Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

Член од
5 февруари 2005
Мислења
100
Поени од реакции
121
Вечната битка: ВМРО vs. СДСМ.
Плус коалиционите партнери од албанскиот блок, кои се неизбежен багаж на секоја влада.

И вечното прашање: Има ли трета опција?
Сметате дека некогаш може да пркне некоја друга партија од нив?
Кои се причините зошто народот не ја дава вистинската поддршка за новите играчи? Недоверба? Страв? Нема што да се понуди?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Во сегашниве услови за жал нема реално загрозувачка трета опција. Ќе бидеме сведоци на уште еден мандат на „глупав и поглупав“ со реална шанса да бидат повторно изгласани сегашниве мињони. (со сегашнава поставеност закони-судство, ДУИ ќе продолжи со сегашниве)
Народот копнее по нова опција ама за жал немаме доволно способни и амбициозни луѓе кои се спремни да се фрлат во оган во стариве волци.
Кај нас секогаш имало повеќе теоретичари, на дело и во акција им снемува адреналин. Има релативно нормални индивидуалци кои нешто пробуваат ама со катастрофален дефицит на лидерска аура.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Има, "трети" опции, додуша четврти (дуи изгледа не го сметате, освен ако не се мисли на т.н. македонски кои за избори и не се баш асли македонски). Има, кои ќе работат за првите три или ќе бидат купени од истите. Миљон пати е веќе видено.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Хаос!!! Најбоља опција икад. Хард рисет....
Да се истресе дрвото по пропис, па да паднат сите штеточини..
Малце деструктивно, али неопходно...
Лично го препорачувам за цело човештво...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Добро ај да одиме вака со ред.

Што и фали на Левица ?
Подобри односи со јавност. Запознавање со останатите луѓе кои стојат зад оваа опција и нивните вредности. Кои луѓе го сочинуваат тимот? Што друго ќе понудат (и како планираат да го направат тоа) освен да се подјебаат на Facebook и Twitter. Сериозно, во овој момент сите луѓе (бар тие што не се членови на партијата) имаат впечаток дека Левица = Апасиев.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Добро ај да одиме вака со ред.

Што и фали на Левица ?
Лично мислење: или се сорос, или се по пропис комуњари...
Ова второво е добар концепт, ама во пракса не е изводливо..
Не можеш да имаш 100% идентични луѓе, дури и да ги клонираш..
Ова првово е селф експланатори..
И дополнително - не можеш да ги задоволиш сите. Некој ќе мора да го крка дебелиот крај.. увек било така , увек ќе биде...
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.189
Поени од реакции
19.266
Мислам да гласам за Левица избориве. Цел живот не гласам и апсолутно ништо не се смени, вемеро-седеес-вемеро-есдеес ад инфинитум. Апасиев и Левица можеби ќе влезат во Собрание, можеби нема, можеби ќе бидат тие кои што ќе направат вистинска промена а можеби ќе бидат уште поголеми копилиња од вемеро и есдеес, во секој случај подобро отколку дома да седам, да солам памет и да чекам Годо да дојде да ја оправи нашата земја.

Ако не бива ништо од тоа, фаќање магла е секогаш опција.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Не знам како стојат сеа со рејтинг политичките партии, али од последната анкета на МЦМС (како релативно прецизен институт за анкети) можеби Левица има шанси за влез во парламент.

Пак се зависи од тоа како гласовите ќе бидат распоредени по изборни единици и целокупната излезност. Ако гласовите им се најголем дел во една или две изборни единици ќе фатат мандат, ако им се распределени по сите изборни единици тогаш тешко дека ќе фатат. Обично треба да имаат 6,500 до 8,000 гласа (зависно од излезноста) во изборната единица за да фатат мандат.

На последните парламентарни Вмро за Македонија со 24 илјади гласа од кои 6,700 во ИЕ 3 не фати мандат. Ама па излезноста беше висока (72% во тројка) а со тоа и прагот беше повисок.

Вака ги гледам дека се ангажираат во последниов период со отварање на штабови и градење на партиска инфраструктура исто и герила акции. Ако добро настапат во изборна кампања, работат паметно и добијат гласови таму кај што треба, имаат шанси за барем еден мандат.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.516
Поени од реакции
4.138
Вечната битка: ВМРО vs. СДСМ.
Плус коалиционите партнери од албанскиот блок, кои се неизбежен багаж на секоја влада.

И вечното прашање: Има ли трета опција?
Сметате дека некогаш може да пркне некоја друга партија од нив?
Кои се причините зошто народот не ја дава вистинската поддршка за новите играчи? Недоверба? Страв? Нема што да се понуди?
Секако дека има трета-четврта-петта опција, ти не сметаш дека има?
Секое поинакво политичко гледиште во основа е трета опција.
Прашањето е дали има прва и втора опција или се работи за иста опција само спакувана во поинаква обвивка. Во суштина и СДСс и ДПсНЕ имаат и нудат иста политика ЕУ+НАТО, значи се работи за иста опција, тоа што на јавноста ист “производ“ и се продава под друго име не значи и суштинска разлика.

Зошто една таква “трета“ не може да добие на значење?
Е тоа е веќе сериозно прашање, а причините (барем јас така гледам) пред се се заради сиромашниот демократски амбиент и коњуктура како прво и како второ затоа што секој таков обид за презентирање на “трета“ се става за одстрел се напаѓа од сите страни (најчесто со конструкции)...
Но работите се менуваат, на претстојните избори за прв пат очекувам таа “трета“ сериозно да ги загрози тнр прва и втора опција. Цензурата во услови на интернет малку потешко се спроведува па така информациите стануваат достапни за пошироки слоеви.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Добро ај да одиме вака со ред.

Што и фали на Левица ?
Левица?
Тоа шарените куртони ли беа?
Ако се тие, тогаш подобро да гласаме за СДС. Левица сноси голема одговорност за името (Северно од Македонија), бетон-идентитетот (////), историјата (бугарско Илинденско востсние)...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Што друго ќе понудат (и како планираат да го направат тоа) освен да се подјебаат на Facebook и Twitter.
И мене малце ми смета таа малограѓанштина што блика од нивните статуси на социјалните мрежи. Треба да се приберат во тој поглед.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Левица?
Тоа шарените куртони ли беа?
Ако се тие, тогаш подобро да гласаме за СДС. Левица сноси голема одговорност за името (Северно од Македонија), бетон-идентитетот (////), историјата (бугарско Илинденско востсние)...
Многу работи пишуваш ама ништо не кажуваш. Како ги исплука како они да имаат 50+ пратеници во влада.

Инаку во врска со темава сега за сега се нема истакнато трета опција и уште пострашно немаме ниту прва ниту втора опција.

Во главно мислам дека двопартискиот систем е делумно резултат на моменталниот систем и делумно тоа што овие две партии имаат највеќе ресурси за реклама и купување гласови.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Секој глас даден за партија што не е ВМРО или СДСМ (во македонскиот блок) е глас за трета опција. Која сака нека е, пак е подобра опција од овие двете „сестрински“ партии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom