И како или кој конкретно ги зафркнал? И како може само еден случај на „зафркнување“ (ако воопшто и било такво нешто) да биде меродавен за сите други начини на заработка да ги класифицираш како непостоечки? Исто како да кажеш дека секоја платежна картичка е превара поради тоа што Лајонес картичките се превара.
Чекај вака една работа да ти кажам: Некои луѓе заработиле преку интернет, ама пред тоа имале сума на пари со 3 - 4 нули
изразена во евра... И после некое време парата ја дуплирале... Аналогија на тоа ти е исто како што денес некој што е роден 80-тите тера бизнис, ама на готово започнат од татко му во почетокот на 90-тите...
Значи како викаат парата на пара оди...
Но не може некој без скршен динар да заработи голема пара преку интернет... Јас досега таков човек во животов не сум видел, што почнал од нула а се збогатил преку интернет заработка... Има на интернетов доста такви стории, како на пример на нашиве сајтови за сва и свашта (точка, мотика, маркукуле, црнобело, кукурику, репортер, телеграф) ама тоа се измислени приказни за да некој сајт има читаност и да се привлече внимание...
Малку оф топик е ова ама ќе те прашам: Дали луѓето што купија мобилни телефони НОКИА 1.100 што „наводно“ ги празнеле банкарските сметки во периодот од 2010-2012 година се збогатија???
И да се заработуваа така пари преку интернет никој немаше да работи тешка и мачна физичка работа којашто го уништува здравјето...