Има ли спас од партиите?

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.823
Поени од реакции
7.120
Во секој случај време е да пробаме нема што да загубиме еве гледаме до сега со овај систем ништо не мрдна од мртва точка баш напротив се враќаме назад
Без разлика шо може и овај со отворени листи е фаличен и има можност за злоупотреба сепак подобро секој човек пратеник да одговара пред гласачите и народот од колку само на партијата како се до сега...
Не можи и не смее повеќе само еден човек пример сега грујо а претходно б.ц. да ни ја решава судбината на сите граѓани во државата!
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Интересен предлог, така ќе им се одземе моќта на големите партии пошо реално тие што се на власт можат да прават шо сакаат и буквално ги заменуваат институциите.

Ако се гласа како во Швајцарија на пример, МВР, судството... ќе зајакнат и ќе си ја тераат како што треба а не вака све преку партија.

Не сум многу информиран за ова, ама ме интересира ако дојде до нешто вакво кој ќе ги плати долговите на институциите што моментално ги имаат и како ќе се финансираат понатака ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Никој нема да дозволи децентрализација на моќ во Македонија. Ни одвнатре, а уште побитно ни однадвор. Бар не на среден рок.

А дали децентрализација би донесла нешто позитивно? Теоретски да, ама ако земеме во предвид образованост на народот, во пракса само ќе влоши ситуација.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Освен предлогот за два дома, добро решение би било и гласање на отворени листи што значи гласаш за човек а не само партија
Што значи ќе си имаш работа со еден пратеник кој ќе те преставува за кого ќе гласаш
Доста е гласање за партија односно ние Битолчани да гласаме за носител на листа од Скопје, Кичево, Охрид итн...Па Битолчанецот би бил на пето или седмо место на листата а со тоа да не бидеме претставено во парламентот
Значи една изборна единица и листа од 123 предлози за пратеници од секоја партија или коалиција како и можноста за граѓански листи, па да гласаме за луѓе а не партии!
Се разбира пред да биде ова мора да имаме попис и да видиме колку сме а не како сега да победува двојче во Битола со 28000 гласови (30%)а реално градот нема повеќе од 60000 граѓани шо значи нема шанси да има толку гласачи и сите избори ги местат
гласање за човек може да биде проблем ако има 2-ца или повеќе со слични имиња и празимиња, во таа варианта би требало задолжително на листата да има и слика од кандидатот
Пописот нема врска со изборите, право на глас не е врзано со трајно живеалиште туку со државјанство на РМ... пописот е повеќе за застапаеноста на малцинствата во државните структури...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Освен предлогот за два дома, добро решение би било и гласање на отворени листи што значи гласаш за човек а не само партија
Што значи ќе си имаш работа со еден пратеник кој ќе те преставува за кого ќе гласаш
Беше така мнозинскиот систем во 98', и дел во 2002, но тој е комплциран во смисла дека ќе има нестандардна распределба по етинчки основи.
Тоа значи дека коалиција ВМРО или СДСМ, во ИЕ 1, ќе има и 1 ром, 1 србин и турчин (ако тие партии се во коалицја, а најчесто се). Ако има мнозински, тогаш секоја заедница ќе си гласа за својот претставник и ќе има голема нераспределеност, пресметано е ова што го пишувам.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Edinstven spas od partiite se pogolemi plati vo privatniot sektor,taka ke se namali brojot na partiski vojnici koi se podgotveni na se, so edna i edinstvena cel, da vlezat vo adnministracija
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Edinstven spas od partiite se pogolemi plati vo privatniot sektor,taka ke se namali brojot na partiski vojnici koi se podgotveni na se, so edna i edinstvena cel, da vlezat vo adnministracija
да, но сега има и друг проблем, за голем број утнати професии воопшто и нема работа, единствана шанса им е државна служба, па од таа причина до бесвест ќе служат на партиите. Тие што ги бива за работа ја увидоа грешката и се преквалификуваа, било друг факултет било некој курсеви, но многумина останаа во вакумот со мисла дека ако нивната партија победи ќе си ја решат егзистенцијата, а тие што се пак во државна бирократија опстанокот го гледат во континуитетот на партијата, но и тоа не може бескрајно да трае. Проблемот со вишок на административни струки не го решава ни влез во ЕУ бидејќи и таму се преполни со таков профил и такви работни места се резервирани само за домицилните жители, а се увезуваат само работници, доктори и инжинери...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom