Инсајдер

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.895
Поени од реакции
7.569
Гледаше некој серијава.

Нема јас одма да пишувам за содржината но нешто ќе пишам што мe нервира е тоа кога снимале одблиску некој од актерите камерата/кадарот се ниша те лево те десно па маце и горе дол, а со сцените некако ми е убрзано како да едвај чекаат да заврши епизодата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ми се допадна, малку кратко ми траеше првава епизода, али добар вовед. Ме интересира темава, во секој случај.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Најверојатно сите ќе траат по 30 минути што мене ми е доста без везе за драмска серија.

Бев на претпремиерата, ама не сакав пред време да пишувам нешто. Ко прва епизода што треба да те привлече, не ми беше ништо посебно, од друга страна ни една ГоТ со пилотот и цела прва сезона не ваљаше.

Најавната шпица им е топ вака на прва, техничкиот дел им е океј, за глума треба да се уходаат уште и да видиме како ќе се развива приказната, мада со аматери за пишување ко сценаристи немам многу надеж.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051

Кои се сценаристите? :)
Кај нас и искусните се генерално аматери.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Кои се сценаристите? :)
Кај нас и искусните се генерално аматери.
Сашо Кокаланов е главен, а на претпремиерата и Елеонора Венинова ја видов и мислам уште некој имаше, некоја Драгана Лукан или така нешто.

До сега сите серијали ми се просечни баш поради тие сценаристи. Значи ко се прави серија мора да те држи да ја гледаш секоја епизода.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Сашо Кокаланов е главен, а на претпремиерата и Елеонора Венинова ја видов и мислам уште некој имаше, некоја Драгана Лукан или така нешто.

До сега сите серијали ми се просечни баш поради тие сценаристи. Значи ко се прави серија мора да те држи да ја гледаш секоја епизода.
Не ги знам вака многу баш за да коментирам... не ја ѕирнав ни серијата, али еве вечерва ја фатив малку На терапија, синот му вели на таткото (никола ристановски ликот) дека врската помеѓу татко му и мајка му била подолга и од неговиот живот. Ме потсети на она од телевиза презента

значи, синот мртов ладен му вели на татко му дека врската на неговите родители е подолга од него...
Јас да го напишам ова кај Иво Трајков на час, прво ќе се насмее, после ќе ме позаебава малку и пред да си замине ќе ме натера цел лик одново да го окарактеризирам.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@џимеј ја утна темата, ја гледав епизодата добро е засега немам забелешки. Габриела петрушевска односно мирела ми се допаѓа ама имам впечаток дека се штеди она е одлична глумица игра во нашиот Битолски театар секогаш игра силни улоги Медеја Хеда Габлер и стварно ја личи и е многу талентирана. И Силвија Стојановска си ја обожавам. Незнам само што го клале Здравко Стојмиров за полициаец тоа е оној што гол играше на Браќа Манаки човекот е еден искомпкескиран и неталентиран наводно глумец кој поради преталентираност од битолски во прилепски театар го шутнаја​
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не ги знам вака многу баш за да коментирам... не ја ѕирнав ни серијата, али еве вечерва ја фатив малку На терапија, синот му вели на таткото (никола ристановски ликот) дека врската помеѓу татко му и мајка му била подолга и од неговиот живот. Ме потсети на она од телевиза презента

значи, синот мртов ладен му вели на татко му дека врската на неговите родители е подолга од него...
Јас да го напишам ова кај Иво Трајков на час, прво ќе се насмее, после ќе ме позаебава малку и пред да си замине ќе ме натера цел лик одново да го окарактеризирам.
Венинова наводно завршила некој курс или факултет за пишување сценарија во USA. Кокаланов ти е чинам колумнист во некој весник. Огнен Георгиевски, врска немам кој е типов. Читај, сами себе се нарекле сценаристи. И најтрагичното е што тие два-тројца се сценаристи на сите 3-4 серии што одат (На терапија, Фам. Марковски, Инсајдер и Преспав).
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.895
Поени од реакции
7.569
За тие што пропуштија, доколку сакате да ја гледате побрзајте можно е да ја избришат бидејќи не е прикачена од самата продукција.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.168
За тие што пропуштија, доколку сакате да ја гледате побрзајте можно е да ја избришат бидејќи не е прикачена од самата продукција.
Све ова супер ама сликава е ко пиратски филм од видеотека пред 30 години.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Све ова супер ама сликава е ко пиратски филм од видеотека пред 30 години.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
Па и пиратска е снимкава :icon_mrgr:
Чим до сега не дале на Youtube епизодите не верувам дека до крај ќе ги дадат. Можда кога ќе заврши. Знам дека на Канал 5 им падна доста гледаноста на епизодите на Марковски кога ги ставаа на yt.

Инаку како ви се допаѓа серијава? Мајка ми ја загледа, гледав 3 епизоди. Онака ок, ништо посебно. Интересна тематика и имаше потенцијал нешто подобро да направат.
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136
Добри глумци, добра режија, сценариото е пренатрупано. Гледачот нема време да се поврзе со ликовите... 3 на 4
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.168
Па и пиратска е снимкава :icon_mrgr:
Чим до сега не дале на Youtube епизодите не верувам дека до крај ќе ги дадат. Можда кога ќе заврши. Знам дека на Канал 5 им падна доста гледаноста на епизодите на Марковски кога ги ставаа на yt.

Инаку како ви се допаѓа серијава? Мајка ми ја загледа, гледав 3 епизоди. Онака ок, ништо посебно. Интересна тематика и имаше потенцијал нешто подобро да направат.
Па баш дека се пиратски. Тој пиратот не слушнал за HD резолуција, или има 286-ка па ако стави повисока резолуција ќе му укочи.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136
А од што ќе сними HD? На МаксТВ Телма е SD (снимката мислам му е поправена на другите епизоди)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom