Интернационален фестивал на алтернативна фотографија - Зрно

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Во периодот од 5ти до 10ти јули за прв пат во Македонија ќе се одржи фестивал на алтернативна фотографија.
Локацијата се уште не е потврдена, но ќе трае 5 дена, ќе има 6 работилници и последниот ден изложби.

Сега за сега ќе има:

- лумен принт BD48EBBF-97AB-4C94-B588-03B208BA0956.jpeg


- колодион A20C5597-8F1C-4D3F-A443-0D7597185EE8.jpeg


- камера обскура EFD723C0-D268-4CAD-BA97-CBFC32E3FFD9.jpeg


- класична црно-бела аналогна фотографија 10F714A6-BCE3-41E9-B478-8982B1099876.jpeg


- гумотипија 1DC27CD2-50AD-4F9C-B7F5-072D34400C73.jpeg


-цијанотипија 43A7AA99-C99F-4CCA-84EB-1034230DA7F7.jpeg

Дали има некој за дружба? :) дефинитивно сакам лумен принт и цијанотипија да видам што е како е, дека би сакала да пробам после и од дома сама. Колодион е малку посложено ама дефинитивно треба да се проба :)
 
Последно уредено:

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Во наредните денови ќе напишам и по некое ибјаснување за секоја техника посебно. Ако сте пробале или знаете вие, пишете :)
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Работилниците претпоставувам се плаќаат нели? А и, секој треба да има своја опрема или? (Или сѐ уште е рано за да се знае?)

Инаку звучи преинтересно! Јас би се придружила и те како!
Инаку овие постапки ги учевме кај една проф. што ни предаваше фотографија, уживав во предметот! Ама ќе лажам ако кажам дека се сеќавам на деталните постапки, а и предметот уште не ми е положен, така да фестивалов ќе ми дојде како цреша на шлагот. :pipi:
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Работилниците претпоставувам се плаќаат нели? А и, секој треба да има своја опрема или? (Или сѐ уште е рано за да се знае?)

Инаку звучи преинтересно! Јас би се придружила и те како!
Инаку овие постапки ги учевме кај една проф. што ни предаваше фотографија, уживав во предметот! Ама ќе лажам ако кажам дека се сеќавам на деталните постапки, а и предметот уште не ми е положен, така да фестивалов ќе ми дојде како цреша на шлагот. :pipi:
работилниците ќе се доста евтини, се бараат спонзорства за да може да се задржат ниски цени :) пример цијанотипија би била околу 2-3 иљади денари што мислам дека стварно не е многу, а опремата ја добиваш на фестивалот :) Милам дека најскапа работилница ќе е колодионот 150 евра, што кога ќе видиш за 5 дена со сите материјали пак не е толку скапо.
А каде имаш учено фотографија?
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
работилниците ќе се доста евтини, се бараат спонзорства за да може да се задржат ниски цени :) пример цијанотипија би била околу 2-3 иљади денари што мислам дека стварно не е многу, а опремата ја добиваш на фестивалот :) Милам дека најскапа работилница ќе е колодионот 150 евра, што кога ќе видиш за 5 дена со сите материјали пак не е толку скапо.
А каде имаш учено фотографија?
Уф па добро...2-3000 и не се малку за студент...ама тоа значи да почнувам да штедам :D
Инаку фотографија имав предмет на факс, ама не беше практичен, туку во склоп на историјата на уметноста ги обработувавме и фотографите од Дагер па до денес и пропратно ги учевме техниките кои ги користеле.. :)
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Уф па добро...2-3000 и не се малку за студент...ама тоа значи да почнувам да штедам :D
Инаку фотографија имав предмет на факс, ама не беше практичен, туку во склоп на историјата на уметноста ги обработувавме и фотографите од Дагер па до денес и пропратно ги учевме техниките кои ги користеле.. :)
А имавте и практично нешто? Супер звучи, не знаев дека ги предаваат техникиве

за цената сори, сум изгубила изгледа осет зацените кај нас :( некако океј ми се виде 2 иљадарки за 5 дена
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Колодиумската фотографија е стар, благороден фотографски процес од средината на XIX век.
Еден од првите фотографски процеси. За тоа време крајно револуционерен, поради квалитетот, острината и богатството на детали, кои сѐ уште се тешко достижни и со современата техника. Овој тип на фотографија бара самата фото емулзија да е рачно направена, нанесена, експонирана и развиена во само десетина минути.

Учи колодиум со Зрно
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Лумен принт се соларни фотографии кои се создаваат без употреба на фото апарат. Потребно е само фото сензитивна хартија која се експонира со УВ светло или на сонце. Со употреба на различни фото хартии ефектот е различен и секогаш се добиваат уникатни фотографии кои е тешко да се повторат.

Учи лумент принт со Зрно
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
има и цијанотипија што е ептен лесен и супер интересен процес! Играјќи со сонцето се прават фотографски отпечатоци, на хартија и некои природни материјали, кои потоа можат да се облагородуваат (тонираат) со чај, кафе, вино...

Учи цијанотипија со Зрно
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Знам дека не напишав ништо шоише и тапа сум :( ама бујрум на изложба каде ќе се покаже што е направено и научено на фестибалот
КИЦ 9ти август во 20:00 часот
7EA2BB0D-B534-4CEC-A136-47E96081AF68.jpeg
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.552
Здраво дечки

Зрно фестивал из каминг бек! Оваа година ќе се одржи во Цапари, ќе трае една недела (што значи повеќе забава и повеќе експериментирање).

Освен тоа што има еден куп нови супер работилници, оваа година има и ОТВОРЕН ПОВИК со многу добро интернационално жири

пријавете де на време и се гледаме на Зрно

Зрно 2023
 

Kajgana Shop

На врв Bottom