- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.604
- Поени од реакции
- 34.798
... најчесто кога ќе дојдеме со прашање во лекарската ординација околу важноста на Вит Д секогаш тоа се поврзува со две работи, рахитис кај децата и остеопороза кај возрасни и толку!дали имаш сознанија околу Д3 витаминот и имунитетот ?? (за возрасни) и утрапија на ќерката Д3 4000ие, ама ме збуни 1 дражеја на 2 дена и се јавив на матичната да прашам, ми кажа одма враќај тоа, максимум е 2000ие и тоа ако со анализа на крв имаш недостаток, добро ја чувавме фискалната и го вратив... е сега матичната кажа ако сакам не е опасно, по 500ие на ден, како за деца за рахитис, ама изгледа немало перли како некогаш, туку само капки ??Ова 500ие може и со сунчање да се постигне, ама во јуни, плус и тоа па не е згодно за кожата??
...можеби има ретко некои лекари кои даваат акцент на циркулирачки нивоа на Вит Д во организмот поврзано со дијабет, кардиоваскуларни и автоимуни болести, па и некои тумурозни состојби. Лично мое влошување на функција на штитната жлезда, со покачување на ТСХ и ТПО антитела (автоимуна болест - Хашимото, како и витилиго), самоиницијативно побарав лабораториска анализа на Вит Д - 1,25-(OH)2 Витамин D и укажа дека сум на долна граница, со што следува период на внесување на исхрана богата со Вит Д (путер, риба, млечни производи збогатени со Вит Д) како и сончање во период само од 10 до кај 12ч, „на голо“ на пределот лице, грло, гради, затоа што би рекла општа здравствена состојба на телото ќе зависи и од нормализирање на тој Вит Д барем во граница над тоа мое ниско ниво.
Вит Д се наоѓа главно во две форми :
- Витамин D2 (ергокалциферол)-е само од егзогено потекло, мали количини се присутни во храната (печурки, зеленчук)
- Витамин D3 (холекалциферол) кој се синтетизира од 7-дехидрохолестерол со влијание на соларни ултравиолетови зрачења на кожата, а исто така, присутен е во храната (најчесто во масна риба).
25-(OH) Витамин D е главната форма на Витамин D и се наоѓа во висока концентрација во серумот или плазмата со што се одредува самиот статус на Вит Д во телото,нормални вредности на витаминот Д (30–100 ng/ml) , < 20 ng/ml дефицит, најчести симптоми од недостиг од витаминот Д слаба апсорбција на калциум, замор, сонливост, мускулна слабост, депресија, потење на главата, сува потемнета кожа, кршлива коса, намален имунитет и склоност кон алергии, зголемен крвен притисок и холестерол, астма кај деца, бавно заздравување рани.
... е сега не може така „ да и’ утрапат“ на ќерката, од препоставка дека има слаб имунитет, па од око матичната и препорачала Витамин Д, затоа што може таа да има нормално циркулирачки Вит Д и со дополнително додавање на Вит Д во суплименти може да доведе до суфицит- вишок, што пак ќе прави здравствени проблеми! така да без лабораториска анализа напамет Не, оти ќе се поврзи со апсорбција на калциум па ќе наштети на бубрезите, барем јас така мислам!
... испитување треба да биде после „wash out“ периодот (времето неопходно целиот суплимент или лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности на Вит Д), витаминот Д како липосолубилен витамин, се задржува во масното ткиво и тешко се ослободува во крвотокот!
...сите мои напори да по природен пат го доведам Вит Д во нормала од моите предходни 27 ng/ml барем на некоја средна вредност од 50 ng/ml ми беа безуспешни, а самата втора анализа напротив беше уште пониска вредност од 20 ng/ml што беше знак дека морам да го внесам Витамин Д ако не сакам да паднам под таа вредност што ќе значи веќе недостаток, а под 10 ng/ml се води како тежок дефицит ... инаку формата како Д3 е природна форма за телото и поефикасен од Д2, како суплименти/ лек селектирав четири од кои требаше да се одлучам :
-прва опција не ја зедов во предвид поради содржината на Вит А!
- сакав чист Вит Д3 ама не како орална ампула ( втора опција) која се зема еднаш месечно поради повисока концетрација еднократно,
- Вит К не ми е неопходен, па ја исфрлив и четвртата солуција, па се одлучив на маслениот раствор Вигантол ( трета опција) кој можам сама да си го дозирам постепено секојдневно почнувајќи од една капка, па две...
... ми требаше само еден месец да направам повторно хормонско испитување на штитната жлезда, каде веќе ТСХ од 8,7 се симна на пола (Т3, Т4 во нормала) на нормална вредност 4,4 ( 0.4 до 4.5 µUI/ml) со што знам дека сум на добар пат за решавање на проблемот ( и витилигото ми се повлече на лактот скоро 90%), но ми треба барем уште еден месец за да би направила повторно лабораториско испитување на Вит Д, со што продолжив со Вигантол по 5 капки (2000ИЕ) што би ми била доволна дневна доза иако имам недостаток на Вит Д, па слободно можам да земам и 4000ИЕ!
...тоа што и дале на ќерката суплимент со една доза од 4000ИЕ не е толку страшно кога се дозира секој втор ден што значи секој ден би дошло до 2000 ИЕ или можела да пие еднаш на три или четири дена, туку матичната зошто дала препорака без испитување, ако така се исплаши, па вие ќе лутате таму ваму, веќе ако дава готови суплименти си Вит Д за подигнување на имунитетот што не назначила и максимална дневна доза!
П.С.
...строга вегетаријанаска исхрана која не содржи ништо од животинско потекло дури ни млечни производи е предиспозиција за недостаток на Вит Д со што и имунитетот може да биде загрозен!
Последно уредено: