Имунитет

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Имунитет!

... едниот фактор од што зависи нашиот имун систем т.е „наследниот фактор“ или вроден имунитет,

... другиот фактор кој се стекнува од околината и условите каде се живее или работи наречен - стекнат имунитет!

- активни имунитет
се однесува на активната улога на нашата антитела во организмот која се бори против сите извори на болести, да речеме конкретно кон вируси и самиот имунитет на ваков начин стекнат трае подолго време, па и цел живот, ако еднаш ме обори вирусот „доле“ моето тело ќе се бори со него создавајќи антитела, па ако истиот по извесен период пак ме нападне веќе нема да ме обори, оти ќе биде прочитан веднаш од таа антитела што кружи низ телото!

- пасивен имунитет, би рекла „туѓ имунитет“, пренесен од „друга личност“ со веќе створена антитела, да речеме преку млекото што го цица бебето од својата мајка или пак уште порано преку постелката во утробата на мајката и затоа велиме децата кои цицаат мајчино млеко се поздрави од другите тому поради тој „пасивен имунитет“ што „се слива“ преку мајчиното млеко!

...симптоми на пад на имунитетот не мора секогаш да биде поврзано и значајно само за разболување, пад на имунитетот е знак на секојдневно неоправдано заморување, мрчење, нерасположеност, кожни промени, опаѓање на коса, чести алергични реакции,
... совет за подобрување на имунитетот со внес на витамини, добра исхрана, редовен сон, намален стрес, физичка активност, сексуална активност, позититвни мисли и најдобриот совет да не мрчиме цел ден туку да се смееме и дружиме...

* кој дел од сето ова наведено ги имаме како присутно, толку ќе бидеме силни со нашиот имун систем, затоа има различни примери со различно однесување на индивидуата кон заразните болести, што ќе кажете околу тоа, ваше мислење?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.508
Поени од реакции
9.408
Точно така Бијонси, осетив на своја кожа огромни промени откако еден период бев постојано изложена на големи стресови.
Мислам дека психолошкиот имунитет ни е најтежок за опоравување, еве, веќе 4 години како мака мачам со алергии кои порано никогаш не сум ги имала.

Да искористам прилика да те прашам, тебе а и останатите доктори кои се на форумов, што мислите за зеолитот, дали навистина помага за подобрување на имунитетот или и тоа е само една обична комерција??
Ми се забоде у очи, па ајде да ве прашам:)
 
mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Ме интересира како реагираат вирусиве на особи ете со профи имунитет, пример најновиов Ковид као полесно го пребродуваат, уопште не го фаќаат или живее во нив а не ги заболува ?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.712
Поени од реакции
15.583
..Да искористам прилика да те прашам, тебе а и останатите доктори кои се на форумов, што мислите за зеолитот, дали навистина помага за подобрување на имунитетот или и тоа е само една обична комерција??
Ми се забоде у очи, па ајде да ве прашам:)
Кај нас Зеолитот е забранет( нерегистриран) за медицинска примена, за разлика од ЕУ... уште пред неколку години се интересирав за пасти за заби за деца, ги има во ЕУ, ама за тука треба сам да ги увезуваш....
 
C

CoolIris

Гостин
Како реагираат вирусите во организмот е индивидуално, зависи од човек до човек (првенствено од неговиот имунитет), а секако и од вирулентноста на вирусот. Тоа што можете да правите е да се трудите да превенирате, како викаат "bolje sprečiti nego lečiti" :) . Значи, нашето е да се трудиме да водиме здрав живот. Тоа не значи дека постои 100% гаранција дека ќе бидеме поштедени од вирусните инфекции, но барем би ги ублажиле симптомите и полесно би се избориле со инфекцијата. 100% гаранција не постои за ништо во животот, најмалку пак кога станува збор за човеково здравје.

Значи, превенвцијата е најдобар лек за почеток. Што можеме да направиме за да го подигниме нашиот имунитетот?

Првично да водиме здрав начин на живот. А што тоа значи?
- помалку цигари
- помалку алкохол
- адекватен сон
- повеќе физичка активност
- помалку стрес
- хигиено - диететски мерки

* миење раце - со сапун и вода / средства за дезинфекција на база на 60% алкохол
* држете ги рацете далеку од лицето, поточно очите, носот и устата
* избегнувајте гужви

Храна за која што е познато дека е сојузник на нашиот имун систем, односно, храна што ги мрази вирусите:
* лук - силен анти виротик (п.с не значо дека треба да се претерува :) )
* ѓумбир
* кокосово масло
* храна богата со ресвератрол (кикирики, бадеми, црвено и бело вино, грозје, боровинки, брусница, јагода, какао и темно чоколадо)
* храна богата со витамин Ц - витаминот Ц е важен бидејќи го зголемува бројот на белите крвни клетки (војниците на организмот), кои се клучни за борба со инфекции - лимон, цитрон, портокал и други цитрусни овошја, црвени пиперки (покрај Витамин Ц содржат и бета каротен), спанаќ (покрај витамин Ц, содржи и бета каротен, бројни антиоксиданси), брокули (Витамин А, Е, и други антиоксиданси)
*јогурт (витамин Д)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Нашиот имун систем е совршенство што се развивало неколку милиони години.

Толку е добар кога е во форма, што кај просечен човек има уништено 2-3 тумури настанати до 40 годишна возраст.

Така да @Darling, слушај ја @bijons кога ти објаснува за имунитот и не се заебавај.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.954
Имунитет!

... едниот фактор од што зависи нашиот имун систем т.е „наследниот фактор“ или вроден имунитет,

... другиот фактор кој се стекнува од околината и условите каде се живее или работи наречен - стекнат имунитет!

- активни имунитет
се однесува на активната улога на нашата антитела во организмот која се бори против сите извори на болести, да речеме конкретно кон вируси и самиот имунитет на ваков начин стекнат трае подолго време, па и цел живот, ако еднаш ме обори вирусот „доле“ моето тело ќе се бори со него создавајќи антитела, па ако истиот по извесен период пак ме нападне веќе нема да ме обори, оти ќе биде прочитан веднаш од таа антитела што кружи низ телото!

- пасивен имунитет, би рекла „туѓ имунитет“, пренесен од „друга личност“ со веќе створена антитела, да речеме преку млекото што го цица бебето од својата мајка или пак уште порано преку постелката во утробата на мајката и затоа велиме децата кои цицаат мајчино млеко се поздрави од другите тому поради тој „пасивен имунитет“ што „се слива“ преку мајчиното млеко!

...симптоми на пад на имунитетот не мора секогаш да биде поврзано и значајно само за разболување, пад на имунитетот е знак на секојдневно неоправдано заморување, мрчење, нерасположеност, кожни промени, опаѓање на коса, чести алергични реакции,
... совет за подобрување на имунитетот со внес на витамини, добра исхрана, редовен сон, намален стрес, физичка активност, сексуална активност, позититвни мисли и најдобриот совет да не мрчиме цел ден туку да се смееме и дружиме...

* кој дел од сето ова наведено ги имаме како присутно, толку ќе бидеме силни со нашиот имун систем, затоа има различни примери со различно однесување на индивидуата кон заразните болести, што ќе кажете околу тоа, ваше мислење?
Aj da ne se povtoruvam od drugata tema. Nesto poopsirno za toa vrodeniot imunitet. Kakov e toj, instiktivno sme otporni na nekoj bolesti, i ako sme na koj virusi i bakterii vaka pokonkretno?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.365
Поени од реакции
38.341
само што дознав од @bijons дека ради паднат имунитет се мрчело :pos:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... би го поканила (нормално ако сака) со својот придонес, каде генетиката ја има главна улога во вродениот имунитет.... @Botko?
Aj da ne se povtoruvam od drugata tema. Nesto poopsirno za toa vrodeniot imunitet. Kakov e toj, instiktivno sme otporni na nekoj bolesti, i ako sme na koj virusi i bakterii vaka pokonkretno?
...од вродениот имунитет дел е постојано активен кој се труди да не навлезе патогенот во нашето тело како прва бариера на одбрана, а другиот дел од тој вроден имунолошки систем мирува се додека патогенот успее да влезе во нашето тело тогаш се активира и ја има целта да го уништи тој веќе навлезен патоген!

...прва работа во каква состојба е коскената срж на индивидуата, такви ќе бидат и тие клетки кои се одговорни за уништување на тој патоген т.е. белите крвни зрнца, леукоцитите каде има клетки т.н. фагоцити кои покрај другото има и една улога која не иста кај секој човек !
...нели има особи кои при напад на патоген (инфекција бактериска или вирусна) ќе ја покачат телесната температура, а кај некои не доаѓа до такво покачување на телесната температура- грозница (ете еден „вроден имунолошки одговор“ што не е ист кај сите).
... таа појава на грозница е предизвикана од малите протеини кои се емитираат од фагоцитите (цитокини) кои ги испуштаат со цел да им се помогне во нивната борба против патогените, истите дејствуваат на централниот нервен систем - на хипоталамусот да даде „наредба“ за зголемување на температурата во организмот, при што патогените не можат да се размножуваат, движењата им се побавни, им се оневозможува испуштање на отрови во организмот...итн
... зголемената температура се создава и со вазоконстрикција- стеснување на периферните крвни садови со што се намалува загубите на топлина и зголеменото производство на топлина во организмот, од тука препораката да не се пие ништо против покачената температура барем до 38,5 С, оти го спречуваме несвесно од страв од 40 С несакани последици, овој имунолошки одговор на телото!
Нашиот имун систем е совршенство што се развивало неколку милиони години.Толку е добар кога е во форма, што кај просечен човек има уништено 2-3 тумури настанати до 40 годишна возраст.Така да @Darling, слушај ја @bijons кога ти објаснува за имунитот и не се заебавај.
... еве да се прашаме, зошто ја тестираме крвната слика? и зошто секогаш при тие хематолошки испитувања се бара да се направи диференцијална крвна слика - Леукограм?
тука имаме петте типови леукоцити
неутрофили 40% - 70%, еозинофили1%- 4%, базофили помалку од 1%, лимфоцити 20%- 50%, моноцити 1%- 8%
...да се задржам на неутрофили, да дојдам до поентата на @teneke!
кога имаме напад од патоген (бактериска инфекција) оштетената клетка ослободува "хемокини" кои ги привлекуваат неутрофили (најголем дел од крвните клетки произведени од коскената срж) на местото во процес кај клетката која е нападната- хемотаксис и тие се првата бариера на одбрана против патогенот во организмот!
... неутрофилите живеат само 8 ч, ама коскената срж создава 100 милијарди клетки секој ден, дел циркулира низ крвните садови, дел се лоцираат во ткивата на телото.
...токму овие клетки се тема на онколозите кои при ординирање на хемотерапија доведува до проблематично низок број на бели крвни клетки и низок број на неутрофили со што тие пациенти имаат предиспозиција на инфекции, но и факт дека токму овие клетки можат за кратко време да уништат канцерогени клетки во телото!

LIfT-coverage-340x340-c-default.png LiftBio-Award-2018.jpg

...така, да... Alex Blyth, CEO LIfT BioSciences ...од 2018 год, дали е на повидок нов чекор за човекот за да се најде терапија која ќе ги уништи канцерогените клетки во телото, токму со вештачки внес како еднонеделна доза на „неутрофили“ останува да видиме!

f697bf10-2090-40dd-a83b-a6b02ef568fe.jpeg

...дејство на неутрофилите е толку силно што во период од 24 часа можат да уништат до 95 отсто од канцерогените клетки, што може да биде одговор на многу „феномени“ на исчезнување на дијагностицираниот рак или пак присуство на тумурозни клетки во некој орган без терапија!
... што мислиш @мкд владе што е посилно од вродениот имунитет конкретно состојбата на неутрофили во текот на животот создадени од коскената срж како еден од важните ткива за создавање на крвните зрнца, конкретно леукоцити- неутрофили за одбрана на телето од непријателот на човекот бр.1 - канцерот!
... прашање колку тие што треба да го следат ова даваат воопшто препорака за испитување на крвна дифенцијална крвна слика како општа проценка на здравјето на пациентот?
П.С.
моето пишување е со цел да секој што ќе го интересира и ќе прочита да истото го разбере, ова не е одбрана на некој стручен труд, ниту пак отворена лиценцирана ординација, ниту пак се внимава на правопис и други работи што не е цел на самата тема, затоа доколку имате проблем со ова, ве молам да не коментирате вон темата, едноставно прскокнете ја!
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
@мкд владе со коментариве ме потсети на еден виц.
Докторе јадам банани, серам банани.
Јадам портокали, серам портокали.
Шо да праам?
Јади лајна.
:D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Причини за зголемена слезина?
bolest-pristap-spleme-bolest-04.jpg spleen-what-does-it-do.jpg

... како орган на лимфниот систем, каде преку слезенска артерија доаѓа крв каде се отстранува изумрените црвени крвни зрнца (црвен дел од слезината), па излегува преку слезенска артерија се наоѓа лево под абдоменот, а другиот лимфоиден дел (бели дел од слезина) каде донесената крв со патогени на нив делува лимфоцитите!
Слезината ако не функционира како треба или треба да се отстрани самиот човек е подложен на многу инфекции што укажува на негов намален имунитет, како орган спаѓа во имунолошкиот систем за телото кое има улога за вродениот имунитет @мкд владе !

bolest-pristap-spleme-bolest-02.jpg

... кога слезината се зголемува (Splenomegaly ), при најмал оброк се чуvствува болка во тој дел каде се наоѓа слезината, па се пренесува нагоре на лева рака!
зголемување на слезината е патолошка состојба како резултат од некоја друга болест и затоа самиот третман треба да се насочи кон болеста што ја предизвика таа патолошка состојба на зголемување, се прават лабраториски анализи, посебно јетрени испитувања, ултразвук, па потоа може да се одреди зошто? може да биде како резултат од пернициозна анемија, анемија на српни клетки, бактериски ендокардитис, леукемија, Хочкинова болест, Бантинова болест, цисти, мононуклеоза Епштајн - Вирусот Barr и тумори (хемангиоми и хемангиосарком), но често пати не се наоѓа причинителот и луѓето така живеат со зголемена слезина следејќи ја редовно!

