GJ Individual basketball training school, е прва школа за индивидуален кошаркарски тренинг на територијата на Република Македонија и работи во склоп на к.к. Партизан Водно Санс.
Ангажирање на индивидуален кошаркарски тренер е се почест начин за да се дојде до посакуваните резултати кога е во прашање кошаркарскиот тренинг.
Пред неколку години се мислеше дека е тоа знак за престиж во друштвото, но денес е тоа за сигурен резултат за развој и свесно значење на индивидуалното вежбање, неопходен стручен кадар преку кои сите ваши желби и потреби се претворат во стварност.
Поголема причина за тоа е да си прв и главен во денешниот современ систем на тренирање на млади категории кога имаме ограничено време и простор. Кога се збори за време се мисли на траење на тренингот од максимални 90 минити и тоа едвај четири или пет пати неделно, а кога зборам простор се мисли на бројот на играчи собрани на еден кошаркарски терен, затоа замислите колку еден играч може да ја повтори одредената вежба? Одговорот е НЕДОВОЛНО !
Друга причина е тоа што клубските тренери не можат да вежбаат само кошаркарска техника, треба да се посвети и на кондицијата на играчите, системот на одбрана, системот за напад и итд. Кога сето тоа ке го ставиме во тие 4-5 тренинга неделно како резултат добиваме недоволно технички спремни играчи, кошаркарски не школувани кои потоа тешко можат да успеат во професионалната кошарка.
За разлика од тоа на индивидуалниот кошаркарски тренинг имаме максимална работа со максимален број на повторувања и со максимално 8 играчи на тренингот ( поголемиот број на вежби се работи на половина терен, тоа значи да има два пати по четири играчи koј максимално ангажирано работат на корекција на својата кошаркарска техника под максимален надзор на својот тренер ).
Индивидуалните кошаркарски тренери ги учат своите играчи се што е потребно да содржи еден стручен пристап на тренингот :
- разновидна техника во кошарката (комплексни вежби)
- обемна работа на кошаркарскиот тренинг (голем број на повторувања)
- интезитет (максимална брзина за одредена возраст и нивно знаење)
- метален фокус
- биомеханика
- физиологија
- суплементација и исхрана и итд.
Тренерите сакаат да нивните играчи напредуваат и да самите уживаат гледајки како нивните играчи драматично се менуваат.
Како личен тренер, работејки со голем број на играчи, во почетокот стално пробувам да што подобро го запознаам оној со кој работам. Иако за тоа малку време , стално пробувам да дознаам што повеќе за стилот на животот, добрите и лоши навики на својот играч. Тоа ми отвара пат да сватам во што грешат, да пробам тие грешки да ги исправам и да го прилагодам на начин да што повеќе вежбање се прилагоди на нивната личност.
Дојдете и уверете се зашто на индивидуалниот кошаркарски тренинг можете да напредувате многу побрзо и многу подобро.
...
Прашав за Водно Санс не држат веќе на "туѓи" играчи ко што разбрав.. Треба од кај нив да си за да тренираш. Иначе едно е да работиш со професионален тренер што знае како да те надгради, да ти покаже и да те советува, а и пред се душата да ти ја извади преку работа, него сам да вежбам со тегови.. брзина имам повеќе од доволно, исто и одраз. Работа со нозе,контрола, и шутерски тренинзи ми требаат.
Коа бев на кошаркарскиот камп на водно санс мене ми рекоа дека може и без да тренираш таму да се запишеш на индивидуален тренинг :/