Инфо за обуки, семинари, конференции и слично

MarthaGraham

Олд Скул
Член од
21 ноември 2005
Мислења
673
Поени од реакции
8
Гледам дека нема досега отворено ваква тема (ако има спојте го ова), а мислам дека е доста важно да се информираат луѓето на форумов за разни можности за неформално образование од сите области.
Така што сите информации околу обуки, семинари, конференции, летни школи и слично постирајте ги овде.

Еве ја одма да почнам со нешто што ми се виде како доста интересно и пред се корисно за студенти по право, мада мислам дека и од други факултети може да аплицираат.

Ова е веб сајтот кај што може да ги најдете информациите

http://www.aegee-skopje.org.mk/law/

обуката за практични правни совети
„Како да направиш сам?“

17-18 февруари 2007

Во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопјe



Почитувани,
Како дел од работниот план за оваа година Асоцијацијата на европски студентски структури при Универзитетот ”Св Кирил и Методиј” - Скопје (АЕГЕЕ-Скопје) во соработка со Европската асоцијација на правници (ЕЛСА – Скопје), во периодот од 17ти до 18ти февруари 2007г. ќе изготви практичен тренинг курс за студентите од Правниот факултет.
Целта на проектот е да се запознаат студентите со формалните изготвувања на основните облици на правните документи во општа и во приватна употреба. Проектот ќе се одржи во 2 етапи, најпрво преку интерактивна презентација на тренерите, учесниците ќе се запознаат подетално со поимите договор, молба, тужба, жалба, барање и поднесок а потоа следи практичниот дел каде што студентите преку симулација на случаеви ќе имаат можност да го прикажат и усовршат своето знаење.
Како тренери земени се во предвид правници со стекнато практично искуство кои претходно имаат искуство во невладиниот сектор и работа со млади.
Сметаме дека овој проект е од особено значење за студентите од Правниот факултет бидејќи и покрај доброто познавање на теоретскиот дел од своите студии истите немаат доволно практично искуство, на овој начин студентите ќе имаат прилика своите теоретски познавања да ги применат практично и да добијат визуелна и реална претстава за својата идна професија.

Сите заинтересирани студенти кои сакаат да бидат дел од овој практичен тренинг курс треба да пополнат Апликацијата може да ce симнe од следниот линк: кликни тука - АПЛИКАЦИЈА - и "save as" .....
Пополнетата Апликација испратете ја на e-mail : aegeesk@gmail.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom