Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Странските инвестиции сами по себе не се лоша работа ниту за една економија, посебно не за некоја мала и сиромашна како нашата.
Проблемот кај нас е секогаш пристапот, ние немаме никакви услови, пред се' за да привлечеме сериозни инвестиции. Условите се создаваат на долг рок, се изработува стратегија која нема да содржи исклучиво поволности за странските фирми и нема како главен адут пред инвеститорите секогаш да се акцентира фактот дека земјата поседува ефтина работна рака. Тоа е стратегија за земја од третиот свет.
Суштински кај нас се потребни темелити реформи, не популистички мерки кои даваат краткорочни резултати и привлекуваат компании со сомнителен капитал и уште посомнителни намери.
Неопходни се реформи во образованието, судството, носење на закони кои нема да се менуваат и дополнуваат преку ноќ, реформи во јавната администрација, борба против корупцијата, инвестиции во инфраструкура...ова се реформи кои се неопходни но ниту една влада до сега немала "кохонес" сериозно да се зафати со нив, туку полесно е да промовираат мерки донесени преку ноќ, без соодветна анализа и стратегија за нивна имплементација кои даваат краткорочни резултати. Затоа ни доаѓаат инвеститори од типот на Субрата Рој и ќе ни се случуваат дебакли од типот на шведската млекара, Свед Милк.

Тешко на таа економија која целокупното производство и економски раст очекува да ги оствари преку странски инвестиции.
Тие се корисни до одредена мера, служат како поткрепа за домашната економија и околу нив треба да се развиваат и домашните компании кои ќе соработуваат со нив и ќе разменуваат знаења но и истовремено ќе овозможат отварање и на нови бизниси. Од тој аспект тие се корисни.
Но' пред се, акцентот треба да биде секогаш ставен врз домашното стопанство кое во секоја сериозна држава е главен столб на економијата.
Со силно домашно стопанство, стабилна држава со стабилни институции, добри закони и пред се квалитетен образовен систем кој ќе продуцира квалитетни кадри вас не ви требаат популистички мерки за да привлечите инвеститори. Во вакви услови инвеститорите сами ќе ве побараат и воглавно ќе станува збор за сериозни компании а не како овие кај нас.
 
Nikola Nini

Doktor bez nauka
Член од
5 септември 2017
Мислења
353
Поени од реакции
179

Nema strategija za stimuliranje na export i za subvencioniranje na izvozni kompaniji kaj nas domasni
 
Член од
12 јуни 2012
Мислења
130
Поени од реакции
83
Поздрав дечки до сите! Сакам да ви дадам една идеја за размислување.
Колку што Доналд Трамп ке го направи својот зид со Мексико толку и во Македонија ќе има промени!!!
Зарем не сте размислиле дека ние балканциве сме оставени како претходница да газиме во овој живот од странците, масоните, заедниците,западот уса и кој уште не, а на сето тоа тие гледајќи од страна да извлечат поуки за своите држави. Кој и да ја води оваа наша државичка "НИШТО ДОБРО НЕМОЖЕ ДА НАПРАВИ ДОКОЛКУ НЕ МУ Е ДИЗВОЛЕНО ОД ГОЛЕМИОТ БРАТ" !!! Ако им одговарало ние да сме јаки држави да имаме производство од многу гранки, да имаме извоз, да имаме армија и слично тие немало да ја растурат Југославија. Западот не условува нас за ние да увезуваме од нив за тие да имаат ќар.Другите земји не условуваат со територија. И сето тоа кога ке го собереш на тотал ке ја добиеш изјавата на путин во 2012 год. НА БАЛКАНОТ ЌЕ ИМА ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА ГРАНИЦИ И ДРЖАВИ!!! Маката е само зошто ниту еден политичар не е ташаклија и да каже јавно што се спрема со овој народ??? Кога сето ова ке се реши- зависи и како ке се реши тек тогаш може овдека да се мисли за ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ( Кој ќе е корисен за овој народ тука и оваа држава) до тогаш се ова ќе е профит само на големиот брат, мачкање очи на јавноста, скриени буџети, и сл.И Црвенковски сите фабрики ги реши во МК и пак оди по улиците на Скопје како просјаксо фармерки од 1.500ден. Ќе се заврши и хајкава со Груевски и ќе видиме и тој колку пари ке покаже или и тој ко Бранко ке ги префрлат на некоја сметка каде ке и се изгуби трагот!
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Nema strategija za stimuliranje na export i za subvencioniranje na izvozni kompaniji kaj nas domasni
Па и да нема тоа не е проблем за нас, владата веднаш ќе изработи една преку ноќ и ќе излези во јавност, ќе ја има во сите медиуми и постојано ќе се мантра како што актуелно се мантра стратегијата 3-6-9 на моменталнава власт и како што се мантраше преродбата на предходната. Се тоа на хартија изгледа добро, но само на хартија, во пракса скоро никогаш не се реализира пред се заради фактот што за тие стратегии не постојат неопходни предуслови, нема подготвен терен, подлога од закони и кадар во институциите кој ќе ги реализира во пракса.

Ниту една држава не може во целост да се потпира на сопственото производство, да произведува се сама, затоа служат и трговските соработки со другите земји, за да се врши трговска размена. Во нашиот случај билансот на трговската размена е негативен, ние повеќе увезуваме од што извезуваме. Извозот треба секогаш да биде главен извор на девизни средства а не задолжувањата во странство. Обично тие се користат за реализирање на капитални проекти од стратешка важност за земјата, проекти кои се од голем обем и не можат да се финансираат исклучиво од буџетски средства и' тоа е тоа, тука завршува улогата на задолжувањата, до тој степен тие се оправдани.
Странските инвестиции се добар извор на девизни приливи само тогаш кога инвеститорите ќе бидат мотивирани да ја инвестираат добивката која ја остваруваат преку извозот, во економијата на земјата домаќин. Во нашиот случај, за жал тоа не е пракса.
Кај нас странските ивеститори во процесот на производство суровините кои им се неопходни за да го изработат крајниот аутпут ги увезуваат. Нашето стопанство не е во можност да му излезе во пресрет и тие да ги снабдуваат со инпути и да бидат интермедијари во процесот.
Кај нас расте извозот, тоа е факт и за него во голема мера придонесуваат странските компании но' никој не кажува дека со растот на извозот пропорционално со иста динамика расте и увозот баш заради фактот што суровините за производство странските инвеститори ги увезуваат од надвор.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Еве едно видео од Џон Оливер за субвенциите кои ги добиваат Бизнисите при инвестирање од локалните влади.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Избришани неколку мислења заради офтопик, темата е Инвестициски бум, не мигранти и слично. Следен пат казнени поени.
 
B

Bafra

Гостин
@Bafra кој гради тука автопати, брза железница Будимпешта-Белград, чии се пристаништата грчки од американците или од кинезите?
И што има врска тоа што кинезите прават, градат итн... С.А, Катар и други исто инвестираат па незначи дека големите пари а и народот верува во нивната вредност.

За Кина да го преземе престолот од САД ќе почекаш до 2032. До тогаш Доларот е единствената опција.
Во криза јуани ќе купуваат или долари? Доларот во цел свет ти е општо прифатена валута, јуанот не баш нели.
Империја прво доживува Бум после иде крахот. ;)
 
Член од
12 јуни 2012
Мислења
130
Поени од реакции
83
А како се искачува биткоинтот тешко дека веќе Кина ке има шанса да го достигне тоа што го сака. И да не заборавиме кој е Ватикан, од каде потекнуваат Масоните,Илуминатите, Јуазитите и т.н и т.н Така да инвестициски бум во МК ке има кога ке почнат да не сакаат Големите, а тоа нема да се случи се додека не стане МК католичка земја и не се откаже од Христијанската вера и историја. се до тогаш ке живееме на овој принцип
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917

Римокатоличката црква отсекогаш имала посебен интерес во Македонија.

Не е до тоа тие да сакаат, ние не сакаме, до сега си ги сакавме Србите. Од сега ќе видиме.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
http://www.vino.rs/aktuelno/u-fokusu/item/2444-stobi-osvaja-kinesko-trziste.html

Не знаев дека Минчо толку многу извезува во кина. Првите три години во просек околу 1000 флаши на ден, а тек допрва ќе го освојуваат пазарот. Стариот имал дури и специјализирани продавници за стоби вина. Во план им е такви да отворат и во Пекинг и Шангај. Добро е што се отвара и се шири еден скроз нов и огромен пазар за македонските вина. Кинеската средна класа експлодираше и трошат ко луди, па супер ќе биде ако и други винарии почнат да извезуваат кај кинезите.
Не знам какви се политиките на владата на ова поле ама нема да биде лошо да потрошат некое евро за промоција на македонски вина во кина.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
И Тиквеш од пред неколку почна да тргува со кинезите. Македонија има над 1000 тони, 11000 хл извоз во Кина (1-2% од вк. извоз на вино). 40-60% односот флаширано-нефлаширано.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
http://www.vino.rs/aktuelno/u-fokusu/item/2444-stobi-osvaja-kinesko-trziste.html

Не знам какви се политиките на владата на ова поле ама нема да биде лошо да потрошат некое евро за промоција на македонски вина во кина.
До кога со комуњарски и социјалистички очекувања :facepalm::facepalm::facepalm:

Имаш пример со Тиквеш, Стоби, Бовин и др дека НЕ е потребно владата да троши т.е. меша. Ако те бива ќе успееш а парите од даночниците нема да отидат во приватни џебови.

Владата ако сакаш да помогне треба дома да им направи услови за што поголемо производство и полесно завршување на административни глупости.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
До кога со комуњарски и социјалистички очекувања :facepalm::facepalm::facepalm:

Имаш пример со Тиквеш, Стоби, Бовин и др дека НЕ е потребно владата да троши т.е. меша. Ако те бива ќе успееш а парите од даночниците нема да отидат во приватни џебови.

Владата ако сакаш да помогне треба дома да им направи услови за што поголемо производство и полесно завршување на административни глупости.
Е добро де различни економски пристапи се твојот и мојот. Ако се промовираат македонски вина на тој пазар со помош од државата претпоставката е дека побрзо ќе се прошират и ќе фатат повеќе потрошувачи = повеќе производство = повеќе пари во буџетот. Не знам што не е јасно? Реално милион флаши за три години не е толку голем успех со оглед на капацитетот на пазарот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Само од јагнето, тутунот и виното Македонија прави над 120-150 милиони евра девизен прилив. Не е ништо ново во светот, државите да го помагаат земјоделството со директни и индиректни субвенции.
 
Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Толку од инвестицискиот бум а…дојде живот.( на уцени, рекет и ред др уличарски работи ) Зошто фабрики кога може со пиштоли?! ☹

Gesendet von iPhone mit Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom