Интересни совети

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Како да го надминете стресот



Со стресот се соочуваме секојдневно. Стресот влијае врз здравјето како и врз севкупното расположение кај човекот. Човекот се навикнува на живот под стрес и на тензијата што ја доживува, а прави многу малку или не презема ништо за да се справи со негативните влијанија на стресот.

Колку често Ви се случува да имате постојани главоболки, покачен крвен притисок, несоница, се чувствувате нерасположено, потиштено, како целиот товар од светот да паднал токму на Вас. А, што правите за да го намалите таквото чувство кое што го доживувате? Доколку се прашувате дали самите можете нешто да преземете во текот на денот за да го намалите стресот што го чувствувате, одговорот секако е ДА. Дури и кога не се чувствувате премногу напнато можете да работите на намалување на стресот. На таков начин ќе придонесете за подобрување на Вашиот стил на живеење.

Намалувањето на стресот не е тешко, потребно е само да посветите малку време на планирање како да направите промени во Вашиот живот. Мал напор од Ваша страна ќе Ви помогнат да се чувствувате подобро во секојдневните активност и комуникацијата со луѓето. Започнете да работите на намалување на стресот и веднаш ќе ги забележите промените!

Направете список на сите оние работи кои што го предизвикуваат или влијаат на Вашиот стрес. ЗАПИШЕТЕ СЀ. Потоа прочитајте го списокот и видете што е она штоможете да го одстраните од Вашиот живот. Нормално, некои работи иако се стресни, сепак не можете да ги одстраните, но фокусирајте се на оние работи кои што се стресни за Вас и можете нивното влијание да го сведете на минимум.

РЕЛАКАСИРАЈТЕ СЕ
. Релаксацијата е нешто што треба да биде на Вашиот дневен распоред СЕКОЈ ДЕН. Времето поминато во релаксирање на телото и умот значително помага во намалување на стресот што се доживува во текот на денот. Не заборавајте релаксацијата е потребна за Вашето здравје.

ВЕЖБАЈТЕ
. Вежбањето ќе Ви помогне во исфрлање на негативната енергија која што ја имате насобрано во Вас и верувајте ќе се чувствувате многу поопуштено и ќе бидете подготвени за сите нови предизвици кои што Ви ги нуди животот. Ставете го вежбањето во Вашиот дневен распоред.

Искористете ја ПРИРОДАТА. Поминете го слободното време во прошетки. Дишете длабоко и уживајте во убавините што ги нуди природата.

ДРУЖЕТЕ СЕ
. Не ги заборавајте пријателите. Одвојте време да се видите со некој пријател. Човекот е социјално суштество и токму поради тоа има потреба од комуникација.

СМЕЈТЕ СЕ
. Смеењето помага во намалување на стресот. Помага да ја намалите негативната енергија која што се насобрала во Вас.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
КРИТИКАТА ПОТТИКНУВАЧ НА ЛИЧНОСТА
Фасцинантноста на човечкиот ум ни овoзможува да се самодокажуваме, да напредуваме, да достигнеме емотивно задоволство и лична сатисфакција. Кога верувате во себе и она што го сакате, кога имате визија за Вашиот живот, кога позитивноста е водич во вашиот ум, кога не дозволувате надворешните влијанија и фактори да Ви се испрачат на патот, тогаш и само тогаш Вие ќе успеете.

На патувањето кон остварување на Вашиот успех ќе се случува да добивате критики. Критиката која ја добивате без разлика дали е на професионален или приватен план, нека не Ви претставува пречка за да чекорите напред и да се демотивирате. Дозволено е да се прават грешки, ако не ги правиме нема ниту да знаеме што е најдоброто за нас, ниту пак ќе ги усовршиме нашите потенцијали. Секогаш кога ќе згрешите поставете си го прашањето: „Што научив јас од ова?“ На тој начин ќе ја доживеете позитивната страна на секоја грешка.

Критиката ја мотивира волјата и амбицијата, раѓа желба за да бидете уште поупорни за да докажете дека можете и умеете и да негирате дека потпаѓате под влијание на оние кои сакаат да Ви ја нарушат хармонијата.

Не замерувајте на оној кој ве критикува, сетете се дека секоја конструктивна критика крие огромен потенцијал за најважната личност на светот - тоа сте Вие - да се унапреди себе си и својот перформанс.

Не дозволувајте да се доведете во ситуација да не поставувате високи цели или да го занемарите сопствениот избор на кариерата поради стравот од критика на роднините, пријателите или претпоставените. Не заборавајте дека можеби оној кој Ве критикува Ви завидува или обратното Ви посакува се најдобро и Ве почитува настојувајќи да Ве поттикне и да Ви помогне да ги остварите своите соништа.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
САМОДОВЕРБА

Самодоверба Сте размислувале ли некогаш за Вашата самодоверба? Самодовербата е мислењето кое што го имате за себе си. Во формирањето на Вашето мислење за себе си влијае начинот на кој што се вреднувате, колку ја сакате работата која што ја работите, колку се внесувате во работата што ја работите, досегашните постигнувања... Размислете каква е Вашата самодоверба. Размислете дали сте задоволни со она што го работите. Дали сте среќни? Следат неколку насоки кои Ви се потребни за да бидете среќни со самите себе. Животот не е трка. Не се обидувајте во сѐ да се натпреварувате со другите луѓе. Поставете сопствени стандарди и свои граници и обидете се да ги постигнете. Натпреварувањето со другите ја троши Вашата енергија бидејќи го трчате патот што некој друг го замислил, а не Вие. Разберете се себе си. Размислете и откријте ги Вашите јаки и слаби страни. Ќе се чувствувате многу позадоволно и ќе станете многу поуспешни доколку го работите она за кое што сте добри, а воедно прифатите дека постојат слабости кај Вас кои што треба да се подобрат. Фокусирајте се и на малите успеси. Замислете што навистина е важно за Вас, што сакате да постигнете. Кога го знаете тоа можете да поставите јасни цели и чекор по чекор започнете да ги исполнувате. Во патеката на исполнување на целите радувајте се на секој поминат чекор. Обидете се да дадете сѐ од себе. Дури и кога ја извршувате најбаналата и најпростата работа на светот направете го тоа најдобро што можете. На таков начин многу подобро ќе се чувствувате со постигнатиот успех. Бидете среќни! Бидете среќни со својот живот. Бидете благодарни со сѐ она што го имате, со сѐ она што досега го имате постигнато. Уживајте во животот! Не се оптоварувајте премногу и никако немојте да дозволите обврските да Ви претставуваат товар во животот. Посветете внимание и на своето здравје. Едноставно релаксирајте се и уживајте во животот...
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Посветете се на непрекинато учење
За да заработувате повеќе, морате повеќе да учите. Вашето ниво на моментално знаење е „надминато“. Не можете да постигнете повеќе или подобри резултати едноставно така што ќе вложите повеќе труд во користењето на сегашните способности. Ако сакате во иднина да заработувате повеќе, морате да ги учите и да ги применувате новите методи и техники на делување. Имајте ја на ум старата изрека: „Колку повеќе сте фокусирани на она што го работите, толку повеќе ќе заработувате од она што инаку го заработувате.“

Факт е дека доживуваме експлозија од знаење и технологија што нема преседан во човечката историја. Тој напредок создава нови конкуренти и ги наведува постоечките да развијат подобри, побрзи, поевтини начини на делување. Затоа непрекинатото образование е основниот предуслов за успех на секој поединец кој се занимава со бизнис во денешниот свет.

Иднината им припаѓа на оние кои учат, а не на оние кои само напорно работат. Најплатените деловни луѓе трошат многу повеќе време и пари на личното усовршување и модернизацијата на своите вештини, отколку што тоа го прави просечниот деловен човек. Поради тоа тие заработуваат многукратно повеќе на било кој пазар.

Непрекинатото учење е како постојана ментална фитнес програма за шампионите во бизнис светот.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Како да се заштитите од негативните влијанија

За заштита од негативните влијаниа, од сопствените или оние што се резултат на активностите на негативните луѓе околу вас, сватете дека вие располагате со сила на волјата. Придвижете ја неа во постојана акција се додека таа во вашиот ум не изгради ѕид кој ќе биде имун на негативните влијанија.

Сметајте на фактот дека вие, како и секое друго човечко суштество сте мрзливи по природа, ве обзема рамнодушност и подложност на сите видови сугестии што се поврзуваат со вашите слабости.

Сметајте на фактот дака вие по природа сте подложни на влијанието на сите шест основни стравови и усвоите ги навиките што ќе ви овозможат да им се спротивставите на сите овие стравови.

Сметајте на фактот дека негативните влијанија често делуваат врз вас преку вашиот потсвесен ум, па поради тоа е тешко да ги откриете, а притоа држете го својот ум затворен за сите луѓе кои ве притискаат или ве обесхрабруваат на кој и да е начин.

Испразнете го своето шкафче со лекови, фрлете ги сите шишенца со таблети и престанете да им одите во прилог на настинките, на разните заболувања и имагинарните болести.
Свесно барајте го друштвото на луѓето кои ве поттикнуваат да размислувате и да дејствувате независно.

Немојте да очекувате непријатности, затоа што таквите луѓе, по правило никого не го разочаруваат.

Без никакво сомневање, најчестата болест на сите човечки суштества е навиката да го оставаат отворен својот ум за негативното влијание на другите луѓе.
Оваа слабост е уште поштетна, затоа што повеќето луѓе не се свесни дека ја има во нив, а многумина кои се свесни дека ја имаат, ја занемаруваат или одбиваат да го поправат тоа зло, се додека тоа не стане дел од нивните навики кои веќе не можат да се контролираат.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Бидете проактивни


Животот е книга, а Вие сте нејзиниот автор. Вие ги одредувате содржината и ритамот на одвивање на настаните. Само Вие можете да ги вртите страниците.


Животот не се случува „туку така“. Свесни биле или не животот сами си го дизајнираме. На крајот на краиштата самите го правиме секој избор. Одбираме среќа или одбираме жалост. Ја одбираме посветеноста или ја одбираме пасивноста. Го одбираме успехот или го одбираме неуспехот. Ја одбираме храброста или го одбираме стравот. Секој нов момент и секоја нова ситуација ни овозможуваат нов избор. Искористувањето на секој нов избор нуди извонредна шанса да ги правиме работите на поинаков начин за да постигнуваме многу попозитивни резултати.

Да се биде проактивен значи да се преземе одговорност за сопствениот живот. Не може за се да се обвинуваат родителите или потеклото, директорот или колегите. Дали дозволувате тешкото детство, генетското наследство или лошата работна атмосфера да го контролираат Вашиот живот? Често одлично оправдување за сите наши проблеми е изговорот: „Израснати сме во сиромаштија“. Треба да знаеме дека секогаш ја имаме можноста за избор - секој го поседува тоа најголемо богатство.

Проактивните луѓе се свесни дека можат да ја преземат контролата над својот живот. Тие вината за нивното однесување не ја наоѓаат во условите, ситуацијата или окружувањето. Тие се свесни дека сами го избираат начинот на кој што се однесуваат. Реактивните луѓе, од друга страна, најчесто се зависни и дозволуваат да им влијае физичкото окружување. Ако времето е убаво тогаш и тие се чувствуваат убаво. Ако не, тогаш тоа им влијае на расположението и на способноста за работа.

Се додека не се спознаеме себе си и не сме свесни за себе како посебен дел, одделен од другите и од окружувањето - дури се додека не се одделиме од себе си за да можеме да ги надгледуваме сопствените тенденции, мисли и намери - немаме основа за да ги познаваме и почитуваме другите луѓе.

 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
City, која треба да е нашата дискусија?
Постави ја темата во некоја насока која ќе води кон дискусија
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
City, која треба да е нашата дискусија?
Постави ја темата во некоја насока која ќе води кон дискусија
Зарем мислиш дека секој тема треба да има дискусија?

Ако мислиш дека има потреба да биде Read Only слободно стави ја како таква, ако мислиш дека не ги задоволува твоите модераторски критериуми слободно ставај клуч и бриши.

Некако прашавањево ти е многу тенденциозно.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Зарем мислиш дека секој тема треба да има дискусија?

Ако мислиш дека има потреба да биде Read Only слободно стави ја како таква, ако мислиш дека не ги задоволува твоите модераторски критериуми слободно ставај клуч и бриши.

