Интервјуа

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Кокан Димушевски
Леб и сол е квадрат со четири еднакви страни

Кој беше круцијалниот момент повторно да се обедини Леб и сол?
Кога има долга пауза, практично последниот концерт на Леб и сол беше '95, што ќе рече последно заедничко собирање на бендот, норамлно е да дојде фаза на едно доближување, во емотивна смисла... Очигледно се потрошија амбивалентните енергии кај сите поедеинечно, во смисла еден кон друг. Како што е познато, ние тргнавме по некои свои индивидуални музички патишта, а самото решение за престанок на работата на бендот беше низ еден мирен разговор и договор сите да тргнеме во инидивидуални приказни до моментот, во некое идно време, кога самите музички патишта ќе не спојат спонтано, без изнасиленост и претенциозност... Занчи, бендот практично беше на стенд-бај... и тоа, еве, траеше единаесет години... Тоа е едната причнина поради која не постоеше бендот...





Притисокот на јавноста беше голем сите овие изминати години, една деценија... Новинарите веќе станаа здодевни со незаобиколното прашање дали и кога ќе се обедини Леб и сол, во речиси сите интервјуа што ги дававте и во сите ваши поединечни јавни настапи... Ви создаваше ли тоа некаква непријатност, тензија и слично?
Да, тоа секому од нас четворицата ни беше безброј пати поставувано, на моменти дури и агресивно и не во директен контекст со нашите актуелни ангажмани... Имаше одредена тензичност, не дека не... Но искрен да бидам логично беше годинава или овој преиод повторно да се обединиме. Зошто? Тоа и нам ни стоеше пред очи, покрај сите наши индивидуални ангажмани и соло кариери.
Сега ова не е бенд, ова се четворица индивидуалци кои требаше некој да има доволно нерви и сили да ги спои. Значи бенд, или супер-бенд, кој има задача четворица афирмирани имиња во музиката да ги стави во повторно заедништво на еден уште поафирмиран музички бренд...
Имаше ли некаква иницијална каписла која ја запали работата.Дали постоеше ли некаков момент од типот повторно обдинување на Бијело дугме, односно тој тип на рејунион на музички групи што кај вас ја предизвика желбата за повторно обединување на Леб и сол?
Факт е дека е тренд некогашните големи музички групи, значи музичките брендови повторно да се обединуваат. Не, причината не беше повторното собирање на Бијело дугме ова е нешто многу подлабоко во нас... Патем, во светот постои една ретроманија која засилено турка кон обединување на некогашните големи групи. Верувам дека на сите големи групи кои не ставиле дефинитивно точка на својата кариера веројатно им стои над глава да направат завршна, проштална турнеја, и конечно да стават точка на своето егзистирање како музички колектив односно страницата да ја затворат на еден заокружен уметнички начин. Ништо директно не било иницијална каписла ни Бијело дугме, ни Пинк Флоид, ни било кој друг странски бенд...
Нормално е, не само кај вас, ами и кај многу афирмирани групи каде што покрај она што е голем брендот на самата група и членовите со своите солистички кариери сами за себе стануваат брендови, да проработат и суети... Имаше ли и некои такви моменти кои пречеа да дојде до обединување овие десет години?
Ние сепак се дружевме. Немаше ѕид меѓу нас, ако тоа сакаш да импутираш... Јас и Бодан на пример, соработувавме на музички план не затоа што моравме, ами затоа што сакавме. Јас активно учествував на неговите проекти во Езгија оркестарот, а тој на моите. Соработувавме затоа што сме едномисленици... Едноставно тој е човек што го почитуваш и е една лего коцка која ти фали... Што не значи дека и понатаму задолжително ќе соработуваме. Во овој момент тој ми е потребен мене, јас нему... Мене патот не ме нанел да се најдам во некој музички проект на Гаро или на Влатко. Веројатно секој чекал оној другиот да му се јави... Но, за некакви ригидни суети не станува збор. Конечно ние и во овој проект - повторно обединување на Леб и сол, имаме поединечни договори со организаторот. Значи не одевме во договор како група, затоа што не е активна група. Требаше нешто од ад акта, односно од затрворена приказна, повторно да се отвори. Многу е лесно кога работиш со активен бенд. Во овој случај секој одделно се договараше за своите услови... Не зборувам само за хонорарите, ами за севкупните услови кои треба да ги овозможи организаторот за сето ова да се оствари.
Кога веќе ја спомна соработката со Бодан: Вие двајцата соработувавте на повеќе соло проекти еден на друг. Но други конекции од овој вид помеѓу пораншните компањони од бендот немаше...
Немаше...
Последниот заеднички проект твој и на Бодан ви е актуелниот албум Скици од минатото кој веќе и концертно го промовиравте низ Хрватска и делумно и Србија, но како тајминг во кој се појавува овој носач на звук се поклопува со работата со Леб и сол.Нели е тоа малку судир на интереси? Или ако не толку драстично, како сето тоа го постигнувате и ги синхронизирате обврските?
Јас и Бодан овој проект Скици од минатото го направивме лани ова време. Значи кога немаше никаков абер дека Леб и сол повторено ќе се обедини. Случајно се поклопија тајминзите.
Но, не само тајмингот ами и содржински затоа што се наоѓаат и теми од репртоарот на Леб и сол...
Да, мелодиите кои се во Скици... се стари, од репертоарот на Леб и сол, но се авторски композиции мои и на Бодан. Тука се Деветка, Ручни рад... Тоа се наши теми... Што е штосот? Секој музичар и автор има мелодии од кои не може да се ослободи. Фактички сам себеси се цитираш во одредени моменти многу пати и несакајќи... Тоа го средивме многу едноставно затоа што се договоривме дека во август сите ќе завршиме со своите индивидуални проекти и коцертни настапи.
Не би било целисходно и конечно не би било фер секој од нас четворицата да има ангажамни и концертирање со своите соло-проекти и едновремено да свири со Леб и сол а паралелно со ова да тече кампањата за Леб и сол. Е тогаш ќе се направи класичен судир на интереси!
По стартниот концерт во Хераклеа и илинденскиот во Охрид, што следува? Колкав е обемот на турнејата и каде сe ќе концертирате?
Договорени се вкупно четиринаесет концерти, од кои два веќе се одработени. Останува точно една дузина концерти кои треба Леб и сол да ги реализира. Настапите се закажани од крајот на октомври и ќе завршат некаде во декември со финален концерт во Скопје. На оваа турнеја ќе настапиме во некогашните југословенски центри и поголеми градови - Загреб, Белград, Мостар, Нови Сад, Сараево, Сплит, Љубљана, Бања Лука, Пула... Овие концерти ќе се случат во две сесии, а времето до почетокот ќе се искористи за подгревање на атмосферата и се она што значи рекламна кампања.
Што Леб и сол ќе понуди како музика. Дали овој проект обединување на Леб и сол ќе го понуди само онај програмски дел што значи носталгија или меморабилија или ќе понудите и дел од некаков материјал што ќе ве претстави како бенд составен од позрели и поискусни музичари во ново видување на музичката реалност?
Јас сета оваа работа ја гледам од оваа оптика, веројатно тоа е и единствениот можен начин, а тоа е: Леб и сол е апсолутен квадрат со четири еднакви страни! Не можеш ништо да изместиш. Има четири страни, и е затворен систем. Има четири главни акционери во овој бенд и тој е таков каков што е. Секакво одење лево или десно за бендот ќе биде катастрофа. Леб и сол е таков, идеално заокружена форма која апсолутно функционира како таква. И затоа на сите настапи и на оној во Хераклеа и на оној во Охрид и на идните дванаесет концерти сите оние 29 или 30 композиции што ги свириме се исти како што биле некогаш. Без никакви интервенции, без аражмански промени, без иновации и отсапувања од матрицата. Апсолутно винтиџ бенд. Некаде на почетокот на кариерата направивме вистински пик со Абер дојде Донке, деведесеттите со Учи ме мајко,карај ме. Значи првата и последната. Сега сите 30-тина од нашиот концертен репертоар звучат исто. И тоа е некаква магија - старите композиции да ги оствириме на потполно ист начин, со истите ноти... Енергијата е иста... Работата е овој бенд да звучи токму онака каков што луѓето го паметат. Би било несериозно од наша страна да направиме нови верзии на песните во некаков техно-транс или во незнам какво ново музичко обликување. Оние што ќе дојдат да не слушнат и да не видат би биле на извесен начин измамени... Публиката не чува во сеќавањето во одредено стаклено ѕвоно и сака да не доживее и да не слушне токму така онака конзервиран како што го слушале во минатото. Нови верзии може да се случат во нашите соло-проекти, но како Леб и сол, не!
На двата концерти во Хераклеа и во Охрид имавте повеќе публика која не била родена кога се создавани овие песни, а помалку онаа публика што генерациски е ваша...
И јас се изненадив од тој факт. И во Битола и во Охрид имаше многу млади луѓе од во тинејџерски години и што е најинтересно ги знаат сите песни и ги пеат! И исто скокаат како и публиката која не слушаше некогаш кога беа создавани овие песни... Значи очигледно дека тоа фунционира, не само што нема генерациски јаз, ами напротив...
 
Член од
19 август 2006
Мислења
52
Поени од реакции
0
Рап-што е тоа бе?Глупости,тоа не е музика....само празни зборови
 

Kajgana Shop

На врв Bottom