѓу Западните земји. Сите оние откритија, знаење акумулирано со вековите, цела наука во буквално сите полиња, го даваат овој резултат што го имаме денес. Буквално секое парче технологија што го имаме денес е развиено и направено (не произведено) од Запад. На Кина и фалат неколку векови развој, а тој недостаток се гледа кај Кинезите. Секој облакодер, аеродром, нуклеарна централа, железница, мост е дизајниран од Западни компании.

Друг проблем на Кина е нејзината популација. Поправо популација која нагло старее и дисбалансот меѓу мажи и жени, како основа за можно растење на популацијата во иднина. Овде Кинезите сами си пресудија со нивната политика на едно дете што траеше повеќе од 3 децении??

Ова што сега се случува со Кина многу потсетува на тоа што се случувало со Јапонија во 70 и 80тите. Брзо растечка економија со популација која тогаш нагло расти, било само прашање на време со тој раст кога ќе ја превземе титулата од САД. Огромен извозник, технолошки напредни (за разлика од Кина сега). Користење на слична тактика како мека сила, слично на Кинезите денес.
Јапонија денес е далеку од било каква суперсила. Прашањето е дали ова ќе биди реалноста за Кина во 2050?
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780

Само со една битна разлика во однос на Јапонија, ги нема нејзините ограничувања. Ограничувањата во однос на територијата, населението и достапните ресурси. Има огромно население, што ги прави огромен пазар и им дава простор за маневар. Во спротивно се согласувам дека потенцијалот ќе им беше лимитиран на извозно ориентирана економија, која зависи од американскиот пазар, што е случај со Јапонија и Ј. Кореја. Реално Јапонија никогаш не стана сериозен конкурент бидејќи, покрај патронажата од САД, никогаш не можеше да развие доволно голема домашна побарувачка за економскиот раст да биде одржлив. Така економската политика им беше врзана за црвените линии кои САД арбитрерно, по свои потреби, им ги одредуваше. Тоа, плус демографските проблеми и неколку несреќни политички одлуки, беа причина за таа lost decade, од која никогаш не се опоравија.
За разлика од тоа, Кина може делумно да се извлече од тие природни економски замки со помош на својот домашен пазар. Веќе ја има најголемата средна класа во свет и е најголемиот пазар за луксузни добра во свет. Меѓутоа тука има еден голем прашалник за степенот до кој Комунистичката партија на Кина е подготвена да дозволи создавање на голема средна класа со голема потрошувачка моќ, бидејќи потрошувачкото општество и економската слобода, со себе носат и барања за политичка слобода. Ако Кина продолжи импресивно да расте, со растот на продуктивноста и растот на БДП пер капита, природно ќе се појави и тоа прашање, а тоа може да им предизвика сериозни политички конфликти во иднина. Или можеби social credit system-от тогаш ќе им се најде :).
Растот на расположливиот доход и БДП пер капита им е потребно за да развијат терцијарен сектор и да транзитираат во развиена економија. Во секој случај, тоа е едно од големите прашања кои ќе ја детерминираат иднината на Кина, како КПК ќе го менаџира тој процес. Меѓутоа, за разлика од Јапонија, барем ја имаат можноста да поминат преку таа пречка.
САД од времето на втората половина на 20 век, во златната доба на demand-side economics, ја контролираа целата светска економија на овој начин, со помош на својот домашен пазар.
Мене Кина многу повеќе ме потсетува на историска Јапонија од 1860 до 1914 година, бидејќи имаат сличен пат и стратегии на развој.

За демографијата си сосема во право, тоа е другото битно прашање. Населението им старее, веројатно е дека политиката за едно дете ја променија прекасно. Немаат сеуште стабилен државен систем на социјална заштита, што им го заробува добар дел од расположливиот доход на населението, и го насочува во штедење, наместо во трошење. Во трка се со времето, да ја зголемат продуктивноста пред трендовите да почнат да го земаат својот данок.
Трет потенцијален проблем е високото ниво на приватен долг и неразвиениот институционален систем, кој ќе треба во иднина да се справува со вистинските класични капиталистички кризи. Ставањето под тепих на меурите кои им се појавија после финансиската криза е редовна пракса. До кога ќе можат да го злоупотребуваат WTO, да ја девалвираат валутата за стимулирање на извозот, да продолжат со протекционизмот и контрола на капиталот додека промовираат меѓународна трговија.
Прашања дефинитивно има многу, меѓутоа имаат и потенцијални одговори. На исходот заеднички ќе бидеме сведоци.

Иначе, за првиот дел, тоа е прилично добар аргумент, кој некако често останува во позадина. Тој цел регион не е помалку комплексен од Европа или БИ. Некои аналитичари ситуацијата и меѓуодносите на земјите во Југоисточна Азија ја споредуваат со ситуацијата во Европа пред Прва светска војна. Што не е симатична аналогија. :)

ПС: може некој модератор ако не му е проблем да ја префрли целата дискусија во темата за Кина, за да не го поти пак оној од погоре.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Расте европската поддршка за британскиот предлог за воено-поморски излет во заливот Хормуз.
(копитариве наши и без членство во ОТАН ќе се натртат, ќе испратат војници, зарем нивните синови ќе го јадат стапот па да се грижат!)

Војна, ... или американски безбедносен рекет "за обезбедување на пловидба низ Хормуз теснецот" (Трамп си тера бизнис)?

Европа недвосмислено го поддржува британскиот предлог за "заедничка воена експедиција во теснецот Хормуз", Иран остро се спротивставува на тоа (за сега само вербално) ... па така војната всушност започна (Американците и Британците се веќе "на почетни позиции").

При евентуалната блокада на Хормуз најзагрозена би била Кина (преку 91% од увозот на нафта е од Иран), која сега мудро молчи и чека .. можеби гледа можност и чека вистинскиот момент да ги тестира своите Хипер-сонични ракети со кои се вооружени нејзините бродови (во иранските пристаништа) и со помош на своите "прокси-Иранци"?

Есента наближува а судејќи по најавите може да биде многу интересна ... подобриот (попаметниот = посилниот) ќе победи!
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
САД-Иран: Разузнавчка војна за контрола на Блискиот Исток

Врз основа на интересите на колонијалните сили подрачјето и се дефинира како Блиски Исток (Near East) или Срден Исток (Middle East), па потоа се додаваат јадрена регија или рабни подрачја. Како и да е по завршувањето на Студената војна САД отворено започна со спроведување на своите геополитички цели за воспитување на непослушните држави, некаде со мека сила а некаде и со разгорување војни по претходна подготовка преку инструментите како што се: етнички судири, човекови права, корупција, национализам или религија, зависи што е покурентно во даденото подрачје.
(ние го јадевме стапот под закрила на корупција со мали примеси на етнички забегувања)

Преку стратегијата Анаконда САД успеа да го заокружи Хартленд, надворешниот прстен Римленд се доработува во моментов...
Трба да се рече дека политиката која ја води САД е многу добро усогласена со политиката на Израел, па на моменти не се знае кој вода носи а кој малтер меша.

Иран е исклучително голема земја, и со тоа навистина голем залак за САД со екипата. Иран се најде во центарот на интересите на меѓународната мафија (самонаречена западни сили), пред се на САД, Израел и ЕУ колонијалните сили, кои успееја да го вмешаат, директно или индиректно, во сите војни на Блискиот Исток - од Ирак, Сирија, Либан, окупираната Палестина, а Иран е со децении изложен на груби економски санкции на Западот (специјална војна).

Во оваа голема геополитичка, САД се обидува да ги изолира евроазиските сили - Русија и Кина Хартленд (Heartland -срцето), преку контрола на Римланд а со дестабилизација и хибридни војни. Во оваа “игра“, Иран е, клучна земја, (Украина не ги даде очекуваните резултати) а со чија територијална контрола САД би го обезбедил своето присуство од Турција (воена база), Ирак и Авганистан и Пакистан, па сè до Индија, Мијанмар и регионот на Азијскиот-Пацифик.
Во моментов се работи Хормуз премин преку кој поминува повеќе од 90% од нафтата, а САД со екипата смета дека ако го затвори овој премин ќе падне и Иран, по што би имале домино на сите земји во кои има влијание Иран.

За ваквиот развој на настаните се свесни и РФ и КИна па деновиве слушаме дека Руската Федерација
Русија штотуку на Иран му достави напреден електронски систем за електронско војување R-330Zh Zhitel SIGINT / jammer. Овој систем неговата моќ ја покажа во Донбас (регија во Украина) каде беше доставен на силите на ДНР (Народна Република Доњецк) и ЛНР (Луганска Народна Република) за време на украинската инвазија. Системот на силите на Новорусија им даде предност во борбата против украинските беспилотни летала, разбивајќи ги нивните комуникации и со неутрализирање на артилеријата со што спаси безброј животи, и кај вооружени формации но уште повеќе на цивилите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Да сумираме за претходниот месец:
Иран јасно рече ако нашите танкери нема да пловат, тогаш нема пловат на вашите. УК и други разумни полека почнуваат да ја разбираат пораката, најпосле истото би можело да се случи и кај нашите форумски ЕУСА-филичари, па од газето да им дојде во глава. Колку побрзо дојде до тоа, толку полесно ќе се живее, а нервозата ќе исчезне!
Готови се!
И Америка и Енглеска. Нема кај да бегаат!
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Готови се!
И Америка и Енглеска. Нема кај да бегаат!
Можеш иронија да истураш колку сакаш, нема проблем, може и да дуплираш тоа нема да ја смени реалноста.
Она што ме интересира е дали тоа го правиш од немоќ или од неупатеност?

И покрај твојата иронија тоа што си го напишал е за твоја жал вистина.
Светот денес повеќе не е прчија на западната мафија постојат и други сили кои му се спротивствауваат со што Светот се повеќе поприма мултиполарен изглед. Човек би рекол дека ти си против мултиполарност и повеќе суверност за помалите, зошто само ти знаеш.
Пред само 5 или 10 години твоите до сега барем СТО пати ќе извршеа инвазија врз Иран, а сега ги гледаме само како пи*кици лаат и гусарат туѓи танкери, ако е тоа доминација на западната мафија имаш криви наочари. Или кога стабилниот гение Трамп оди веќе 3 пати на баци-рака кај симпатичниот дебелко со прекарот Ракетмен, а овој само се смешка и продолжува да си ја штити својата држава со Н-бомб :uzi:. Тој “стабилниот гение“ или некој друг да не беше ситуацијата каква што ќе му испратеше некој ќељавко-Рикер кој деновиве беше овде и им залепи неколку воспитни на Мицковистите и тие се откажаа од предвремени избори а не самиот да оди дури до Северна Кореа...

Зошто отпор кон реалноста, верувај кога ќе ја видиш онаква каква што е ќе се ослободиш! :angel:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335

Северна Кореја не претставува апсолутно никаква закана за САД, тоа што го прави Трамп со Ким е еден театар, ништо више, и двајцата да ќарат некој политички поен, додуша на едниот не ни му требаат тие работи, само му е битно да спаси глава.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952

A kako Iran pretstavuva zakana za SAD?
 
А каде и од кого било речено дека Северна Кореа претставува закана за САД?
Можеби треба да послушаш неколку обраќања од страна на официелни лица од САД каде СК ја прогласуваат за најголем непријател и претставува закана за САД и неговите интереси, или до сега такви немаш видено-слушнато.

Она што може да се исчита од тоа што го напишав е дека САД оди по светот и си прогласува непријатели и закани па потоа се мајтапи како сака, и уште нешто дека повеќе и тоа не може да го прави со кого сака и кога сака туку треба внимателно да бира со кого ќе си игра.

A kako Iran pretstavuva zakana za SAD?
Не сака да им се покори, со самото тоа стануваш закана за САД!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
A kako Iran pretstavuva zakana za SAD?
Претставува зошто Иран се меша во внатрешните политики на државите во регионот и се труди да го исфрли западното влијание. Сеа не е директна закана за безбедноста но е закана за нивните интереси. За разлика Северна Кореа нема надворешно влијание и не претставува некоја опасност и служи само како плашило за просечниот американец.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Претставува зошто Иран се меша во внатрешните политики на државите во регионот и се труди да го исфрли западното влијание. За разлика Северна Кореа нема надворешно влијание и не претставува некоја опасност и служи само како плашило за просечниот американец.
Aman be pretstavuval zakana za SAD zatoa sto na iljadnici kilometri od teritorijata na SAD im gi remetel smetkite. Po taa logika na nestata sekoja drzava bilo kade na planetata moze i pretstavuva zakana za SAD samo zatoa sto se granici so drzava vo koja SAD ima vlijanie toest e banana republika. Ako odime po taa logika togas i Severna Koreja e seriozna zakana za SAD so ogled na toa deka ima nuklearno oruzje i ja ima na nisan Japonija, zemja glaven izvoznik na banani vo toj region od svetot i Juzna Koreja malce pomal izvoznik na tolku cenetoto juzno ovostie od cij nedostatok tolku se plasi prosecniot Amerikanec. Realno niti Iran niti Severna Koreja fizicki mozat da doprat do kontinentalna SAD pa sprema toa nema sto tuka prosecniot Amerikanec da gi polni gakjite.
 
Глупо многу ги гледаш работите, знаев дека ќе вратиш вака па го едитнав мислењето. Иран не претставува закана за безбедноста на америка, но е закана за нивните интереси на блискиот исток.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Па не е баш дека СК е плашило, откако се заостри ставот на САД кон Кина, почна омекнувањето на ставот кон СК.
Не викам дека не е игра на америте, ама повеќе ова го гледам како проба да не се крева апсолутна тензија во регионот.
Автоматски споено мислење:

Глупо многу ги гледаш работите, знаев дека ќе вратиш вака па го едитнав мислењето. Иран не претставува закана за безбедноста на америка, но е закана за нивните интереси на блискиот исток.
Им чуе на САД за регионот, Англија треба да се подржи таму.
А кога се во прашање израелските и англиските интереси, америте се готови да жртвуваат 1000 црнци за каузата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom