Има ли спас од партиите?

Т

Триптико

Гостин
@Ireal значи, ако јас сега кажам дека си глуп, ти можеш да ме тужиш? Глупости. Со вакви безвезни правила е дојдено до ова денес. Ако некој е јавна личност треба да биде спремен на пцуење, навреди и сл. од другата страна. Само закани по живот се сериозни и треба да се третираат така. Се друго е минлива категорија. Пак ќе кажам, само плачко би тужел некого поради пцовка и сл.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.711
Поени од реакции
15.581

http://direktno.hr/en/2014/direkt/5739/Urednik-kritičan-prema-Josipoviću-bit-će-u-zatvoru-sve-dok-ne-prođu-izbori!.htm
ова е за дискутиранје на портал, против Јосиповиќ
а ова долу за истакнување на слика на Јосиповиќ во униформа на ЈНА ( вистинска слика од времето на ех Ју)
http://www.vecernji.hr/hrvatska/u-splitu-su-mladi-uhiceni-zavrsili-su-u-zatvoru-zbog-neslaganja-s-josipovicem-977280

Друго, приватно лице има право да те тужи не само за навреда туку и за нарушувања на приватност, дури и арамија да снимиш на твој имот како краде може да те тужи ако го објавиш негов клип или фотка во медиуми... имаш право само во полиција да пријавиш
 
Т

Триптико

Гостин
Аха, само што нема да има време да ја поднесе тужбата. Едно е на хартија, друго во пракса ;)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.711
Поени од реакции
15.581
Аха, само што нема да има време да ја поднесе тужбата. Едно е на хартија, друго во пракса ;)
Не измислив јас, погледни во форумот Право, имаше постар пост, му влегле во двор, се тепал со арамиите и окркал да плаќа дебело... така е секаде, па и во УСА сега е заоштрено, дури и за во својот дом, за двор нема муабет, не смееш да го загрозиш..
б.т.в. имаше приказни ( можеби и вистинити), на времето кога се возеа главно 101, на еден што имал голф комшијата му ги крадел брисачите од инат. Земал инсталирал камера и го снимил, па го викнал на кафе и му пуштил видео лентата со снимката :cool:
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
@sardaukar
Самиот факт што постои Факултет за политички науки укажува дека се работи за сложени прашања
Дали она што мнозинството го одбрало е добро за мене како поединец?
Не секогаш .....
Она што мене ми е потребно како поединец е да имам човекови слободи и права. За мене е добра само онаа власт која обезбедува човекови права
А власт која дозволува да се ставаат лисици на колите, ако не им платиш на зонашите и власт која им овозможува на криминалците од Топлификација да ме тужат и да наплатуваат иако ништо не ми дале - за мене не е добра власт
А власта тврди дека тоа го прави за интерес на Македонија. Тврди демек многу било лошо ако не користам парно.
Така и Хитлер - тој ги ставил интересите на нацијата пред човековите права на поединецот
Тој велел - за Германскиот народ е добро да нема умоболни, инвалиди и хедикепирани - и ги убивал таквите
Затоа го мразам Хитлер
Соборноста ја обезбедува вистината. Целокупната борба е за да се сочува рамнотежата на соборноста и да не дојде до нејзино нарушување во корист на користољубива група (или поединец) која наметнува свои лични интереси над и настрана од интересите на останатите. Елитизмот е противпринцип, а папизмот, можеш да го наречеш и хитлеризам (волјата на еден) пак е целосна негација на соборноста. Така и кај нас, секој опозициски лидер се буни против „папата“ на власт, за откако го смени, самиот да стане папа.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Еден демократски систем не може успешно да се конституира и консолидира доколку водечките политички елити не се договорат околу правилата на игра и почитувањето на воспоставените правила. Значи, политичката култура не е можна ако нема меѓусебен респект и прифаќање на другите како рамноправни учесници во демократската игра. Пожелно е да се надминат преговорите по пат на уцени, блокади и нерационални барања за отстапки што произлегуваат од одлучувањето со консензус, фаворизирањето на елитистичките интереси за сметка на националните итн.
И сето тоа теоретски лепо звучи, ал је другчије у пракси... Посебно кај нас се дешава обратното од сево ова...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
@sardaukar
Charles-Louis de Secondat, Baron de La Brède et de Montesquieu, во 1748 година ја напишал книгата De l'esprit des lois ( За духот на законот ). Во неа е обновена античката идеја за поделба на власта на извршна, законодавна и судска.
Овие три дела на власта треба да се рамноправни и независни меѓу себе
Ако се наруши таа рамноправност, на пример ако извршната власт почне да ги контролира другите два дела - ништо од демократијата[DOUBLEPOST=1424466712][/DOUBLEPOST]

Мислам дека суштествено грешиш
Власта, а не опозицијата е виновна - таа ја укинува поделбата на власта на извршна, законодавна и судска и со тоа ја уништува демократија.
Хитлер ја преземал целата власт и ја укинал поделбата на власта
Значи треба да постојат механизми да се задржи поделбата на власта
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
@sardaukar
Charles-Louis de Secondat, Baron de La Brède et de Montesquieu, во 1748 година ја напишал книгата De l'esprit des lois ( За духот на законот ). Во неа е обновена античката идеја за поделба на власта на извршна, законодавна и судска.
Овие три дела на власта треба да се рамноправни и независни меѓу себе
Ако се наруши таа рамноправност, на пример ако извршната власт почне да ги контролира другите два дела - ништо од демократијата[DOUBLEPOST=1424466712][/DOUBLEPOST]
Мислам дека суштествено грешиш
Власта е виновна - таа ја укинува поделбата на власта на извршна, законодавна и судска и со тоа ја уништува демократија
Значи треба да постојат механизми да се задржи поделбата на власта
Јас мислев за нашево општество како длабоко поделено и мултиетничко, али нема веза. Се согласувам, кај нас веќе и не можеш да направиш разлика меѓу овие три вида на власт - се стана извршна власт т.е извршната власт се меша секаде и се контролира. Дури и дома у креветот ми се меша :D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Јас мислев за нашево општество како длабоко поделено и мултиетничко, али нема веза. Се согласувам, кај нас веќе и не можеш да направиш разлика меѓу овие три вида на власт - се стана извршна власт т.е извршната власт се меша секаде и се контролира. Дури и дома у креветот ми се меша :D
Мене ми е интересно што големи политичари низ историјата биле против постоење на политички партија. На пример Бизмарк
Бизмарк не ги сакал ниту социјалдемократите, ниту демохристијаните,
Но ете, во Германија сеуште постојат и на власт се менуваат истите партии кои Бизмарк ги мразел. Хитлер е само една „ лоша епизода “ - последица на големата депресија
Но партиите се реалност
И што сега?
Треба да постои механизам да се спречи некоја партија да ги преземе трите дела на власта
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Мене ми е интересно што големи политичари низ историјата биле против постоење на политички партија. На пример Бизмарк
Бизмарк не ги сакал ниту социјалдемократите, ниту демохристијаните,
Но ете, во Германија сеуште постојат и на власт се менуваат истите партии кои Бизмарк ги мразел. Хитлер е само една „ лоша епизода “ - последица на големата депресија
Но партиите се реалност
И што сега?
Треба да постои механизам да се спречи некоја партија да ги преземе трите дела на власта
Епа замислата е фактички да постојат 3 државни органи кои ќе располагаат со еден од трите вида на власт. Оние кои ќе донесуваат закони, никако не смеат во исто време да управуваат и да судат (парламентот и советите на општините), оние кои управуваат нема да ги носат законите и нема да судат (владата и министерствата) и оние кои ќе судат нема да ги донесуваат законите и нема да управуваат. Кога сите функции и законодавната и извршната и судската ќе се соединат во едно тело, тоа тело станува семоќно. Сепак, за успешно функционирање, иако одделени, не можат да бидат потполно независни т.е мора да постои меѓусебна координација, согласност и единство во работењето. Кај нас шо се дешава. Во законодавната и извршната власт се вртат истите луѓе и можат да си дозволат да ја контролираат судската власт. Нема граници...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Charles-Louis de Secondat, Baron de La Brède et de Montesquieu, во 1748 година ја напишал книгата De l'esprit des lois ( За духот на законот ). Во неа е обновена античката идеја за поделба на власта на извршна, законодавна и судска.
Овие три дела на власта треба да се рамноправни и независни меѓу себе
Ако се наруши таа рамноправност, на пример ако извршната власт почне да ги контролира другите два дела - ништо од демократијата
Да познато ми е. Сепак иако се зборува за рамнотежа мислам дека законодавната има предност и треба да биде надредена над извршната и правосудната во давањето концептуални насоки за работа.

П.С. Како и во многу други области мисловното подредување на странскиве изрази како да го замачкуваат вистинското значење на она кое треба да го искажат. Сметам дека изразот „соборност“ јасно зборува што е целта на политичките идеали, додека зборот демократија е многу поширок до ниво да се губи што треба да претстави.[DOUBLEPOST=1424469635][/DOUBLEPOST]
Епа замислата е фактички да постојат 3 државни органи кои ќе располагаат со еден од трите вида на власт. Оние кои ќе донесуваат закони, никако не смеат во исто време да управуваат и да судат (парламентот и советите на општините), оние кои управуваат нема да ги носат законите и нема да судат (владата и министерствата) и оние кои ќе судат нема да ги донесуваат законите и нема да управуваат. Кога сите функции и законодавната и извршната и судската ќе се соединат во едно тело, тоа тело станува семоќно. Сепак, за успешно функционирање, иако одделени, не можат да бидат потполно независни т.е мора да постои меѓусебна координација, согласност и единство во работењето. Кај нас шо се дешава. Во законодавната и извршната власт се вртат истите луѓе и можат да си дозволат да ја контролираат судската власт. Нема граници...
Македонскот собрание е чиста формалност на одобрување на законите изработени од Владата. Владата ја раководи лидерот кој во македонскиот партиски систем сам си ги бира пратениците како и своите министри од македонската страна. Така што не само што нема власт на народната соборност над спроведувачите на заеднички донесените одлуки. Туку сите сме подредени на замислите од лидерот на партијата која е на власт. Ова се повторува без исклучок од осамостојувањето до денес.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
@MonaLiza
Да но во САД, Германија, и тн. фукционира поделбата на власта
И треба да се анализира од земја до земја како е обезбедена оваа поделба
Еве пример: Мандатите на судиите на Врховниот суд на САД се доживотни ( се додека судијата не побара пензионирање ). Нив ги бира Сенатот на предлог на Председателот. Има осум судии и председател исто како и нашиот Уставен суд.
Но има и она што ти го нарече култура
На пример, ако јас сум премиер и наместам свои приврзаници во уставен суд - ја уништувам демократијата и затоа тоа не го правам
А кај нас таква грижа нема - секој премиер сака што повеќе свои да намести
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Но партиите се реалност
И што сега?
Треба да постои механизам да се спречи некоја партија да ги преземе трите дела на власта
Со оглед на искажаните зборови и емоции очигледно власта нема да искаже барем делумно признавање на вината за технократски, арогантен, тесноград начин на владеење. Ниту може да се премине преку откриените дела и овој состав да остане на власт, уште помалку добропознатите претходни непокајани владетели од опозицијата имаат морално право за да ја превземат власта.
Мојот предлог овде, а разговарам и со други луѓе е создавање на Горен Дом составен од истакнати и докажани македонски граѓани и родољуби избрани на непосредни избори. Над одредена старост и без партиска функција или делување најмалку 15 години. Со оглед на квалитетните ставови погоре изнесени (МонаЛиза и Зони...) што мислите вие?
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
@MonaLiza
Да но во САД, Германија, и тн. фукционира поделбата на власта
И треба да се анализира од земја до земја како е обезбедена оваа поделба
Еве пример: Мандатите на судиите на Врховниот суд на САД се доживотни ( се додека судијата не побара пензионирање ). Нив ги бира Сенатот на предлог на Председателот. Има осум судии и председател исто како и нашиот Уставен суд.
Но има и она што ти го нарече култура
На пример, ако јас сум премиер и наместам свои приврзаници во уставен суд - ја уништувам демократијата и затоа тоа не го правам
А кај нас таква грижа нема - секој премиер сака што повеќе свои да намести

Епа кај нас на власт се популисти. Има голема злоупотреба на институциите бидејќи изборните институции и демократските институции не им се важни на популистите. Тие не ги уништуваат, туку ги прескокнуваат, ги заобиколуваат, ги исполнуваат со мнозинство, за да ги претворат во гласачки машинерии и послушници на власта. Имаме апсолутно потиснато судство, кое нема ни Н од независност. Имаме голема злоупотреба на полицијата во политички цели. Практично, целото општество е претворено во еден модел на заробена демократија. Еден необично развиен модел на клиентализам кај населението. Се доаѓа до ситуација во која власта ги злоупотребува сите демократски механизми да создаде сосема недемократска држава, без никакви контролни механизми, која преку употребата и злоупотребата на државата и нејзините ресурси може да обезбеди изборна подршка за себе, секогаш кога таа ќе ги организира изборите.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Како мал додаток за тоа колку е невозможно во Македонија одоздола да се влијае погоре на системот е уште еден ужасен и феудално-глобалистички закон кој ги затвора и последните прозорци за влијание. Новиот закон за невладини здруженија наметнува обврска во случај на материјална загуба основачите одговараат со својот приватен имот. Епа повели ризикувај, основај невладина за некоја општествена цел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom