Gorco напиша:
Оф топик, зошто не го ставите сајтот под
http://www.tfb.uklo.edu.mk/ , како што е
http://ii.pmf.ukim.edu.mk ?
Бидејќи темава е за Информатички смер. А и башка сајтот на ТФБ е многу сиромашен со информации, никој не го update-ува, дури и не се замараат за сајтот, многу често серверите паѓаат.
А додека сајтот ti-tfb.net го надгледуваат одговорните за смерот Информатика, и донекаде се грижат за додавање нови информации и податоци што би му требале на еден студент.
П.С. Само едно не чини, тоа што не ставаат годишен распоред на испити на сајтот, и јас треба да идам на факултет за да видам кога имам испит или пак да терам некој колега да види и да ми каже.
А друга ствар што е многу добра е тоа што гледам на сајтот има Online пријавување на испити, само што уште не работи тој модул. А дали ќе проработи господ знае.
Нема одговорни кои би се грижеле секојдневно за сајтот на ТФБ, и сајтот да добие солиден дизајн. По тоа се гледа колку е факултетот заинтересиран за нивниот сајт. Жално.