Некако прашавањево ти е многу тенденциозно.
Ok, само немој да се нервираш....
Работава ми беше да се насочи темава, интересни ти се советите а никој не коментира...
Тенденциозност?:uvo:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Еве еден интересен совет:
Никогаш немојте да внесувате емоции во она што го работите....Така се самоуништувате, фрустрирате и јадите...Не се расфрлајте со нив, сем се знае каде:)
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Како да ги читате невербалните знаци на работните состаноци

Како да ги читате невербалните знаци на работните состаноци:

Насмевката е моќно оружје, но не смее да биде ни преширока ни предолга

Познавањето на невербалните знаци не е важно само кога станува збор за другите култури, средината и обичаите. Еднакво е битно и на домашен терен, посебно во деловните преговори, затоа што некои гестови можат да зборуваат повеќе од зборовите и да му се од помош на преговарачите да разбираат скриени значења, колку е соговорникот искрен и да ги предвиди неговите следни потези. Кога зборуваме за друга личност, зборовите се многу помалку важни од изразот на лицето и очите, бојата на гласот или движењето кое притоа го правиме. Попрецизно е кога на друга личност треба да & пренесеме од можностите, меѓутоа при пренесувањето на емоционалната состојба- преовладуваат невербалните знаци.

Нити предолго нити прекратко гледање во очи
Фразата” драго ми е што се запознавме” звучи уверливо само ако тонот на гласот и насмевката одговараат на зборовите, но секако ќе го онерасположат соговорникот ако се изговори налутено или дури и незаинтересирано и од високо, што не е цел при склопување на нови работни познанства. Контактот со очите и сјајот во моментот кога тоа го изговараме се клучни за упатствата на односите. Од друга страна, непристојното зјапање во соговорникот, разговорот сигурно нема да го упати во вистинската насока. Предолгото гледање некого во очи може да се протолкува како да сакаме да покажеме моќ и супериорност, а ако го правиме тоа подискретно, ќе произлезе желба за блискост што исто така остава лош впечаток. Се препорачува наизменично да гледаме во личноста и околу себе, толку колку што е доволно на соговорникот да му дадеме до знаење дека нас не интересира, но и да му дадеме време да се восхити од нас. На соговорникот ќе му бидеме симпатични ако заземеме слична положба на телото како и тој, затоа што тогаш испраќаме порака дека слично се чувствуваме и дека го разбираме. Кога разговараме со група на луѓе, треба да го придвижуваме погледот од една личност на друга, па ниедна личност нема да се почуствува исклучено.

По што се препознава лагата
Ракувањето е најомилен работен поздрав речиси во сите култури. Се употребува за искажување на почитување и за соговорниците да се разделат како пријатели. Треба да се биде како еден вид на плетење на мрежа- ни преслабо ни прејако. Со личноста со која се ракуваме треба да се гледаме во очи, а најдобро е ракување кое трае три секунди, се подолго од тоа треба да се остави за блиските пријатели. Истражувањата покажуваат дека изразите на лицето и говорот на телото е доминантен во пренесувањето на емоциите и може да сочинува 90% од комуникацијата, а за разлика од зборовите, невербалните знаци не можат секогаш да се контролираат, па тие се главни покажувачи по кои можеме да ја препознаеме лагата. Луѓето кои што лажат често пати трепкаат и нервозно се допираат, зборуваат со висок или груб тон, како да сакаат да се одделат од своите зборови. Така даваат кратки, преценети одговори, негативни и неважни и им треба повеќе време да смислат што ќе кажат, а речениците им се граматички неисправни.
Насмевката е едноставно и моќно средство на невербална комуникација. Кога личноста покажува позитивни емоции кои не ги чуствува, предолго ќе се смее. Многу деловни луѓе мислат дека мораат постојано да бидат сериозни за да остават впечаток на професионалци, на луѓето кои се смееат им веруваме дека имаат добри намери. Но, насмевката не смее да биде преширока, ниту предолго да трае затоа што тоа оддава негативност.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
10 совети за ја подобрите вашата кариера

1. Истражете ги можностите кои ви ги нуди вашата професија
Поставете си ги следниве прашања: Дали мојата актуелна позиција е во склад со моите професионални можности и талент? Дали го користам максимумот од своите потенцијали за да остварам профит? Дали го работам она за кое сум надарен или пак она што е моја најголема страст?
Доколку на овие прашања решително одговорите негативно време е да го одредите вашиот работен стил и личните карактеристики со што ќе можете многу поедноставно да го откриете вашето поле на интерес и при тоа да се покажете во вистинското светло.

2. Освежете ги вашите работни способности
Од друга страна пак, доколку вашата кариера ви одговара, дозволете си да ги постигнете најдобрите можни резултати кои таа ви ги нуди. Направете разлика меѓу вас и останатите со тоа што успешно ќе ја реализирате последната обука или пак ќе ја „апдејтирате“ индустриската експертиза. Со помош на интернет конекцијата, развојот на работната сила е на дофатот на вашите раце. Можете да го надоградите вашето знаење благодарејќи на сајтот на Мајкрософт office.microsoft.com со чија помош вие ќе дојдете едноставно до голем број на совети, обрасци и упатства. Од вашиот компјутер во домашни услови можете да направите вистински напредок во начинот на кој ги завршувате работните обврски и ќе ги поттикнете и засилите вашите вештини.

3. Закажете сосотанок со вашиот директор
Наместо да погодувате кои се вашите предности и слабости, соберете ги важните информации директно од директор со кој соработувате. Закажете ручек или седнте на кафе со него и разговарајте околу вашите искуства и квалификации со помош на кои ќе ги поттикнете и подобрите можностите за напредок во кариерата. Ваквите повремени состаноци ќе ви помогнат во постојано реевалуирање на целите и поставување на приоритетите.

4. Поставете си реални цели во кариерата

Идентификувајте ги и препознајте ги вашите желбите кои сакате на професионален план да ги реализирате на почетокот од годината и она што е најважно на крајот на годината запишете ги според нивната важност и приоритет. Вашите цели можат да бидат поврзани со подобувањето на актуелните работни вештини кои ги поседувате или пак можеби се замислувате себе си на повисока работна позиција, но не заборавајте при креирањето на оваа листа да бидете реални и конкретни во вашите замисли и очекувања.

5. Направете план според кој ќе работите
Размислувајте за чекорите кои е потребно да ги превземете за да ги остварите целите во вашата кариера и редовно запишувајте ги. Поставете си крајни рокови кои ќе ги следите, но тие нека бидат реално остварливи. Запомнете дека патот до CEO на една компанија не се случува преку ноќ.

6. Веднаш започнете со подготовките
Немојте да чекате. Започнете со организирање и реализација на целите во вашата кариера. Направете листа на главните предизвици за секоја недела и славете ги успесите постепено како што ќе ги остварувате. Малите чекори денес ќе ве водат кон поголеми достигнувања и конечно кон остварување на главната цел.

7. Организирајте се
Во неделите кога не сте преоптеретени со работа искористете го слободното време да ги преуредите фајловите така што тие ќе бидат поорганизирани и поефикасни. Започнете со тоа што ќе архивирате сè што досега во последната година не сте го искористиле, ограничете се на фајловите кои ги употребувате на дневна база, ослободете се од нередот и фокусирајте се на актуелните работни задачи.

8. Анализирајте го вашиот работен ден за постигнување на поголем успех
Оваа година практично применувајте го менаџментот што повеќе. Дали почесто ги правите телефонските јавувања кога луѓето се вообичаено на нивните работни места (8:00-9:30), отколку кога се тие на состаноци или на пауза за ручек (10:00-1:00)? Дали трошите повеќе време на одредени активности? Направете листа со работите кои треба да ги направите и посветете го следниот ден на реализација на овие обврски.

9. Интензивирајте ја соработката со колегите
Силниот однос со луѓето со кои работите може да се изгради на едноставен начин. На пример, одржувајте го позитивното расположение кога работите со другите или забележете си го нивниот роденден во вашиот календар, така што ќе бидете подготвени да им честитате кога ќе дојде соодветниот момент за тоа. Одржувањето на добрите односи со колегите не само што ќе ја направи вашата канцеларија место каде ќе се чувствувате комотно туку ќе успеете да ја поттикнете и продуктивноста. А се разбира и никогаш не можете да знаете кој од нив може да биде унапреден еден ден или пак кој може да биде вашиот следен директор.

10. Бидете секогаш подготвени за акција
Превземањето контрола врз вашата работа нема да се случи доколку вие не се залагате за тоа. Визуелизирајте го вашиот успех постојано и не се плашете да побарате помош кога тоа ќе биде неопходно. Уште поважно, залагајте се за вашите цели со јака волја и не се предомислувајте во процесот на нивната реализација.
Според искуството на Мајкрософт не е доволно само да му се посветите на професионалниот живот за да го подобрите-ќе морате постојано да бидете активни, соодветно да реагирате и да влијаете врз него. Доколку ги искористите предностите во вашиот професионален живот и си поставите реалните цели вие ќе можете да го реализирате комплетниот потенцијал и конечно да ги превземете обврските во градењето вашата кариера.

 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Мајкрософт ве советува:

Како до посакуваното работно место


Благодарејќи на своето долгогодишно искуство како светски најуспешна софтверска компанија Мајкрософт ве советува како на најдобар можен начин да успеете да дојдете до посакуваното работно место. Подготовките и осмислувањето на вашата презентација пред менаџерите кои ќе одлучат дали сте вие вистинскиот избор за нивната компанија може да ви направи дополнителен притисок доколку не сте запознаени со неколку едноставни совети и правила.
Времето и напорите кои ги вложувате во осмислувањето и пишувањето на пропратното писмо како одговор на конкурсот за пополнување на работно место можете да направите да ви се исплати со тоа што конечно ќе бидете повикани на интервју во компанијата која со месеци се обидувате да ја убедите дека сте квалификувани за извршување на бараните работни задачи. Но, иако можеби ви преостануваат само уште неколку денови за да се подготвите за овој кус-но сепак од пресудно значење, состанок шансите за да успеете и да се претставите себе си во најдоброто можно светло ќе се зголемат со помош на неколкуте совети кои ви ги препорачува Мајкрософт.
Ќе биде потребно да ги вложите сите напори и расположливи предности и квалитети кои ги поседувате за да успеете да ги убедите менаџерите на компанијата додека токму вие сте човекот кој им е потребен за во нивната организација.
Тимот на Мајкрософт вели дека книгите и познанствата се одличен извор на совети, но не заборавајте ги и репликите на рољите на некои од вашите омилени филмски ѕвезди. Бидејќи интервјуто кое може да ви го обезбеди посакуваното работно место е многу слично на аудициите за улога во филм. Тоа е предизвик и тест за вашата личност и трпение, но со малку подготовки и вежба ќе успеете да ја охрабрите вашата самодоверба за да блеснете со неопходниот шарм и да ги освоите вашите идни менаџери. Искуствата на Мајкрософт во формирањето на својот успешен работен тим му помогна да ги формира критериумите и насоките кои можат да ви помогнат да направите презентација со која ќе ја остварите посакуваната цел.

Истражете ја вашата улога и задача која ќе ја имате во компанијата

Слично на актерите кои прават длабоки анализи и истражувања во однос на карактерите кои им се доделени да ги портретираат, така и вие е потребно да соберете што е можно повеќе информации за вашето потенцијално работно место. Всушност овој факт е и докажан со досегашните искуства на Мајкрософт, според нив главната причина поради која одредени кандидати ја изгубиле шансата за вработување во нивната компанија е недоволната информираност за карактериситките кои ги има работното место за кое се борат. Избегнете ја оваа грешка од суштинско значење со тоа што ќе направите истражувања за историјата на компанијата која ви го нуди работното место, дознајте што е можно повеќе за нивните услуги и производи. Пронајдете неодамнешни новости преку посета на нивната веб страница, прочитајте ги нивните публикации и разговарајте со членовите на вашата мрежа. Ова ќе ви помогне да навлезете што повеќе во деталите и специфичностите на компанијата каде конкурирате што ќе ви овозможи подиректно обраќање и посигурен настап за време на интервјуто.

Вежбајте ја вашата презентација

Искусните актери посветуваат екстра време на вежбање на поделикатните реплики со цел да ги избегнат грешките при изведбата на сцена. Можете и вие да ги избегнете потенцијалните конфузни и непријатни ситуации преку предвидување на можните невообичаени прашања кои евентуално би ве збуниле и би ја намалиле вашата самодоверба. Менаџерите кои ќе учествуваат на интервјуто, на пример, може да ве замолат да им ги опишете вашите најголеми карактерни слабости. Во овој случај вашиот одговор најдобро е да биде отворени, концизен. Најдобар совет е откако ќе ја покажете вашата зрела самосвесност за недостатоците, да бидете подготвени да им ги соопштите и чекорите со кои имате намера ди ги надминете овие ваши маани. На пример, доколку презентирањето не е вашата појака страна, би можеле да објасните како кај вас постои идеја и интерес да посетувате курсеви како би ја подобриле вашата способност за обраќање пред поголема публика.

Бидете подготвени и за неочекуваното

Искуствата на Мајкрософт покажуваат дека прашањата надвор од контекстот и темата на интервјуто, стануваат сè почеста практика, така да немојте да бидете изненадени доколку ве запрашаат нешто налик на: „Кога би биле во ситуација да одберете некоја од популарните ѕвезди да ве придружува на еден ручек, на кого ќе падне вашиот избор?“. Во ваков случај оние кои ве испрашуваат не се обидуваат од вас да добијат точен или погрешен одговор-тие се повеќе заинтересирани во процената на вашата креативност и можноста да размислувате самостојно на било која тема. Замислете си дека сте на интервју додека разговарате со вашите пријатели и на тој начин подгответе прецизен и информативен одговор на овој тип на прашања.

Работете на деталите


Прецизноста, соодветната гардероба како и моќниот и сигурен изглед секако придонесуваат за да оставите што е можно подобар и професионален впечаток. Слично на ова треба да посветите внимание на малите и понекогаш потценети аспекти на едно интервју. Одберете ја вашата гардероба ден пред големото интервју- дводелен костум е секогаш најсоодветно и најдоборо решение, дури и ако компанијата не се оптеретува со вакови тип на кодекс на облекување –осигурете се дека сè ви е чисто и испеглано. Испланирајте го патот до канцелариите и предвидете го потребното време за да стигнете до таму, имајќи ја во предвид евентуалната гужва во сообраќајот. И конечно дозволете си добар сон и одмор за да бидете свежи на интервјуто и да имате доволно енергија и концентрација да го покажете најдоброто од вас.

Споделете нешто лично

Добрите актери најчесто го користат сопственото лично искуство во градењето на ликовите со што внесуваат комплексност во нивната работа. Така и вие можете да го искористите вашето минато за професионални цели. Имајте ги секогаш на ум трите фактори за успех во кариерата, како што се пресудувањето, иницијативата, тимската работа или водството кои не се воочливи во вашето пропратно писмо. На пример, можеби сте останале на работното место до 2 часот по полноќ иако сте ги завршиле работните задачи, но со намера да му помогнете на вашиот колега за да се заврши работата навреме. Иако ова не било во рамките на вашата одговорност сепак вие со задоволство сте одлучиле да им помогнете на колегите кога тоа им било неопходно.

Длабоко истражувајте

Вештите актери не се плашат да побараат помош од нивните режисери кога ќе почувствуваат потреба за такво нешто. Слично на ова и кај вас е пожелно да ги консултирате оние кои ви го прават интервјуто во однос на информациите за нивната компанија или функцијата која евентуално би ја добиле. Од ваша корист ќе биде да дојдете на интервјуто со веќе подготвени прашања со што само можете да оставите впечаток колку навистина сте заинтересирани за ова работно место. Прашајте ги за можностите за напредување и зголемување на работата во компанијата како и за нивните идни долгорочни планови.
Дискутирајќи ги овие теми ќе направите простор за подобро взаемно запознавање и евентуално пронаоѓање на заеднички интерес доколку соработувате во иднина. Но, не заборавајте да ги избегнете прашањата околу годишните одмори, придобивките, како и информации за вашиот работен простор-овие теми најдобро е да ги отворите откако ќе добиете потврден одговор за вработување.

Завршете го интервјуто впечатливо

Ништо не може да го расипе општиот впечаток како лошото финале. Завршете со длабоко изразување на благодарност за посветеното време на оние кои ви го прават интервјуто. Исто така испратете писмо со благодарност со помош на кое ќе го засилите вашето интересирање за работрното место во очите на менаџерите. Внимателно скроената порака ќе ја помогне вашата кандидатура и ќе оставите позитивен впечаток и долготрајна импресија кај лицата кои ја даваат крајната одлука за вработувањето. Во денешниот свет на силна конкуренција не е доволно да оставите добар впечаток само на хартија. Исто така ќе морате да ги покажете вашите најдобри квалитети, силната работна етика и личност кои се компатибилни со корпоративната култура за време на интервјуто. Без разлика дали имате една недела или едне ден пред одлучувачкиот состанок со малку подготовки и вежба ќе можете да ја засените конкуренцијата.

 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
Еве еден интересен совет:
Никогаш немојте да внесувате емоции во она што го работите....Така се самоуништувате, фрустрирате и јадите...Не се расфрлајте со нив, сем се знае каде:)
еве јас да искоментирам,работам со музика баш користам емоции,некогаш помагаат за правење на добра песна или добра свирка:smir: сега не мислам до толку ,да излезам пред луѓе со солзи на очите :) тоа е претеризам иако може да се случи :toe: ништо чудно(недај боже)
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
САМОЕВАЛУАЦИЈА НА МИСЛИТЕ

Третирај те се себе си со трпение, учтивост и добрина. Престанете да водите негативен внатрешен дијалог. Ваквите негативни мисли честопати знаат да обесхрабрат во извршување на некоја активност или во преземање на некаков потфат. Штом се фатите себе си да размислувате негативно обидете се да го промените тоа. Доколку Вашиот внатрешен глас Ви вели „Не се ни обидувај да го направиш тоа“ или „Ти не си способен за такво нешто“, речете му: „Ти благодарам што го сподели тоа се мене, но јас МОЖАМ да го направам тоа“, „СПОСОБЕН СУМ, МОЖАМ“. Клучот во градењето на самодовербата е надминување на негативните мисли.
Чекори и насоки за самоевалуација:
1. Градење на довербата. Нашата самодоверба е детерминирана од начинот на кој што сме реагирале или што се случило во минатото во некоја иста или слична ситуација. Секогаш ги евалуираме овие ситуации според некои наши воспоставени стандарди. Оние кои имаат висок степен на самодоверба не се потпираат толку цврсто на тие „стандарди“. Ниската самопочит е главната причина за луѓето да немаат самодоверба во себе. Самодовербата МОЖЕ да се постигне. Запловете длабоко во себе и проверете на кој начин влијаат случките од минатото врз Вас.
2. Надминување на срамежливоста. Бидете свои! Нека не Ве преоптоварува премногу што мислат другите луѓе. Еден чекор во надминување на срамежливоста е и надминувањата на евентуалните одбивања. Без разлика дали се тоа одбивања постигнати во бизнисот или во приватниот живот не се врзувајте премногу на нив и НИКАКО немојте да дозволите токму тие да бидат причинители за намалување на Вашата самодоверба. Наредниот пат ЌЕ УСПЕЕТЕ. Дали сте Вие срамежлива личност. Зошто?
3. Несигурност. Кога се појавува чувството на несигурност, обично мислите дека не сте доволно добри. Тоа понатаму Ве води да верувате дека сте безнадежен случај кој не може да се справува со различни препреки во животот. Обидете се да ја надминете несигурноста и да почнете да верувате токму во спротивното, „ЈАС сум тој/таа што ќе го реши тоа“. Впрочем, за сè постои решение, нели после дождот доаѓа сонце.
4. Бидете асертивни. Што е тоа? Способност да се справите со луѓето при што ќе се борите за сопствение права, но постојано ќе ги имате на ум и ќе ги почитувате и правата на другите. Во процесот на самоевалуација запрашајте се: Се борите ли за сопствените права? Знаете ли кои се Вашите права? Дали имате чувство дека некој постојано Ве искористува? Научете да ги искажувате своите мисли и чувства на асертивен начин, со тоа ќе придонесете во градењето на сопствената самодоверба.

Обидете се никому да не му давате моќ да дава свое мислење за Вас кое што во голема мера влијае врз Вашата самодоверба. Фокусирајте се на сопствените чувства. Работете на развивање на сопствено самопочитување. Верувајте им на сопствените инстинкти. Верувајте во сопствените способности. Читајте книги за градење на самодовербата за да стекнете поголема самодоверба во себе. Заборавете на мислењето на другите луѓе. Престанете постојано да барате некакви одобрувања и да го чекате мислењето на другите луѓе. Престанете да мислите што другите луѓе мислат за Вас. Секој има свое сопствено мислење. Верувајте, доколку прашате неколкумина, секој ќе Ви даде различно мислење. Кое би го земале во предвид?



"Првиот и најважниот чекор кон успехот е чувството дека можеме да успееме.
- Nelson Boswell



 

Kajgana Shop

На врв Bottom