Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
@StefusRefus @Xfire

Баш тоа им фали би рекол на левица за да станат некаква потенцијална трета опција на долгорочен план. Малце да искочат од тој гол популизам и да се фокусираат на реална политика. Вака се стриктно лупање ветар у магла и повторување на фрази кои народот сака да ги слушне.
Образование, наука, економски прашања, дигитализација, странски инвестиции, развој на помалите градови од внатрешноста и тн и тн.
Пошо реално на младиве (нивна доминантна таргет група) им е преку глава од примамливи идеолошки тези и гол популизам.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222

Тоа што го збореш им фали на цела држава не само на тие партии, ама јас мислам проблемот е што не е ни свесен народот тоа што му фали и си ги бира вмро и сдсм, жална е ситуацијата, ама еве интелегентните и паметните што се прават не излегуваат на гласање бидејки они ''знаат'' што е проблемот и секогаш имаме мала излезност и секогаш победуваат патриотите на едната или другата страна со по 200 000 гласови, жално бедно.
дај да излеземе да изгласаме нешто асално бре? толку ли малку не има?
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Me интересира една работа? На претходните парламентарни и локални избори Левица не одеше од врата на врата (бар така беше во моето маало), ако не мисли ни сега да оди како ли мисли да добие место во парламентот? И убаво вика Џаста, дај направете некој концепт и представувајте го од врата до врата, не само да паламудите по социјалните мрежи.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
@StefusRefus @Xfire

Баш тоа им фали би рекол на левица за да станат некаква потенцијална трета опција на долгорочен план. Малце да искочат од тој гол популизам и да се фокусираат на реална политика. Вака се стриктно лупање ветар у магла и повторување на фрази кои народот сака да ги слушне.
Образование, наука, економски прашања, дигитализација, странски инвестиции, развој на помалите градови од внатрешноста и тн и тн.
Пошо реално на младиве (нивна доминантна таргет група) им е преку глава од примамливи идеолошки тези и гол популизам.
Не би рекол дека сега на Левица им е таргет група млади , види во последно што се случува во таа партија , со шемите за враќање на името и слично , очигледно е дека Апасиев цели повеќе кон постариве(пензионери воглавно).
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Левичариве лево десно по европа и сад/канада/австралија регрутираат млади(од социјални науки и уметнички домен) да шират идиотска пропагнда.
Левица имам видено да шират флаери на комплексот електро-машински-технолошки еднашка.
За тоа старците не сум сигурен само зошто(ако е точно), бидејќи се или тврдокорни бипартијци, или не ги брига... не е релевантен модус операнди
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.520
Поени од реакции
4.144
За момент Левица ме размислија дали они стварно се потенцијална трета сила у државава, ама јок. Иако, нивниот лидер покажува капацитет за правни теми поголем од неговите конкуренти од олигополските партии (ВМРО, СДС И ДУИ), сепак мислам дека човекот е стриктно и само способен за правото и правните науки, и со неговото его како Шара, тешко дека ќе направи нешто и некаква разлика на долгорочен план.
Друга работа, верувам дека човеков се крши од спремање за секое интервју и за секоја дебата, а и се сеќавам кога имаше дуел со мадафакин Петар Арсовски, "професорот" флопна епски кога муабетот барем малку отиде надвор од сфера на право.
Мислам океј, секако дека од нашава ни скапана политичка сцена он и сите од Левица се освежување и можеби нај-океј. Ама сепак, и они не се нешто посебно околу кое треба да опсесираме. да не се лажеме. Зошто?

Бидејќи ниеднаш, ама ниеднаш не се произнесоа и не се толку "тврдокорни" по некое економско прашање кое потенцијално може да не извади од бедата, нити пак се толку гласни за некоја нивна економска замисла што ја имаат која е толку потребна во Македонија. Смешно е да се гледаат како прогресивци а ниеднаш да не спомнат интензивна дигитализација. Далеку се тие теми од нивен спектар. Се што гледам се популисти, демагози и идеолози кои само собираат политички поени од критики кои нели, убаво се напишани у статус или у catchy реченици кои ги пимпла(ат) на секое интервју.
Толку пати истакнуваат радикални и популистички позиции вперувајќи прст кон виновници кои сите сме свесни дека постојат, ама предлози како би се решиле изостануваат во константа. Океј, све е срање, знаеме, ама дајте ако сте толку паметни и начитани, предложете конкретно како да се подобрат нештата?

Плус, егото е заебана работа. Он може да си мисли дека е најпаметен и најкомпетентен, но реалноста е друга. Ако му е целта да испадне попаметен и поначитан од останатите, тогаш тоа е круцијална грешка, бидејќи тоа не е есенцијата на дебатирањето и политиката. Дури и би рекол дека и еден Костадин Костадинов да се спрема по 5/6 саати на ден за дебата (како што Апасиев верувам се спрема со тоа неговото тефтерче), и да не е партиски газолижач ќе делува исто толку "генијално" и паметно.
Мислам вакви демагози популистички се веќе видени од северните европјани, па и појужно во Италија(Салвини и Ди Мајо), Грција - Сириза на времето, како и Хрватска (Иван Пернар), и истиве имаа две опции доколку по некоја божја случајност ќе дојдат на власт: ќе го играат орото според мелодија на сопствениците, или ќе бидат политички уништени и маргинализирани.
Македонија има милион проблеми а Левица освен демагогии и популизам, не нуди некакви економски, дигитализирачки и long-term решенија. Тук таму може ќе искочи "професориштето" со некое правно решение. И ако може да видите, цело време учествуваат на некои такви идеолошки дебати, де за името, де за кризата у политиката, де за проблемите у собранието, пропратени со веќе слушнати common народни критики кои се кажуваат за да народецов го слушне она што сака да го чуе.

Не сум човек што ќе се пали на кажан збор, иако доста од нивните критики и коментари се на место, ама ако само мрчиш, тогаш си хејтер, ако мрчиш и предлагаш некое основано и long-term решение, тогаш си конструктивен.

Не ми пимплај фрази као "ќе го вратиме името" и не ми опсесирај со неуставноста на смената, дај предложи нешто како ќе ја подобриш економијава, како ќе го дигитално описмениш населението, како ќе спречиш иселување на млади, како ќе донесеш странски инвестиции и тн и тн. Вака само се тешки демагози и популисти, ништо повеќе.

Сепак, ги ставам едно ниво над СДС и ВМРО, ама такви ликови и такви партии нема ништо да ни донесат на долгорочен план. Но, на крајот од денот, и они се "најмалото зло".

И да, експанзијата со новите штабови им е крајно, ама крајно сумљива, пред се од финансиска гледна точка.

Интегра, солза и албанскиве партии не се ни достојни за коментар.
Хм, цело време говориш за Левица а ниту еднаш не го спомна Апасиев, си реков добро човекот не се восхитува толку од големината па се одлучил да говори за Арсовски, Пернар, и така дојдов до оној дел каде говориш дека Манулач да бил паметен и да не-бил полтрон ќе бил генијалец!
И од тука се ми стана јасно:
Заклучив дека заради Димче и Левица СДСс+ДПсНЕ беа присилени да ни менват личен опис и име, заради истите економијата ни цвета како пупка расцветана, заради истите не престанува увоз на лубриканти, а и наркобизнисот ни цвета. (не дека немам забелешки на Димче дури ако не се лажам прв пишував зошто го сметам за “слаб“ политичар, но со аргументи а не со креирани пропагандни флоскули)
Левица немала решение за економијата, а имаат решение за името ама некои многу повеќе ги интересира економијата, ееееј тоа е живот, а не името, кај си видел некој да јаде име, сите јадат економија -се повеќе имаме контењер економија и за тоа ќе да е виновен Димче.
Значи немаш куќа ама сакаш да правиш купатило, е ако де, важно е да има каде да се бањаш или да те бањат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
@StefusRefus @Xfire

Баш тоа им фали би рекол на левица за да станат некаква потенцијална трета опција на долгорочен план. Малце да искочат од тој гол популизам и да се фокусираат на реална политика. Вака се стриктно лупање ветар у магла и повторување на фрази кои народот сака да ги слушне.
Образование, наука, економски прашања, дигитализација, странски инвестиции, развој на помалите градови од внатрешноста и тн и тн.
Пошо реално на младиве (нивна доминантна таргет група) им е преку глава од примамливи идеолошки тези и гол популизам.
Поради тоа што ти викаш дека им фали, јас викам дека им е погрешно и тоа малку што го кажуваат и нема никад за нив да гласам. Јас сум хард кор десничар и ни на крај на памет не ми е да гласам за Левица.
Јас ќе гласам за најхардкор десна партија што ќе се кандидира како трета опција самостојно...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.520
Поени од реакции
4.144
Поради тоа што ти викаш дека им фали, јас викам дека им е погрешно и тоа малку што го кажуваат и нема никад за нив да гласам. Јас сум хард кор десничар и ни на крај на памет не ми е да гласам за Левица.
Јас ќе гласам за најхардкор десна партија што ќе се кандидира како трета опција самостојно...
За да бараш и да не губиш време, најонака хард-кор ма бетон, ти е Сељо со неговата партија, не знам како се вика ама дефинитивно е десно од десно!
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Хм, цело време говориш за Левица а ниту еднаш не го спомна Апасиев, си реков добро човекот не се восхитува толку од големината па се одлучил да говори за Арсовски, Пернар, и така дојдов до оној дел каде говориш дека Манулач да бил паметен и да не-бил полтрон ќе бил генијалец!
И од тука се ми стана јасно:
Заклучив дека заради Димче и Левица СДСс+ДПсНЕ беа присилени да ни менват личен опис и име, заради истите економијата ни цвета како пупка расцветана, заради истите не престанува увоз на лубриканти, а и наркобизнисот ни цвета. (не дека немам забелешки на Димче дури ако не се лажам прв пишував зошто го сметам за “слаб“ политичар, но со аргументи а не со креирани пропагандни флоскули)
Левица немала решение за економијата, а имаат решение за името ама некои многу повеќе ги интересира економијата, ееееј тоа е живот, а не името, кај си видел некој да јаде име, сите јадат економија -се повеќе имаме контењер економија и за тоа ќе да е виновен Димче.
Значи немаш куќа ама сакаш да правиш купатило, е ако де, важно е да има каде да се бањаш или да те бањат.
ај препрочитај убаво што сум пишал, не да вадиш од контекст. Прочитај убаво што пишав за Пернар и Арсовски, и прочитај во контекст е ставено нивното спомнување. Твојава реплика за манулач уствари дава до знаење дека не си нит прочитал убаво, нит си го сфатил контекстот.
никаде не величам никого и ништо, само кажав што им треба (или што би требало на било која друга партија) за да бидат сериозна и долгорочна трета опција во државава и за неколку декади видиме различна партија на власт од вмро/сдс.

не реков дека името не е битна тема како што сакаш да го извртиш. Напротив, знам колку е тоа битно прашање за политичка партија во моментов и во блиска иднина.
Но, за да одредена партија има потенцијал за трета опција во овој олигархиски политички систем, треба да понуди решенија за конкретни економски, образовни, здравствени и секакви други проблеми, а не само да се фокусира на гол популизам и критизерство.

Океј, еве и нека форсираат враќање на име и нека им биде тоа централна точка за политичката им програма. Како ќе го направат тоа? Како ќе се спротивстават на жестокиот притисок од надвор? Како би се справиле со евидентна изолација и конфликт со Грција ако се врати името? Со Бугарија ако падне договорот за добрососедство? Дали е тоа изводливо и реално? Има милион вакви слични прашања кои треба да ги одговорат за да искочат од популистичката демагогија.

Гол популизам со смешни фрази, ќе го вратиме името.

Не знам зашто реплицирам на човек што не се ни потрудил да прочита и да разбере контекст, ама ајде.

@Taker да, се согласувам дека имаат и активности на експанзија и кон постарата популација, но сепак мислам дека како стратегија најголем приоритет (пред се во рекрутментот) им се младите.

Поради тоа што ти викаш дека им фали, јас викам дека им е погрешно и тоа малку што го кажуваат и нема никад за нив да гласам. Јас сум хард кор десничар и ни на крај на памет не ми е да гласам за Левица.
Јас ќе гласам за најхардкор десна партија што ќе се кандидира како трета опција самостојно...
Ако сакаш да гласаш за најхардкор десна партија во Македонија моментално, бирај било која Албанска политичка партија :D тие се најхардкор. се зезам.
Твое право, само запрашај се колку тоа што таа најхардкор опција го збори ќе биде имплементабилно во реалноста. И ја сакам Солун да е наш, ама тоа не е возможно.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Овој Апасиев oд шарените, кој ја поддржа Силјановска (пази кандидат на ДПМНЕ) на претседателските избори, со жаргон како на скопска шмизла, што пишува заебантски коментари по социјалните мрежи во стилот на еден просечен твитерџија, тој ли е третата опција?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Овој Апасиев oд шарените, кој ја поддржа Силјановска (пази кандидат на ДПМНЕ) на претседателските избори, со жаргон како на скопска шмизла, што пишува заебантски коментари по социјалните мрежи во стилот на еден просечен твитерџија, тој ли е третата опција?
Апасиев не е глуп и таман е за коментари по социјални мрежи и толку. Нема политичка зрелост да направи било што во моментов (и наредниве 10 години). Од него може да биде некој солиден политички аналитичар за неколку години. Ме асоцира малку на Љубчо Георгиевски кога беше на своите почетоци ама Љубчо е за него сериозен играч.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Treta opcija nema, nitu pak voopšto ima na povidok takvo nešto. So vakvi nedemokratski silni sultan partii koi vladeat naizmenično celi tri decenii i koi se mokni vo sekoj segment, imaat svoi lugje vo sekoja pora na opštestvoto, vo sekoja institucija državna, privatna firma, site mediumi se pod nivna kapa i nivna kontrola i vo finansiski i vo političko-ideološki aspekt, ednostavno čovek što misli poinaku od ovie dve opcii ne sakam ni imeto da im go napišam tuka nema kade svoeto mislenje i stav da si go iskaže. Malite partii od t.n. tret blok nitu imaat lugje na teren, mesni komiteti i ogranoci vo sekoe maalce i selce širum zemjava kako što imaat onie golemite sultan partii. Da ne govoram za finansii, malite partii kuburat i so lugje i so finansii, nakratko kažano nemaat ista/slična mok kako onie golemite partii, a so samoto toa i ne postoi ramnopravna bitka na izbori. Golemite partii samo da svirnat nivnite lideri odma sobiraat potpisi za bilo što, odma im izleguvaat nivnite pioni na teren, bilo da trebaat potpisi, protest, kontra-protest, blokadi... Od druga strana malite partiički od tretiot blok vo državava ne možat sami ni iljada gragjanski potpisi da soberat, pa zatoa baraat pomoš od pogolemite partii, e od tuka čovek ke ja uvidi realnata mok na tretata opcija !
Автоматски споено мислење:

Апасиев не е глуп и таман е за коментари по социјални мрежи и толку. Нема политичка зрелост да направи било што во моментов (и наредниве 10 години). Од него може да биде некој солиден политички аналитичар за неколку години. Ме асоцира малку на Љубчо Георгиевски кога беше на своите почетоци ама Љубчо е за него сериозен играч.
Levica prvo bea ramo-ramo so SDSM, zaedno se borea protiv vlasta na Gruevski, najmnogu mislam na šarenata revolucija kade što tokmu na Skopskite ulici dominiraše Levica i nejzinite členovi, za da posle nekoja godina Levica otide da šmuka takvo kaj DPMNE :tapp:
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
ај препрочитај убаво што сум пишал, не да вадиш од контекст. Прочитај убаво што пишав за Пернар и Арсовски, и прочитај во контекст е ставено нивното спомнување. Твојава реплика за манулач уствари дава до знаење дека не си нит прочитал убаво, нит си го сфатил контекстот.
никаде не величам никого и ништо, само кажав што им треба (или што би требало на било која друга партија) за да бидат сериозна и долгорочна трета опција во државава и за неколку декади видиме различна партија на власт од вмро/сдс.

не реков дека името не е битна тема како што сакаш да го извртиш. Напротив, знам колку е тоа битно прашање за политичка партија во моментов и во блиска иднина.
Но, за да одредена партија има потенцијал за трета опција во овој олигархиски политички систем, треба да понуди решенија за конкретни економски, образовни, здравствени и секакви други проблеми, а не само да се фокусира на гол популизам и критизерство.

Океј, еве и нека форсираат враќање на име и нека им биде тоа централна точка за политичката им програма. Како ќе го направат тоа? Како ќе се спротивстават на жестокиот притисок од надвор? Како би се справиле со евидентна изолација и конфликт со Грција ако се врати името? Со Бугарија ако падне договорот за добрососедство? Дали е тоа изводливо и реално? Има милион вакви слични прашања кои треба да ги одговорат за да искочат од популистичката демагогија.

Гол популизам со смешни фрази, ќе го вратиме името.

Не знам зашто реплицирам на човек што не се ни потрудил да прочита и да разбере контекст, ама ајде.

@Taker да, се согласувам дека имаат и активности на експанзија и кон постарата популација, но сепак мислам дека како стратегија најголем приоритет (пред се во рекрутментот) им се младите.

Ако сакаш да гласаш за најхардкор десна партија во Македонија моментално, бирај било која Албанска политичка партија :D тие се најхардкор. се зезам.
Твое право, само запрашај се колку тоа што таа најхардкор опција го збори ќе биде имплементабилно во реалноста. И ја сакам Солун да е наш, ама тоа не е возможно.
Не дека ќе се оствари се во програмата, во најдобар случај ќе земаат еден пратеник ама да се знае за што сум.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.520
Поени од реакции
4.144
ај препрочитај убаво што сум пишал, не да вадиш од контекст. Прочитај убаво што пишав за Пернар и Арсовски, и прочитај во контекст е ставено нивното спомнување. Твојава реплика за манулач уствари дава до знаење дека не си нит прочитал убаво, нит си го сфатил контекстот.
никаде не величам никого и ништо, само кажав што им треба (или што би требало на било која друга партија) за да бидат сериозна и долгорочна трета опција во државава и за неколку декади видиме различна партија на власт од вмро/сдс.

не реков дека името не е битна тема како што сакаш да го извртиш. Напротив, знам колку е тоа битно прашање за политичка партија во моментов и во блиска иднина.
Но, за да одредена партија има потенцијал за трета опција во овој олигархиски политички систем, треба да понуди решенија за конкретни економски, образовни, здравствени и секакви други проблеми, а не само да се фокусира на гол популизам и критизерство.

Океј, еве и нека форсираат враќање на име и нека им биде тоа централна точка за политичката им програма. Како ќе го направат тоа? Како ќе се спротивстават на жестокиот притисок од надвор? Како би се справиле со евидентна изолација и конфликт со Грција ако се врати името? Со Бугарија ако падне договорот за добрососедство? Дали е тоа изводливо и реално? Има милион вакви слични прашања кои треба да ги одговорат за да искочат од популистичката демагогија.

Гол популизам со смешни фрази, ќе го вратиме името.

Не знам зашто реплицирам на човек што не се ни потрудил да прочита и да разбере контекст, ама ајде.
Зошто така, со што се почуствува повреден, зошто веднаш лепиш етикета?
Како тоа сум извадил нешто од контекст, па го пренесов твојот пост во целост, а го коментирав онаа за што не се согласувам или за што имам поинакво видување.
Зошто би коментирал по нешто ако го сметам за ирелевантно или се согласувам со напишаното?

Само напишав што заклучувам од твојот пост, сметаш дека не сум во состојба да ги разберам твоите мисли искажани во висок стил, не мислиш ли дека се работи за конфузност во твоето пишување па и нема што да се разбере, знаеш постои и таква можност. Говориш што би требало да “има“ некоја партија за да биде сериозна и и забележуваш на Левица, а при тоа забораваш дека таа Левица штотуку стана партија, ако стана, не знам дали е регистрирана, не следам такви работи не мислам дека се од некој значај.
За да некој политички субјект се етаблира на долгорочни патеки потребно е својата политика да ја темели врз некаква идеологија инаку истата престанува да постои откако ќе се исцрпи нејзиниот иницијален потенцијал.

Околу името велиш дека не го сметаш за небитна работа но не говориш колку го сметаш за битно прашње за Македонците туку било битно за партиите, како да партиите постојат во некаква виртуелна реалност и не се инструмент кој треба да го артикулира гласот на народот за кој велат дека го претставуваат.
Јас на пример прашањето за името го сметам за најважното прашање за Македонците и Македонија, како во опстанокот на една држава така и за народот. Сите проблеми кои до сега ги имаме како Македонци и како македонска држава се токму заради името, се е во тесна корелација со името Македонија. Овие проблеми инаку конструирани од многу моќни центри а реализирани од соседите датираат од многу поодамна па може да се рече формално од 1913год. Се додека не го решиме тој проблем не може да се говори за економија или било кое друго прашање, а решението кои се инсталира со помош на петта кољона (политичките структури) и шеста кољона (разноразни ГМО-НВО) со проектот Северџистан не го реши проблемот туку го врати на почеток!

И на крајот шириш страв со школски пример за пропаганда:
-враќањето на името ќе им била централан точка ( е не централна ќе им биде поделба на тендери)
-како ќе го направат тоа? (сигурно не со чекање некој да се смилува туку со земање на работите во свои раце и изборување за свои права, па и со војна ако треба, војната е исто така политика само со други средства)
-како ќе се спротивстват на жестокиот притисок од надвор? ( па со симнување на гаќите и натртување за што поголема подготвеност за притисокот)
-како ќе сме се справеле со изолација (ако е како до сега со одење во Црква и молење на горниот пиши пропало, ама затоа има нови геостратешки сили и тие покажуваат интерес кон овој регион значи со нивна помош излез од изолација)
-со Бугаристан ....? (е со нив е многу лесно веднага им го даваме Црпе1, Црпе 2 и другите мали црпиња како нивни и толку доволно е тие не заслужуваат за повеќе)
-дали било изводливо и реално??? (о куку мајко, чекај мора да прашам ти Македонец си?)

Да, популизмот и демагогијата е резервирана само за овие кои не направија Северџани, а другите не смеат да се користат со неа :yid:

И не мора да реплицираш, не барав, тоа што јас го посочив твојот пост и изнесов свое видување по истиот не значи оти сакам да полемизирам за тие прашања.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Дали ако учествуваш во шарената ревулуција, по дифолт си СДССM? НЕ! Начинот на кој дејствуваше шарената револуција, односно фарбањето,не беше во ред. Но целта беше јасна и оправдана, да се турни режимот кој ја кусуреше државава.
Учествуваа многу други движења, партии и поединци. Што не значи дека се СДССМ.

Јас искрено сум за партија која ќе го заборави името. И како што кажа @Таксист ќе се фокусира на подобрување на суштинските работи во државава кои ќе но носат повеќе пари во џеб со тоа и подобар живот.

Овие 20 години се рамараат името, а сега па ако се врати ДПМНЕ ќе потрошат уште толку за да го вратат. Ги заболе Германците, Швајцарците, Швеѓаните зошто немале исконско име кое се спомнувало во Библијата.

Што би одбрале вие. Висока плата, висок стандард и добар живот? Или ниски плати, мизерија на сите страни и деца кои ви се исселуваат? Премногу време се троши за посраното име. Преку К!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom