SkyDriver
Would like my bananna ?
- Член од
- 31 јули 2008
- Мислења
- 2.140
- Поени од реакции
- 221
Инспириран од темата „Туторијал: Како да покренете веб сервер (Windows)“ решив да пишам и еден туторијал и за инстлаирање на LAMP сервер на Linux (во случајов Ubuntu).
--
Што е LAMP ?
LAMP е кратенка од Linux, Apache, MySQL и PHP и за да го инсталираме целиот пакет потребни ни се неколку чекори... значи најпрвин отворете го „Терминал“ и започнете со инсталирање на следниве инсталациони пакети:
- apache2
- php5-mysql
- libapache2-mod-php5
- mysql-server
За да не инсталирате едно по едно можете во „Терминал“ со една команда да ги инсталирате сите пакети:
Одкако ќе ја впишете командата во терминал, оперативниот систем од вас ќе побара да ја внесете root лозинката. Внесете ја и процесот на инсталацијата на пакетите ќе започне.
За време на инсталацијата на пакетите, односно инсталацијата на MySQL од вас ќе биде побарано да внесете лозинка за root јузерот на MySQL базата.
Значи запомнете, јусерот е „root“, а лозинката ќе ја внесете за време на инсталацијата на MySQL.
Откако ќе заврши целиот процес на инсталација, доколку истиот заврши успешно, можеме да преминеме на следниот чекор.
Следен чекор, манипулација со процесите на серверот и базата:
ЗНачи запомнете, со горните команди можете да манипулирате со процесите на базата и серверот, такашто последниот збор можете да го менувате во зависност од потребите (restart, start, stop).
Значи, најпрвин рестартирајте го Apache серверот со горната команда и потоа можете да го тестирате, стартувајте го омилениот прелистувач и во address bar-от впишете „localhost“ (без наводници) и доколку се' е во ред, на екран треба да ви биде испишано „It works!“.
Е сега еден битен дел... бидејки owner на фолдерот /var/www/ е „root“ (што значи дека мора да сте логирани како „root“ за да можете да едитирате/додавате/бришете фајлови) вие ќе мора да го промените owner-от односно да подесите owner на тој фолдер да биде вашиот јузер за да имате целосен пристап, а тоа можете да го направите со следната команда:
Следен чекор, тестирање на PHP-то. Стартувајте го омилениот текст едитор и внесете го ова парче код:
Датотеката зачувајте ја во /var/www/ и именувајте ја phpinfo.php
Потоа во address bar-от на прелистувачот впишете ја следнава адреса: http://localhost/phpinfo.php и доколку се' е во ред со PHP-то на екран треба да добиете нешто слично на оваа слика:
Ни остана уште последниот чекор, а тоа е phpMyAdmin... значи најпрвин превземете го phpMyAdmin од официјалната страна, потоа екстрактирајте го фајлот (треба да добиете фолдер „phpmyadmin“) и фолдерот „phpmyadmin“ однесете го во фолдерот /var/www/ (во ист фолдер заедно со index.html).
Откако ќе го направите и овој чекор, за да го тестирате phpMyAdmin-от впишете ја следната адреса во address bar-от на прелистувачот: http://localhost/phpmyadmin и доколку се' е во ред со phpMyAdmin-от треба најпрвин да ви побара да се логирате, значи јузерот ви е „root“, а лозинката ви е онаа која што ја пишавте за време на инстлаацијата на MySQL.
Во случај да нешто не е во ред со phpMyAdmin-от пробајте да го инсталирате преку терминал, значи стартувајте го терминал и впишете ја следнатва команда:
И повторете го претходниот чекот, во address bar-от на прелистувачот внесете http://localhost/phpmyadmin и треба да се стартува phpMyAdmin-от односно да ви побара да се логирате.
Откако ќе ги направите сите овие чекори и доколку истите бидат успешно завршени, со здравје да си го користите LAMP сереврот во спротивно пишете што точно не било успешно при инсталлацијата со детално објаснување што/како/зашто... и се надевам дека ќе најдеме решение за проблемот.
Исто така дур сме тука, чест случај е заборавање на лозинката на MySQL, па ќе пишам и како да ја рестартирате/смените доколку истата ја заборавите.
Значи стартувајте го терминал, и пвриот чекор е стопирање на MySQL серверот:
Потоа, стартување на MySQL конфигурацијата:
Логирање во MySQL:
Поставување на лозинката (делот VASATALOZINKA заменете го со лозинката која сакате да ја поставите):
Во иднина доколку има заинтересирани, може да се стокми некој туторијал за .htaccess, Python, Perl, Ruby и слични Apache модули и доколку имате некакво прашање... изволте.
--
Што е LAMP ?
LAMP е кратенка од Linux, Apache, MySQL и PHP и за да го инсталираме целиот пакет потребни ни се неколку чекори... значи најпрвин отворете го „Терминал“ и започнете со инсталирање на следниве инсталациони пакети:
- apache2
- php5-mysql
- libapache2-mod-php5
- mysql-server
За да не инсталирате едно по едно можете во „Терминал“ со една команда да ги инсталирате сите пакети:
Код:
sudo apt-get install apache2 php5-mysql libapache2-mod-php5 mysql-server
За време на инсталацијата на пакетите, односно инсталацијата на MySQL од вас ќе биде побарано да внесете лозинка за root јузерот на MySQL базата.
Значи запомнете, јусерот е „root“, а лозинката ќе ја внесете за време на инсталацијата на MySQL.
Откако ќе заврши целиот процес на инсталација, доколку истиот заврши успешно, можеме да преминеме на следниот чекор.
Следен чекор, манипулација со процесите на серверот и базата:
Код:
sudo /etc/init.d/apache2 restart
sudo /etc/init.d/mysql restart
Значи, најпрвин рестартирајте го Apache серверот со горната команда и потоа можете да го тестирате, стартувајте го омилениот прелистувач и во address bar-от впишете „localhost“ (без наводници) и доколку се' е во ред, на екран треба да ви биде испишано „It works!“.
Е сега еден битен дел... бидејки owner на фолдерот /var/www/ е „root“ (што значи дека мора да сте логирани како „root“ за да можете да едитирате/додавате/бришете фајлови) вие ќе мора да го промените owner-от односно да подесите owner на тој фолдер да биде вашиот јузер за да имате целосен пристап, а тоа можете да го направите со следната команда:
Код:
sudo chown -R TVOJOTUSER /var/www
PHP:
<?php
phpinfo();
phpinfo(INFO_MODULES);
?>
Потоа во address bar-от на прелистувачот впишете ја следнава адреса: http://localhost/phpinfo.php и доколку се' е во ред со PHP-то на екран треба да добиете нешто слично на оваа слика:
Ни остана уште последниот чекор, а тоа е phpMyAdmin... значи најпрвин превземете го phpMyAdmin од официјалната страна, потоа екстрактирајте го фајлот (треба да добиете фолдер „phpmyadmin“) и фолдерот „phpmyadmin“ однесете го во фолдерот /var/www/ (во ист фолдер заедно со index.html).
Откако ќе го направите и овој чекор, за да го тестирате phpMyAdmin-от впишете ја следната адреса во address bar-от на прелистувачот: http://localhost/phpmyadmin и доколку се' е во ред со phpMyAdmin-от треба најпрвин да ви побара да се логирате, значи јузерот ви е „root“, а лозинката ви е онаа која што ја пишавте за време на инстлаацијата на MySQL.
Во случај да нешто не е во ред со phpMyAdmin-от пробајте да го инсталирате преку терминал, значи стартувајте го терминал и впишете ја следнатва команда:
Код:
sudo apt-get install phpmyadmin
Откако ќе ги направите сите овие чекори и доколку истите бидат успешно завршени, со здравје да си го користите LAMP сереврот во спротивно пишете што точно не било успешно при инсталлацијата со детално објаснување што/како/зашто... и се надевам дека ќе најдеме решение за проблемот.
Исто така дур сме тука, чест случај е заборавање на лозинката на MySQL, па ќе пишам и како да ја рестартирате/смените доколку истата ја заборавите.
Значи стартувајте го терминал, и пвриот чекор е стопирање на MySQL серверот:
Код:
sudo /etc/init.d/mysql stop
Код:
sudo mysqld --skip-grant-tables &
Код:
mysql -u root mysql
Код:
UPDATE user SET Password=PASSWORD('VASATALOZINKA') WHERE User='root';FLUSH PRIVILEGES; exit;