За момент Левица ме размислија дали они стварно се потенцијална трета сила у државава, ама јок. Иако, нивниот лидер покажува капацитет за правни теми поголем од неговите конкуренти од олигополските партии (ВМРО, СДС И ДУИ), сепак мислам дека човекот е стриктно и само способен за правото и правните науки, и со неговото его како Шара, тешко дека ќе направи нешто и некаква разлика на долгорочен план.
Друга работа, верувам дека човеков се крши од спремање за секое интервју и за секоја дебата, а и се сеќавам кога имаше дуел со мадафакин Петар Арсовски, "професорот" флопна епски кога муабетот барем малку отиде надвор од сфера на право.
Мислам океј, секако дека од нашава ни скапана политичка сцена он и сите од Левица се освежување и можеби нај-океј. Ама сепак, и они не се нешто посебно околу кое треба да опсесираме. да не се лажеме. Зошто?
Бидејќи ниеднаш, ама ниеднаш не се произнесоа и не се толку "тврдокорни" по некое економско прашање кое потенцијално може да не извади од бедата, нити пак се толку гласни за некоја нивна економска замисла што ја имаат која е толку потребна во Македонија. Смешно е да се гледаат како прогресивци а ниеднаш да не спомнат интензивна дигитализација. Далеку се тие теми од нивен спектар. Се што гледам се популисти, демагози и идеолози кои само собираат политички поени од критики кои нели, убаво се напишани у статус или у catchy реченици кои ги пимпла(ат) на секое интервју.
Толку пати истакнуваат радикални и популистички позиции вперувајќи прст кон виновници кои сите сме свесни дека постојат, ама предлози како би се решиле изостануваат во константа. Океј, све е срање, знаеме, ама дајте ако сте толку паметни и начитани, предложете конкретно како да се подобрат нештата?
Плус, егото е заебана работа. Он може да си мисли дека е најпаметен и најкомпетентен, но реалноста е друга. Ако му е целта да испадне попаметен и поначитан од останатите, тогаш тоа е круцијална грешка, бидејќи тоа не е есенцијата на дебатирањето и политиката. Дури и би рекол дека и еден Костадин Костадинов да се спрема по 5/6 саати на ден за дебата (како што Апасиев верувам се спрема со тоа неговото тефтерче), и да не е партиски газолижач ќе делува исто толку "генијално" и паметно.
Мислам вакви демагози популистички се веќе видени од северните европјани, па и појужно во Италија(Салвини и Ди Мајо), Грција - Сириза на времето, како и Хрватска (Иван Пернар), и истиве имаа две опции доколку по некоја божја случајност ќе дојдат на власт: ќе го играат орото според мелодија на сопствениците, или ќе бидат политички уништени и маргинализирани.
Македонија има милион проблеми а Левица освен демагогии и популизам, не нуди некакви економски, дигитализирачки и long-term решенија. Тук таму може ќе искочи "професориштето" со некое правно решение. И ако може да видите, цело време учествуваат на некои такви идеолошки дебати, де за името, де за кризата у политиката, де за проблемите у собранието, пропратени со веќе слушнати common народни критики кои се кажуваат за да народецов го слушне она што сака да го чуе.
Не сум човек што ќе се пали на кажан збор, иако доста од нивните критики и коментари се на место, ама ако само мрчиш, тогаш си хејтер, ако мрчиш и предлагаш некое основано и long-term решение, тогаш си конструктивен.
Не ми пимплај фрази као "ќе го вратиме името" и не ми опсесирај со неуставноста на смената, дај предложи нешто како ќе ја подобриш економијава, како ќе го дигитално описмениш населението, како ќе спречиш иселување на млади, како ќе донесеш странски инвестиции и тн и тн. Вака само се тешки демагози и популисти, ништо повеќе.
Сепак, ги ставам едно ниво над СДС и ВМРО, ама такви ликови и такви партии нема ништо да ни донесат на долгорочен план. Но, на крајот од денот, и они се "најмалото зло".
И да, експанзијата со новите штабови им е крајно, ама крајно сумљива, пред се од финансиска гледна точка.
Интегра, солза и албанскиве партии не се ни достојни за коментар.