Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.127
- Поени од реакции
- 25.627
Има едно дуо што прави/пушта електронска музика и се викаат Пепи и Шабан. Името ми беше премногу симптоматично затоа што така се викаа двете култни биртии во село Дабиле струмичко:
Кабаре "П Е П И" | Strumica
Кабаре "П Е П И", Strumica. 817 likes · 22 were here. Dance & Night Club
www.facebook.com
Нормално, освен ако не си од Струмица и струмичко или не си биртијаш нема да го знаеш тој податок, па поготово ако си електраш кој нема допирна точка со турбофолк. И ме закопка дали е поврзано како што мислев и после нивниот сет им пристапив и ги прашав дали името им е од легендарните биртии во Дабиле при што се испостави дека едниот од нив, тој лево со брковите на сликата горе е од Струмица и дека теоријата ми е точна, "уметничките" имиња им се одбрани по двете кафани.
И така, се надевам уживавте во непотребно изгубени 3 минути од животот и осознавањето на тотално небитни факти од никакво значење што никогаш нема да ви бидат од корист.