Абе ве читам и ви се чудам. Не ви чини коалиционата СДСМ-ДПМНЕ, ама за вас нема ни трета опција. Јас незнам како ја засмилсувате таа трета опција. Веројатно здружение на 2-3 олигарси, 2-3 професори или интелектуалци облечени во сакоа каде што ветуваат чуда. Класична партија како гореспоменатите две (т.е. една).
Еве вака. Сакале да признаете или не, Левица моментално е најконкретната партија која можи да ја квалифицираме како ТРЕТА ОПЦИЈА. Штета, ама голема штета што колицина на фаци во партијата сакаа да го тргнат Апасиев поради тоа што беше викнат од членството на ДПМНЕ кое сакаше да го предложи/купи за да го кандидираат за Претседател.
@Acid Спомна нешто во контекст дека нивниот тим или потесното членство многу малце се изјаснува по медиуми и дека ги има само на ФБ и Твитер. Епа вака. Левица е "официјално" лишена од ТВ Телма, од страна на главниот уредник Атанас Кировски на кој изгледа не му одговара тоа што Левица и Апасиев му го прскаат во фаца на партиски членови на ДПМНЕ и СДС. Веројатно така му е наредено и од партија.
Згора на тоа, на mail кој го испратив до Лупевска, Боби Христов и Васиќ кој се тројцата новинари кои водат дебатни емисии, со прашање зошто и дали и понатаму ќе ја изостават Левица од емисии. Ми вратија со следново образложение:
Партиското претставување во медиумите е строго рекулирано со Изборниот законик, АВМУ, а правилата ги фаворизираат големите партии (Се мисли на СДС и ДПМНЕ)
Што значи тоа? Тоа значи дека двеве "големи" партии регулираат и кажуваат колку минути на дебатни емисии ќе излезат членовите на Левица, Интегра, Глас за Македонија и останатите помали партии. Е до таму е отидена работава. Од друга страна, овие можат да учествуваат на сите емисии, да одржуваат митинзи, да платат пејачи, да лепат постери, пуштаат летни, ТВ реклами до безкрај итн.
Вие од трета опција очекувате партија која ќе освои од прва 10-20 пратеници односно преку 100-200 илјади гласови. ТОа не го очекувајте. За почеток, промена и шамар за СДС-ДПМНЕ ќе бидат 2-3 пратеници од Левица, еден од Интегра, еден од друга партија, кои ќе бидат мотивирани за да направат некоја промена.
Штета што пучистите во партијата сакаа да ја поделат и оцрнат Левица. Да не се случеше тое, Левица на овие избори ќе имаше едно 7-8 пратеници ко од шала, вака се вратија неколку чекори поназад но нема да биде ништо страшно, тоа се случува секаде и во сите партии.
За тие што мислат дека нема трета опција и дека таа не е Левица: После 30 години, време е да се поддржи трета опција, без разлика дали мислите дека нема партија со таков примат. Не губиме ништо, може само да добиеме!