Имиња на македонски градови - преданија, приказни, легенди

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Лазарополе - едно од најубавите села во Македонија. Своето има го добива по херојот Лазар. Турците на времето кога дошле на ова место, пустош направиле. Мажите ги убивале, жените ги силувале, ги грабнувале, тепале, а децата ги краделе и ги потурчувале. Турците не оставиле жив човек во ова село. Единствена жена која се спасила била Калина. Калина од среќа што заминале Турците почнала да пее песна, но неколку од Турските војници ја чуле, се вратиле и ја убиле/грабнале (не се сеќавам точно). Но единствениот маж кој останал жив од ова село и се спасил бил Лазар.
Лазар за краток временски период повторно го живнал селото, ги обновил куќите, се зголемил бројот на жители, се изградила црква итн. По името на единствениот преживеан Лазар и селото го добива името Лазарополе. :)
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
П.С. Би било интересно да споделите и некоја приказна околу потеклото на името на Скопје, бидејќи никој не го знае точното потекло на името на градот.
Имињта Скупи а и Скопје веројатно потекнуваат од куп, копа (дијал.), што порано, покрај денешното значење натрупани нешта, имало и значење ритче, возвишение. Скупи се наоѓа на Зајчев Рид, калето исто така е на високо место итн.

Треба да се има на ум дека најстарите имиња на градови се запишани на латински или на грчки, со латинска или грчка транскрипција што често подразибира и мала промена на името. Така да, не мора да значи дека, на пример, од Астибо со тек на време се стигнало до Штип, или од Скупи до Скопје. Едноставно Римјаните го пишувале името како што им било полесно за изговор.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кратово, Куклици - на територијата на денешно Кратово живеело едно семејство чиј син бил за женење. Тој требал да се жени во најбрз рок. Но тој си нашол две девојки и незнаејќи што да прави се решил со едната порано, а со другата покасно да се ожени.
Кога дошол денот на венчавката тој најпрво се венчал со едната девојка, без другата да знае. Но некој дознал за тоа и и кажал на втората невеста. Таа веднаш дошла и го забележала својот иден сопруг, другата девојка, сватови, роднини............ и тогаш девојката рекла:
- Бидејќи вие ме излажавте, сите камен да се сторите!
И тогаш сите присутни се скаменале како кукли, затоа и ова место се вика камени Куклици :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Охрид - многу одамна некој познат Македонски војсководач имал за задача да се качи на ридовите на денешен Охрид и да ја освои таа територија. Тој тргнал при исполнување на задачата, но видел дека таа земја е повисока од рид, личела на планина. Но тој упорен стигнал до посакуваното место и така изморен извикал Ох Рид..... така и дошло името на градот Охрид :)

Претпоставувам дека војсководачот е Лазар Колишевски зошто би требало да е пост-ерата на Блаже Конески оваа приказна.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Претпоставувам дека војсководачот е Лазар Колишевски зошто би требало да е пост-ерата на Блаже Конески оваа приказна.
Не ми текнува како се вика, ако ми текне ќе пишам :)
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
344
Поени од реакции
340
Свети Николе
Според некои постои една легенда поврзана со ова место во Свети Николе постоеле околу 40 цркви.За време на турското ропство сите биле уништени само најубавата и единствената која останала е црквата Св.Никола и по тоа е добиено името Свети Николе.

Инаку првото име на градот било Пробатон па во VII го промениле во Овче Поле и сега е Свети Николе
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не ми текнува како се вика, ако ми текне ќе пишам :)
Тој е или пак имаше еден Војвода Темпо, не ми текнува најдобро Светозар или Светомир се викаше. :cautious:
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
поправка:
Астибос - сега Брегалница
река помеѓу Кадиица, Малешевските планини, Огражден, Плачковица и(дел) Голак.
Градот бил наречен Астибо, реката во тоа време била нарекувана Brigantium :)
EDIT: можно е и реката да се викала така (не сум сигурен), во римско била нарекувана вака

Треба да се има на ум дека најстарите имиња на градови се запишани на латински или на грчки, со латинска или грчка транскрипција што често подразибира и мала промена на името. Така да, не мора да значи дека, на пример, од Астибо со тек на време се стигнало до Штип, или од Скупи до Скопје. Едноставно Римјаните го пишувале името како што им било полесно за изговор.
Некаде низ времето за Штип се појавува и името Стипион, така да веројатно е од „еволуција“ :)
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Велес

Во шесто оделение имавме задача да најдеме како настанало името на нашиот роден град,еве што се сеќавам.
Територијата на Велес во римско време се нарекувала Вила Зора,што во превод значело долина со шума и пасишта,од инфраструктура имало мала извидничка тврдина(се наоѓала над манастирот св.Димитрија на ридот) и мало населено место од неколку куќи.Кога се населиле Словените основале поголемо живеалиште на таа територија и бидејќи имало многу шума и пасишта градчето го крстиле Велес по името на нивниот бог Волос(бог на пасиштата).Кога дошле турците го преименувале градот во Ќупурли (град на мостовите) бидејќи имал два моста,Стар Мост и Мало Мовче.Исто така туриците ја запалиле цела шума бидејќи во нејзе се криеле комитите и го проколнале местото никогаш повеќе да не порасне ниедно дрвце што до ден денска е така,ридиштата се голи.После турското ропство му се враќа името Велес,па во Југославија Титов Велес,па по осамостувањето на Македонија пак Велес. :)
 
Член од
9 јануари 2013
Мислења
619
Поени од реакции
466
Кавадарци
Според една легенда овој град името го добил според една топола и еден камен. Луѓето го завикале „кав - дар“ кав - топола, а дар - голем камен.Според друга легенда, еден селанец, воодушевен од убавините на природата извикал “ама кавин дар„, значи место подарено од природата
 
E

emission

Гостин
Преданија запишани во зборникот на Миладиновци 1861 година.

Охрид. Вељат че, кога се правеше Охридската крепост, Јустинијан се качи на ридовите, на кои лежит градот, и гледаештем прелепото местоположење, извика ох рид, т.е. ох, каков хубав рид. И од тога остана да се викат градот Охрид (Охрит).

Воден. Воден град, к'де се закопвеха македонските цареви, окрепен од природата, вељат че, во време од некоја војна, беше се презел од непријателите, после д'лго опколисвање, со помошта од козите, кои им показаха скришно п'тче, по кое тие обикновено се качвеха, и по кое непријателите влезоха в крепоста.

Маркова нога. Не далеко од Охридскота езеро в Струшките лозја, се находвит камен, кои се викат Маркова нога, која се врезала (вглобила), кога тој од каменот се качвел на коњ. Зам. Каменот је необработан, а ст'паљката нејасна. Тамо на суша ходеха пред неколку години Стружаните со крстни ход.

Демир-капи (железна врата). Това место је на правиот брег од Вардар. Тамо поминвит п'тникот низ камнени ѕидови, кои сет рамни, како да беха мерени и нар'чно пресечени в планината. Тои п'т низ каменот, вељат, че го отворил Марко крале со сабјата му. Кажват че тога каменот беше бил мек, за това можел Марко да го сечит, и ст'паљките му да останвет вглобени в него. А не бил толку мек, што да можит секој да го сечит. Но оште понапред некога каменот беше бил мек, како тесто.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кратово - еден од најспецифичните градови во Македонија. Порано на територијата на денешно време се наоѓал вулкан. Жителите го сметале за многу опасен. Денес го нема овој вулкан, но се тврди дека градот е поткренат врз кратерот, па оттаму и името Кратово :)

Радин мост - овој мост е еден од најзначајните обележја на градот Кратово. За време на Турското ропство, Турците дошле и во овој град. Тие пустошеле, убивале деца, мажи и жени, но како најхрабра се истакнала Рада. Рада им се спротиставувала на Турците, бидејќи не сакала да биде потурчена, но Турците налутени ја нападнале и жива ја зацементирале во мостот. Некои тврдат дека и нејзиното дете го зациментирале. Страшно. На овој начин, овој мост е наречен Радин мост :)
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Bravo sunger,imas 5-ka za raskazuvanjevo.Utre pak procitaj za nekoj grad/selo,pa raskazi go tuka. (y)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На Википедија има за потеклото на имињата на некој наши градови
Еве што вели за Битола.
Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Според Адријан Рум,Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенскиОбитѣль), овој израз до денес се употребува и во (хрватскиот јазик, Obitelj) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, како фамилија односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола
http://mk.wikipedia.org/wiki/Битола
А еве за што вели за Струга
Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот на Струшко иОхридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име.
Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.
Второто е сосем поинакво : Одамна некогаш Македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим одОхридското Езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга).
http://mk.wikipedia.org/wiki/Струга
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Струга


Античкото име на градот е Енхалон, од старогрчкиот збор што во превод значијагула, која тогаш била мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга.
Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот на Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име.
Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.
Второто е сосем поинакво : Одамна некогаш Македонските Словени (Брсјаци иМијаци) во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина наистекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга).
Некои автори тврдат дека градот е наречен така заради тоа што Црн Дрим поминува низ далјаните (турски збор за место заградено со турски и друг материјал за лов на јагули и риби воопшто).
Можеби е најблиску до вистината објаснувањето дека Струга значи речен ракав, притока (во случајов истек на Црн Дрим) и тоа на место со уреди за риболов.

За првпат под словенското име Струга, градот се споменува во еден документ од 11 век. Во друг документ од 16 век (Калимановата грамота) е дадена една царскаповелба „приходите од рибното ловиште на град Струга да се испраќаат на Зографскиот манастир

 

Kajgana Shop

На врв Bottom