mRnO
И по mRnO,mRnO
- Член од
- 16 април 2006
- Мислења
- 6.263
- Поени од реакции
- 52
Тоше Проески
Непријатно ми е што луѓето живеат тешко, а јас возам мерцедес
По успехот што го стекна на поранешните Ју-простори, особено во Хрватска, каде со својот најнов сингл Срце није камен ги освојува топ-листите, Тоше Проески најавува и низа други активности, меѓу кои е конечната реализација на албумот на англиски јазик, подготовка на цеде со стари македонски песни, евентуалниот дует со Оливер Драгојевиќ... Но, тоа се само некои работи за кои Тоше зборуваше во едно од најискрените интервјуа што му се случија во кариерата. Секако, за да целата приказна го добие епитетот ексклузивно, тука е и најновата фотографија од искусниот Дејан Милиќевиќ.
На минатонеделната средба со новинарите, на припадниците на седмата сила им се довери дека си многу изморен. На што се должи тоа?
Обично доцна легнувам, заглавувам пред компјутер, каде правењето на музика ми представува забава и задоволство. Се уште не сум професионалец, но почнав да ги учам програмите за правење музика, иако човек учи додека е жив, нели!?
Успеа ли да го опремиш домашното студио како што сакаше?
Со ова што го имам успевам да направам квалитетни демо-снимки. Мене тоа ми е сосема доволно. Не претендирам во моето студио да снимам ништо повеќе од демо, затоа што ми е многу важно и луѓето околу мене да го кажат своето мислење. Во моето студио во изминативе две години успеав да направам педесетина успешни демо-снимки. Со тие што во меѓувреме ќе ги направам, кога ќе дојде време за нов албум, ќе ги изберам најквалитетните. Мојата среќа е во тоа што на секој албум се почесто се јавувам како автор. На првиот албум имав две песни, вториот го прескокнав, па на третиот имав една. На четвртиот, пак, компонирав три песни, а на петтиот, кој сеуште е актуелен, имам четири свои авторски композиции. Сепак, јас себе најдобро се познавам.
Тоа е за музиката, а што е со текстовите?
Тоа за сега не ми оди. Можеби не сум се сконцентрирал доволно, а и музиката ми го одзема сето слободно време. Се ослонувам на луѓето кои знаат да прават добри текстови, а да не сум задоволен од нив, би пробал самиот да пишувам.
Кој најдобро ти ги погодува текстовите?
Владо Јаневски, дефинитивно! Пред да почне со пишувањето многу разговараме. На тој принцип соработуваме, иако тој знае да дојде и со некои готови текстови, кои се всушност негови приказни, а во кои и јас се наоѓам. Ева на пример, песната “Полско цвеќе” од мојот последен албум, која ја напиша Владо, е прилично комплицирана и подепресивна од останатите, но емоциите кои текстот ги содржи се толку силни, што луѓето се наоѓаат во неа. Исто како мене...
Твоите обожаватели главно ги прифаќаат сите твои песни. Сепак, кои се твоите фаворити? Што од својот опус најмногу сакаш?
Не би можел да направам некој поширок избор, затоа што секогаш ќе има некоја која би ја заборавил. Но, ако морам да изберам една песна, тоа несомнено ќе биде Чија си. Во неа не се најдов само јас, туку и сите кои ги сакаат моите песни, на просторот на цела поранешна Југославија.
Како гледаш на тоа што многу пејачи од поранешните југословенски простори сакаат соработка со тебе? Во своите интервјуа за Теа модерна, Оливер Драгојевиќ и Хари Мата Хари, посакаа да имаат дует со тебе, а легендарниот Бата Ковач сака да толкуваш една од главните улоги во неговиот мјузикл за рускиот поет Јесењин.
Интервјуто со Оливер го читав и ме воодушеви неговата реакција. Тој мене одамна ми е најголем музички уметник на овие простори. Секоја помисла на Оливер јас ја доживувам како идентификација на човек кој има глас со боја на саксофон, кој има одлични песни, феноменална интерпретација... Тој одлично ги понава сите музички правци, вклучувајќи го и џезот. Неговата изјава ме изненади најмногу затоа што никогаш се немаме запознаено, ако соработката се случи, и снимиме дует, тоа ќе биде исполнување на еден мој сон.
Дали си сеуште фасциниран со музиката од минатото?
Апсолутно. Па јас пораснав со Лед Цепелин, со Дип Парпл, со Бон Џови од тоа време... Но тука се и У2, Принс, како и еден куп нови бендови кои сега ги слушам. Не би издвојувал некое име посебно, затоа што имињата не ми се важни, оти мене ми е важна музиката. Јас су обземен од музиката што ја правеа Ганс енд роузис, Мотор хед, Металика, Деф Лепард... Како што е познато, јас највеќе ги сакам баладите.
При ланскиот престој во Рим, во изборот за гитара која си решил да ја купиш, многу ти помогна Влатко Стефановски. Што стана со неа? Наоѓа ли често примена во твоите музички интереси?
Тој Фендер Стратокастер ми е многу драг и го носам со себе на сите патувања. Многу ми помага во создавање на некои демо аранжмани. Но, тие мои паралелни интереси за продукцијата нема да се одразат врз моето пеење. Одлично знам дека не може паралелно да се функционира на неколку полиња, а јас не можам да бидам и продуцент и пејач. Моите интересирања се непретенциозни, строго за своја душа. Иако во своите оесни одвреме-навреме би сакал да бидам гитарист, што не би му пречело на пеењето.
Дали си задоволен како во последно време се одвива твојата кариера и што е со неостварените соништа?
Многу сум задоволен и среќен од она што ми се случува. А, што се однесува до неостварените планови, тоа се албум на англиски јазик и интернационална кариера. Јас не се залажувам и знам дека тоа е многу тешко и дека освен квалитетот се важни и уште многу други нешта - финансиите, соработниците... Сепак, доколку најдам добар тим околу себе и обезбедам финансии за работа не се сомневам дека од себе ќе дадам врвен квалитет. Ќе бидам малку нескромен и ќе кажам дека во мене тлее квалитет, каков што го немаат многу луѓе во светот.
Веруваше ли дека за кусо време ќе се стекнеш со голема популарност на екс-Ју просторот?
Не верував, таа популарност ме затекна. Но, мојата публика е секаде иста. Секако, ништо не може да се спореди со Македонија, иако од Србија па до Триглав, нема разлика. Сите исто реагираат. Каде и да настапувам, луѓето не остануваат рамнодушни.
Те трошат ли сите тие комуникации со јавноста, со обожавателите, со новинарите...? Ти здосадува ли некогаш да бидеш Тоше Проески?
Јас сум роден за тоа. Тоа ми е уште еден дар од Бога...
...но има периоди кога се повлекуваш од јавноста!
Никогаш немаше некои екстремни случаеви да се повлечам на некој подолг период. Ако јавноста во Македонија мисли дека некаде сум се повлекол, јас сум веројатно некаде на просторот на поранешна Југославија, со еден куп ангажмани.
Имаш ли претстава за тоа што ќе работиш во наредниве недела, две...?
Не знам, и не сакам да се оптоварувам со тоа. Многу добро ми доаѓаат информациите пред самото случување. Ако премногу знам за некој настан, дополнително ќе се оптеретувам себеси, ќе размислувам што ќе биде, како ќе биде... Мислам дека е глупаво од сега да се заморувам со нешто што ќе биде за две недели. Тоа би ми одзело и концентрација и време, што не е добро за моето пеење.
Тоа значи дека имаш единствено план за утре?
Да, само за утре и ништо повеќе од тоа. Секако, запознат сум со глобалните планови, со некои поголеми случувања, патувања..., каде настапувам и кога настапувам. Но, за деталите се информирам еден ден порано.
Во подготовка е твојот прв албум со македонски стари песни. Што тој ќе содржи?
Тоа ќе биде избор од петнаесетина најубави македонски песни, иако на толкав опус на нашето музичко богатство, тоа ќе биде само дел од изборот. Песните ќе бидат со симфониска придружба, а не е исклучено нешто да отпеам и акапела. Меѓу избраните ќе се најдат: Јано мори, Зајди зајди, Мори сокол пие... Тоа ќе биде еден навистина посебен албум.
Ти останува ли време по сите ангажмани што ги имаш да уживаш во приватниот живот?
Јас воопшто немам приватен живот. Не памтам кога последен пат сум излегол со другарите на некоја забава.
Знам дека контактираш со многу мал круг на луѓе?
Среќен сум што тоа е мал круг на одбрани луѓе. Тројца другари ми се Ѓоковци и на нив можам да се ослонам секогаш кога има некој проблем, а тука се и Кочо, Никола... Сепак најверни другари ми се татко ми и мајка ми. Тие ми се темелот и базата. И кога не сум во Крушево, постојано сме во контакт, по неколку пати на ден. Многу ми недостасува семејството.
Дали твоите родители се задоволни од тоа како во последно време се развива твојата кариера?
Е, тоа малку претставува тешка филозофија. Јас не знам дали тие го добија тоа што го бараа. Родителите се среќни кога нивното дете е среќно, што значи дека се задоволни од мојата кариера. Но, од друга страна јас десет години не сум дома. Тоа е нешто што не ги прави премногу весели. Секако, јас се обидувам да балансирам, меѓу обврските и семејството...
Точно ли е дека меѓу Лондон и Крушево го избираш Крушево?
- Апсолутно и без дискусија. Мене базата ми е многу битна. Кога сум дома кај моите уживам во хедонистичкиот начин на живот. Обожавам кога околу мене се моите внуци, кога можам да ја пробам кујната на мама, да ја почувствувам топлината и хармонијата во одност меѓу мајка ми и татко ми. Тоа моите го имале секогаш, без оглед на моменталната имотна состојба. Моите никогаш не ме учеле да се врзувам за материјални работи. Иако сега добро заработувам, парите не ми се најважни. Единствено што ми е важно тоа е студиото. Во него се сите мои емоции.
До каде е уредувањето на твојата куќа, која се наоѓа во една елитна скопска населба?
Мајсторите се сеуште на терен, а јас немам време ниту да појдам да видам што се случува таму.
Дали твојата популарност и тиражност подразбира и постојани понуди за соработка од разни дискографски куќи и продукции?
До мене не стигнуваат никакви понуди. Имам одлична соработка со Љиљана Петровиќ и не знам зошто таа не би се одвивала и понатаму еднакво успешно како и до сега. Искрено, не посакувам никакви понуди, мене за сега ми е добро со тимот што го имам.
Дали и до тебе стигнуваат коментарите дека старото јато никогаш не го прежалило заминувањето на Тоше Проески?
Ајде да бидеме поконкретни...
Слушнав дека во Авалон никогаш не го прежалиле твоето заминување.
Јас немам таков впечаток, тие имаа големи успеси и со мене, и после мене. Таа продукција организира одлични концерти на странски изведувачи, кои за жал немав време да ги посетам поради многубројните обврски, а како што гледам и кариерата на Каролина ја водат многу солидно.
Дали сте во контакт?
Не контактираме, но јас имам тотално позитивно мислење за нив. За никој од моите поранешни соработници јас немам лош збор. Авалон направија многу за мојата кариера, а се надевам дека и јас направив нешто за рејтингот на фирмата. Се надевам дека моето заминување од Авалон во Фајнал Кат не беше голема загуба и дека тие не го доживеаа премногу стресно сето тоа. Јас сум секогаш подготвен да им помогнам, ако мојата помош им треба.
Што те тера да им помагаш на луѓето?
Веројатно тоа претставува семејна традиција, која е дел од моето воспитување.
Никогаш не си криел дека твоето семејство не живеело секогаш во изобилство.
Тоа не е за криење, туку за истакнување. Тоа е совршен пример за фамилија која живее во хармонија и љубов, без оглед на финансиската ситуираност. Но, фала му на Бога, сега немаме финансиски проблеми. Секако, тоа не ги сменило моите. Нивната љубов е иста од времеот кога имавме фиќо на пола.
Фиќо на пола?
Тоа значи дека пола беше на чичко ми, а пола на татко ми. Еве, до сега сменив толку коли, но фиќото сеуште го чувам. Тоа е тука да ме подсетува на некои минати времиња исполнети со многу љубов. Јас сум емотивен човек и без оглед што многумина ми сугерираат дека не смеам да се однесувам така, мене ми е непријатно што луѓето околу живеат тешко, а јаса возам мерцедес.
Имаш грижа на совеста?
Имам, а не знам зошто е тоа така? Едноставно сакам да се сплотам со средината. Тоа е едната страна, другата е дека сепак ми треба безбедно возило со кое без трауми ќе стасам до Загреб, на пример.