...доколку се работи за тебе или е последица од анемија или поради моментална акутна инфективна состојба што ако се излечи слезината ќе се намали, но мора да се направат сите испитувања за да се докаже тоа!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.808
Поени од реакции
7.185
имунолошки систем мирува се додека патогенот успее да влезе во нашето тело тогаш се активира и ја има целта да го уништи тој веќе навлезен патоген!
Ако тој систем има таква цел, да уништи патогени:
- дали работи 24/7 и зашто не :D , т.е. на кој принцип работи.
- кога влегуваат преку нос/уста/очи/уво, како стигаат директно до некои органи, успат не се заглавуваат некаде, не ги уништува ли нешто (вирусите немаат со што да се движат).
- зашто дозволува патогени откако ќе навлезат, да се размножат. Нели, доколку некој кивне или не ти се миени рацете, мала количина ќе навлезе во телото, која е доста помала во споредба со "војската" одговорна за уништување, да не им дозволуваат азил...
- имаат ли изолирано целосен примерок од вирус, како што имаат од бактерија. Значи како што го претставуваат на слики, од еден човек, целосен примерок, со целосен геном, не да е крпен од повеќе делчиња....

...нели има особи кои при напад на патоген (инфекција бактериска или вирусна) ќе ја покачат телесната температура, а кај некои не доаѓа до такво покачување на телесната температура- грозница (ете еден „вроден имунолошки одговор“ што не е ист кај сите).
... таа појава на грозница е предизвикана од малите протеини кои се емитираат од фагоцитите (цитокини) кои ги испуштаат со цел да им се помогне во нивната борба против патогените, истите дејствуваат на централниот нервен систем - на хипоталамусот да даде „наредба“ за зголемување на температурата во организмот, при што патогените не можат да се размножуваат, движењата им се побавни, им се оневозможува испуштање на отрови во организмот...итн
... зголемената температура се создава и со вазоконстрикција- стеснување на периферните крвни садови со што се намалува загубите на топлина и зголеменото производство на топлина во организмот, од тука препораката да не се пие ништо против покачената температура барем до 38,5 С, оти го спречуваме несвесно од страв од 40 С несакани последици, овој имунолошки одговор на телото!
Повисоката температура значи е свесна/намерна реакција на телото, самиот организам ја активира за да се справи со патогенот, а не дека бактеријата/вирус се виновни....
- зашто тогаш докторите (нашите) препишуваат разни лекарства за намалување, кога таа дефакто е корисна. На тој начин дополнително му се отежнува работењето на организмот....
- како зголемената температура не ги уништува сите други бактерии во телото... а ги има трилиони
- некои редовно до 38 ама ни децимала повеќе, некои до 39 ни децимала повисоко, а некои 41, од што зависи тоа, од типот на патогенот или слаб организам ...

...да се задржам на неутрофили, да дојдам до поентата на @teneke!
кога имаме напад од патоген (бактериска инфекција) оштетената клетка ослободува "хемокини" кои ги привлекуваат неутрофили (најголем дел од крвните клетки произведени од коскената срж) на местото во процес кај клетката која е нападната- хемотаксис и тие се првата бариера на одбрана против патогенот во организмот!
... неутрофилите живеат само 8 ч, ама коскената срж создава 100 милијарди клетки секој ден, дел циркулира низ крвните садови, дел се лоцираат во ткивата на телото.
...токму овие клетки се тема на онколозите кои при ординирање на хемотерапија доведува до проблематично низок број на бели крвни клетки и низок број на неутрофили со што тие пациенти имаат предиспозиција на инфекции, но и факт дека токму овие клетки можат за кратко време да уништат канцерогени клетки во телото!
Кога тестираш крвта, некогаш од резултатите од мерењето ќе добиеш точна но и погрешна претстава ... нели е можно во одреден период да земеш иста количина на крв како и пред 3-4 месеци, поради некоја Х причина дошло до ширење на крвните садови, па имаш и зголемена количина на крвниот серум.... На тој начин имаш иста количина на крв како претходно, но при второто земање сега имаш повеќе серум во примерокот, па ќе добиеш помал % на бели и црвени клетки, ама во апсолутна бројка уствари ист е бројот. Значи резултатот си е точен, ама во реалност не е така, па можат погрешни дијагнози да се дадат.

За неутрофилите дали е вистина или не, не сум упатен, ама овие начници слично кажуваат:

Арно ама, такви информации имаме уште од времето на "ценет" Cornelius Packard "Dusty" Rhoads, одговорен за хемиска војна во армијата на САД, кој во 1953 изјавува дека за 10 години ќе се открие лек за ракот, како што е пеницилинот за бактериите. И така на секои 10 години, имаме нови изјави од лица во врвот на медицината (не мора да значи дека се врвни во професијата, едноставно некој ги поставил), а во меѓувреме ни пеницилинот не успева да ги победи лошите бактерии.
Уште колку декади по твое ќе треба да причекаме....

активната улога на нашата антитела во организмот која се бори против сите извори на болести, да речеме конкретно кон вируси и самиот имунитет на ваков начин стекнат трае подолго време, па и цел живот, ако еднаш ме обори вирусот „доле“ моето тело ќе се бори со него создавајќи антитела, па ако истиот по извесен период пак ме нападне веќе нема да ме обори, оти ќе биде прочитан веднаш од таа антитела што кружи низ телото!
Ако е така ова со антителата, зашто тогаш некои секоја година, фаќаат грип, настинка, нос, стомак и сл. Нели организмот се изборил со нив претходната година, создал антитела, меморирал кој "патоген" му прави "проблеми" , би требало да има проблеми само нови или мутирани...

совет за подобрување на имунитетот со внес на витамини, добра исхрана, редовен сон, намален стрес, физичка активност, сексуална активност, позититвни мисли и најдобриот совет да не мрчиме цел ден туку да се смееме и дружиме...
Ако со ова се подобрува имунитетот, зашто тогаш имаме луѓе кои ги практикуваат овие работи, па пак добиваат тешки дијагнози ... нели би требало организмот со својата силна војска да ги уништи патогените...
А имаш како @мкд владе (господ да го поживее и фамилијата) кои и пушат, и пијат, и јадат што им е мерак на душичката, па пак си се (пу пу да го мочаат бабите) здрав и прав.

Се согласувам со советот, ама на тој начин тогаш нема логика патогените да се причинители за "болести "

Нашиот имун систем е совршенство што се развивало неколку милиони години.
Ако е совршенство оти толку лекарства луѓево пијат, а патем се исмејуваат со некои кои одбиваат од модерните "лекарствата" од фармацевтските кујни....

Инаку да, совршенство е човечкото тело, ама еден орган кај сите различно, да кажеме - функционира.
Несакајќи (несвесен) успеа да кажеш нешто целосно точно :aplauz::ајнапиво: . И учи како културно и концизно се одговара, а не како тебе хихи-хаха и кидабела.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Ако е совршенство оти толку лекарства луѓево пијат, а патем се исмејуваат со некои кои одбиваат од модерните "лекарствата" од фармацевтските кујни....

Инаку да, совршенство е човечкото тело, ама еден орган кај сите различно, да кажеме - функционира.
Несакајќи (несвесен) успеа да кажеш нешто целосно точно :aplauz::ајнапиво: . И учи како културно и концизно се одговара, а не како тебе хихи-хаха и кидабела.
Само една работа ќе ти одговорам, сега има неприродна селекција, наместо природна.

И затоа ќе треба се повеќе лекарства.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.954
Нашиот имун систем е совршенство што се развивало неколку милиони години.

Толку е добар кога е во форма, што кај просечен човек има уништено 2-3 тумури настанати до 40 годишна возраст.
Nasiot imun sistem e daleku od sovrsen. Ako bese taka sega voopsto nemase da se zamarame so virusi, nastinki, bakterii i neznam sto. Poprecizno bi bilo da recis nasiot sistem se razvival milioni godini i zatoa sega nie tuka go tupime okolu toa. Da bil sovrsen nemase da go tupime, da ne evoluiral nemase da bidime tuka. Arno ama tuka se i bakteriite i virusite. I tie evoluiraat pa nasiot imunoloski sistem treba da bidi vo cekor so niv. Nasiot imun sistem raboti na princip ucenje. Ako go lisis od toj izvor na informacii so tek na vreme ke stani dosta neefektiven zatoa sto dodeka toj spiel, neprijatelot rabotel turbo.
 
Да во право си, тоа и го кажав претходно, ние сега имаме неприродна селекција.
Затоа човештвото се повеќе ќе зависи од лекови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom