Имиња на македонски градови - преданија, приказни, легенди

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Сте се запрашале ли некогаш како македонските градови ги добиле имињата? И додека во училиштата не се изучува воопшто оваа тематика, еве од Think.mk едно интересно видување за пореклото на имињата на поголемите градови низ државава.

http://think.mk/2013/07/27/kako-nastanale-iminata-na-gradovite-vo-makedonija/

(за жал, не можам да го прекопирам текстот овде, не е дозволено)

Како настанало името на вашиот град и дали го пронајдовте на листава? Имате ли можеби поинакво гледиште од овие преданија или сте чуле поинакви ставови? Споделете ги и секако, добредојдени сте да пишете и за градовите кои не се опфатени на листава :)

П.С. Би било интересно да споделите и некоја приказна околу потеклото на името на Скопје, бидејќи никој не го знае точното потекло на името на градот.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Скопје - калето е сведок за создавањето на името на градот. Пред создавањето на Калето, а и од кога тоа било изградено, Скопјани се бранеле претежно со копје. Тие кога се спремале за напад извикувале дека треба да се нападне С'КОПЈЕ и така дошло името на овој град :)

Охрид - многу одамна некој познат Македонски војсководач имал за задача да се качи на ридовите на денешен Охрид и да ја освои таа територија. Тој тргнал при исполнување на задачата, но видел дека таа земја е повисока од рид, личела на планина. Но тој упорен стигнал до посакуваното место и така изморен извикал Ох Рид..... така и дошло името на градот Охрид :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.101
Скопје - калето е сведок за создавањето на името на градот. Пред создавањето на Калето, а и од кога тоа било изградено, Скопјани се бранеле претежно со копје. Тие кога се спремале за напад извикувале дека треба да се нападне С'КОПЈЕ и така дошло името на овој град :)

Охрид - многу одамна некој познат Македонски војсководач имал за задача да се качи на ридовите на денешен Охрид и да ја освои таа територија. Тој тргнал при исполнување на задачата, но видел дека таа земја е повисока од рид, личела на планина. Но тој упорен стигнал до посакуваното место и така изморен извикал Ох Рид..... така и дошло името на градот Охрид :)
Не знам колку е баш веродостојна приказнава, но недалеку од калето постои римскиот град Скупи. Е сеа дали името било словенизирано од римскиот топоним, или пак одново било составено...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Не знам колку е баш веродостојна приказнава, но недалеку од калето постои римскиот град Скупи. Е сеа дали името било словенизирано од римскиот топоним, или пак одново било составено...
Па прво се викал Скупи, а подоцна и Скопје :)
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Ви благодарам што ја споделивте веста, се надевам ќе додадете уште информаци за други градови па и држави како го добиле името :)

Патем, во текстот го додадов и мислењето на Sungerot Bob :) Рефреш: http://think.mk/2013/07/27/kako-nastanale-iminata-na-gradovite-vo-makedonija/
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Уште по интересно ќе биде да се прошири темата и со „села“
Како настанале имињата на селата во Македонија (и градовите)
- Кривогаштани
-Долно дупени
-Подржикоњ
-Подмочани
-Кучевиште
-Волково
- Кур............ и т.н.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ви благодарам што ја споделивте веста, се надевам ќе додадете уште информаци за други градови па и држави како го добиле името :)

Патем, во текстот го додадов и мислењето на Sungerot Bob :) Рефреш: http://think.mk/2013/07/27/kako-nastanale-iminata-na-gradovite-vo-makedonija/
Фала, фала :)

Дојран - многу одамна на територијата на денешен Дојран дошол еден многу богат Турчин. На територија на Дојран живеела една многу убава девојка по име Дојрана. Кога Турчинот ја видел тој веднаш ја посакал за негова жена, но Дојрана неќела и веднаш избегала, таа долго време се криела, се додека еден ден Турчинот не испратил луѓе да ја најдат. Девојката кога видела дека доашаат луѓето, таа немајќи што да прави се фрлила во блиското езеро. Тоа езеро подоцна го добило своето име според девојката и било наречено Дојрансјо езеро, а подоцна и градот го добива своето име Дојран по името на езерото и се она што се случило порано. :)

Се сеќавате на оваа легенда? :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Astibo - ...со тек на време Штип :)
поправка:
Астибос - сега Брегалница
река помеѓу Кадиица, Малешевските планини, Огражден, Плачковица и(дел) Голак.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ајде да ги анимирам тие од другите градови, споделете потекло на имињава:)

Виница?
Крушево?
Тетово?
Дебар?
Ресен?
Богданци?
Пробиштип?
Виница?
Валандово?
Неготино?
Каварарци?
Штип?


А може и за интересни имиња на села, добро вели Анчо:D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Пробиштип - се раскажува дека територијата на денешен Пробиштип всушност била дел од Штип. Но Турското владеење како низ целиот свет така и кај нас, се обидело да нападне дел од градот Штип. Штипјани силно се бореле, но не доволно, бидејќи голема била турската војска. Тогаш Турците пробиле дел од градот и влегле во него. Тогаш Штип бил пробиен, па затоа тој дел од градот бил наречен Пробиштип :)
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
ја знам за Тетово.....некоја внука со тетка и била на чешма да полни вода...и дур се полнеле стомните со вода девојчево забегало..се заиграло нешто и отишло накај планината...после некое време сфатило дека се изгубило и почнало да паничи........дошло доцна навечер...теткава исплашена со другиве сограѓани почнале да го бараат девојчево ама го немало.......и наеднаш чуле..ТЕТОО ВОЛК !!! девојчево се раздрало и воедно тогаш било последен пат чуено...во екото се слушало како ТЕТО ВОО.......и од тогаш во чест на девојчето градот се вика Тетово
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Владимирово
Во ова Малешевско село на денешното место прв се населил Владимир Новосел.
Се лоцирал кај денешната камбанерија над црквата,направил земјанка,а селидбената ридчеста површина се до Премката,била обрасната со трње,лешка,пофит,занофит и други нискостеблени ратсенија кои одговарале за одгледување на козите,а воедно и како збег за заштита. Владимир имал четири сина,од кои два со тек на време се оделиле и едниот се заселил кај Чаминскиот кладенец (денес куќа на Кирил Зрлевски), другиот се заселил во коријата на денешната Едровска маала Помалите два сина останале кај него.
Сегашно - потомство на првиот жител Владимир се сметаат денешни Марковци а порано Попстојанци - познати како Чорбаџиевци.(кои имаат големи комплекси на имот)
 
B

BrunoFresh

Гостин
Прилеп
Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место (место каде што се правело леб).

Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значење блатно, мочурливо место, место покрај блато.

Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропонимија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom