Информација за програма кириличен (Ascii) -> македонска поддршка (Unicode)

Член од
10 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
54
Во моментов ми е потребна, и ме интересира дали веќе постои програма, што од некој стар Екселски фајл, напишан на кириличен (Ascii) фонт , би го транскриптирал истиот на македонска поддржка (Unicode) ? И одприлика, колку би коштала да се купи ?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Во принцип, бараш конвертор од македонски фонт во кирилица?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Во принцип, бараш конвертор од македонски фонт во кирилица?
не
бара од македонски фонт во македонска поддршка
не се разбирам многу многу ама ова може и да не е возможно
немам сретно ваква програма
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
не
бара од македонски фонт во македонска поддршка
не се разбирам многу многу ама ова може и да не е возможно
немам сретно ваква програма
Па истото го кажав и јас, македонски фонт во македонска системска кирилица.
И секако дека е возможно. Има еден куп онлајн конвертори кои се бесплатни (како овој) и додадоци за Office.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Ние ги копиравме од Ексел во Ворд, ги конвертиравме со ЛС конвертор мак и пак ги враќавме во Ексел.
pemperle ако немаш многу табели пробај така. Малце е после без везе да се средат колоните :) ама не знам за поинаку.

Бтв, штета не извадија нашиве конвертор и за Ексел
 
Член од
10 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
54
Фала Ви дечки. Одприлика ми треба за фајлови со 15000+ реда. Инаку, од програмата што ја предложи Никола, нај-многу што би можело да помогне за конкретниов случај, само е функцијата Search & Relpace, кое пак не е многу удобно да се прави.

И за крај, разработката колку би коштала ? Проста програма, без некои непотребни функции. Влезот да е екселски фаил напишан примерно на MAC C Swiss, и излез, истиот тој фајл на македонска поддршка.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Не верувам дека би чинела повеќе од 50-тина евра за едноставно search/replace vba програмче. Но како ќе го решиш проблемот зависи и од структурата ... ако е некој тип на адресар, или други табели без формули можби е најпаметно со копирање во word, конверзија и враќање во excel (погоре некој веќе го спомна ова).
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Фала Ви дечки. Одприлика ми треба за фајлови со 15000+ реда. Инаку, од програмата што ја предложи Никола, нај-многу што би можело да помогне за конкретниов случај, само е функцијата Search & Relpace, кое пак не е многу удобно да се прави.

И за крај, разработката колку би коштала ? Проста програма, без некои непотребни функции. Влезот да е екселски фаил напишан примерно на MAC C Swiss, и излез, истиот тој фајл на македонска поддршка.
Ако можиш да ги експортираш во CSV (Comma Separated Values), а можиш, ексел дава таква опција на File-> Save As мислам дека можам да ти средам програмка (Windows) шо ќе ги конвертира, па после од новото CSV ќе си генерираш XLS.

Ако имаш многу фајлови, можи автоматски да исчита се од еден фолдер со сите фајлчиња (да речиеме пикаш сите CSV во C:\Data) и да ги запиши на нова локација.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Јас имам конвертор од yuscii во unicode за ексел. Незнам дали уште работи со новиве верзии на ексел, пиши како да ти го пратам
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
1.894
Има едно програмче од Логин системи, не знам сега линк го имам спуштено одамна, се вика ЛС Конверт Мак и се појавува во табот add-ins откако ќе го спуштиш. Ја го користам на ворд, не знам дали би можел да го екпортираш како текст тоа што ти е за конверзија. Во секој случај нека стои ова ако на некој му треба вакво за ворд.

Ама проблем со ова е што треба да го отвориш документот па после да дадеш команда да се конвертира.
Јас сакам нешто што ќе му кажам кои документи ми се за конверзија и тоа самото сите да ги конвертира.
Знае некој вакво програмче?
 
Член од
10 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
54
За Excel веќе се прави пограма, за Word мислев дека нема да треба, но може да се додаде и таква можност. За некое време ќе биде качена некаде ;)
 
Член од
12 март 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво дечки. Ова е малце некро тред ама со оглед на недостигот на македонски форуми се надевам не е проблем да го воскреснам.
Ако некој уште има проблеми со транслитерација на ексел (.xlsl) фајлови напишани со македонски фонт (YUSCII) во unicode кирилично писмо шо можит да е прикажано од секој нормален систем тогаш во Excel експортирајте го фајлот како unicode txt. Нема да биде csv но од тука веќе можете да работите нормално, да го парсирате низ некое програмче да му стајт запирки кај шо требит, битно ќе биде напишан со кирилична поддршка.
Се надевам бев од помош.
 
Член од
15 ноември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
1
Да информирам дека е направен ЛС КонвертМак за Microsoft Excel - работи на сличен начин како конверторот за Word. Може да се симне од страната тука. Моментално е во бета фаза и ќе ни користи ако некој го користи во оваа фаза и да ни даде фидбек. Откако излезе финалната верзија, нема да имаме можности да менуваме подолго време. Благодарам.

BetaVerzijaLSKonvertMak365Excel.JPG
 
Kajgana Shop

На врв Bottom