Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.620
- Поени од реакции
- 59.444
Или сте заборавиле да отворите тема за дербито, или мене ме има фатено слепило. Ако има, нека спојат. И онака го пишував текстот за сајт па еве нека послужи за вовед:
Џиџи Буфон направи за него невообичаена грешка против Лече и му даде шанса на Милан повторно да влезе во трката. Тренерот Алегри е блиску до отказ и веројатно само Скудетото може да му ја зачува работата, додека останува отворено и прашањето за иднината на Страмачиони во Интер. Младиот тренер има ретка прилика да се докаже и во едно големо дерби и ако ја искористи, би можел да го положи испитот.
Натпреварот се игра во недела во 20.45, во ист термин со останатите поради регуларност. „Во последните 15 минути се чувствувавме како да сме во театар, чекајќи го крајот на операта“ - рече Алегри за моментот од голот на Лече против Јувентус па до крајот.
Ова е петто дерби за Алегри и зачудувачки, Страмачиони е петтиот тренер на Интер против кој ќе игра. Интер ја подигна играта и ќе беше ова спектакуларно дерби доколку Неразурите победеа во Парма, но грешките во одбраната го исфрлија Интер од резултатските калкулации.
Интер доминираше во Дербито на Мадонина за време на Манчини и Мурињо, но загуби три од последните четири натпревари од кога Алегри е на клупата на Милан. Единствениот исклучок беше победата од 1-0 со Раниери во јануари.
Во Интер недостигаат Киву и Кастињос а сезоната заврши и за Дејан Станковиќ. Се очекува Страмачиони да излезе со 4-3-2-1 формација, поставувајќи ги Алварез и Снајдер зад Милито.
Кај Милан повредени се Сидорф, Пато, Емануелсон, Флавио Рома и Инзаги. Одбраната на Милан би можела да има проблеми затоа што и Тиаго Силва и Абате не се најподготвени а младиот 19 годишен десен бек Матиа Ди Скиљио би можел да го одигра своето прво дерби.
Да се внимава на: Златан Ибрахимовиќ. Тој е еден од двајцата поранешни фудбалери на Интер во дресот на Милан, кој ќе стартува (вториот веројатно ќе биде Мунтари). Има постигнато 4 гола на дерби натпреварите, по два за обата тима. Ибра ја освојуваше титулата во сите сезони поминати во Италија и сеуште има шанси да го задржи перфектниот скор.
Статистика: Во сите 77 дерби натпревари кои Интер ги одиграл како „домаќин“, Неразурите имаат 27 победи, 23 пати се радувале Росонерите и 27 пати натпреварот завршил без победник. Покажани се 6 црвени картони на последните 6 натпревари, по 3 за двата тима.
Можни состави:
Интер: Цезар, Маикон, Лусио, Самуел, Нагатомо, Камбиасо, Гуарин, Оби, Алварез, Снајдер, Милито.
Милан: Абиати, Ди Скиљио, Неста, Мексес, Антонини, Ночерино, Амброзини, Мунтари, Боатенг, Ибрахимовиќ, Касано.
Натпреварот започнува утре во 20.45.
Интер - Милан, најава
Интер ги загуби шансите за пласман во квалификациите за ЛШ, па единствената мотивација Неразурите ќе ја црпат од вечното ривалство. За Милан, Скудетото сеуште е достижно и Росонерите е под императив да победат и по секоја цена да ги освојат трите бода.